Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Царините би ги поткопале трансатлантските односи и би ризикувале опасна негативна спирала, но Европа ќе остане обединета, координирана и посветена на зачувување на својот суверенитет, порачаа синоќа првите луѓе на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен во заедничка реакција на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за осум европски земји што се спротивставуваат на ...
Илон Маск ги тужи OpenAI и Microsoft за сума до 134 милијарди долари, тврдејќи дека тие „нелегално профитирале“ од неговата претходна поддршка за организацијата што развива вештачка интелигенција, покажува судски документ објавен од американски медиуми. OpenAI наводно добил помеѓу 65,5 милијарди и 109,4 милијарди долари од Маск од 2015 година, кога тој беше еден од основачите на тогашната непрофитна организација, а Microsoft помеѓу 13,3 ...
Претседателот Доналд Трамп се подготвува да се спротивстави на кинеското влијание во Канада, бидејќи неговата доктрина за Западната хемисфера се шири надвор од Јужна Америка, изјави поранешниот архитект на кампања и советник на Трамп, Стив Банон за Дејли меил. „Следната голема работа ќе биде Канада. Канада е следната Украина затоа што не може да ја брани својата северна арктичка граница, а Кина ќе дојде и ќе се нафрли“, рече Банон, поранешен ...
Американскиот министер за енергетика Крис Рајт и премиерот на Словачка, Роберт Фицо вчера во Вашингтон потпишаа меѓувладин договор за продлабочување на соработката во цивилната употреба на нуклеарната енергија, во обид да се намали зависноста на земјата од руските енергетски резерви. Рајт наведе дека договорот ја одразува „заедничка посветеност на зајакнување на европската енергетска безбедност и суверенитет во наредните децении“. Додека за ...
На 18.01.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение Јегуновце е пријавено дека во семејниот дом во с.Јегуновце, тетовско, е пронајдена почината С.С.(76) од селото. Екипа од Итна медицинска помош Тетово констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Маж пронајден починат во гостиварско На 18.01.2026 во 22:15 часот ...
Командантот на холандските вооружени сили, Оно Ајхелсхајм, предупреди дека ескалацијата на тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд може да доведе до распад на НАТО алијансата. Ајхелсхајм во интервју за NOS изјави дека таков развој на настаните би бил директно од корист за рускиот претседател Владимир Путин и дека другите земји би можеле да добијат впечаток дека НАТО слабее, објави НЛ Тајмс. Тој оцени дека ова е „најлошото можно сценарио“. ...
Ирански функционер изјави дека најмалку 5.000 луѓе се убиени во протестите во земјата, вклучувајќи околу 500 припадници на безбедносните сили. Тој ги обвини „терористите и вооружените бунтовници“ за убиството на „невини Иранци“. Функционерот, кој одби да биде именуван поради чувствителноста на прашањето, рече дека некои од најголемите судири и најголемиот број на жртви се случиле во курдските региони во северозападен Иран. „Не се очекува ...
Бугарскиот претседател Румен Радев попладнево во говор објави дека ќе поднесе оставка, што поттикна широки шпекулации дека ќе формира своја политичка партија за да се кандидира на претстојните парламентарни избори, откако претходната влада „падна“ минатиот месец. Радев, кој требаше да извршува функција до јануари 2027 година, изјави дека ќе поднесе оставка утре. „Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен шеф на државата“, рече Радев. ...
Двајца Кинези се уапсени во Атина откако било утврдено дека преку мобилен систем инсталиран во автомобил и употреба на висока технологија испраќале масовни смс пораки и изведувале кражби на банкарски податоци од мобилните телефони на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, уапсените го користеле методот „SMS Blaster Attacks“, односно напади со масовно испраќање смс пораки со злонамерна цел, а како испраќачи се ...
На 18.01.2026 во 18:17 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „9 Септември“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(63) од Прилеп, удрило во паркирано патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од О.М.(50) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.С., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп. ...
На 18.01.2026 во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари кои заминале на фудбалскиот стадион „Борис Трајковски“ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници. Насилниците употребиле и тврди предмети, а двајца од нив снимале и со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба. На 17 јануари, откако претходно ја ...
ОВЕН Патувајте или физички или преку информации затоа што толку инстинктивно ќе разберете што точно треба да направите за да го постигнете посакуваниот напредок. Иако денот ќе биде поволен за комуникација, обрнете внимание на времето што го имате и не обрнувајте премногу внимание на оние луѓе кои имаат негативна енергија. Ќе остварите профит преку некои стари идеи. БИК Бидете трпеливи и држете ги плановите за себе барем уште некое време. Сè ...
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го ...
Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на задоволување на бизнис апетитите на Зоран Заев и Венко Филипче. Заев и Филипче, ја користеле целата политичка и институционална моќ, за да вршат директен притисок врз др. Митрев со цел неговата приватна клиника да биде преземена по багателна цена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Дека тандемот Заев- Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев ...
ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина. Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици. Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со ...
