Над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија утре од 12 до 18 часот ќе бидат изложени во Паркот на Франкофонија во рамките на петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам. Како што соопштуваат од Општина Центар, посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција. Ѓорческа попладнево во третото коло од квалификациите ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (6-1, 6-2) за 73 минути игра. До својот историски прв настап на грен слем турнир Ѓорческа дојде со три победи во квалификациите, откако претходно беше поуспешна од Шпанката Анхела ...

Шпанскиот одбранбен фудбалер Марк Кукурела ги откри деталите за неговиот трансфер од Челзи во Реал Мадрид. Тој призна дека повикот од Жозе Мурињо бил одлучувачки фактор во изборот на мадридскиот клуб. – Кога тренер како Мурињо ќе ве повика, тоа е огромна чест. Ми пиша, а потоа се јави. За него е многу важно да се јави и да разговара за своите планови. Се радувам на соработката со него, го цитира „Марка“ Кукурела. Покрај Кукуреља, Реал ги ...

Високите температури можат кај одредени лица да доведат до влошување на постојните здравствени состојби, предупредуваат лекарите. На граѓаните им се препорачува да внесуваат доволно течности, да престојуваат во разладени простории, да избегнуваат директно изложување на сонце и да обрнат внимание на состојбата на своите роднини, соседи и други ранливи лица во нивната околина, советуваат тие.Според надлежните, се препорачува малите деца и ...

Ако сте стекнале навика да го прескокнувате појадокот, можеби е време повторно да размислите за оваа рутина. Ново истражување покажува дека оваа честа утринска навика би можела да биде поврзана со поголем ризик од когнитивен пад и намалување на волуменот на мозокот кај постарите лица. „Според резултатите од студијата, кај луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот биле забележани повисоки нивоа на биомаркери поврзани со ризик од ...

Многу луѓе се будат среде ноќ, најчесто меѓу 2 и 4 часот наутро, а според стручњаците, причини за тоа може да бидат стресот, лошите навики за спиење, хормоните или здравствените проблеми. Податоците од британските истражувања покажуваат дека 88 отсто од испитаниците се будат барем еднаш во текот на ноќта, додека 69 отсто од нив најчесто се будат меѓу 2 и 4 часот. Дополнителен проблем е што 61 отсто од луѓето имаат тешкотии повторно да ...

Најмалку 101 милион луѓе во Европа, вклучувајќи повеќе од 50 милиони во Франција и 18 милиони во Германија, во одреден период во текот на денешниот ден ќе бидат изложени на температури повисоки од 35 Целзиусови степени, покажуваат пресметките на француската новинска агенција АФП, пренесува Хина. Вкупно, максималните температури се очекува да надминат 30 степени за повеќе од 380 милиони луѓе во Европа (без Турција), што претставува речиси две ...

Тесла планира да вработи дополнителни 1.000 работници за својата единствена европска фабрика, во околината на Берлин, соопшти денеска овој американски производител на автомобили,јави ДПА. Тесла, која е во сопственост на американскиот технолошки магнат Елон Маск, изјави дека планира од октомври да го зголеми производството на возила во германската фабрика на 7.500 неделно. Планираните нови вработувања доаѓаат покрај дополнителните 1.000 ...

Ромео Бекам, синот на фудбалската легенда Дејвид Бекам ја доби главната улога во романтичната драма со тениска тематика „Forty Love“. Филмот е во режија на модниот фотограф Пјер-Анж Карлоти, а во главните улоги, покрај Бекам, се појавуваат и Пол Киршер, познат по филмот „Животинското царство“ („The Animal Kingdom“), Гијом Кане, препознатлив по филмот „Плажа“ („The Beach“), како и легендарната француска актерка Катрин Денев. „Приказната во ...

Американската глумица Кејт Хадсон и нејзиниот шпански колега, „оскаровецот“ Хавиер Бардем, на 23 јуни ги снимија првите сцени од новата љубовна комедија во Њујорк. Се работи за филмот „Здраво и Париз (Hello & Paris)“, чиешто снимање допрва почнува. Според описот објавен од „Варајети (Variety)“, приказната е за самовработен архитект (Бардем) и успешен романописец во креативна криза (Хадсон), кои по незгодната прва средба во француската ...

