Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи утрово информира за 59 санкции во акциска контрола на возачи на мотоцикли и електрични тротинети во Кочани и Виница, додека три лица биле лишени од слобода. - Вчера во периодот од 17 до 22 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - На 27/28.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.П.(47, А.Ј.(41), Б.Н.(28), А.Б.(18), 17-годишник, сите од Скопје и Е.Ј.(28) од с.Идризово, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.О.(42) и ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде што времето на чекање е 15-ина минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува приспособена ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа на Република Северна Македонија. - Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата. - Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Комисија за заштита на конкуренцијата на сметка на основниот буџет (637) за 2024 година. Со извршената ревизија изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметка на ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата, со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. - Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим, соопштија ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни теста од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека, според прописите, не постои техничка вода и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. - Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Во државата годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден на зика - информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакса од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информира вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска извршија увид во реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкцијата на улицата 9, изградбата на новиот стадион, како и новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“. Како што информира градоначалникот на општина ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Во 19:50 часот синоќа на улицата „Димитар Влахов“ во градот, полициски службеници од СВР - Скопје го лишија од слобода Е.Ј., 18-годишен скопјанец, затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Валтер“, како и рамка, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. бд/вг/ Фото: МИА архива Скопје, 28 јули 2026 ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Има план во врска со онкологијата и дел од него е сè што е во таблетарна форма да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките. Минатата година беа префрлени два лека за рак на дојката од болницата во аптеките и неколку илјади пациентки веќе немаат потреба да одат на Клиниката за онкологија. Сега се анализира и за терапиите за простатата да може да се направи префрлање од болница во ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Владата донесе Одлука со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензациските фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот ...
Скопје, 14 јули 2026 (МИА) Рената ПЕПЕЉУГОСКА Премногу ниските, но и премногу високите вредности на кортизол (хормон на стресот) може да доведат до негативни здравствени последици. Долготрајната изложеност на стрес може да ја наруши неговата природна регулација. За одржување нормално ниво на кортизол и заштита на ендокриниот систем најважно е да се влијае на: регулирањето на стресот (спиењето), правилната исхрана и умерениот тип вежбање, вели ...
Скопје, 22 јули 2026 (МИА) Блаже ДАРУДОВ Исхраната е само дел од превенцијата против остеопороза. Потребни се редовно пешачење, вежби со оптоварување и вежби за сила и рамнотежа, одржување нормална телесна тежина, престанок на пушењето и ограничување на алкохолот. Ова го истакна во интервју за МИА проф. д-р Игор Мерџаноски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно ...
Скопје, 23 јули 2026, (МИА) - Успеа да го направи она што многумина го сметаа за невозможно во 21 век - ја врати поезијата на голема врата полнејќи ги салите на целиот Балкан со својата препознатлива едиција „Поезија на животот“, во чии рамки има објавено неколку збирки поезија: „Низ животот со душа (Kroz život dušom) - неговата прва книга, 2020, „Победа над себе“ (Pobeda sebe), „Благодарен“ (Zahvalan), „Капут“ (Kaput), Prava ljubav... ...
Скопје, 25 јули 2026 (МИА) Ангела РАЈЧЕВСКА За многумина што живеат далеку од родното место, враќањето дома не секогаш значи и повторно припаѓање. Токму тоа чувство на отуѓеност и потрага по идентитет го истражува режисерот Меглен Анжиќ Трпков во краткометражниот филм „Мртви корења“, инспириран од народната приказна за Силјан Штркот. Во интервју за МИА, тој вели дека во мигот кога човек ќе го напушти домот, засекогаш се менува, барем во очите ...
Скопје, 26 јули 2026 (МИА) - Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што ...
Скопје, 26 јули 2026 (МИА) – Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Макроекономските и фискалните остварувања во првата половина од годината условени од надворешните случувања ја наметнаа потребата од ревидирање на иницијалните проекции на буџетот со цел да обезбедиме дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски што произлегоа од потпишаните колективни договори, повеќе средства за земјоделството, за социјалната заштита и општините и, пред сè, повеќе средства за ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар. Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Во Собранието почна расправата по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на буџетот на Македонија за 2026 година. Пратениците од опозицијата оценија дека ребалансот на буџетот не е развоен и оти, според нив, е признание за слаб институционален капацитет за негова реализација. Пратениците од власта, пак, посочија дека средствата од ребалансот се за реализација и комплетирање на сите планирани и почнати ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка. - Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки се движат од 3,8 до 4,6 ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти - соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов. На прес-конференцијата Ристов посочи дека со новата одлука,просечната месечна сметка за парно ќе биде повисока за речиси 140 денари, односно ќе се зголеми од 2.353 на 2.493 денари. - Ова зголемување се однесува на ...
Атина, 27 јули 2026 (МИА) - Во септември многу веројатно е дека ќе бидат потпишани договори со операторите од Северна Македонија и Србија за нивно учество во Вертикалниот коридор - откри министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Папаставру потсети на министерскиот состанок што се одржа на средината на мај во Атина, на кој ...
Скопје, 27 јули 2026 (МИА) - Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс на ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Извештајот на Светската банка, според кој Македонија е со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и Централна Азија, е мотив за уште поголема работа - порача денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-стaтус. Николоски потенцира дека државата забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Извршниот одбор на Народната банка денеска одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 проценти. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Во јуни НБ ја зголеми основната каматна стапка од 4 на 4,25 проценти. - Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се стабилни, но и натаму има повисока побарувачка на девизи ...