Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Гувернерката на американската сојузна држава Њујорк, демократката Кејти Хокул, денеска прогласи вонредна состојба во државата поради недостиг на сојузни средства за програмата за помош во храна СНАП (т.н. бонови за храна) и најави насочување на 65 милиони долари федерални средства за итна помош. „Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја укинува помошта во храна за три милиони Њујорчани, што предизвикува невидена ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Германија ја поддржува европската перспектива на Турција, но само ако Анкара ги исполни Копенхашките критериуми – владеење на правото, човекови права и функционална пазарна економија. Ердоган одговори дека, покрај тие, постојат и „Критериуми од Анкара“, додавајќи дека Турција е демократска држава која се простира и во Европа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постави лимит од 7.500 луѓе што ќе бидат примени да аплицираат за азил во САД за фискалната 2026 година. Ова е најмалата бројка во историјата откако се води статистика за овој показател. Фиксниот плафон поставен од Трамп може да се види во документ објавен денеска од Белата куќа. Досега САД на своја територија примаа стотици илјади луѓе од сите краишта на светот, кои бегаа од војни и политички прогон. На ...
Германски суд денеска прогласи три лица со двојно државјанство, германско-руски државјани, за виновни за шпионажа во корист на Москва, а осомничениот водач на групата е осуден и за планирање саботажа и учество во борбите во источна Украина. Високиот регионален суд во Минхен главниот осомничен го осуди на шест години затвор, додека другите двајца добија условни казни од шест месеци и една година. Според судот, 41-годишниот главен обвинет ...
На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на податоци од избирачки места што пристигнале до ДИК. По општини, статистиката е следна: Аеродром 36 отсто; Боговиње 34,53; Брвеница 48,87; Валандово 53,23; Виница 40,68; Дебар 35,91; Дебрца 51,04; Демир Капија 62,71; Дојран 62,96; Долнени 45,69; Зрновци 45,77; Карпош 40,73; Кичево 48,63; Конче 64,44; Кочани 34,04; Крушево ...
Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување. Едниот приговор беше поднесен од лицето ...
МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја потврдуваат заедничката заложба за заштита на новинарите и за обезбедување на правда за сторителите на злосторства против нив. – Секој напад врз новинар е напад врз слободата на изразување и пристапот на луѓето до ...
До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279 избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто. Досега не се пристигнати ...
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од ...
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани. Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, негираше дека планира напади врз Венецуела. Во авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата одговори на прашање дали размислува за напади врз јужноамериканската земја. Претходно се појавија информации дека Вашингтон може да започне напади врз воени објекти во Венецуела, за кои постои сомневање дека ги користат картелите во операции за шверц на дрога. Минатата недела, ...
Во текот на 2024 година рекорден број федерални државни службеници во Белгија отсуствувале од работа и користеле боледувања поради стрес, премореност или проблеми со менталното здравје, се наведува во извештај на службата при белгиската Влада задолжена да ги следи отсуствата на вработените. Според извештајот, во дури 43,7 проценти од случаите на отсуство од работа, како причина биле наведени проблеми со менталното здравје. Дополнително, 80 ...
Уделот на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашниот производ (БДП) во ЕУ лани изнесуваше 40,4 отсто, што претставува зголемување во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во исто време, тој удел во Еврозоната бил 40,9 проценти, што исто така претставува зголемување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто. Во апсолутни бројки, во 2024 година ...
Грција е 19-та во светот по опасност од недостиг на вода. Нашата земја, како и другите медитерански земји, е меѓу оние за кои се предвидува дека ќе се соочат со особени проблеми поврзани со водата во иднина, посочи министерот за животна средина и енергетика на Грција Ставрос Папаставру, кој воедно презентираше инвестициски проект во висина од 2,5 милијарди евра за зајакнување на снабдувањето и управувањето со водите, јави дописничката на МИА ...
Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. На ниво на Град Скопје одѕивот за избр на градоначалник е 2,46 отсто. – Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на ...
