Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по суви коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше отворена изложба на повеќе од 50 автентични фудбалски дресови на успешни спортисти од Македонија и Тиквешијата, од приватната колекција на Николчо Делов од Кавадарци. Изложбата е посветена на Андреј Лазаров од кочанската населба Оризари и на жртвите од трагедијата во „Пулс“. Членови на семејството Лазарови присуствуваа на настанот. Пред посетителите беа изложени дресови од познати ...
Директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, учествуваше како говорник на панел-дискусијата посветена на културната дипломатија, која се одржа во Палата Србија во Белград. На настанот присуствуваше и премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, заедно со бројни претставници на дипломатскиот, културниот и академскиот сектор. Културниот дијалог, уметноста, музиката и меѓучовечките врски беа во фокусот на настанот ...
Уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина ќе бидат дел од Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2026“ што од 27 јуни до 6 јули ќе се одржува во ресторанот „Виа игнација“ во Вевчани. Колонијата, како што информира организаторот, ќе биде отворена со концерт на групата „Љубојна“ и музичкото дуо Мицевски и Пејчиноски. – Вевчани повторно ќе биде место на уметничко творештво, средби, културна размена и инспирација. Оваа ...
По случаите со уништување урбана опрема во општина Аеродром, градоначалникот Дејан Митески вели дека во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведуваат засилени контроли и патроли и порачува дека ќе биде казнет секој кој ќе биде затекнат при такви активностги. Синоќа имало случај со уништување детско игралиште, а претходно споделено видео во кое се гледа вандализам со опрема во ОУ „Гоце Делчев“. Пронајдени се сторителите и за ...
Општина Кисела Вода денеска на прес-конференција официјално го најави претстојното „Културно лето“, манифестација со која се одбележува 71-от роденден на најстарата скопска општина. Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, присутните ги очекува тридневна богата фестивалска програма. На прес-конференцијата, покрај Миро Кацаров и Кристина Димитри, кои ќе бидат водители на манифестацијата, беа ...
Паметните очила на „Епл (Apple)“, коишто директно ќе се натпреваруваат со „Мета Реј-бан (Meta Ray-Ban)“, како и со новите очила од „Гугл“ и „Самсунг“, добија можен датум на објавување на пазарот. „Епл“ првично планираше да ги претстави своите очила подоцна оваа година, но компликациите и доцниот почеток на развојот значеа дека планираниот датум мораше да се одложи. Познатиот Марк Гурман кој е добро упатен во индустријата, во својот билтен ...
Кинеската компанија Џуебан (Jueban) неодамна го претстави паметниот тоалет Сјаобан-роботска ВЦ шолја која самостојно доаѓа до корисникот доколку тој не е во можност да стигне до тоалетот. Овој иновативен уред е создаден со вештачка интелигенција која му овозможува да се движи низ просторот, да избегнува препреки и самостојно да се чисти по употребата. Благодарение на напредните системи за автоматизација и вештачка интелигенција, тоалетот сега ...
Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе добие ново име во своите редови. Како што вечерва објавио КФСМ, американскиот кошаркар ДиВејн Стјуард Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим, со што селекторскиот стручен штаб добива уште една квалитетна опција во бековската линија. Роден на 28. јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и настапува на бековските позиции. Неговата ...
Во Кутрал Ко, град во Патагонија со население од 35.000 жители, е поставена монументална статуа, висока 26 метри и тешка 70 тони, посветена на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси. Автор на ова монументално дело е локалниот уметник Алдо Бероиса и го прикажува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во дресот на аргентинската репрезентација, како клекнува со крената и стегната десна тупаница, а пред него се ...
Обезбедувањето на натпреварот од Светското првенство што вчера се одигрта меѓу Белгија и Иран во Лос Анџелес спречи навивач да упадне на теренот, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Според фотографиите, маж облечен во маица со поранешното иранско знаме се обидел да влезе на теренот, но бил спречен од обезбедувањето. Обезбедувањето морало да интервенира и на трибините, но ФИФА не ги разјасни околностите на интервенцијата, ...
Германската фудбалска репрезентација до крајот на Светското првенство ќе биде без дефанзивецот Нико Шлотербек, кој го заврши настапот на мундијалскиот турнир поради повреда на глуждот, јавија денеска германските медиуми. Според извештаите на „Билд“ и „Скај“, репрезентативецот од редовите на Борусија Дортмунд ги скинал лигаментите на левиот глужд за време на натпреварот во саботата против Брегот на Слоновата Коска, на кој Германија победи со ...
Премиерлигашот Ливерпул ја отфрли понудата во износ од 25 милиони евра на италијанскиот првак Интер за фудбалерот од средниот ред Куртис Џонс (25), јавија италијанските медиуми. Договорот на Џонс со англискиот клуб истекува за една година. Ливерпул, наводно, бара отштета од 40 милиони евра и удел во идниот трансфер на Џонс. Медиумите известуваат дека разликата помеѓу она што го нуди Интер и она што го бара Ливерпул е преголема и затоа не се ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево ги објави термините за одигрување на натпреварите од 1. квалификациско коло во европските купови, во кои сезонава ќе настапуваат Вардар во Лигата на шампиони, а Силекс и Шкендија во Конференциската лига. Вардар во воведното квалификациско коло во елитното натпреварување за противник го има фински Купс и првиот натпревар во Скопје е закажан за 7. јули на Арената „Тодор Проески“ со почеток во ...
