Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - СДСМ бара повлекување на, како што велат од партијата, криминалниот закон за Скопје 2028. Законот што денеска беше на предлог дневниот ред, како што рече пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, е повлечен, но, тој сепак останува во собраниска процедура, што, според неа значи дека на некоја нова седница тој повторно ќе се најде на дневен ред. -Отткако е добиена оваа титула во септември 2023 година и ...
29 јули 2026 Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои не дозволија по скратена постапка да се протурка закон чија единствена цел беше суспендирање на ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Клековски денеска најави дека епидемијата во Гостивар се смирува и дека до крајот на неделата се очекува водата да биде безбедна за пиење, стои во соопштението од СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. Прашањето останува исто: Кој ќе потпише дека водата е за пиење? Кој ставил потпис и печат на извештајот за техничка исправност? Кој ќе одговара кривично ако повторно го отруете целиот град? Ја отрувте цела ...
Скопје, 29 јули 2026 Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. ...
Скопје, 29 јули 2026 Криминалниот ум криминално размислува! Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков, што МИА го пренесува интегрално. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје ...
Куманово, 23 јули 2026 (МИА) - Општинска организација на Црвениот крст Куманово континуирано работи на унапредување на социјалните услуги со цел да обезбеди квалитетна, достапна и навремена поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна, информираа денеска од организацијата. Во рамки на услугата „Помош и нега во домот“, која се реализира со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, од март 2024 година досега 20 ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, на ул. Михаил Цоков бр. 1, секој работен ден од 9 до 15 часот, во рок од два месеци од денот на објавувањето на јавниот повик. Максималниот износ на ...
Делчево, 29 јули 2026 (МИА) - Во општина Делчево во моментот се реализираат 14 капитални проекти, повеќето финансирани со средства обезбедени преку двата владини повици и унгарскиот кредит, при што вкупната вредност на инвестициите изнесува приближно 150 милиони денари. Ова беше истакнато при денешната посета на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Иван Гоцевски изврши увид во реализацијата на повеќе ...
Штип, 29 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на Првата пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено ...
Валандово, 29 јули 2026, (МИА) - Општина Валандово од денеска почнува со најавената реконструкција и изградба на улици во повеќе населени места, соопштија општинските власти. Според информациите од надлежните, почетокот на градежните работи ќе се означи со гребење на главната улица во село Раброво. Обновата на улици на подрачјето на Општината е дел од проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура кој локалната самоуправа го ...
Гевгелија, 29 јули 2026 (МИА) - Општина Гевгелија започна акција за отстранување на неправилните приклучоци на атмосферски води во фекалната канализација, со цел да се намали ризикот од излевање на вода во домовите при обилни врнежи. Од Општината информираат дека, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, фекалната канализација е наменета исклучиво за одведување на урбани отпадни води, а не и на ...
Дебар, 29 јули 2026 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Дебарско лето 2026“, што ја организира Општината, во соработка со карате клубот „Дибра“ за првпат во градот беше спроведено полагање испит за карате мајстор (Шодан – црн појас), што претставува значаен успех за дебарскиот спорт. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, кој им честиташе на организаторите за успешно спроведеното полагање и секако успехот на петте ...
Скопје, 15 јули 2026 (МИА) Слободан ИВАНОВ „Го сретнав еден ден Трајче Христов од Велес - мој поранешен соученик и некогашен водач во Велес и нелегален агитатор во Малешевијата... Ме одведе во еден двор, на чиј крај имаше куќа со две соби и ходник. Вратата од едната соба беше полуотворена. Погледнав и забележав дека во собата имаше доста луѓе. Трајче ме одведе во другата соба и отиде каде што беа другите луѓе. По некое време, влезе со двајца. ...
Скопје, 17 јули 2026 (МИА) Слободан ИВАНОВ Во духот на заедништвото со Српската црква, наложено од југословенската и македонската државна политика, на Вториот македонски црковно-народен собор во Охрид, 1958 година, македонските свештеници го прогласиле возобновувањето на Охридската архиепископија, но истовремено одлучиле - српскиот патријарх, освен на СПЦ, да биде и врховен поглавар на самостојната Македонска православна црква, а г.г. Доситеј ...
Скопје, 18 јули 2026 (МИА) Бранка Д. НАЈДОВСКА Еден од најеминентните ендокринолози во регионов, доц. д-р Иван Круљац дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Загреб во 2010 година, а докторирал во 2016 година на истиот факултет, со истражување што за првпат во светот дало одговор на прашањето дали кетозата кај пациенти со шеќерна болест тип 2 претставува позитивен или негативен прогностички знак. Неговиот научен опус денес ...
Скопје, 22 јули 2026 (МИА) - Без индустриски меса, без шеќерни желатини и сирупи...Пациентите во Оштата болница во Темпа, САД, од пред неколку месеци почнаа да добиваат исклучиво здрави и нутритивно богати оброци. Оваа болница стана првата американска болница која ги примени новите протоколи на министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор кој е во отворена војна со прехранбената индустрија што форсира ултрапроцесирана храна. „Болниците ...