Некои ситници чинат малку, а и лете, разликата меѓу „имав сѐ под контрола“ и „се заглавив на патот“ честопати зависи токму од нив. Асфалтот деновиве станува сѐ потопол, но повеќето возачи едноставно го вклучуваат клима уредот и продолжуваат да возат. Сепак, забораваме дека нашиот автомобил не е фрижидер што само се вклучува во напојувањето – тоа е машина направена од метал, гума и електроника што навистина ги чувствува овие топлински бранови, ...

Германецот Андре Ортолф постави нов Гинисов рекорд откако успеа да изеде неверојатни 1.273 грама мед за само 60 секунди, односно повеќе од еден килограм од овој сладок производ. Несекојдневниот настан бил реализиран во Аугсбург, а постигнатиот резултат официјално бил признат од Гинисовата книга на рекорди. Ортолф веќе со години е познат како еден од најуспешните рекордери во дисциплините поврзани со брзо јадење и пиење различни видови храна и ...

Џозеф Мекгрејл-Бејтап, австралиски професионален сервисер за клима-уреди и почесен градски гласник, официјално е прогласен за најгласниот човек во светот. Гинисовата книга на рекорди минатата недела го призна звукот на 58-годишниот жител на Канбера како најгласниот збор што некогаш го изговорил човек. Извикот на Мекгрејл-Бејтап е снимен на 2 мај во радиостудио во главниот град на Австралија, со професионален тонски инженер и присутни сведоци. ...

Светската автомобилистичка федерација издаде предупредување за потенцијално прегревање на возачите за време на Големата награда на Австрија, од 26 до 28 јуни. Предупредување за прегревање се издава кога се очекува температурите да надминат 31 степен Целзиус за време на трката. Во такви случаи, минималната тежина на автомобилот се зголемува за 5 кг за да се сместат елеците за ладење. Возачите не се обврзани да ги користат елеците, во такви ...

Двократниот светски првак во Мото ГП, Италијанецот Франческо Бањаиа, ќе вози за Априлија од следната сезона, потпишувајќи четиригодишен договор, објави италијанскиот тим. Клупски колега на Бањаја во Априлија ќе му биде неговиот сонародник Марко Безеки, кој во моментов е лидер сезонава во генералниот пласман во Мото ГП. Бањаја ја освои светската титула во 2022 и 2023 година со Дукати, забележувајќи вкупно 31 победа и 63 подиуми. Неговото место ...

Македонската комбинација Калин Ивановски и Амар Хусеиновиќ забележаа победа на денешниот четвртфинален дуел на М25 турнирот во Загреб, триумфирајќи над Пјотр Галус (Полска) и Факундо Тумоса (Аргентина) со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) за 75 минути игра. Во првиот сет македонските тенисери направија брејк во 9. гем и поведоа со 6:4, а во вториот сет дојдоа до брејк во 5. гем за водство од 3:2 во гемови. Противници во полуфиналето ќе им бидат ...

Бројни американски медиуми објавија денеска дека е договорена размена на кошаркари на релација Шарлот – Минесота според која еден од најдобрите играчи во НБА лигата, 24-годишниот Ламело Бол од следната сезона ќе го носи дресот на Минесота. Според медиумските извештаи, Шарлот, наводно, поради финансиски обврски се откажал од својот најдобар кошаркар Бол, кој заедно со Австралиецот Џош Грин треба да се пресели во Минесота. Во спротивна насока ...

Одреден е првиот пар од плејофот за Светското првенство 2026. По победата на Јужна Африка над Јужна Кореја ноќеска со 3:0 во натпреварот од третото коло од групната фаза, африканската репрезентација заврши втора во А-групата. Противник на Јужна Африка во првата рунда од нокаут фазата ќе биде Канада, која заврши втора во Б-групата. Натпреварот ќе се одржи в недела, 28 јуни во Инглвуд, почетокот е во 21 часот по македонско време. Post Views: 4 ...

Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф над Катар со 3:1 во третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. – Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку. Се подразбира дека секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе и сме горди на она што веќе го постигнавме. Добив толку многу пораки од луѓе во Босна – прекрасно е. Ќе ...

