Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права, информираат од прес службата на владата. Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со ...
Утре, 14 јануари, во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот Христијан Мицкоски. На агендата се укинувањето на техничката влада, изборните реформи согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на нов Народен правобранител. Коалицискиот партнер во Владата, Вреди, ќе учествува преку Биљал Касами, додека најголемата опозициска партија предводена од Венко Филипче одби присуство, што премиерот ...
Седумдесетгодишен жител на тетовско село во полиција пријавил дека тој и брат му биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н. од Тетово. Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, според вчера пријавеното, во текот на 2024 година лицето им понудило нему и на брат му да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал ...
Од 11 часот по македонско (12 часот по локално време) во прекин е сообраќајот за сите возила на граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција поради блокадата на грчките земјоделци, што, според информациите на дописничката на МИА од Атина, ќе трае до 15 часот по наше, 16 часот по грчко време. Земјоделците од северниот дел на Грција, кои од 1 декември своите трактори ги имаат паркирано на грчката страна од границата, се ...
Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3 отсто се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506… Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146.605, од кои 33,9 проценти се од домашните ...
На 13.01.2026 во 01:16 часот на регионалниот пат Р1208, на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик. На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушењето. -Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и ...
Судскиот совет на продолжението на 534. седница денеска едногласно со осум гласа донесе одлука да објави оглас за избор на судија на Уставен суд од редот на судиите, согласно новиот Закон за Судскиот совет што беше донесен на крајот од декември, лани. Согласно новиот Закон за Судскиот совет, Советот по објавен оглас, од редот на судиите со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на нивните вкупни резултати во работата му ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик, соопшти денеска Јавното обвнителство. Во првиот случај, информира ЈО, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот ...
„Сега, три месеци пред истекот на вашата лична карта, ние автоматски ви испраќаме на вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата имејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и дека можете да си ја обновите, да закажете обновување на следниот линк. На овој начин сакавме да покажеме колку е ефикасен овој модел и за 300 000 граѓани тоа веќе е овозможено затоа што се корисници на националниот портал“, изјави министерот ...
На 12.01.2026 во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина. Од Основен суд Крива Паланка му била изречена ...
Овен Денес, професионалните обврски бараат ваша целосна мобилизација. Енергијата на денот ве охрабрува да дејствувате стратешки, а не импулсивно. Може да се соочите со скриен отпор или заткулисни игри во канцеларијата, но вашиот увид ќе ви помогне да ја откриете вистината. Бидете внимателни со финансиските документи и не потпишувајте ништо пред да го прочитате ситниот печат. Вечерта е погодна за осаменост и полнење на батериите. Бик ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени Целзиусови. ...
Мажите, особено надобудните самобендисани швалери, ќе се залепат за некоја жена која е тешка како црна земја, и се чудат зошто не им оди. Наместо да се чудат, губат време и самодоверба, нека ја сменат жената, и побараат една од овие: Жени незадоволни со своите животи Жените кои не се задоволни со својот живот бегаат од реалноста. На една страна без задршка го омаловажуваат она што го имаат, а на друга страна идеализираат и така се доведуваат ...
Многумина веруваат дека само мажите се оние кои најмногу иницираат секс и дека мислат на него. Сепак, не живејте во заблуда. Истото го прават и жените. Неодамнешна студија покажа дека 75 проценти од жените иницираат секс најмалку три пати неделно. Од над 5.000 испитани жени, 46,8 проценти се задоволни од својот сексуален живот, додека 53,2 проценти сакаат да имаат почести сексуални односи. Кога станува збор за оргазам, околу 38,6 проценти од ...
Поради својата стратешка позиција, Сингапур се нарекува Гибралтар на Азија, а на малајски јазик „Сингапур“ значи град на лавовите. Еве 10 интересни работи кои можеби не сте ги знаеле за оваа земја Во земјата со огромно богатство владеат прилично чудни и бизарни правила. 1.Светската организација за тоалет (да, постои) е основана во Сингапур. И да, со оглед на тоа што Сингапурците многу внимаваат на чистотата, ако не пуштите вода по ...