Во воведниот натпревар од 2. коло во групата ј на Светското фудбалско првенство, бранителот на титулата Аргентина води по првото полувреме против Австрија со 1-0 со голот капитенот Лионел Меси, кој вечерва на стадионот АТ&Т во Арлингтон испиша историја, станувајќи најдобар стрелец на мундијалските турнири. Триесетиосумгодишниот Меси ја донесе Аргентина во водство во 38. минута, постигнувајќи го својот четврти гол на ова Светско првенство, ...
Во натпреварот од второто коло од групата Ј на Светското фудбалско првенство, Аргентина обезбеди пласман во нокаут фазата со победа вечерва над Австрија од 2-0, а двојниот стрелец Лионел Меси постави нов рекорд според бројот на постигнати голови во историјата на светските првенства. Откако во 9. минута промаши пенал, Меси го донесе актуелниот светски првак во водство во 38. минута, а стави печат на победата во судиското продолжение на ...
Водечкиот француски спортски медиум Л’Екип се дистанцираше од коментарите на својата водителка која го критикуваше белгискиот репрезентативец Жереми Доку поради неговата желба да го напушти Светското првенство за да присуствува на раѓањето на своето прво дете. Весникот посочи коментарите на водителката Франс Пјероњ не ги претставуваат вредностите на медиумската куќа. Пјероњ, во гостување во телевизиска емисија во петокот, го опиша раѓањето ...
На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се уште се активни, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Активни пожари, според ЦУК, има нмеѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај каде гори ниска вегетација и мешана шума и кај селото Калаузлија во општина Радовиш. Останатите осум пожари се изгаснати. Post Views: 1 јуни 23, 2026 На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на ...
Североисточните, југозападните и западните делови од државава попладнево беа зафатени од нестабилно време со дожд и ветер. Нестабилноста беше поизразена во Охридско-Преспанскиот регион, северно од Кичево, југоисточно од Гостивар. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека дувал умерен повремено засилен северен ветер кој наместа достигнал брзина од 40 километри на час. Според УХМР, во моментот сите облачни јадра се стратифицираат. ...
Годинашното 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи во Битола од 19-25 септември, а лауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен, соопшти денеска директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. -Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на ...
Под мотото „Каде што живее поезијата“ од 24 до 29 јуни во Струга ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата, како што истакна директорот Никола Кукунеш, ќе се одржи, на 24 јуни, датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24 ...
Владата на РС Македонија на својата седница го усвои Годишниот извештај за работа на Управата за заштита на културното наследство за 2025 година, изготвен согласно Законот за заштита на културното наследство. Извештајот дава преглед на реализираните активности во областа на заштитата, користењето и управувањето со културното наследство, капиталните проекти од национално значење, меѓународната соработка, дигитализацијата и институционалниот ...
Во населеното место Марино во општина Илинден е пуштено ново современо детско игралиште, со што, информира денеска општинската прес-служба, најмладите жители добија нов и функционален простор наменет за игра, рекреација и дружење, опремен согласно современите стандарди за безбедност и квалитет. Новото игралиште е опремено со современи детски реквизити, меѓу кои детско катче со кула и лизгалка, двојна лулашка и клацкалка. За безбедност на ...
Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ за првпат добива термофасада, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, ќе се намалат трошоците за загревање во зимскиот период и ќе се обезбедат попријатни услови за престој во текот на топлите летни денови. Станува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и која ќе придонесе за помодерен, пофункционален и поекономичен објект, создавајќи ...
Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 ...
На својот интернет-простор, Деми Мур, за американскиот Ден на таткото, сподели носталгична и трогателна објава со почит и спомени, посветена на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис. Актерката, која се движи кон средината на седмото десетлетие од својот живот, објави колаж од фотографии од минатото на сега 71-годишниот глумец од „Умри машки“, на кого му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција во 2023 година, со неговите деца низ ...
Не сите сладоледи се исти. Американскиот сладолед е богат со павлака и има лесни состојки. Италијанскиот џелато се меша побавно и се служи на повисока температура. Индискиот кулфи е густ и никогаш не се мати. А во Турција, мараш дондурма е растеглив како карамела и речиси отпорен на топење. Неговата издржливост е поради брашното добиено од орхидеи, познато како салеп, кое се произведува само во Турција. Повеќето туристи дознаваат за дондурма ...
Европската ракометна федерација денес му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ по четири години се враќаат во елитното натпреварување. Вардар е двократен европски шампион. На европскиот ракометен трон македонскиот шампион беше во 2017 и во 2019 година. Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022. Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе има 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест ...
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ против Панама ќе го игра 200.тиот натпревар во хрватскиот дрес. Само тројца играчи досега имаат одиграно 200 и повеќе натпревари. Рекордер е Кристијано Роналдо со 229 натпревари за Португалија, на второто место е Бадер Ал-Мутава од Кувајт со 202 натпревара, а третиот е Лионел Меси, кој против Алжир го одигра 200-тиот натпревар. Модриќ има шанса да стане четвртиот играч со 200 натпревари во ...
Селекторот на Уругвај Марсело Биелса е уште еден во низата учесници на Мундијалот, кој не е среќен со воведувањето на паузата за хидратација за време на натпреварите. Навивачите брзо „дознаа“ дека тоа не е да им се излезе во пресрет на фудбалерите, туку чисто комерцијална логика на ФИФА. Четири минути и 20 секунди по натпревар или на целиот турнир 7 часа и 30 минути и 40 секунди. На пример „Фокс спорт“ за 30 секунди реклами за време на ...