СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и ...

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето на американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и дека одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и живелите на околните села и населби. Градоначалникот на општината ...

Полициски службеници на Граничниот премин Табановце синоќа го лишиле од слобода Т.К. (50) од Република Грција, откако при гранична контрола било утврдено дека користел фалсификувана бугарска возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 24 јули 2026 година во 21:16 часот, при влез во државата, при пасошката контрола и извршените гранични проверки, 50-годишниот грчки државјанин на увид приложил ...

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. -Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е двојно намалување од ...

На територијата на државата денеска, до 18:00 часот, се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Пробиштип, во атарот меѓу селата Плешинци и Стрмош, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума; во Општина Куманово, во атарот на селото Винце, каде што гори сува ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на Фејсбук упати критики до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, обвинувајќи го дека ги извртува фактите и дека нема политички кредибилитет да ја коментира политиката на актуелната Влада. Според Муцунски, Османи „многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата“, поради што, како што наведува, не треба „да ...

Бактериолошката неисправност на водата во Крушево ја продолжи забраната за нејзино пиење и домашна употреба низ целиот град, информираат од здравствените институции. Според официјалните протоколи од Центарот за јавно здравје од Прилеп, оваа заштитна мерка ќе остане во сила сè додека не бидат комплетирани сите три последователни лабораториски примероци за анализа. Како што соопштуваат од надлежното комунално претпријатие, основниот проблем ...

На 24.07.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. На 24.07.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот – патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје ...

На 24.07.2026 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Ѓ.З.(35) и А.Ј.(29), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на ул.„Север-југ” во Битола, при што украле околу 30 штеки различни цигари. При претрес во домот, кој го користеле, било пронајдено украденото и било вратено на сопственикот. По дополнително преземени мерки било констатирано дека Ѓ.З. бил баран по потерница ...

На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”. Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрала и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во ...

На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско. При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ...

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...

Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДС да се јавуваат во јавност и да лажат. СДС и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ...

На 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени кокаин и марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село ...

На 24.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(18) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 24.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(18) од Куманово. При ...

Крис Ан Болдт, мајка на холивудскиот актер Бен Афлек, почина по битка со рак на панкреас, објавува Дејли меил. Веста за нејзината смрт дојде само неколку недели откако актерот во едно интервју изјави дека неговата 81-годишна мајка е во многу добра здравствена состојба. На почетокот на јули, Афлек беше гостин во подкастот „Fly on the Wall“ што го водеа Дана Карви и Дејвид Спејд. Зборувајќи за неговата долгогодишна борба со алкохолизмот, тој се ...

Квалитетниот сон е еден од најважните фактори за доброто здравје, без оглед на возраста. Лошо преспиената ноќ веќе следниот ден не само што може да предизвика замор, намалена концентрација и полошо расположение, туку и посериозни последици со здравјето. Со стареењето се будиме порано од вообичаено. Тоа е природен процес поради внатрешниот биолошки часовник, но тоа не значи дека ни треба помалку сон, изјавија научниците. Според истражувањата, ...

Што е тоа што успешните луѓе ги одвојува од остатокот. Она што го правите наутро често има тенденција да го одбележи целиот ден и да го одреди вашето расположение. Затоа, за да го започнете денот на добар начин, треба да усвоите добри навики. Иако некои ритуали изгледаат тешки за усвојување, на крајот тие даваат добри резултати и докажано ви помагаат да се чувствувате подобро. Ова се седум добри навики кои треба да ги усвоите и да го ...

Има толку многу задоволства на полиците кои се полни со калории и шеќер, што може да биде тешко да се одолее на овие вкусни искушенија. Но добар дел се лоши намирници за вашето тело, на кои не треба да губите време доколку се обидувате да ослабете. Значи, ако сакате да изгубите неколку килограми, еве кои намирници треба да ги избегнувате. Чипс Чипсот испорачува 500 милиграми натриум, или околу 1/4 лажичка сол, што е околу една третина од ...

Жените сакаат некој кој е забавен и великодушен, додека мажите сакаат некоја кој изгледа како „сексуално достапна личност“ која се смее на нивните шеги, велат норвешките истражувачи. Тие тврдат дека ја откриле тајната на успешното флертување. Додека некои луѓе успеваат да флертуваат, други немаат баш завидни резултати. Студијата на тим научници од Норвешка покажала дека жените сакаат мажи кои се дарежливи и посветени, додека хуморот е ...

Британскиот портал „Метро“ спроведе анкета на женската популација, кои се работите што ги иритираат со партнерот за време на с*ксот. Меѓу одговорите имаше многу смешни, загрижувачки и навистина искрени одговори, со кои веројатно сите дами би се согласиле. Ви ги претставуваме десетте најчести одговори. Овие работи најмногу ги иритираат жените за време на сексот: 1. Кога мажот не обрнува внимание на нив, туку гледа телевизија или само гледа во ...

Романија ќе добие околу 2,15 милијарди евра од вкупната инвестиција на НАТО вредна 27 милијарди евра за проширување и модернизација на мрежата на алијансата за транспорт на гориво, соопшти денеска романскиот претседател Никушор Дан. Дан на социјалните мрежи оцени дека станува збор за „важен стратешки успех“ за Романија, откако НАТО, по повеќе од пет години преговори, го одобрил проширувањето на исток на својата мрежа од нафтоводи за гориво. ...

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лицата одговорни за интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека овие активности претставуваат „закана без преседан“ за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение наведе дека новата политика е насочена кон лицата кои се одговорни или се соучесници во кибер-криминал и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран со „голема воена казна“, обвинувајќи го Техеран за нападите на јеменските бунтовници Хути врз два саудиски нафтени танкери во Црвеното Море, со што, според него, конфликтот на Блискиот Исток се проширува и кон уште една клучна светска трговска поморска рута. Стравувањата дека нарушувањата во поморскиот сообраќај би можеле да се прошират и на Црвеното Море предизвикаа нагло ...

Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде историски скок кон мирот на Блиски Исток, објави денеска премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху на платформата Икс. Но, тој не го спомена договорот за цивилна нуклеарна енергија помеѓу САД и Саудиска Арабија, што беше објавен вчера. Претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека договорот помеѓу САД и Саудиска Арабија за цивилна нуклеарна програма ќе биде одобрен само доколку ...

Украина одобри извоз на дронови во САД, кои ќе учествуваат во програмата за симулација на борби, организирана од Пентагон. Според неименуван извор, шест украински компании добиле дозвола за извоз на приближно сто дронови. Ниту Украина ниту САД официјално не коментираа. Украина и САД исто така преговараат за поширок нацрт договор за украинските дронови, а и други држави се заинтересирани да набават украински дронови за тестирање. Украина веќе ...

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро и обвинителите на Министерството за правда на САД предложија судењето на поранешниот венецуелски претседател во САД да започне во јуни 2027 година. Заедничкиот предлог беше поднесен до судот пред денешното рочиште, закажано за напладне по источно време, во Федералниот окружен суд на Менхетен, објавија британските медиуми. Федералниот судија Алвин Хелерштајн, кој претседава со случајот, ќе ја ...

Десет мажи кои беа киднапирани беа пронајдени мртви на три локации во мексиканската држава Сакатекас. Меѓу жртвите се поранешниот градоначалник, двајца градски службеници, вклучувајќи пожарникар, и неколку локални претприемачи. Најстрашна сцена е видена на 18 јули во близина на Позо де Гамбоа во општината Пануко, каде што од мостот висеа пет полуголи тела со траги од мачење. Четири тела се оставени на влезот во градот Морелос, а едно е ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07