Во следните 10 години на украинската армија ќе и ќе бидат потребни неколку стотици милијарди долари помош за нејзино одржување, изјавија денеска во Давос двајца украински министри, пренесе ДПА. Доколку агресивното однесување на Русија кон Европа и светот не се промени, тогаш трошоците би достигнале „700 милијарди долари“, изјави украинскиот вицепремиер Тарас Качка, одговорен за украинската интеграција во ЕУ и НАТО, на денешната ...

Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и никакви закани или царини нема да го променат тоа, бидејќи сувереноста не е на продажба, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас на денешната дебата во Европарламентот посветена на „Територијалниот интегритет и суверенитет на Гренланд и Кралството Данска“. – Европската Унија без никаков сомнеж стои зад Гренланд и Кралството Данска во одбрана на нивниот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Давос само доколку таму се подготвени за потпишување документите за безбедносните гаранции со Соединетите Американски Држави и планот за просперитет на Украина. Зеленски, кој се очекуваше денеска да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, соопшти дека останал во Киев за да помогне во справувањето со последиците од масивните руски воздушни напади во текот на ...

Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос, го започна премиерот Христијан Мицкоски своето видео обраќање до македонската јавност по успешниот ден во Давос. Во обраќањето, тој истакнува: „Денеска имавме, би рекол, многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Се разбира, од нашата страна беа претставени можностите за ...

Европската унија нема да попушти пред царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Таа додаде дека Унијата нема интерес да влезе во конфликт со САД, но дека има голем број инструменти за заштита на своите интереси, особено кога станува збор за Гренланд, и нагласи дека „суверенитетот не е на продажба“. „Безбедноста ...

Германските компании се многу повнимателни кога станува збор за инвестирање во САД бидејќи нивните директни инвестиции во првата година од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп се речиси преполовени, се нагласува во студијата на Германскиот економски институт (IW). Од февруари до ноември 2025 година, германските директни инвестиции во САД се намалиле за 45 проценти, на околу 10,2 милијарди евра, според истражувањето засновано на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да ја отстрани „руската закана“ по Гренланд и оти сега е време за тоа. – Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години и кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не можеше да направи за тоа прашање, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). Трамп тврди дека поради националната безбедност и ...

Судскиот совет на Република Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата. Осомничениот апелациски судија се товари за кривичните дела противправно ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен ...

На 19.01.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.В.(34) од Куманово. При претрес во неговата викенд куќа во населба „Перо Чичо“ во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 19.01.2026 во 16:30 часот, полициски ...

По два дена шпекулации каде е апелациониот судија Ѓоко Ристов се огласи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од ОЈО ГОКК претходно информираа дека во домот на родителите на Ристов во Неготино, пронајдени биле 350.000 евра соѕидани во ѕид. Од ОЈО ГОКК денеска соопштија дека Ристов бил сослушан и ќе биде побарано судот да му одреди куќен притвор и да му биде земен пасошот. -Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на одлуката од 12.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,109%, кај дизелот за 5,194%, ...

Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски. Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница Жан Митрев. Ова не е политика наменета за ...

Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц на разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми на непријавени девизи и тоа: – 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот ...

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителот Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет ...

Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците можат денеска да го почнат второто полугодие од учебната година, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево, таа кажа дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Пораката на министерката следува откако деновиве во ...

Жално е што претседателот на СДСМ Венко Филипче не знае по која црковна традиција се води црквата, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ на соопштението со кое СДСМ се обидува да претстави дека Филипче не направил лапсус кога вчера на големиотхристијански празник Водици наместо со поздравот „Бог се јави“, ги поздрави верниците со „Бог се роди“. „Помалку смешно изгледа што СДСМ секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да ...

Овен Денот ве повикува да погледнете подалеку од непосредните цели и да се поврзете со луѓе и идеи што ве инспирираат. Социјалните контакти и групните активности добиваат поголемо значење, а истовремено имате доволно фокус за да работите на нешто конкретно и долгорочно. Ова е момент кога можете да преземете храбар чекор кон иднина што ве мотивира, без да ја изгубите стабилноста. Бик Фокусот се префрла кон иднината и јавната улога што сакате ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 12 до минус 2, а максималните ќе достигнат од минус 2 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе ...

Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од ...

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото е и донесување на одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Во трка за нов шеф на скопското ОЈО се петмина кандидати, меѓу кои и досегашниот прв човек на ова обвинителство Гаврил Бубевски, поранешен член на СЈО кое се распушти поради корумпираност, а во ЈО има предмет и за бонусите делени во СЈО во ...

На 20.01.2026 во 00:40 часот на ул.„Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Ј.(38) од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во две паркирани возила и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан ...

На 19.01.2026 во 21:00 часот во Скопје, на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.Г. (37) од Скопје. Полициските службеници на бул. „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршуми. По документирање на случајот, против А.Г. ќе биде ...

„Опен ал“ (OpenAI) најави нова функција наречена „ЧЕТ- ЏПТ- Здравје“ (ChatGPT Health), која ќе им овозможи на корисниците посебен простор за разговори поврзани со здравјето и благосостојбата. Според податоците на „Опен ал“, повеќе од 230 милиони луѓе неделно го користат „ЧЕТ-ГПТ“ за прашања поврзани со медицински теми. Со новата функција, ваквите разговори ќе бидат одвоени од стандардните сесии, а целта е подобра приватност и заштита на ...

Една неодамнешна студија објавена во списанието Personality and Individual Differences ги анализираше начините на кои луѓето го прикриваат неверството со својот партнер и ги идентификуваше некои од најчестите тактики. Тие вклучуваат дискреција, помош од пријатели, како и користење на различни телефони. Има значајни истражувања за добрите и лошите страни на изневерувањето, за тоа како луѓето се обидуваат да ги фатат партнерите во изневерување, ...

Иако изгледа дека жените се тие кои повеќе внимаваат на својот физички изглед, па затоа имаат и повеќе комплекси, далеку од тоа дека мажите се целосно рамнодушни кон својот изглед. Можеби мнозинството би помислило дека најмногу им пречи големината на гениталниот орган, но се работи за нешто друго. Папок до папок или…? Вашата врска има поголеми шанси за успех АКО ТОЈ Е … Имено, истражувањата покажале дека најголемиот машки комплекс е висината. ...

1. Имате главоболка Истражувањата покажуваат дека повеќе од 50 проценти од луѓето кои редовно пијат кафе имаат умерена до тешка главоболка ако пропуштат еден ден да пијат кафе. 2. Вашето срце е во петта брзина Ако срцето ви чука и „скока“ после пиење кафе, голема е веројатноста дека кофеинот е „виновен“ за тоа. Некои луѓе се веќе чувствителни на мала количина кофеин. 3. Се чувствувате немирно и вознемирено Можеби тоа е предизвикано од вашето ...

– Истражувањата покажуваат дека 43% од слободните жени и 47% од слободните мажи редовно имаат секс со поранешни партнери, во време додека бараат нова љубов“, вели Трејси Кокс, позната експертка за секс и врски од Велика Британија. Тааа вели дека тоа е исклучително честа појава, но зошто е толку привлечна? – Ги замолив поединците да ми ги кажат причините зоштого прават тоа, дури и ако раскинувањето било болно “, додаде таа. Еве што и ...

Терапевтот Шинејд Смит наведува голема, вообичаена грешка што ја прават паровите што ја повредува нивната врска. Брачната и семејната терапевтка, која има повеќе од две децении искуство, тврди дека повеќето парови кои доаѓаат кај неа за помош го имаат истиот заеднички проблем. Таа вели дека многу од нивните проблеми произлегуваат од она што го зборуваат за време на расправиите, кога нивниот главен интерес е да се бранат, а не да го разберат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
66%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
70%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.54
65%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.65
94%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1020
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
66%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Паладиум

45911.27

Злато

166450.52

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Кобалт

66.14

Иридиум

258288.78

Калај

43.90

Рутениум

56199.51

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Платина

60154.05