По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата. Од СВР – Охрид информираат дека за реализација на активностите веќе се воспоставени контакти и ...

Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, посочува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 ...

Повеќето луѓе се будат еднаш или двапати во една ноќ. Но, причините за често будење ноќе може да бидат кофеин или алкохол во доцните часови, лоша средина за спиење, нарушувања на сонот или друга медицинска состојба. Ако човек не може брзо да заспие, нема да има доволно квалитетен сон за да се чувствува свежо и здраво. Следат неколку поттикнувачки фактори за испрекинатиот сон навечер. Општо земено, на возрасните им требаат околу седум до девет ...

Бројот на случаи во кои интернет-предатори ги принудуваат децата и тинејџерите да создаваат експлицитни фотографии и видеоснимки, како и да се самоповредуваат или да повредуваат други лица, нагло се зголеми низ светот во текот на изминатата година, предупредуваат експерти за заштита на децата и претставници на полициските служби. Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД соопшти дека во текот на 2025 година примил повеќе од ...

Колку треба да трае идеалното време за интимни односи – 15 минути или еден час? Дали 5 минути се малку или доволно? Одговорите на оваа тема ги даваат Џастин Лемилер и Џес Вајлд, експерти за сексуални односи. – Нема точни правила кога станува збор за тоа колку долго треба да трае. Треба да трае се додека одговара на двете страни – рече Вајлд. Додаде дека се започнува со бакнување додека не одлучите да застанете, иако многу луѓе го користат ...

1. Овен Овните веруваат во љубов и моногамни односни, но во исто време сакаат да изневеруваат. Тие ќе се убедат самите себе дека не прават ништо лошо и дека се само страствени и импулсивни, но сепак, во реалноста тие се себични. 2. Близнаци Близнаците не знаат како да комуницираат, но знаат како да ги натераат луѓето да им веруваат, кога во реалноста тие се одмаздуваат зад грб. Тие не почитуваат никакви морални принципи и не се грижат ...

Иако изгледа дека жените се тие кои повеќе внимаваат на својот физички изглед, па затоа имаат и повеќе комплекси, далеку од тоа дека мажите се целосно рамнодушни кон својот изглед. Можеби мнозинството би помислило дека најмногу им пречи големината на гениталниот орган, но се работи за нешто друго. Папок до папок или…? Вашата врска има поголеми шанси за успех АКО ТОЈ Е … Имено, истражувањата покажале дека најголемиот машки комплекс е висината. ...

Патувањето предизвикува стрес, особено кај луѓето кои ретко одат на одмор или по друга потреба во странство. Како што пишува „Дејли експрес“, за да се избегнат непредвидени ситуации за време на патувањето, се препорачува планирање однапред – изберете ја насоката, маршрута, хотел, возило, купете ја и подгответе ја потребната облека за местото и сезоната, пред патувањето. Ако се патува со авион, подобро е да се користат директни летови за да се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека последните американски напади извршени „во чест“ на тројцата загинати американски војници, „жестоко“ го погодија Иран. Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) потврди дека деветта ноќ по ред нападнати се ирански воени објекти и комуникациски мрежи, со цел дополнително да се ослаби способноста на Техеран да напаѓа бродови во Ормуска Теснина. Иранската новинска агенција Тасним јави дека во ...

Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, денеска ќе се сретне со шаховската велемајсторка Јудит Полгар и ќе и предложи да ја преземе функцијата претседател на Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил, Маѓар оцени дека името Полгар со децении е симбол на талент и истрајност и истакна дека би му претставувало чест доколку ја прифати кандидатурата. Најавата доаѓа еден ден откако досегашниот претседател, Тамаш Шујок, потпиша уставни измени, усвоени ...

Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“. Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери ...

Лидерот на британската десничарска партија „Реформирај го Обединетото Кралство“, Најџел Фараж, ќе се соочи со рекордни 33 кандидати од мали и маргинални партии на предвремените парламентарни избори во изборната единица Клактон он Си (Clacton-on-Sea). Ова следува откако локалните власти го потврдија конечниот број пријавени кандидати за гласањето закажано за 13 август. Советот на областа Тендринг соопшти дека по истекот на рокот за ...

Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми. Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената ...

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88% во однос на одлуката од 13.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 9,003%, кај дизелот за ...

Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеле од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува дека биле заразени преку убод од комарец од видот анофелес, кој пристигнал во Германија преку авион. Сите четворица биле вработени во секторот за ракување со багаж на еден од најфреквентните германски аеродроми, пренесува „RTL Луксембург“. Случајот предизвика загриженост дека би можеле да се појават и ...

Во шумските пожари што избувнаа претходно оваа недела на околу 100 километри северно од Мадрид беа зафатени повеќе од 13.000 хектари, соопштија денеска локалните власти. Пожар во регионот Гвадалахара уништи 13.000 хектари земјиште и загрози повеќе од 700 луѓе, соопшти противпожарната служба надлежна за централниот регион на Шпанија. Околу 350 пожарникари и припадници на единицата за вонредни ситуации на шпанската војска, поддржани од 25 ...

По повод престојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. -Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите ...

Денеска (20.07.2026) во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...

Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите во поголемиот дел од земјата да надминат 40 Целзиусови степени, соопшти шпанската Државна метеоролошка агенција (АЕМЕТ). Овој топлотен бран дополнително ќе биде засилен од антициклон кој во текот на неколку дена ќе задржи сув и врел воздух од Северна Африка над Пиринејскиот Полуостров, подигнувајќи ги температурите на исклучително ...

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо ...

Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат ...

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија. Со донесената ...

За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите, кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот на институцијата, Ивица ...

Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот беа реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава. Во рамки на акцијата беа извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода беа лишени 13 лица. Притоа, пронајдени и одземени се 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција. ...

Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 ...

Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем. Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал, посочи пратеникот Бране Петрушевски. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им текнува на ...

Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето на одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар каде е прогласена епидемија по зголемениот број на пациенти со стимачни тегоби. Митева ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53