Пејачката Душица Грабовиќ еднаш отворено проговори за својот приватен живот и призна дека ја изгубила невиноста од пејачот Пеѓа Јовановиќ. Како што рече, Пеѓа бил причината зошто ја започнала својата пејачка кариера. – Ги познавам Ана и него од мои шеснаесет години. Родени сме во ист град и поради него почнав да пеам. Настапуваше во кафуле во кое одев и јас – изјави претходно Душица за Курир, додавајќи: – Со него ја изгубив невиноста. Тој ...
Многумина од нас го доживуваат зеленчукот како неизоставен дел од здравата исхрана, богат со витамини и антиоксиданти. Сепак, новите истражувања укажуваат дека преголемата консумација на овие суперхранливи намирници може негативно да влијае на нивото на тестостерон и на сексуалната виталност на мажите. Кој зеленчук е во прашање? Најчесто станува збор за зелка, брокула, карфиол и кељ, зеленчук богат со фитонутриенти. Иако има многу здравствени ...
Стоматологијата е на самиот врв на листата на најдобро платени работни места со ниско ниво на стрес, се вели во студијата на американската медиумска куќа U.S. News & World Report. Иако оваа професија не се најде на прво место на најплатените професии, во категоријата годишен приход и нивоа на стрес, победи. Имено, според нивното истражување, вработените во оваа професија во САД, добиваат просечна годишна плата од 225.760 долари. Според ...
Патувањето предизвикува стрес, особено кај луѓето кои ретко одат на одмор или по друга потреба во странство. Како што пишува „Дејли експрес“, за да се избегнат непредвидени ситуации за време на патувањето, се препорачува планирање однапред – изберете ја насоката, маршрута, хотел, возило, купете ја и подгответе ја потребната облека за местото и сезоната, пред патувањето. Ако се патува со авион, подобро е да се користат директни летови за да се ...
Појадокот е многу важен оброк т.е. најважниот – особено ако сакате да ослебете. Изборот на утрински оброк кој содржи протеини, влакна и многу малку додаден шеќер е клучот за правилна исхрана. Истражувањата покажуваат дека оние кои консумирале околу 30 грама протеини за појадок биле сити во текот на денот и имале помалку желби и глад, што не довело до прејадување, а тоа е еден од главните фактори за неуспешна диета. Слатки Печивата за појадок ...
Дали отсекогаш сте мислеле дека жените први ќе му кажат „те сакам“ на новиот партнер во врската? Ако е така, тогаш и вие, како и многу други, сте направиле неточна претпоставка. Повеќето луѓе се изненадени кога слушаат дека жените не се првите кои велат „те сакам“ во нова врска, туку мажите. Една неодамнешна студија објавена во SAGE Journal of Social and Personal Relationships се обиде да открие кој е поверојатно прво да ги каже двата магични ...
Европскиот парламент стои цврсто во поддршка на мултилатерализмот и меѓународниот поредок заснован на правила и секој обид за поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд го смета за кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, се наведува во заедничката изјава на Конференцијата на претседатели на ЕП. – Европскиот парламент ги повикува Европската комисија и Европскиот совет да дефинираат ...
Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен на заедничката прес-конференција во Осло со норвешкиот колега Еспен Барт Ајде, изјави дека војната во Украина е во критична фаза и оти тоа не смее да се заборави во дебатите за Гренланд. Тој истакна дека Данска се обидува да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од идејата за преземање на контролата врз Гренланд. Расмусен посочи дека и покрај заканите од САД, Данска и ...
Вкупно 2,76 милиони наркотични таблети и 314 килограми наркотични супстанции се конфискувани во операција против трговијата со дрога во Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс. Во полициската акција приведени се две лица под обвинение за дистрибуција на наркотици. Јериклија наведе и дека во друга полициска операција во Истанбул Текирдаг, Коџаели, Сакарја и во Хатај, приведени се седум лица ...
Судејќи според најновите украински разузнавачки податоци, Русија подготвува нови масовни напади врз Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Искрено разговараме со партнерите и за ракетите и за системите за противвоздушна одбрана кои ни се толку потребни. Снабдувањето не е доволно. Се трудиме да забрзаме, и важно е партнерите да нè слушнат. Сега многу се работи на ниво на Министерството за одбрана на Украина, рече ...
Министерството за европски прашања на Црна Гора денеска соопшти дека државата исполнила повеќе од половина од мерките предвидени во Агендата за реформи, поради што, како што наведуваат, очекуваат уште 55 милиони евра од Планот за раст. Владата на Црна Гора го усвои Третиот полугодишен извештај во рамките на Инструментот на ЕУ за реформи и раст, што го подготви Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за финансии и ...
На повеќе локации меѓу кои и во Батинци, полицијата е во потрага и обид за апсење на бегалец осомничен за тешки кривични дела, потврди МВР. Повеќе полициски тимови се на терен во Батинци, родното место на бегалецот кој е осомничен за две убиства. -По претходно добиена информација, надлежни полициски служби при МВР денеска делуваа на подрачјето на Скопје, со цел лишување од слобода на лице, по кое е распишана национална и меѓународна потерница ...