Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, денеска ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски. – Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се ...
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно. Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. ...
Во празничниот декемвриски репертоар, во Националната опера и балет вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде изведена оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Диригент на изведбата е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајн е Милчо Александров. Во ...
Со митинг во гостиварскиот ценатр за култура, во Гостивар започна предизборната кампања на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ). Пред партското членство и симпатиерите, кандидатот за градоначалник, Валбон Лимани, искажа благодарност до сите граѓани кои му ја дале довербата во првиот круг од локланите избори во октомври. Тој во говорот изрази верување дека волјата на граѓаните ќе триумфира на овие избори, а убедливата поведа ...
Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ и трае со 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето. Кандидати за градоначалник на Гостивар ...
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е водечки клуб во Ла Лига според остварени приходи од телевизиските права минатата сезона, објави денеска весникот Марка. Вкупниот износ распределен меѓу шпанските прволигашки клубови во минатата сезона изнесувал 1,29 милијарди евра, од кои Кралскиот клуб инкасирал 157,92 милиони. На второто место е актуелниот шампион Барселона со 156,45 милиони евра, додека Атлетико Мадрид е на третото место со 108,17 ...
Учениците од ООУ „Никола Карев“ од Кочани попладнево на големото паркиралиште позади училишната зграда го одржаа традиционалниот новогодишен базар. Пред посетителите, на продажните штандови, се најдоа новогодишните креации и изработки на учениците кои го привлекоа вниманието на присутите. Празничната атмосфера ја надополни музичката програма на училишниот хор, под водство на наставничката Ангелина Катмерова Алексова. DJ Bono, као гостин, се ...
Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш ги договори сите детали за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао де Вер, јави денеска ЕСПН. Според истиот извор, Алвеш, воедно, ја разгледува можноста да потпише шестмесечен договор и да настапува за португалскиот нисколигаш. За клубот во моментов настапуваат тројца бразилски фудбалери. Алвеш последен пат се најде на теренот во јануари 2023 година, кога беше уапсен во Барселона откако жена го ...
Српскиот фудбалски првак Црвенаѕвезда го објави денеска назначувањето на Дејан Станковиќ за нов тренер. Станковиќ доаѓа на местото на Владан Милојевиќ, кој беше отпуштен на 21 декември. „Убаво е повторно да се биде дома. Како колега и ѕвездаш, би сакал да му се заблагодарам на Милојевиќ за сè што донесе и направи за овој клуб“, изјави Станковиќ на денешната промоција во Белград. Четириесетиседумгодишниот Станковиќ претходно го тренираше ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ...
Големата лондонска ложа „Метрополитан“ (Metropolitan), одлучи да ја замени традиционалната тајност со користење Тик-ток и техномузика за да привлече помлади членови и да ги разбиe митовите за организацијата, пишува „Тајмс“. „Метополитан“ споделува видеа на социјалните мрежи од главното седиште на масонеријата во Ковент Гарден – главната зграда на Големата ложа на Англија, прикажувајќи стотици членови во целосна облека додека учествуваат во ...
Македонската машка ракометна репрезентација ги почна денеска подготовките за настап на јануарското Европско првенство на кое во групната фаза за противници ќе ги имаат Данска, Португалија и Романија. Селекторот Кирил Лазаров истакна дека репрезентацијата максимално квалитетно ќе се подготви за противниците во групата која ја оцени како исклучително тешка. „Нема да се жалиме, групата е таква каква што е, не можевме да добиеме поквалитетна ...
Искусниот српски тренер Светислав Пешиќ би можел да се врати на клупата. Тој е меѓу најсериозните кандидати за пополнување на празното место откако Баерн го отпушти Гордон Херберт. Пешиќ во својата кариера веќе беше тренер на Баерн во периодот од 2012 до 2016 година. Ако двете страни не се договорат Пешиќ и Баерн, постои шанса на клупата на Баерн да седне Јанис Сферопулос, тренер кој сезонава ја почна во Црвена Звезда Баерн има серија слаби ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички ќе ги почне подготовките за пролетниот дел од сезоната во домашното првенство со нов тренер, откако денеска спогодбено ја раскина соработката со шефот на стручниот штаб Ален Тупајиќ. Српскиот стратег го водеше Работнички на трите последни натпревари од есенскиот дел од првенството, во кои тимот забележа порази. „Би сакал да се заблагодарам на ФК Работнички за дадената можност за соработка. Искажувам ...
Германскиот централен напаѓач Никлас Фулкруг (32), кој сезонава сè уште нема постигнато гол за Вест Хем, ќе му се приклучи на Милан на шестмесечна позајмица во јануарскиот преоден рок, јавија денеска италијанските медиуми, додавајќи оти двата клуба веќе ги договориле сите детали од договор. Фулкруг треба да ги мине медицинските прегледи во Милано пред Божиќ. Според медиумите, германскиот фудбалер се согласил на намалување на платата со цел да ...
