Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Британскиот совет официјално ја започна рундата за 2026 година од својата водечка програма за грантови, „Врски преку културата“ (ВПК). Иницијативата, како што информираат од Британскиот совет, е создадена да обезбеди почетно финансирање за билатерални креативна соработка, интеркултурна размена и долгорочни институционални партнерства помеѓу креативните професионалци од Обединетото Кралство и 35 земји учеснички ширум светот, вклучувајќи ја и ...
Добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година е Ален Милковски од Куманово. Стипендијата е основана во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, со цел нејзината љубов кон уметноста, креативноста и убавината да продолжи да живее преку поддршка на нови генерации талентирани млади автори, информираат од Фондацијата „Фросина Кулакова“. -Во творештвото на Ален Милковски, Комисијата препозна искреност, зрелост и длабока ...
Со богата музичка и винска програма, вечерва на Кеј Македонија започнува петтото издание на Ohrid Wine Festival, кое ќе трае до 27 јуни. Како што соопштуваат организаторите „Фестивали.мк“ посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапи на повеќе домашни музички имиња, меѓу кои Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа и Куку Леле. Првата вечер е резервирана за настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија. Утре ...
Во изминатите два дена се изведуваа градежни работи на патниот правец од браната „Градче“ кон селото Јастребник, при што беше поставен бетон на најоштетениот дел од земјениот пат, каде што беше загрозена безбедноста во сообраќајот. Поради ова, на релацијата кон селото Јастребник сообраќајот времено беше прекинат. Патниот правец од браната „Градче“ до село Јастребник, што најмногу го користи месното население, како и рекреативците и ...
Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој современ зелен простор ќе биде ставен во функција и предаден на користење на граѓаните. На површина од 8.000 квадратни метри, просторот кој со години беше запуштен и неискористен се трансформира во модерна зелена оаза, наменета за одмор, рекреација и дружење на сите генерации. Паркот ќе располага со богато хортикултурно уредување, пешачки патеки, детски ...
Италијанскиот мотоциклист и двократен светски првак во МотоГП класата, Франческо Бањаја, ќе го напушти Дукати на крајот од сезоната, потврди денеска италијанскиот тим. Бањаја го напушта Дукати по осум сезони, во кои двапати го освои шампионатот во Мото ГП. Италијанецот забележа 31 победа, најмногу од кој било друг мотоциклист во историјата на Дукати, како и 62 подиуми и 28 пол позиции. Во актуелната сезона, Бањаја во моментов е на седмото ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (ВТА-223) забележа победа во второто коло од квалификациите на Вимблдон, совладувајќи ја вечерва Франциска Жорге од Португалија со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1) за 2 часа и 23 минути игра. Ѓорческа до триумфот дојде со пресврт во вториот и во третиот сет, доминирајќи на теренот број 10 и направи серија од 12:3 во гемови. По загубениот сет, Ѓорческа почна порешително во вториот сет и со два брејка поведе со ...
Швајцарија вечерва ја победи Канада со 2-1, а Босна и Херцеговина триумфираше над Катар со 3-1 во последното коло од Групата Б на Светското првенство. Швајцарија и Канада обезбедија директен пласман во шеснаесетфиналето, додека Босна и Херцеговина, како третопласирана репрезентација, има реални шанси да стигне до нокаут фазата. На дуелот во Сиетл, репрезентацијата на БиХ имаше водство од 2-0 со погодокот на Алајбеговиќ во 29 минута и ...
Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга ...
Како дел од проектот за поддршка на родителите, јапонскиот Институт за аудиокомуникација при лабораториите „Чиба“, кој се занимава со анализа на аудиоснимки за потребите на судските постапки, создаде специјална музика што им помага на бебињата полесно да заспијат. „Институтот ја започна оваа иницијатива откако во текот на својата работа со судовите се соочи со случаи на злоупотреба на деца, поврзани со стрес, депресија и нервни сломови кај ...
Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, го сподели своето мислење за „неочекуваната“ промена на претстојното Гран при во Австрија. Монтоја очекува напредок од Ред Бул. Тој верува дека пилотите на Ред Бул се способни да напредуваат и да се борат за победи благодарение на ажурирањето на болидот. Се очекува болидите на Ред Бул да ја достигнат минималната законска тежина. – Каков ќе биде следниот неочекуван пресврт на настаните? ...
По неуспешниот обид на Бостон да го вклучи Џејлен Браун во размената на Јанис Антетокумпо, Селтикс почнаа да разгледуваат можни понуди за еден од нивните водечки играчи, објави инсајдерот Шамс Чаранија. – Од синоќа, Селтиксите се отворени да слушнат од заинтересирани тимови и понуди за Џејлен Браун. Не би рекол дека активно бараат размена во моментов, но се отворени за дијалог. Неколку тимови веќе почнаа да контактираат и да разговараат со ...
Фудбалерот на Манчестер Сити, Џереми Доку, се врати во кампот на белгиската репрезентација за Светското првенство, откако привремено отпатува во Англија за да присуствува на раѓањето на своето прво дете. Доку денеска се врати во базата на Белгија во Сиетл, пропуштајќи го ремито без голови против со Иран за да присуствува на раѓањето на својот син, Прајз. Белгиската фудбалска асоцијација соопшти дека Доку отпатувал во Лондон со одобрение на ...
Бразилецот Роналдињо се врати на фудбалот на 46-годишна возраст и ќе настапува за италијанскиот третолигаш Равена, а договорот беше потпишан на голема церемонија одржана во Мајами. „Се враќам на фудбалот со истата насмевка. Едвај чекам повторно да играм фудбал и сакам да напишам нова, прекрасна приказна со Равена. Фудбалот отсекогаш ми носел среќа и радост, и нека таа магична приказна повторно се појави во Равена“, рече Роналдињо по повод ...
Освојувачот на македонскиот Куп, Силекс, ги засили денеска своите редови со босанските напаѓачи Нихад Шеро и Есмир Хасукиќ. Дваесетиседумгодишниот Шеро настапува на крилните позиции во нападот, а во редовите на прволигашот од Кратово доаѓа Челик Зеница. Неговиот сонародник, 24-годишниот централен напаѓач Хасукиќ во Силекс доаѓа од ГОШК Габела. Двајцата фудбалери веќе се приклучија на тимот и ги одработуваат подготовките во Охрид, соопшти ...
Ганскиот врач објави денеска дека ја повлекол клетвата од Хари Кејн, откако капитенот на англиската фудбалска репрезентација не успеа да постигне гол во ремито без голови вчера против Гана на Светското првенство. Нана Кваку Бонсам, кој себеси се опишува како спиритуалист, пред натпреварот на Англија со Гана во Групата Л изјави дека ќе фрли клетва за да го спречи Кејн да постигне гол. „Сега ќе го ослободам Хари Кејн за да може да постигне гол ...
На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен ...
На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар во општините Свети Николе и Лозово – село Делисинци и село Сарамзалино каде што гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во ...
Ансамблот на НУ Народен театар Битола ги заврши подготовките за премиерна изведба на претставата „Госпоѓа Бовари“ од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски. Според режисерот Пројковски „Госпоѓа Бовари“ со себе носи вечни теми и прашања и е еден вид женски Хамлет. – Во претставата, женската индивидуа се спротивставува на системот, односно на општествените и моралните вредности, на рамките кои ги созадаваме и кои се дел од сите нејзини ...
Поезијата е еден вид храна за душата, релевантно нешто во комуникацијата на она ниво на кое што нема условеност. Суштината на поезијата е во живиот однос кон јазикот и во играта со зборовите што машините не можат да го заменат, истакна на денешната прес-конференција во Струга добитничката на „Златниот венец“ на 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата, холандската поетеса Анеке Брасинга. Изрази задоволство за укажаното внимание да се ...
