Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на улица „Мирослав Крлежа“ бб. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.вј/бк/ Фото: МИА архива Скопје, 13 август 2026 (МИА) - ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на активностите. Од РЦУК информираат и за планирани ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот. ...

Неготино, 13 август 2026 (МИА) - Работна средба на членовите на Кризниот штаб на општина Неготино се одржа денеска, беше констатирано дека состојбата со пожарите на територија на општината е стабилна и во интерес на заштита на општите добра, ќе се преземат мерки и активности така и да остане, информираа од локалната самоуправа. - На состанокот беше нотирана потребата од внимателност и будно и континуирано следење на состојбите на терен од ...

Кавадарци, 13 август 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска остварил прва официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во земјава, Рита Колумбија. Како што самиот информираше на неговата Фејсбук-страница, на средбата било разговарано за можностите за унапредување на соработката и реализација на заеднички иницијативи, со посебен акцент на младите, развојот на младинските центри и креирањето ...

Куманово, 13 август 2026 (МИА) - Депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и чадењето продолжува, откако вчера избувна пожар. Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ работат на нејзино санирање. Во денешната изјава за медиумите, директорот на претпријатието Сашо Томиќ потенцираше дека станува збор за хроничен и долгогодишен проблем за чие надминување се потребни дополнителна механизација и помош од надлежните институции. ...

Куманово, 13 август 2026 (МИА) - Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Сашо Томиќ, денеска извршија увид во градежните работи за целосна реконструкција на капелата и партерното уредување. Тие ја најавија и претстојната голема акција за чистење на градските гробишта пред празникот Голема Богородица. Реконструкцијата на капелата е проект во вредност од 36 ...

Велес, 13 август 2026 (МИА) - Невладината ХОПС – Опции за здрав живот Скопје продолжи со циклусот регионални обуки за јакнење на капацитетите на стручниот кадар во средните училишта за превенција од употреба на дроги. Тие во Велес од 11 до денеска попладне 13 август, ја реализраа шестата од вкупно деветте предвидени регионални обуки, на која учествуваат 20 - тина претставници од средните училишта од регионот – наставници, психолози, педагози, ...

Валандово, 13 август 2026 (МИА) - Од вечерва, на плоштадот во Валандово, ќе бидат изложени новите уметнички дела кои настанаа како дел 29-тата Меѓународна ликовна колонија, во организација на Домот на културата „25 Мај“ – Валандово. Како што соопштуваат од Општина Валандово, на ликовната колонија која се одржа изминатава недела учествуваа уметници од Македонија, Турција, Грција, Албанија и Бугарија. Нивните дела ќе бидат дел од уметничкото ...

Крива Паланка, 13 август 2026 (МИА) - Задоволство ми е да ја претставувам Амбасадата на Франција овде на настанот што прерасна во традиција и по шести пат „Ероп ред“ е пречекан со отворено срце и пријателство во Крива Паланка, изјави Марк Брезиа, офицер за безбедност на Амбасадата на Франција во Северна Македонија во обраќањето на франкофонскиот настан посветен на пристигнувањето на солидарниот француски караван во единствениот македонски ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Градоначалникот Сотир Лукровски денеска извршил обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде остварил средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Како што соопштија од Општина Карпош, тој ги посетил адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговарало за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Оттаму ...

Пекинг, 11 август 2026 (МИА) - Кинеската компанија „Фотон матрикс“ (Photon Matrix) создаде ласерски уред кој ги детектира и убива комарците. Системот е комбинација од „ЛИДАР“ (LiDAR) сензори, ВИ технологија и напредни алгоритми за обработка на сигнали. На овој начин тој може да го препознае комарецот и веднаш да го убие. Системот располага со повеќе заштитни механизми, а ласерското зрачење автоматски се исклучува доколку наиде на човек. ...

Овие вкусни и лесни плескавици од тиквички и туна се одличен избор за лесен летен ручек или вечера. Едноставни се за подготовка, сочни и меки однатре, а убаво запечени и крцкави однадвор. Состојки: 300 г тиквички 80 г туна од конзерва 70 г рендано сирење 1 јајце 100 г лебни трошки 1 лажица брашно сув зачин бибер свеж магдонос масло за пржење Начин на подготовка: Тиквичките излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги, по можност на пареа. ...

