Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на ...
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометоролошки работи. Особено топло се очекува да биде во петок и за време на викендот, кога дневните температури да достигнат до 39 степени. Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, со ...
Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнување на темата предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. -Опозицијата е оптеретена бидејќи често пат кај нив Фројд работи и тоа е нивен најголем проблем. Мојот став е јасен, оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат да го испорачаме она кое граѓаните го очекуваат од нас. Но, се разбира доколку сме предизвикани, ние сме тука, подготвени ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи по лишувањето од слобода на Александар Лазаров – Цуна, бегалецот од полициската станица во Кочани. Цуна беше уапсен вчеравечер во Скопје. -Овој случај уште еднаш потврди дека секој што бега од правдата порано или подоцна се соочува со законот. Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност. Како институција, целото наше колективно и индивидуално ...
Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите ...
Девет европски земји, заедно со Украина, во Париз создадоа целосно одбранбена коалиција за развој на антиракетни капацитети во Европа. Во заедничката декларација, лидерите на Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Украина, Холандија и Велика Британија нагласија дека иницијативата има за цел зајакнување на заедничките одбранбени капацитети. – Со здружување на нашата одбранбена индустриска база, истражување и ...
Британската влада на премиерот Кир Стармер ќе го прогласи Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, заедно со две други групи поврзани со Иран и Русија. Забраната е дел од новите овластувања што ѝ дозволуваат на владата да ги етикетира групите што ги поддржуваат државите како закана за националната безбедност, пишува „Телеграф“. Со месеци, премиерот Стармер беше под притисок од претставници на ...
Европска Унија денеска вети помош во висина од 120 милиони евра за зајакнување на системот за воздушна одбрана на Молдавија. – Советот на ЕУ денеска усвои мерка за помош од 120 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд за поддршка на вооружените сили на Република Молдавија за подобрување на капацитетите за воздушна одбрана на земјата, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Односите помеѓу Молдавија со Русија се влошија од ...
Лидерката на француската крајна десница, Марин ле Пен, денеска во интервју за „Журнал ди Диманш“ оцени дека е „нереално“ да се очекува дека одлуката на Касациониот суд би можела да ја загрози нејзината кандидатура на претседателските избори и истакна дека нејзините противници „сакаат оваа кампања да се сведе на правни спорови наместо на политичка дебата“. – Јас сакам таа да биде демократска и нема да дозволам никому на Французите да им ги ...
Во мал камион со странски регистарски таблички, инспекторите Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија, што се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без ладилник, јави дописничката на МИА од Атина. Од ААДЕ соопштија дека во рамките на насочените контроли за сузбивање на нелегалниот транспорт и трговија со производи и небезбедна храна, малиот камион ...
Советот на Европската Унија денеска не го одобри предлогот за понатамошно проширување на санкциите против Русија поради војната во Украина, потврди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по завршувањето на состанокот на европските министри за надворешни работи. – Жалам што сè уште не сме постигнале едногласност, но сме доста блиску, наведе Калас. Таа истакна дека земјите-членки на ЕУ имаат ...
Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени ...
Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!, пишува на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за обвинетиот Н.Г. во предметот познат во јавноста како „Талир“, оценувајќи дека обвинителството не успеало надвор од разумно сомнение да докаже дека е сторено кривичното дело за кое се водеше постапката по измените на Кривичниот законик. Во обемното образложение на пресудата, Судот наведува дека по измените на Кривичниот законик од 2023 година суштински се промениле ...
Европските земји регистрирале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни, покажуваат официјалните податоци. Научниците наведуваат дека топлотниот бран на крајот на јуни би бил „скоро невозможен“ без климатските промени предизвикани од човекот, што ги прави топлотните бранови почести и поинтензивни. Податоците, собрани од националната статистика за смртност ...
Владата на Велика Британија ќе издвои повеќе од 250 милиони фунти во следните три години за подобрување на заштитата на еврејските заедници, по серијата неодамнешни антисемитски напади во земјата. Средствата ќе бидат наменети за ангажирање на повеќе од 500 дополнителни безбедносни службеници во Англија и Велс, како и за зајакнување на безбедноста околу еврејските населби, училиштата, синагогите и јавните собиралишта. Во Лондон изминатиот ...