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола спасија срнче на планината Баба, нападнато од куче бездомник. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ соопштија дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, а подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно е вратена кај својата мајка срна. Хуманите акции и активности на вработените од ...
Уништени се две хемиски гранати со боен отров во текот на вчерашниот ден на армискиот полигон Криволак, соопштија на денешната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во Дирекцијата. Двајцата укажаа дека евентуалната нивна експлозија во неконтролирани услови може да предизвика штетни па дури и фатални последици по здравјето на луѓето кои би се нашле во нивната ...
Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот води, министерот ја истакнал изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки инфраструктурен проект во државата, поддржан од Европската ...
Општина Кочани ја заврши реконструкцијата на улицата Бел камен, со што значително се подобри инфраструктурата во овој дел од градот. -Во рамки на зафатот, целосно е реконструирана улицата со должина од 280 метри и ширина од шест метри. Изведени се асфалтни слоеви во дебелина од 7+5 см, односно вкупно 12 см нов асфалт, со што е обезбедена квалитетна и долготрајна коловозна конструкција, соопштува локалната самоуправа. Во проектот, според ...
На прв поглед, да се биде „златно дете“ во семејството може да изгледа како привилегија и голема награда. Тоа е дете кое најчесто добива повеќе пофалби, полесно поминува низ проблеми, добива поголема доверба и често ужива во посебниот однос на родителите кои го гледаат со поинакви очи. Но, семејната психологија одамна укажува дека фаворизирањето, дури и кога е суптилно и несвесно, речиси никогаш не поминува без последици. Браќата и сестрите ...
„Нетфликс“ ја претстави и најави видеоиграта „Unhinged“ (во превод – „Забегано“), нова игра од тимот зад „Оксенфри“ (Oxenfree), во којашто се јавуваат познати глумци и одлични нови доживувања, за искуството да биде што е можно поимпресивно. Во видеоиграта, Зои Кравиц ја глуми Ејва, која е заробена во нејзината зграда додека ураган беснее низ областа. Но, таа не е сама… Сејди Синк, позната по ТВ-серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things), ја ...
За време на пандемијата на Ковид-19, д-р Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД за време на пандемијата со САРС Ков 2 вирусот, стана главно јавно лице, редовно појавувајќи се на прес-конференции, списанија, па дури и вечерни забавни емисии, што го направи препознатлив ширум светот, како главен борец против вирусот од кого медиумите создадоа национален херој и спасител, не само на САД, туку и на светот од КОВИД. ...
Нетфликс го објави првиот трејлер за филмот „Последната куќа“, мистериозен трилер кој ја раскажува приказната за семејството кое еден ден се наоѓа во ситуација од која нема излез. Домот им станува затвор, а сите можни излези се затворени. Во главните улоги се Грета Ли и Вагнер Мура, кои ги толкуваат родителите на семејство кое останува заробено во сопствената куќа. Филмот раскажува за брачна двојка чии деца први откриваат дека влезната врата ...
Жителката на Сиднеј која беше нападната од ајкула додека пливаше на плажа близу градот пред повеќе од 10-ина дена, накратко се разбуди од индуцирана кома, соопшти нејзиното семејство. Лија Стјуарт, мајка која е среде четвртото десетлетие од својот живот, беше нападната на 13 јуни, близу брегот на плажата Куги, по што претрпе сериозни повреди. Повеќекратните каснувања по рацете и нозете ѝ причинија загуба на крв, па таа, во критична состојба, ...
Биолози идентификувале нов вид ајкула од родот „Hemiscyllium“ во водите на источна Папуа Нова Гвинеја, со што дополнително ја прошириле оваа необична група гребенски ајкули познати по тоа што ги користат своите четири перки за „одење“ по морското дно. „Одечките“ ајкули опфаќаат десет слични видови тепих-ајкули, чија идентификација се заснова на карактеристични шари на телото, генетски маркери и нивната географски ограничена распространетост. ...