Вашингтон, 12 август 2026 (МИА) - Денеска, на одредени делови во светот ќе има целосно затемнување на Сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, па сè до Шпанија и делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие Сончевиот диск. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно. Според НАСА, максималното времетраење ќе изнесува две ...

Лондон, 12 август 2026 (МИА) - Британскиот медиумски регулатор „Офком“ утврди дека радио-станицата „Каролајн“ ги прекршила програмските стандарди откако по грешка емитувала вест за смртта на кралот Чарлс. До инцидентот дошло откако вработен, од љубопитност пуштил однапред подготвени снимки наменети за објавување во случај на негова смрт. Веста била емитувана на 19 мај, за време на емисијата „Шоуто на Бари Марш“. „На 77-годишна возраст почина ...

Вашингтон, 12 август 2026 (МИА) - Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, ...

Салцбург, 13 август 2026 (МИА) - Повеќе од 200 златни статуетки со ликот на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, соопштија официјални лица. Ова ја остава изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна, пренесува „Хафпост“ (HuffPost). Фондацијата „Моцартеум“ на 15 јули откри вкупно 320 статуетки - секоја висока околу 50 см, на коишто е прикажан Моцарт со ...

Женева, 13 август 2026 (МИА) - Евровизија од идната година воведува нови правила што не налагаат загарантирано домаќинство доколку државата е вмешана во каков било конфликт. Во тој случај, Управниот одбор на фестивалот има право да избере друг домаќин. „Доколку моменталната ситуација влијае врз фестивалот, државата нема да може да е домаќин и покрај победата“, се наведува во соопштението. Новите правила се воведуваат откако годинава повеќето ...

Њујорк, 13 август 2026 (МИА) - Музичка историја беше испишана синоќа, кога легендарниот гитарист Ричи Блекмор му се придружи на својот поранешен рок-состав „Дип парпл“ на сцената, првпат по повеќе од три десетлетија. Феноменалниот настан, којшто до вчера се чинеше невозможен поради децениската кавга меѓу музичарите, се случи на самиот крај од концертот на бендот во „Џонс бич“ театарот во Ванта, Њујорк, САД. Имено, сега 81-годишниот виртуоз ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва изјави дека пожарот во атарот на селото Рамни Габер во Општина Студеничани е се уште активен и оти линијата на огнот е доста долга. Гасењето на пожарот ќе продолжи утре рано наутро. - За жал, ќе продолжи и во текот на ноќта. Линијата на огнот е доста долга. Во текот на денот дејствуваа трети ер трактори. Значително го успорија но истиот ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, се наоѓаме во село Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране, објави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство. - Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје открија тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун, по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. При контролата било утврдено дека трите лица ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Дрога била пронајдена во кичевско село, лишени од слобода биле две лица, поднесена е кривична пријава, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Во селото Србјани, полициски службеници од ОВР - Кичево ги лишиле од слобода И.Б.и А.Л., на возраст од 43 и 29 години, двајцата од Кичево. - Претходно, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, ...

Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Лишено од слобода едно лице синоќа при претрес во Скопје, откако кај него е пронајдена дрога - соопшти Министерството за внатрешни работи. -Синоќа во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот ...

Куманово, 13 август 2026 (МИА) - Три зрна од огнено оружје биле пронајдени вчера на две улици во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово. Вчера во 13:51 часот во СВР Куманово, Н.Љ. од Куманово пријавил дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ пронашол зрно од огнено оружје во ѕид од објект. За време на вршењето увид, Д.К. од истата улица пријавила дека на настрешницата од нејзиниот балкон паднало зрно од огнено оружје и предизвикало оштетување. ...

Охрид, 13 август 2026 (МИА) - Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид. Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од видите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според инфомрациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала ...

Охрид, 13 август 2026 (МИА) - Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР Охрид. Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници денеска во 12:20 часот, по преземени мерки и активности, ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“. Во содејство со Центарот за социјални работи, таа е предадена на родителите. аб/са/ фото/МИА ...

Струга, 13 август 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на НУ „Струшки вечери на поезијата“, претседателката го образложи своето решение за помилување на Јакупи во траење од една и пол година. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Калај

46.54

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35