Изминатиот викенд се одржа традиционалното божиќно пливање во Женевското Езеро кое првпат било организирано во 1934 година, а УНЕСКО во 2023 година го впиша во листата на нематеријално културно наследство на Швајцарија. Првите 3.700 учесници првиот ден од викендот влегоа во студените води на езерото, каде температурата изнесуваше нешто помалку од девет степени, пренесува Свисинфо (Swissinfo). На манифестацијата учествуваа повеќе од 4.200 ...

Машката македонска ракометна репрезентација денеска има собир за претстојните подготовки и настапот на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров повика 21 играч, а уште седум ракометари се на листата на резерви. Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ми мине во Скопје до 26. декември, кога се сели во Хрватска. Таму ќе престојува до 30. декември, а ќе биде одигран и еден контролен дуел со Хрватска. По кусиот ...

Екипите на Атланта и Чикаго ноќеска одиграа ефикасен натпревар на кој беа постигнати 302 поена. Победа од 152:150 остварија гостите Чикаго. Атланта пропушти да се избори за продолжение откако Треј Јанг промаши. Ова беше четврта победа за „биковите“ на последните пет натпревари. Матас Бузелис со 28 поени беше најефикасен кај победникот, а вкупно 10 играчи имаа двоцифрен број поени. Воедно Бузелис погоди седум тројки од осум обиди. Резултати на ...

Репрезентацијата на Мароко настапот на АФКОН (Африкански куп на нациите) го стартуваше во победа од 2:0 против Комори. Домаќинот на африканскиот фудбалски континетален шампионат првиот натпревар го одигра пред 60.000 гледачи. Двата гола Мароканците ги постигнаа во вториот дел. Водство од 1:0 донесе Брахим Диаз во 55. минута, а конечните 2:0 ги постави Ајуб Ел Кааби во 74. минута. Домашната репрезентација пропушти да дојде во водство во 10. ...

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 25 до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Гостивар. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Братислав Ташковски е авторот на поемата „Темна кутија“ што беше избрана за најдобра на отворениот конкурс за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Во образложението за изборот жири-комисијата што ги оценуваше доспеаните трудови се беше наведено дека поемата „Темна кутија“ отскокнува од останатите дела со поетски елементи, ја следи логиката на наративот од почеток до крај ...

Со свечен концерт на Камерниот оркестар „Ајга“ и настапот на Ана и Игор Дурловски синоќа во Народниот театар-Гевгелија официјално беше затворена манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. На свеченото затворање на манифестацијата „Гевгелија – Град на културата 2025“, ја заокруживме годината исполнета со културни настани, уметнички изрази и силна креативна енергија, во која Гевгелија беше активна сцена и вистински домаќин на ...

Берово и годинава ќе биде во знакот на празничната магија, музиката и традицијата, со повеќедневна програма што ќе се реализира од крајот на декември 2025 до почетокот на јануари 2026 година. Организаторите најавуваат настани за сите генерации, со акцент на фолклорот, семејната забава и новогодишната атмосфера во центарот на градот. Како што информираат од Општина Берово, празничната програма започнува вечерва (22 декември) со традиционалниот ...

Опозицијата денеска преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста. Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). -На состаноците со претставниците на Европската комисија беше најавено преземање дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите ...

Иако Штип во текот на годината важи за еден од почистите градови – токму благодарение на честите ветрови што го разнесуваат загадувањето – последните десет дена ситуацијата е поинаква. Штипјани деновиве дишат загаден воздух бидејќи ветерот го нема и се појави маглата во градот. Според податоците од мерната станица на лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во овој период е забележано надминување на 24-часовните ...

Општина Куманово денеска традиционално ги прогласи најдобриот полицаец и најдобриот пожарникар за 2018 година. За најдобар полицаец беше прогласен Аслан Ајети, полициски службеник во ПС за БПС при СВР Куманово, а за најдобар пожарникар Сашо Илиевски, командир на одделение во ТППЕ Пожарна. Наградите ги врачи Градоначалникот Максим Димитриевски кој истакна дека наградите треба да бидат лична мотивација за секој од нив, но и добар пример за ...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, со која започнува ново поглавје во развојот на оваа институција. Стратегијата поставува јасна и амбициозна визија за трансформација на Зоолошката градина во современ центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. -Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман ...

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 742.557.000 денари, односно над 12,5 милиони евра. Споредбено со минатата година, може да се забележи значителен пораст во средствата со коишто ќе располага Општината. При неговото креирање беа земени предвид остварените приходи и расходи од претходните години, како и реалните проекции за приходите во 2026 година. Буџетот има изразена развојна насока и е подготвен ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 200 примероци од 45 мерни места. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 24-ти до 28 март зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата ...

Најниска температура од -4 степени утрово е измерена во Берово и во Виница. Како што соопшти УХМР, минусни температури утрово има и во Крива Паланка (-3), -1 степен во Прилеп, Струмица, Тетово и Mаврови Анови. Нула степени се измерени во Штип и Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија и Велес, 2 степена во Охрид, Kрушево и Гевгелија, 3 степени во Претор. Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со ...

Од утре до кон крајот на денот и во наредните два дена под влијание на нов влажен воздушен бран земјава ќе биде зафатена од повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Синоптичарите најавуваат дека на одредени места може да наврнат и над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од пет до 10 сантиметри. Поради спуштање на постуден воздух од север, ...

Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 илјади евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град, информираше претпладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски, преку објава на Фејсбук профилот. Тој појасни дека се работи за надоместување на штети што земјоделците ги претрпеле од мраз оваа година и од врнежи од град, минатата година. -Овие средства се наменети за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети. По целосна ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, истакна дека не гледа смисла во проценувањето на потенцијалните перспективи на тимот за новата сезона сега, кога има толку малку информации за подготовките на тимовите за новиот шампионат. Според Леклер, тешко му е да ја процени позицијата на Ферари пред почетокот на новиот циклус по ажурирањето на техничките прописи на Ф1 во споредба со тоа каде беше тимот пред почетокот на сезоната 2022. – Немам поим. Во ...

Египќанецот Хасан Мустафа е повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Точно 73% од гласачите ја поддржаа кандидатурата на 81-годишниот Мустафа. Противкандидати на Мустафа му беа Словенецот Бобинац, Германецот Буцек и Холанѓанецот Де Ланге. Реизборот на Мустафа го поздрави и РФМ „Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки и посакува успешна соработка и уште поголем развој на македонскиот и ...

Во првиот натпревар од Ол стар програмата во СРЦ „Кале“ во Скопје, играа македонските надежи од М20 лигата. По голема борба, победата ја однесе екипата насловена како „Next Step“ која беше подобра од онаа која настапи под името, „Next Generation“ (131:125). За најдобар кошаркар беше прогласен играчот на Вардар, Дамјан Данев, кој оствари 41 индексен поен. Тој за 18:46 минути поминати на паркетот, постигна 36 поени (1/3 за три поени, 16/17 за ...

Во женскиот сегмент од „Собирот на сите ѕвезди“ кој денеска се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје, свој настап имаа најдобрите кошаркарки во сениорска конкуренција. Поделени во два тима, „Македонија“ и „Свет“, одиграа доста динамичен натпревар во кој на крајот, победата им припадна, на условно кажано, гостинските кошаркарки. Со конечен резултат (91:79). Ја имаа во својата екипа и најкорисната кошаркарка, Алексис Пул. Една од носителите на играта ...

Главниот настан на Ол старот, односно „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, го крунисаа селекциите на „Македонија“ и на „Светот“. Главните актери на теренот презентираа вистинска, пред сè атрактивна кошарка, во која присутните фанови на македонската кошарка можеа да уживаат во потезите на најдобрите играчи кои оваа сезона се дел од „МТЕЛ“ Супер лигата. Победник беше тимот на „Македонија“, ...

Реал Мадрид продолжува да му нуди целосна поддршка на својот фудбалер Винисиус Жуниор кој беше исвиркан од навивачите во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига, објавува „Ас“. Овој инцидент предизвикал загриженост кај раководството на клубот. Тие ја ценат напорната работа и посветеноста на Винисиус на теренот, но забележуваат дека Бразилецот не е во најдобра форма во последно време. Клубот наводно размислува за кратка пауза за ...

Нејмар вети дека ќе постигне гол во финалето на Светското првенство 2026. -Ќе направиме сè што е можно и невозможно за да го донесеме трофејот во Бразил. Ако стигнеме до финалето, ветувам дека ќе постигнам гол, рече Нејмар. Фудбалерот на Сантос не играл за репрезентацијата на Бразил од 2023 година. Со цел да го освојат Мундијалот, Бразилците за селектор го донесоа искусниот италијански фудбалски стручњак Карло Анчелоти. „Кариоките“ ќе играат ...

Поранешниот главен тренер на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр, објави дека се пензионира. Последната работа на швајцарскиот тренер беше во Ница, каде што го водеше тимот во текот на сезоната 2022/23. – Сега имам 68 години, а времето лета толку брзо. Речиси ги заборавив моите години бидејќи секогаш бев зафатен, секогаш во движење. Со текот на времето, забележав дека тренери стануваат сè помлади и помлади, па на 58 години, речиси се сметате за ...

Астон вила вечерва го победи Манчестер јунајтед со 2:1 на свој терен во 17. коло од Премиер лигата. Морган Роџерс постигна два гола за домаќините, додека Матеус Куња го постигна единствениот гол за гостите. Астон Вила ја обезбеди својата шеста победа по ред во англиската Премиер лига 2025/26 и својата десетта победа по ред во сите натпреварувања. Тимот е трет на табелата во Премиер лигата со 36 бода. Манчестер Јунајтед е седми со 26 бода. Во ...

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнa попладнево во 16 часот и 3 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. До крајот на годината остануваат уште 10 дена. Зимата ќе трае 88 дена 23 часа и 42 минути, односно до 20 март 2026 година кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента. Post Views: 2 декември 22, 2025 ...

Имплементацијата на мерки кои ќе бидат предвидени во План за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат експерти со докажано искуство и успешни проекти позади нив, а не ПР кампањџии. Мерките од овој план ќе бидат поддржани од градските власти и ќе се бара мерливост на резултатите и отчетност во реализацијата. За дел од мерките ќе бараме помош при финансирањето, а дел од мерките од овој план ќе се финансираат од пари на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
93%
1019
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1018
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
6.99
86%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
1.79
95%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
90%
1015
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
11.83
86%
1021
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 0ᴼ
3.13
64%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
60%
1018
Currency

61.645

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.57584

Сребро

2644.72

Калај

46.26

Злато

162791.45

Бакар

11.67

Рутениум

45750.51

Паладиум

5562.08

Платина

69349.16

Алуминиум

3.08

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Иридиум

212342.22

Родиум

352854.44