Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Бараните 800 милијарди евра што Украина ги очекува од Европската Унија во следните десет години за Унгарија ќе се претворат во „над девет милијарди долари откуп“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, цитиран од МТИ. Орбан на Фејсбук изјави дека „800 милијарди долари не растат на дрвја“. Тој рече дека според Брисел, за да ги обезбедат средствата, Унгарија мора да преземе мерки како што се укинување на 13-тата и 14-тата пензија, ...
ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление – Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се ...
Силното партнерство меѓу САД и Македонија ги унапредува заедничките интереси, објавија поладнево од американската амбасада после прошталната средба на амбасадорката Ангела Агелер со премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. -За време на прошталната средба со премиерот Мицкоски, амбасадорката Агелер се осврна на продлабочувањето на односите меѓу САД и Македонија преку проширената соработка во областа на безбедноста и трговијата. ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци по добиена наредба од министерот за здравство, а во врска со третманот и лекувањето на доенче У.М на оделот за педијатрија во таа здравствена установа, кое почина 14 јануари. Од ДСЗИ наведуваат дека со оглед дека во тек е патоанатомска обдукција, точната причина за смрт ќе произлезе ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во текот на посетата на Кратово и реновираната спортска сала, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали оваа година ќе има инвестиции во образовната инфраструктура, изјави дека се предвидени повеќе од 160 проекти во областа на образованието. „Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави: „Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“ Премиерот ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. -Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на реконструираната спортска сала во Кратово даде изјава за медиумите. На новинарско прашање во врска со блокадата на САД за издавање на визи за 75 држави, меѓу кои е и Македонија, тој одговори: – Министерството за надворешни работи веќе излезе со свој коментар. Станува збор за блокада на имигрантските визи, но тоа не важи и за визи наменети за туристички посети, студентски престој и слично, ...
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени. Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за ...
За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник и вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда, пак, повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 2 степени Целзиусови, ...
На 15.01.2026 во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас. -Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство, потврдува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. На 15.01.2026 во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена ...
ОВЕН Денеска околностите ќе ви дадат шанса да ги разјасните вашите односи со другите преку отворен и искрен дијалог. Ако нешто ве мачи, подобро е јасно да го кажете, наместо да се потпирате на другите да погодат што мислите. Разговорите ќе ви помогнат подобро да ги разберете сопствените емоции. По напорниот ден, одвојте време за релаксација. БИК Денешниот не е добар ден за започнување нови проекти или преземање сложени потфати. Фокусирајте се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Како што информира ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски. Како ...
Шкорпија Шкорпиите се интензивни, непоколебливи и познати по длабоките емоции што ги кријат зад студената фасада. Кога се чувствуваат повредени или предадени, нивната реакција може да биде остра и немилосрдна. Тие не забораваат лесно и имаат способност да погодат каде најмногу боли. И покрај ова, нивниот став произлегува од силната потреба да ги заштитат сопствените граници. Луѓето често ги перцепираат како поопасни отколку што се навистина ...
РАК Раковите во 2026 година ги очекува исклучително поволен период кога станува збор за пари. Оваа година би можела да биде една од најсреќните на финансиско поле за овој знак. Без разлика дали станува збор за вашата главна работа, приватен бизнис или дополнителен приход, Раковите можат да очекуваат финансиски успех. Не само што ќе имате стабилност во тековната работа, туку веќе постои можност за голем финансиски скок. Оваа година носи и ...
Кога Младата Месечина ќе се спои со истрајноста на Јарецот, универзумот најчесто ги наградува оние што се подготвени да ја преземат одговорноста за сопствениот живот. Токму таков момент доаѓа на 18 јануари 2026 година, кога Младата Месечина се случува на 28 степени и 44 минути во Јарец, во 20.52 часот. Сонцето, Месечината, Меркур и Марс тогаш се заедно во Јарец, додека Венера и Плутон се наоѓаат во раните степени на Водолија, пишува „Атма“. ...
Руни Мара, Брук Шилдс, Мишел Вилијамс, Адам Левин И покрај тоа што можеа да го финансираат животот на висока нога со парите на нивните родители, многу славни личности заработија богатство сами. Андерсон Купер Мајката на Купер, Глорија, е наследничка на милионерското семејство Вандербилт, кое направи цело богатство во бродската и железничката индустрија и во еден момент од својата историја се искачи на седмото место меѓу најбогатите семејства ...
