Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски. – Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидјеќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата службена ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари, дека не презела навремени мерки и не понела одговорност по случајот со загадената вода за пиење, поради кој голем број граѓани побараа лекарска помош. Од партијата наведуваат дека за време на локалните избори граѓаните добиле ветувања за подобри услови за живот, но наместо тоа, како што тврдат, се соочиле со ...

Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР. – На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски ...

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да ...

Помалку од една недела по воведувањето на правилото дека на работа не се зборува за политика, технолошката компанија „Basecamp“ остана без третина од своите вработени. Заминаа и оние кои се на водечки позиции. „Basecamp“ е софтверска компанија која, меѓу другото, стои зад иновациите како што е развојната рамка за мрежата „Ruby on Rails“. Во блогот, кој во меѓувреме стана контроверзен, ко-основачот и извршен директор Џејсон Фројд објави ...

Во секоја врска има добри и лоши денови, но во некои врски лошите денови се многу побројни и почести отколку во други. Ако често се замислувате дали исчезнале љубовта и страста од вашата врска и чувствувате дека со секој изминат ден вашите односи со партнерот се сè поладни, тогаш најверојатно треба сериозно да размислите дали имате заедничка иднина. Не сте сигурни каде се движи вашата врска? Еве кои знаци укажуваат на тоа дека врската ви е во ...

За трошење пари Дури и најхармоничните парови влегуваат во дискусија за тоа како ќе ги потрошат своите тешко заработени пари. Овој проблем е често подлабок од самиот факт дали можете да си дозволите нешто или не. Честопати станува збор за кавга за различен систем на вредности, објаснува Хајтлер. Следниот пат кога вашиот партнер сака да купи нешто, а вие не се согласувате (или обратно), видете дали лицето кое се противи на купувањето треба да ...

Нетфликс го купи „InterPositive“, стартап од областа на вештачка интелигенција основан во 2022 година од актерот и режисер Бен Афлек, во договор вреден дури 587 милиони долари. Според „Блумберг“, конечната вредност на аквизицијата би можела да достигне 600 милиони долари, доколку се исполнат однапред дефинираните деловни цели, што го прави овој договор една од најголемите инвестиции во вештачка интелигенција во филмската индустрија. ...

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три отсто, а брендот истовремено ...

Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години. Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли. Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на стадионот „Метлајф“ ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженијата. Херој на шпанската репрезентација беше Феран Торес, кој во 106. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и ѝ го донесе највредниот трофеј на својата земја. Фудбалската репрезентација на Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на стадионот „Метлајф“ ја совлада Аргентина со ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска вети дека Германија ќе „ѝ подаде рака“ на Франција и ќе соработува со идниот претседател на земјата, без оглед на тоа кој ќе победи на изборите следната година, и покрај анкетите кои предвидуваат успех на кандидатката на крајната десница Марин ле Пен. – Германија секогаш ќе ѝ подаде рака на Франција за подлабока соработка заснована на доверба, без оглед на одлуките што ќе ги донесат гласачите во двете ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. -Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина, напиша на социјалните мрежи командантот на ...

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, предложи мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) чиј мандат наскоро истекува, да биде заменета со сили на Европската унија, со цел да се спречи создавање безбедносен вакуум. „Би требало во рамки на Европската унија да ја разгледаме дали можеме со европски мандат да спречиме настанување безбедносен вакуум по завршувањето на мисијата УНИФИЛ“, изјави Вадефул во интервју за ...

Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...

Велика Британија од следната година ќе го зголеми своето воено присуство во Естонија со дополнителни 400 војници, согласно новото одбранбено партнерство со балтичката земја. Со таквата одлука, бројот британски војници во Естонија ќе се зголеми од 800 на 1.200, почнувајќи од април идната година, а целта е зајакнување на источното крило на НАТО и зголемување на способноста за одвраќање на потенцијални закани. „Го зајакнуваме нашето присуство во ...

Кинескиот претседател, Шји Џинпинг, денеска го претстави Пекинг како предводник во создавањето на нов глобален поредок во областа на вештачката интелигенција, повикувајќи ги земјите да ја искористат технологијата со отворен код и најавувајќи поголема поддршка за земјите во развој. Говорејќи на отворањето на Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) што се одржува во Шангај, Шји изјави дека вештачката интелигенција претставува ...

На 18.07.2026 во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени. Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На ...

Приведени три лица во текот на вчерашниот ден по претреси на скопската територија и пронајдени дрога, пиштол и куршуми, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје ги лишија од слобода С.Б. и Е.А., на возраст од 21 и 33 години, двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за ...

ОВЕН Денеска комуникацијата ќе ви донесе вистинско задоволство, затоа доколку е можно, пронајдете друштво и поминувајте повеќе време меѓу луѓе. Можно е да научите нешто ново за саканата личност или да запознаете некој што ќе ви го разбуди интересот. Дури и доколку сте во врска долго време, денеска ќе има возбуда и изненадувања во вашите односи. БИК Денеска веројатно ќе бидете во добро расположение, а чувствата и променливите емоции што ве ...

Руни Мара, Брук Шилдс, Мишел Вилијамс, Адам Левин И покрај тоа што можеа да го финансираат животот на висока нога со парите на нивните родители, многу славни личности заработија богатство сами. Андерсон Купер Мајката на Купер, Глорија, е наследничка на милионерското семејство Вандербилт, кое направи цело богатство во бродската и железничката индустрија и во еден момент од својата историја се искачи на седмото место меѓу најбогатите семејства ...

Летачките напади уживаат во различни мириси, особено во нашето тело. Иако само женските комарци се хранат со човечка крв, двата пола на досадни инсекти подеднакво нè будат ноќе со силно зуење. Сепак, летачките „крвопијци“ не го прават тоа за да не иритираат, но тие имаат силни причини, според порталот „Брајт Сајд“. Во денешниот текст, ние се занимаваме со митовите околу „пеењето“ на комарците и начините да се заштитиме. Ги привлекува ушниот ...

Големи шумски пожари, суши и силни бури продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ Европа и покрај постепеното слабеење на топлотниот бран, а властите во повеќе земји предупредуваат на нови екстремно високи температури и зголемен ризик од пожари. Пожарникари, со поддршка од 30 летала, денеска се обидуваа да стават под контрола голем шумски пожар во североисточна Шпанија, поради кој беа евакуирани повеќе од 1.000 лица. Големиот пожар во ...

Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според здравствените власти, стануваат ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските избори, обновувајќи ги долгогодишните забелешки по однос изборната безбедност. Трамп изјави дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, вклучувајќи имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини дека делови на ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07