Овен Неделата носи неочекувани емоционални пресврти. Старите стравови излегуваат на површина, но не за да ве парализираат, туку за да ги трансформираат. Внатрешната битка помеѓу желбата за дејствување и потребата за размислување ќе биде интензивна. Верувајте ѝ на вашата интуиција – таа го знае патот. Избегнувајте конфликти во семејството. Бик Слободниот ден ве подготвува за претстојната полна месечина во вашиот знак. Чувствувате како вашата ...
Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Сите избирачки места се отворени навреме. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474 304 избирачи. Во главниот град во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ...
Времето денеска претпладне ќе биде магливо во некои котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
Состанокот меѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и рускиот, Владимир Путин, кој се очекуваше деновиве во Будимпешта, САД го одложиле поради непопустливиот став на Русија во врска со категоричните услови поврзани со Украина, пренесе „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Како што јавува весникот цитирајќи извори упатени во ситуацијата, одлуката дошла по тензичен телефонски разговор меѓу највисоките дипломати на двете држави. Белата куќа сè уште нема ...
Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа да обезбеди ракети „Томахавк“ со долг дострел на Украина откако утврди дека тоа нема негативно да влијае на американските залихи, оставајќи ја конечната политичка одлука во рацете на претседателот Доналд Трамп. Информацијата ја објави CNN, по разговор со тројца американски и европски претставници запознаени со ова прашање. Трамп за време на работниот ручек со украинскиот претседател Володимир ...
За време на состанокот во Вашингтон на 7 ноември, унгарскиот премиер Виктор Орбан има намера да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп за потребата од серија ослободувања од санкциите на САД воведени врз Русија во енергетскиот сектор. Орбан рече дека ќе се обиде да му објасни на американскиот лидер дека на Унгарија ѝ се потребни овие ослободувања за да ја одржи својата енергетска безбедност. -Унгарија е земја без излез на море, нема ...
Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании. Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот пазар на гориво поради санкциите на САД за руските енергетски ...
Прекин на работата од понеделник на 204 филијали низ цела Грција, „кои имаат минимална трговска активност, со што се заокружува планот за рационализација на мрежата“, соопштија од грчките пошти (ЕЛТА), а затворањето на филијалите предизвика реакции во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕЛТА објаснија дека оваа мерка има за цел да обезбеди долгорочна одржливост на компанијата, која сега се фокусира на нови услуги, технолошка ...
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година. Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од 2006 година. Ликвидноста на банкарскиот систем се задржа на задоволително ...
На 31.10.2025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Г.М.(48) од селото Подмољје, охридско. При претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел Г.М., извршен со судска нредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот согласно член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај ...
Гласањето за болни и немоќни лица, притворени и затворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, се одвива непречено во сите општини каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, вклучително и во Градот Скопје, информира Државната изборна комисија (ДИК). – Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје, стои во соопштението од ДИК. Според нивните ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска повтори дека е „прилично јасно“ дека Уставот на САД не му дозволува да се кандидира и за трет претседателски мандат, и истакна дека е „штета што е така“. – Врз основа на она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам, па ќе видиме што ќе се случи, рече Трамп пред новинарите во авионот „Air Force One“ на пат за Јужна Кореја, каде што ќе ...
Американскиот музички продуцент и рапер Шон – „Диди“ Комбс е осуден на 50 месеци затвор за подведување. Но, ќе треба да биде в затвор околу три години, земајќи го предвид и времето минато во притвор пред пресудата, според евиденцијата на федералните власти во САД. Следствено, Комбс треба да биде ослободен на 8 мај 2028., објави денес „Ен-би-си њуз“ (NBC News). Музичарот беше прогласен за виновен претходно овој месец по две точки од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на укинување на правилото за филибастер во американскиот Конгрес, со оглед на актуелното блокирање на работата на владата, јавува ДПА. Оваа постапка му овозможува на малцинството во американскиот Сенат да ги блокира законите предложени од мнозинството, со продолжување на времето за дебата и спречување на гласање. „ИНИЦИРАЈТЕ ЈА „НУКЛЕАРНАТА ОПЦИЈА“, ОТСТРАНЕТЕ ГО ФИЛИБАСТЕРОТ И, НАПРАВЕТЕ ЈА ...