Конечно се вработивте на работното место кое што го посакувавте целиот живот, но никако да ви тргне. Успехот кој што мислевте дека ќе го постигнете и сопствената надградба никако да дојдат и имате чувство дека наместо да одите нагоре, вие назадувате. Сепак, можеби правите една од овие три грешки кои ве кочат во кариерата Доцнење Секогаш постојат ситуации надвор од ваша контрола кои што ќе предизвикаат да доцните, но ако ваквите ситуации се ...
Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, тоа е планирано уште минатата година, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро. Тој наведе дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд. – Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане – посочи Баро за „РТЛ радио“. Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, тоа ...
Европските граѓани, чии навики за консумирање алкохол се меѓу највисоките во светот, го изложуваат своето здравје на ризик, додека владите веќе не ги користат даноците како алатка за ограничување на потрошувачката, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Во вчера објавениот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на ЕУ, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште поизразен во дури 17 држави. Посебно ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд. -НАТО, кажете ѝ на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки запреги не се доволни! Само САД можат!!!, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл. Тој додаде и дека Данската разузнавачка служба (DDIS) минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот. Трамп во објавата прикачи и текст од сајтот „JustTheNews“ во ...
Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска извршија претрес во домот на новинарка на „Вашингтон пост“ во рамките на истрагата за лице кое по договор работи за владата, а е обвинето дека носело дома тајни владини документи, јави весникот. ФБИ ги прегледа уредите на новинарката Хана Нејтансон, ги заплени нејзиниот телефон и часовникот „Гармин“ (Garmin) од нејзиниот дом во сојузната држава Вирџинија, соопшти „Вашингтон пост“. ...
Специјалниот обвинител на Јужна Кореја побара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-јеол по обвинение за организирање антидржавен бунт поради кратката воена состојба што ја воведе во декември 2024 година, објавија западните агенции. Тимот на специјалниот обвинител Чо Еун-сук ја побара казната за време на последното рочиште за случајот на Јун во Централниот окружен суд во Сеул. Јун, формално отстранет од функцијата во април минатата ...
Греењето со клима-уред е опција за многумина, но со оглед на зголемувањето на цените на електричната енергија, важно е клима-уредите да се користат на начин што ја минимизира потрошувачката на енергија. Клима-уредите беа спас во текот на летото, а сега служат за да нè греат. Еве неколку корисни совети од мајстор за работа на клима-уредот во текот на зимскиот период. На секој далечински управувач има копче на кое пишува MODE. Со притискање на ...
Кина најави дека „решително ќе ги брани“ своите интереси откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите што тргуваат со Иран. Трамп истакна дека ќе воведе царини од 25 проценти за сите земји што тргуваат со Иран. – Секогаш верувавме дека нема победници во трговска војна и Кина решително ќе ги брани своите легитимни права и интереси, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул побара неговата земја да добие повеќе раководни позиции во Обединетите нации (ОН) нагласувајќи дека Германија не е доволно претставена во високиот ешалон на организацијата и покрај нејзиното меѓународно влијание. По разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во Њујорк, Вадефул истакна дека сегашната застапеност на Германија не ја одразува адекватно нејзината политичка ...
САД, денеска, на веб-страницата на нивната виртуелна амбасада во Иран издадоа предупредување до своите граѓани веднаш да ја напуштат оваа земја. Владата на САД нема дипломатски или конзуларни односи со Иран, а интересите на САД во Иран ги претставува Швајцарија преку нејзината амбасада во Техеран. „Напуштете го Иран веднаш. Треба да имате план за напуштање на Иран, кој не зависи од помошта на американската влада. Ако не можете да заминете, ...
Унгарскиот претседател Тамаш Суљок објави дека парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат во недела, на 12 април. „Правото на слободни избори е камен-темелник на нашата демократија и ги охрабрувам сите да го остварат своето право“, објави Суљок на Фејсбук. Анкетата на јавното мислење објавена од Политико покажува дека опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, има поддршка од 49 проценти, пред владејачката Фидес на Виктор ...