Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху воен злосторник и изјави дека се согласува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) дека Нетанјаху треба да биде уапсен и изведен пред суд. „Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник, архитект на ужасен геноцид врз палестинскиот народ“, изјави Мамдани во видео објавено на социјалните мрежи. Тој го обвини Нетанјаху дека е одговорен за смртта на повеќе од 73 ...

Британскиот премиер Ендру Бернам денеска изјави дека заедно со новиот министер за правда Алекс Норис ќе ја преиспита политиката за предвремено ослободување на затворениците. Тој додаде дека не може да го негира притисокот врз затворскиот систем во Велика Британија поради недостиг на места, но оти сака да се увери дека сите аспекти се разгледани. – Не можам да кажам дека можам целосно да ја сменам таа политика, но детално ќе ја разгледам пред ...

Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во соработка ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат ...

На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани. -Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул.„Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река, информира МВР. За настанот се известени јавен обвинител и трудов ...

Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици, стои во објавата на ЈП „Паркови и зеленило“. Од таму велат дека доколку граѓаните забележат паднато дрво, ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати критики кон СДС, ДУИ и Арбен Таравари поради, како што рече, нивниот молк по случувањата со водоснабдувањето во Гостивар. Петрушевски изјави дека опозициските партии не побарале одговорност ниту оставка од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, откако тој изјавил дека не чувствува морална одговорност за настанатата состојба. „СДС, ДУИ и Таравари молчат ...

Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...

На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време ...

ОВЕН Денеска вашите односи со најблиските и познаниците ќе зависат најмногу од степенот на вашата толеранција, затоа бидете толерантни и не осудувајте. Денот е прекрасен за состаноци, потпишување договори и размена на идеи со пријатели и истомисленици, а не е исклучено да ви се даде можност да се впуштите во неочекувано интересна авантура. БИК Не чувствувајте вина што сте мрзеливи денеска, и доколку нешто не ви оди по ваш избор на работното ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час. ...

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, – Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски ...

Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар напиток за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата. Истражување на шкотскиот универзитет Св. Ендрјус ги спореди реакциите на хидратација на неколку различни пијалоци. Обичната и минералната вода се добар избор, но според новите сознанија, млекото е сепак подобро. Според Роналд Моган, професор на Св. Ендрјус и авторот на ...

Заспивањето покрај саканата личност е идеален начин да ги заокружите честите напорни денови, освен моментите кога романсата е прекината со нечиј немирен сон, ‘рчење или грабнување на ќебето. Но, покрај тие досадни ситници, спиењето покрај партнерот носи и многу придобивки. Поквалитетен сон Без разлика дали е квалитетно време разговор со вашиот партнер за вашиот ден, читање или нешто друго, поминувањето време во кревет со некој што го сакате ...

На многумина ќе им изгледа чудно да чувате парфеми, креми, маски за лице и гелови во фрижидерот на полицата до јајцата, тубата кечап или сенфот, но тоа е најдоброто нешто што можете да го направите и да не се грижите дали вашата козметика ќе трае подолго. На овој начин го продолжувате рокот на траење на препаратите, а од друга страна тие секогаш ќе бидат ладни и уште повеќе ќе ве освежат. Еве која козметика треба да ја чувате во фрижидер: ...

1. Фалење со големината на пенисот Кога мажот очекува жената да го пофали за големината на неговиот пенис, тоа воопшто не изгледа привлечно за понежниот пол. Тоа укажува на несигурност, а тоа секако не е особина која кај жената (барем повеќето) ќе ги разгори страстите. Постои можност тоа да го прави затоа што е препотентен, што ја предизвикува истата реакција. Советите на сексологот до жените е, доколку се грижат за партнерот, да го убедат ...

Каде се најскапи казните? Сообраќајните прекршоци се случуваат кај некои почесто, кај други еднаш или двапати во пет години. Секогаш е трауматично кога ќе те запре полиција, без разлика колку е пристојна, а особено е тешко кога тоа се случува во странство. Во некои држави, честите прекршувања, како возење побрзо од дозволената брзина или користење на мобилен телефон, се прилично скапи. Германскиот автоклуб ADAC ви претставува преглед на ...

Иако тоа е многу тешко да признаете, особено кога сте неколку години во врска, љубовта која ви изгледа вечна, може да згасне за секунда, но тоа обично не се случува без причина. Во продолжение откријте кои се трите најчести причини за одљубување и направете сè што можете за ова да не ви се случи и вам: Промени во однесувањето на партнерот Луѓето се менуваат и можно е после некое време вашиот партнер повеќе да не е истата личност во која сте ...

Германија денеска остро ги отфрли руските тврдења дека тајно спроведува истражувања поврзани со развој на нуклеарно оружје. – Германската влада оваа изјава ја смета за дел од вообичаената руска пропаганда – изјави заменик-владиниот портпарол Штефен Мајер на прес-конференција во Берлин. Според германските власти, кругови блиски до руските разузнавачки служби преку комуникациски платформи ја ширеле информацијата дека Германија спроведува ...

Советот на Европска Унија денеска објави дека го одобри Велика Британија да се вклучи ви заемот од 90 милијарди евра за Украина. Ова значи дека Киев ќе има поширок избор на добавувачи на воена опрема, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Заемот ѝ обезбедува на Украина 60 милијарди евра оваа и следната година за инвестиции во одбранбената индустрија и купување одбранбена опрема, како и 30 милијарди евра директна економска и буџетска ...

Џихадистички бунтовници и туарешки сепаратисти денеска од заседа нападнаа конвој на армијата на Мали во северниот дел на земјата, при што, според нивните тврдења, убиле и заробиле голем број војници, соопштија двете вооружени групи во одделни соопштенија. Армијата на Мали го потврди нападот, наведувајќи дека вооружени групи нападнале конвој составен од малиски војници и од нивни партнери во оддалечен дел од областа околу северниот град Гао. ...

Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто. Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната. Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат ...

Одлична вест за скопјани. Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. Тој упати благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до ...

Општата состојба во однос на бројот на лица со стомачни тегови во Гостивар во моментов е стагнирачка и нема нови хоспитализации. Сите резултатите и анализи за водата ќе бидат објавени. Да не дојде до опуштање во спроведувањето на мерките, бидејќи секогаш кога поминува главниот ризик има опуштање. За мене, надвор од инкубацискиот период, бидејќи знаеме кои вируси и бактерии се присутни, многу поважно е дали граѓаните ќе ја задржат ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој нема кредибилитет да зборува за состојбите во здравството и за актуелната криза во Гостивар. Манасиевски изјави дека, наместо да ја обвинува Владата и ВМРО-ДПМНЕ, Филипче треба да побара одговорност од своите коалициски партнери, како и од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Во ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со ...

Цените на нафтата се искачија на 98 долари на меѓународните пазари во среда, како одраз на загриженоста за снабдувањето во услови на ескалација на тензиите меѓу САД и Иран и блокадата на саудиските пристаништа на Црвеното Море од страна на Јемен. Барел нафта на лондонскиот пазар беше за 3,04 долари поскап во попладневните часови во споредба со вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 94,05 долари. На американскиот пазар, нејзината цена ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42