На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на ...
Голем пожар се шири во областа Љаман, во атарот на познатото одморалиште Химара, на југот на Албанија. – Пламените јазици се шират брзо, поттикнати од високите температури и ветерот, ризикувајќи да зафатат уште поголема површина. Во гаснењето на огнот вклучени се противпожарни возила од неколку соседни градови, припадници на полицијата и армијата. Засега нема пријава за повредени лица или загрозени домови. Според Националната агенција за ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај за ...
Собранието вчера ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...
Овен Денот носи можности за решавање на прашања што долго време сте ги одложувале. На работното место покажете иницијатива, но избегнувајте избрзани одлуки. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте непотребни трошоци. Можно е да добиете интересна деловна понуда. Во емотивниот живот ве очекуваат пријатни моменти со саканата личност. Близнаци Комуникацијата ќе биде ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
По 20 годишна пауза, Шакира повторно ќе настапи во Египет. Концертот ќе се одржи на 28 ноември кај пирамидите во Гиза, во рамки на светската турнеја „Las mujeres ya no lloran“. – Многу сум среќна што повторно ќе настапам во Египет, кај пирамидите во Гиза. Ве сакам сите, изјави светската латино ѕвезда. Концертот е организиран од компанијата Венчр Лајфстајл. Освен Шакира, во Гиза настапиле и Џенифер Лопез, Џон Леџенд и Кети Пери. Шакира, ...
Летањето не е опасно за повеќето луѓе, но понискиот притисок, сувиот воздух и промената на временските зони често предизвикуваат неприлагоденост, замор, надуеност, непријатност. Многу патници доживуваат зголемено ниво на стрес пред полетувањето. Гужвите, редовите и чувството на губење на контролата врз времето,, како и околината можат да ја зголемат вознемиреноста дури и пред да се качат во авионот. По полетувањето, кабината е под притисок на ...
Секој хороскопски знак има свои квалитети, но особено се истакнуваат луѓето родени во овие 3 знаци. Тие се предодредени за голем успех. Неуспехот не им е опција, се што ќе започнат го претвораат во успех. Ова се трите ментално најсилни хороскопски знаци: Овен Овенот е полн со енергија, виталност и е многу активен на сите полиња. По природа е љубопитен и амбициозен, па на секој чекор ќе наиде на можност да создаде успешен бизнис и да заработи ...
Ако имате намалена желба за секс со партнерот или чувствувате дека вашите вештини во кревет се намалени поради недостаток на желба, голема е веројатноста дека нешто ви го убило либидото. Верувале или не, постојат намирници и навики кои можат да го уништат вашето либидо, а да не сте ни свесни за тоа! Ако правите некоја од овие работи, многу веројатно ќе влијае на вашето либидо! Прекумерна конзумација на сирење Сирењето може да го намали нивото ...
Последниот број во вашиот датум на раѓање открива кој елемент и особина владее со вашиот живот Погледнете кој елемент го носи последниот број од вашата година на раѓање 0 или 1 е метален елемент, 2 или 3 е елемент на водата, 4 или 5 е елемент на дрво, 6 или 7 е елемент на оган, 8 или 9 е елементот на земјата. Метал Металниот елемент укажува на сила, но и голема флексибилност. Луѓето со овој елемент имаат огромна способност и верба во сè што ...
Европската одбрана не треба да биде ограничена само на границите на ЕУ, туку треба да добие вистинска континентална димензија преку партнерства со земји кои ги вклучуваат Турција, Обединетото Кралство и Украина, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето. Во коментари за италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ објавени денеска, Крозето се осврна на сигналите дека САД би можеле да го намалат својот ангажман во Европа, велејќи се ...
Министерството за здравство на Турција издаде предупредувања за граѓаните во врска со внесот на течности и исхраната поради зголемените температури и влажноста во текот на летните месеци. Во соопштението се советува избегнување на мрсна храна, пржена храна и печива колку што е можно повеќе, а се препорачува подготовка на оброците со варење, печење на скара, динстање или готвење во мала количина вода. Исто така, се препорачува зголемување на ...