Во Охрид синоќа беше промовиран романот „Повторно роден“, најновото книжевно дело на авторката Марина Шикова – Димовска, во издание на ПНВ Публикации од Скопје. Романот е инспириран од вистинска животна приказна и обработува теми поврзани со лични искушенија, внатрешни превирања, пороци и покајание, но и надеж и духовно воздигнување. Според авторката, делото има сопствена тежина, но е напишано на едноставен и разбирлив јазик. Шикова – ...
Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес за своите најмлади гледачи ја подготви претставата „Поштарска бајка“, работена по текст на Карел Чапек, во режија на Александар Ивановски. Претставата за велешките деца денеска беше изведена првпат и ќе се прикажува во наредните денови до крајот на годинава, а е наменета за сите деца од велешките градинки и училишта кои ќе ја проследат организирано. Како што информираат од велешкиот театар, ...
Аудиовизуелно патување низ архетипски слики кои се дел од нашата колективна меморија, сè она што е поврзано со македонската драма, поезија, ликовната уметност, музиката…, преведено на современ сценски јазик – ќе биде претставено со музичко-сценскиот проект „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МНТ“ по повод 80 години постоење на Македонскиот народен театар. Ова го соопшти режисерот Дејан Пројковски на прес-конференција по повод ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) денеска ги презентираше резултатите од спроведувањето на програмите на Европската унија „Еразмус +“ и „Европски солидарен корпус“ во 2025 година. -Податоците покажуваат 95% искористеност на расположливиот буџет и успешна имплементација на бројни проекти за вмрежување на корисници од Македонија со партнери од други европски земји. В.д. директорката на Националната ...
Куманово повеќе не се вбројува меѓу најзагадените општини во државата, покажуваат податоците од мерните станици достапни на општинскиот сајт, информираше на последната прес-конференција градоначалникот Максим Димитриевски. Според него, состојбата со квалитетот на воздухот е позадоволително во однос од пред неколку години кога Куманово беше меѓу првите три најзагадени општини со високи концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички. – Сепак, имаме ...
Трошоците за боледување стануваат сè поголем товар за германската економија. Минатата година, производствените загуби и исплатите на плати на вработените за боледување ги чинеле компаниите повеќе од 200 милијарди евра, соопшти германската Влада. Секој вработен во просек бил отсутен од работа 20,8 дена, што е речиси четири дена повеќе од 2020 година. Вкупно се забележани 881,5 милиони денови боледување, а секој изгубен работен ден чинел ...
И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници верува дека е откриен уште еден, досега непознат влез, пишува „Јунилад“ (Unilad). Пирамидата висока околу 61 метар, за којашто се верува дека е гробницата на фараонот Менкаура од Четвртата династија, е изградена околу 2510 година п.н.е. ...
Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе учествуваат во европската Лига на шампиони и ќе се натпреваруваат со своите врсници од Хрватска, Данска и Германија. Битолчани, по завршениот жреб од страна на ЕХФ, се во втората група која напреварите ќе ги одигра следната година, на 30 и 31 март во хрватскиот град Пореч и силите ќе ги одмерат со домашниот младински шампион Загреб, со данскиот младински шампион Алборг и германскиот ...
Ракометниот клуб Вардар и десното крило Ален Ќосевски спогодбено го раскинување договорот. Тоа значи дека играчот е слободен во изборот на нов клуб. Ќосевски е дете на Вардар, кое има настапувано и во младинските селекции на клубот. Има настапувано и за екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес мина неколку сезони. Ќосевски беше дел од генерации кои испишуваа важни резултати во историјата на клубот, ...
Првакот на Англија Ливерпул се соочува се сериозен проблем откако новото засилување Александер Исак е повреден. Типот на повредата не е познат, но првичните прогнози се дека играчот ќе отсуствува неколку месеци и дека има скршеница. Се очекува во текот на денешниот ден биде објавена информацијата за степенот на повредата. Исак, кој на дуелот со Тотенхем влезе како резерва и постигна гол. При постигнувањето на голот врз него стартуваше ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес имаше чест да ја пречека г-ѓа Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета во Скопје, се посочува во соопштението на Општина Чаир. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, ...
Македонската фудбалска репрезентација е на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година. Македонските фудбалери на декемвриската ранг-листа, објавена денеска, назадуваа едно место со идентичен број бодови (1378.57) како и на претходното рангирање. Шпанија остана на првото место, пред Аргентина, Франција и Англија. Од последното рангирање објавено на 19 ноември, одиграни се само 42 меѓународни натпревари, па затоа имаше ...
Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. Податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце викендов влегле над 36 илјади македонски државјани. – На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се однесува до ...
Инженерка од Германија стана првиот човек во ортопедска количка во светот кој отпатува во Вселената. Михаела – „Михи“ Бентаус, која претрпела повреда на ‘рбетниот мозок во несреќа со планински велосипед пред седум години, потоа преку интернет контактирала пензиониран вселенски инженер, во обид да го следи нејзиниот сон и да стане астронаут. Тоа сè уште било можно. Таа во саботата беше патничка на 10-минутен лет со „Блу ориџин“ (Blue Origin), ...