Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Ветеранот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одби да коментира за суспензијата на плејмејкерот на Клиперси, Крис Пол. -Не сум разговарал со него. Искрено, не е моја работа да коментирам. Не е моја работа, рече Џејмс, близок пријател на плејмејкерот. Клиперси го испратија Крис Пол на 3 декември дома откако се појави во 16 натпревари оваа сезона, со просек од 2,9 поени и 3,3 асистенции за 14,3 минути по натпревар. Пол претходно објави дека ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објасни дека го посветил својот гол на Кристијано Роналдо во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига. Французинот славеше во традиционалниот стил на Португалецот. Во натпреварот од шпанското првенство, Мбапе го постигна својот 59. гол за Реал Мадрид во 2025 година, израмнувајќи го рекордот на Роналдо за постигнати погодоци во една календарска година. -Кристијано е мој пријател и мој идол. ...
Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен, претрпе делумна руптура на предниот вкрстен лигамент на левото колено, објави прес-службата на клубот. Дваесет и деветгодишниот фудбалер ја претрпел повредата како резултат на дислокација на коленото за време на вчерашниот тренинг. По прегледите, му е препишана конзервативна програма за лекување. Според медиумските извештаи, дефанзивецот ќе отсуствува најмалку четири месеци. Кристенсен одигра 17 ...
Во големата сала на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа се одржа хуманитарма гала вечер, од која собраните средства ќе бидат наменети за отворање на нови групни домови за лица со попреченост во 2026 година. Хуманитарниот концерт го означи почеток на Кампањата „Заедно за нов дом“ која ќе се спроведува во текот на 2026 година и ќе овозможи запознавање со услугата „Живеење со поддршка“ и зголемување на капацитетите на истата, преку ...
Јавната установа Национален парк „Пелистер“ со поддршка на Општина Битола и во рамки на програмата „Зимска приказна“, денеска ја одржа традиционалната манифестација „Вкусот на Пелистер“. Над триесет локални производители на храна и пијалоци на посебно уредени штандови во дворот на Инфо центар на ЈУНП „Пелистер“, презентираа македонски специјалитети и дел од традиционалната македонска кујна, како потврда за економскиот потенцијал на градот, ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска им се приклучил на скопските бадникари на јужните падини на Водно, продолжувајќи ја традицијата на собирање дабови гранчиња во пресрет на Бадник. Како што соопшти Општина Центар, првите гранчиња симболично ги пресекле бадникарскиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, со што беше означен почетокот на бадникарските активности. -Секоја година, овде на Водно, се ...
Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс, го коментираше поразот од 1:0 од Арсенал вчеравечер на домашен терен во натпревар од 17. коло од англиската Премиер лига. – Беше ден кога многу работи едноставно не функционираа и не функционираа за нас. Неколку наши играчи беа повредени. Судијата свирна пенал во нивна корист. Не мислам дека Арсенал ни предизвика многу проблеми пред пеналот. Веројатно почнавме подобро од Арсенал. Но, беше лоша одлука на Џејк ...
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го критикуваше својот тим и покрај победата со 3:0 над Вест Хем во 17. коло од англиската Премиер лига. – Начинот на кој игравме во нападот треба да се подобри. Во спротивно, нема да биде доволно за да останеме во конкуренција за титулата во март и април. Вест Хем е добар тим. Но, сакам да бидам искрен со себе. Им реков на играчите „Среќен Божиќ на сите, но нема да биде доволно ако не се подобриме. ...
Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење. -Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението. Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на ...
Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја организираше завршната културна вечер за 2025 година, насловена „Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија“,која ја потврди живата сила и духовната длабочина на македонската култура. На настанот на 19 декември, присуствуваше и македонската амбасадорка Агнеза Руси – Поповска, која позитивно се осврна на културната година во Македонскиот КИЦ во Софија. Таа ...
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги искажа впечатоците по триумфот од 1:0 над Рома во 16. коло од Серија А. – Секој натпревар е тежок овие денови. Победата и учењето од неа се двојна победа, бидејќи ви дава самодоверба и ве тера да сфатите дека можете да се натпреварувате со секого. Се боревме до самиот крај, па дури и кога примивме гол во финишот, тимот сакаше повеќе. Сега ќе продолжиме да работиме и, се надеваме, ќе се обидеме да го ...
Пациентки со рак на дојка премногу често се третираат со нови лекови за рак, чија корист не е целосно докажана и не секогаш делуваат врз нив, се наведува во меѓународна студија спроведена од Универзитетскиот клинички центар и Католичкиот универзитет од белгискиот град Лувен. Во изработката на студијата, објавена во научното списание „JAMA Онколоџи“, учествувале истражувачи и експерти за рак на дојката, кои посочуваат дека фармацевтските ...
Лос Анџелес клиперс утрово ги победија Лос Анџелес лејкерс во домашен натпревар од НБА-лигата со 103:88. Кавај Ленард го предводеше својот тим до победата со 32 поени и 12 скока. Џејмс Харден исто така имаше дабл-дабл со 21 поен и 10 асистенции. Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн Џејмс со 36 поени. Клиперси ја прекинаа серијата од пет порази. Тимот победи во седум од 28 натпревари и се наоѓа на 14. место во Западната конференција. Лејкерси, ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е задоволен во целост од играта на неговиот тим во победата над Севилја. Реал синоќа на домашен терен славеше со 2:0 во 17. коло од шпанското фудбалско првенство. – Ќе имаме време да размислиме каде сме. Денес беше натпревар што мораше да го добиеме. Знаеме дека сме способни да играме подобро и сакаме да играме подобро. Ја знаеме нашата ситуација, имаме одредени барања и елемент на самокритика што ќе ни ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е задоволен од настапот на тимот против Евертон (1:0) синоќа на гостински терен во 17. коло од англиската Премиер лига. – Многу сум среќен од победата, навистина е тешко да се игра на теренот на Евертон. Тие се многу добро организиран противник. Исто така, би сакал да истакнам колку е прекрасен стадионот, неговата убавина ми предизвикува наежување. Имаше периоди во првото полувреме кога навистина ...