Несоницата стана хронична болест на современиот човек. Таа е предизвикана од голем број фактори, како што се стрес но во поново време и од целодневното гледање во компјутерските екрани и смартфоните и забрзаниот начин на живот. И додека многумина прибегнуваат кон апчиња за спиење, постои еден едноставен трик што ќе ви го олесни животот. Несоницата често е предизвикана од студени нозе, а може да се загреат со ладни чорапи. – Едноставно е. ...
Православните христијани кои се водат според Јулијански календар утре вечер, на 13. кон 14. јануари, ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Ќе се слават три празници всушност, се дочекува Новата година, се празнува Обрезание Господово и се слави во очи на споменот на Свети Василиј Велики кој се одбележува, на 14.јануари. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на ...
Европската унија е подготвена да предложи нови построги санкции поради насилното задушување на демонстрациите во Иран, како и вклучување на Иранската револуционерна гарда на својата листа на терористички организации, најави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни. – Европската Унија има правна рамка насочена кон санкционирање на сторителите на низа прекршувања и злоупотреби на ...
Поранешниот премиер на Грузија, Иракли Гарибашвили, е осуден на пет години затвор поради перење пари, соопшти денеска обвинителството. Гарибашвили потпишал признание и се согласил на спогодба со обвинителството, соопштија обвинителите. Тој се соочуваше со можност за значително подолга затворска казна. Покрај затворската казна, изречена е и парична казна од 1 милион грузиски лари (371.120 долари). Парите запленети при претресот на неговиот ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, порача дека претседателот на САД, Доналд Трамп, „покажал дека не се плаши да користи воени опции“ кога тоа го смета за неопходно. – Мислам дека една работа во која претседателот Трамп е исклучително добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте опции кои се на маса, изјави Ливит за новинарите. Таа во исто време додаде дека „дипломатијата е секогаш ...
Во Велика Британија е отворена официјална истрага за тоа дали социјалната платформа Х на Илон Маск ги почитувала законите на Обединетото Кралство по извештаите дека нејзиниот четбот со вештачка интелигенција, Грок, креирал и споделувал сексуализирани слики од деца, соопшти регулаторот Ofcom. Во денешното соопштение, Ofcom наведува дека ќе ја истражи платформата за да утврди дали таа „ги исполнила своите должности да ги заштити луѓето во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел и Иран повторно ќе станат партнери, по падот на режимот во Техеран. „Им испраќаме сила на херојските и храбри граѓани на Иран, а кога режимот ќе падне, заедно ќе правиме добри работи во корист на двата народа“, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на кабинетот во недела, објавува „Тајмс оф Израел“. „И кога ќе дојде тој ден, Израел и Иран повторно ќе станат верни партнери ...
Трагично згасна животот на младиот охридски снимател и продуцент Кристијан Љушев. Во трагичен настан што се случи денеска во станбена зграда во изградба, животот го загуби младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, на само 28 години (21.04.1997 – 12.01.2026). Кристијан беше дел од новата генерација македонски креативци, препознатлив по својот талент, посветеност и автентичен визуелен израз. Зад себе остави богато ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја критикуваше американската надворешна политика под лидерство на претседателот Доналд Трамп, предупредувајќи дека таа придонесува за колапс на меѓународниот поредок и се заканува да го претвори светот во „дувло на крадци“ каде што најсилните земаат што сакаат. Во забелешки дадени на симпозиум во Берлин, Штајнмаер рече дека глобалната демократија е нападната „како никогаш досега“, алудирајќи, ...
Собранието попладнево во рамки на 80 седница усвои заклучок дека Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, е прифатлив и треба да се проследи во натамошна постапка. Првото читање на предлогот беше поддржано од сите 69 пратеници присутни на седницата. Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во ...
Скапо платените опозициски пратеници на Левица, како што веќе станува правило, повторно ги немаше во Собранието додека носевме клучни измени на Кривичниот законик, објави на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Собранието денес гласаше за потребата од заострување на казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, преку корекција на штетните измени од 2023 година и ...