Скопје, 25 јули 2026 (МИА) Славица СТЕФАНОВСКА На потпетицата од италијанската чизма, на југот на Италија, се наоѓа Пуља (Puglia), еден од најфасцинантните региони во земјата, неоправдано потценет, а реално вистинска ризница на историја, на специфична архитектура, во која се вткаени жолтиот и белиот камен, но и на неверојатнатa природна убавина и богатата гастрономија. Пуља не е како другиот дел од Италија, познат по својот индустриски и ...
Тинос, 25 јули 2026 (МИА) Сања РИСТОВСКА - дописничка на МИА од Грција - Веќе 21 година доаѓам секоја година, секојпат на колена да ѝ се поклонам на Мајката Божја за здравје и да ми даде сила, ова е третпат што на колена ги поминувам овие, не знам колку се, сигурно 500 метри до светиот храм - вели за МИА еден од верниците, кој, како и другите, ја почитува традицијата и на колена пристигнува во црквата „Пресвета Богородица“ на Тинос - грчкиот ...
Вјентијан, 27 јули 2026 (МИА) - Лаос од 1 јуни 2026 година го забрани увозот на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, додека поевтините електрични модели се ослободени од акцизи. Ваквата мерка е донесена поради зголемени трошоци за увоз на скапи фосилни горива. И покрај производството на големи количества евтина електрична енергија, државата истовремено плаќа висока цена за увоз на фосилни горива. Забраната се однесува исклучиво ...
Ако обожавате домашни зимници без многу мешање и стоење покрај шпорет, овој џем од сливи е вистинскиот избор. Се подготвува едноставно во рерна, а резултатот е густ, миризлив и богат џем со природен вкус на зрели сливи. Потребни состојки: 7 кг сливи (исчистени од семки) 700 г шеќер 2 ванилин шеќери 1 лажица вински оцет Подготовка: Сливите измијте ги, исчистете ги од семките и измерете точно 7 кг. Оставете ги пресечени на половинки. Измешајте ...
Атина, 28 јули 2026 (МИА) - Ваквите продукции создаваат мост меѓу богатото културно наследство на Грција и современото творештво, му посочил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на режисерот на филмот „Одисеја“, Кристофер Нолан, за време на нивниот разговор преку видеоконференција - јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од кабинетот на премиерот на Грција, Мицотакис му честитал на британскиот режисер за екранизацијата на ...
Токио, 28 јули 2026 (МИА) - „Јапонскиот писател Кеиго Хигашино, еден од најпознатите автори на криминалистички романи и добитник на бројни книжевни признанија, почина на 68-годишна возраст“, соопшти вчера издавачката куќа „Коданша“. - Кеиго почина вечерта на 23 јули, од рак на дебелото црево. Приказните што ги создаваше ќе продолжат да привлекуваат безброј читатели, се наведува во соопштението на издавачката куќа. Кеиго во текот на својата ...
Лондон, 28 јули 2026 (МИА) - Британскиот глумец Дејвид Џонсон ќе го глуми насловниот суперхеројски лик во новото продолжение на „Црниот Пантер“. Тој ќе го глуми Тусен - возрасниот син на Т'Чала - херојот од првиот дел. Веста беше објавена за време на овогодишниот „Комик-кон“ во Сан Диего, САД, каде што „Марвел“ (Marvel) претстави некои од плановите за претстојните филмови. Претставувањето на продукциската куќа, очекувано, привлече големо ...
Брисел, 29 јули 2026 (МИА) - Голем број животини живеат во групи. Тука спаѓаат и лебарките кои не можат да опстанат самостојно. Според направените истражувања лебарките поседуваат вид на колективна меморија што произлегува од групните социјални интеракции. Новите факти покажуваат дека колективната меморија може да се формира исклучиво преку динамиката на групата, што е од клучно значење за нивен опстанок. Научниците од Слободниот Универзитет ...
Њу Хејвен, 29 јули 2026 (МИА) - Во светот денес, според научните проценки, се говорат околу 7.500 јазици, а најупотребувани се англискиот, мандаринскиот, хинди, шпанскиот, арапскиот и францускиот јазик. Научниците користеле математичко моделирање и сознанија од антропологијата, лингвистиката и демографијата за да го проценат бројот на јазици што се зборуваат на светско ниво, коишто датираат од пред околу 12.000 години до крајот на последното ...
Вашинтон, 29 јули 2026 (МИА) - Руската манекенка Ирина Шајк е во врска со 11 години помладиот НБА кошаркар, Девин Букер. Тие минатиот викенд биле забележани заедно во едно кафуле во Њујорк, но и двајцата остануваат недостапни за јавноста. Девин Букер претходно беше во љубовна врска со манекенката Кендал Џенер, додека пак, Шајк беше заедно со актерот Бредли Купер, со кој ја има ќерката Леа. мв/ми/ Фото: МИА архива Вашинтон, 29 јули 2026 ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на активноста на вирусот, систематската контрола на комарците и личната заштита од убоди - напиша доктор Драган Даниловски на „Фејсбук“ за случаите на западнонилска треска во државата. Во државата досега се евидентирани осум случаи на западнонилска треска. - Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со ...
Скопје, 29 јули 2026 (МИА) - Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка - изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена ...
Куманово, 29 јули 2026 (МИА) - Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај, што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи - соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. - Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на ...
Скопје, 28 јули 2026 (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи - Скопје ноќеска во 1:27 часот после полноќ било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар има повредено лице со остар предмет. - Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со ...