Францускиот фудбалер на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, постигна гол против Севилја во победата од 2:0 на домашен терен во 17. коло од шпанската Премиер лига. Овој гол беше 59. за 27-годишниот напаѓач за Реал Мадрид во 2025 година, израмнувајќи го рекордот поставен од Кристијано Роналдо во 2013 година. Во сезоната 2025/26, Мбапе постигна 29 гола и имаше четири асистенции во 24 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Неговиот договор со ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени. Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Најстудено изутринава со измерена минимална температура од -4 степени е во Тетово, Битола, Прилеп и Берово, а најтопло со измерени 0 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Kрушево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Струмица и Кавадарци измерени се -3, во Скопје-Петровец, Штип, Куманово и Mаврови Анови -2 и во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес и Демир Капија -1 степен. Времето денеска ќе биде сончево со мала ...
Националната установа Завод и Музеј-Битола синоќа во културниот центар Магаза ја промовира изложбата „Апологија на време и простор II“, дел од проектот „Моја инспирација – музејската колекција на носии и текстил како поттик во визуелната уметност“. Автор, раководител на проектот и куратор на изложбата е Наде Геневска-Брачиќ, советник во НУ Завод и Музеј-Битола која изложбата ја реализира со уметницата Љубица Мешкова-Солак. -Мојот предизвик ...
Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид донесе врвна уметност и празнична атмосфера. На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со нивната импресивна изведба и извонредна ...
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите Истанбул, Измир, Венеција и Љубљана, како и повеќето полетувања. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за ...
Во градинките на територијата на општина Кисела Вода се поставуваат прочистувачи за воздух. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ја посети градинката „Синоличка“ при ЈДГ „Весели цветови“, една од градинките каде што веќе се поставени пречистувачи. Како што соопшти Општина Кисела Вода, при посетата, таа разговарала со вработените за значењето на оваа мерка, која директно придонесува за подобрување на условите ...
Во овие денови на голема загаденост на воздухот, ви препорачуваме три чаеви што можат да им помогнат на вашите бели дробови. Првиот е по препорака на Алан Мандел, кој се претставува како доктор и често се јавува на You tube со свои препораки. Еве што тој вели за следниот чај: „Ќе ви се прочистат белите дробови. Ќе се прочистат и бронхиите. Ќе внесете повеќе кислород во вашето тело, во клетките, за да останете поздрави. Ќе ви треба една чаша ...
На денешниот,седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, објави Македонската ракометна федерација. Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро. Нашата земја досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански ...
По пораз од Феникс со само еден поен разлика 98:99 вчера на гостински терен, лидерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, призна дека неговиот тим не е доволно силен. – Ако сакате да бидете добар тим, мора да бидете способни да ги надминете ваквите работи. Ние очигледно не сме добар тим во моментов, а тоа се гледа по нашите резултати и фактот дека постојано се наоѓаме во вакви ситуации одново и одново, рече Кари по натпреварот во кој шутираше ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го престигна поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, на листата на голови во Премиер лигата. Норвежанецот постигна два гола во денешната победа од 3:0 над Вест Хем во 17. коло од Премиер лигата. Халанд сега има 104 гола во Премиер лигата, еден повеќе од Роналдо. Норвежанецот ја достигна оваа бројка во 114 лигашки настапи, додека на Португалецот му беа потребни 236 натпревари. ...
Порто се согласил на договор со 41-годишниот Тијаго Силва, објави новинарот Фабрицио Романо. Португалскиот клуб ќе го потпише дефанзивецот до крајот на јуни 2026 година, со опција за уште една година. Силва играше за Порто на почетокот на својата кариера, од јануари до јули 2005 година. Потоа играше за вториот тим на клубот пред да се пресели во Динамо Москва. Тијаго Силва играше и за Хувентуд, Милан, ПСЖ и Челзи. Неговиот последен клуб беше ...
Ливерпул победи со 2:1 на гости против Тотенхем вечерва во 17. коло од англиската Премиер лига. Во 56. минута, Александар Исак им донесе водство на гостите, а 10 минути подоцна, Хуго Екитике го зголеми водството на „Црвените“. Ричарлисон го постигна единствениот гол за домаќините во 83. минута. Тотенхем остана со 10 фудбалери во 33. минута откако Чави Симонс доби директен црвен картон по стартот врз дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. ...
Бекот на Барселона, Кевин Пантер е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 17. коло на Евролигата. Во шпанското дерби, Барселона ја победи Басконија, по три продолженија со 134:124. Пантер постигна 43 поени за 45 минути на теренот, погодувајќи 12 од 19 шутеви за два поени, 4 од 7 тројки и 7 од 7 слободни фрлања, а додаде и два скока, две асистенции и две украдени топки. Барселона со Хапоел Тел-Авив се на првите две позиции во поредокот на ...