Фудбалерот на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, синоќа постигна гол во натпреварот од 3. коло групната фаза на Светското првенство 2026 против Катар. Фудбалерот постигна гол во 29. минута од натпреварот. Алајбеговиќ, на 18 години и 276 дена, е меѓу 10-те најмлади стрелци во историјата на Светските првенства. Тој се најде пред Шпанецот Ламине Јамал (18 години и 343 дена) и Аргентинецот Лионел Меси (18 години и 357 дена), но зад Русинот ...

Бразилскиот напаѓач Нејмар го коментираше својот настап во победата од 3:0 против Шкотска ноќеска во третото коло од групната фаза на Светското првенство 2026 година. Тој влезе во игра во 76. минута, заменувајќи го Матеус Куња. – Плачев во соблекувалната. Му благодарам на Бога што можам да ѝ помогнам на мојата земја, толку сум среќен, изјави Нејмар по натпреварот. За 34-годишниот напаѓач, ова беше неговиот прв натпревар за Бразил по 981 ден. ...

Селекторот на Чешка, Мирослав Кубек, ја коментираше елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство во 2026 година. Во третото коло од групната фаза, Чешка ноќеска загуби со 3:0 од кодомаќинот Мексико. – Ова Светско првенство покажа дека треба да продолжиме да работиме и да имаме повеќе играчи способни да играат на ова ниво. Уверен сум дека по неколку промени, нашите резултати ќе се подобрат. Ќе ги повикам најдобрите играчи. Мексико ...

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е подготвен да почне преговори со Челзи за трансфер на аргентинскиот репрезентативец од средниот ред Енцо Фернандез, јавија шпанските медиуми. Одлуката на клупското раководство на Реал доаѓа откако Баерн одби да разговара за продажбата на францускиот репрезентативец Михаел Олисех. Медиумите наведуваат дека Реал алтернативно решение гледа во фудбалерите од средниот ред Матеус Фернандез од Вест Хем и ...

Јапонската фудбалска легенда Казу Миура ќе го прослави својот 60. роденден како професионален фудбалер откако го продолжи договорот со третолигашот Фукушима Јунајтед до јуни 2027 година. За Миура ова ќе биде 42. професионална сезона во кариерата. „Одлучив да ја продолжам мојата авантура во Фукушима Јунајтед. Ќе продолжам да горам од страст да давам сè од себе на секојдневните тренинзи за да му помогнам на клубот да се бори за пласман во ...

Англискиот фудбалски првак Арсенал објави денеска дека ја активирал откупната клаузула во договорот на еквадорскиот репрезентативен дефанзивец Пјеро Хинкапи со германскиот прволигаш Баер Леверкузен. Вредноста на трансферот изнесува 52 милиони евра. Во својата прва сезона во Арсенал, еквадорскиот репрезентативец одигра 39 натпревари и беше дел од тимот на Микел Артета кој ја освои Премиер лигата. Баер Леверкузен потврди дека 24-годишниот ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби понудата од Ал-Хилал, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Како што забележува Романо, саудискиот клуб бил подготвен да им плати на „црвените ѓаволи“ 118 милиони евра за трансферот на 30-годишниот играч и на Португалецот му понудил речиси три пати поголема плата од онаа што моментално ја добива во Манчестер јунајтед. Сепак, Фернандеш сакаше да остане во Европа. ...

Вториот ден од 65. издание на Струшки вечери на поезијата носи богата програма исполнета со поетски читања, книжевни промоции, авторски портрети и меѓународни средби. Програмата започнува со поетско читање на авторите кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, по што ќе следува портрет на минатогодишната добитничка на признанието, Јулијана Величковска. Во рамките на денешната агенда се и промоциите на ...

Од 10 до 12 јули на Китино Кале ќе се одржи првото издание на Кичево Филм Фестивал 2026, настан што ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо. Фестивалската програма, како што информираат од Кичево Филм Фестивал, опфаќа проекции на домашни, балкански и европски филмови, средби со режисери, актери и филмски професионалци, мастер-клас сесии, работилници, изложба, DJ настапи и аудиовизуелни перформанси. Пред почетокот ќе се одржи Pre ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа концерт на младите и талентирани уметници, виолинистот Александар Војнески и пијанистот Арда Мустафаоглу, кои на публиката ѝ приредија вечер исполнета со врвна музичка изведба, емоција и уметничка зрелост. Пред почетокот на концертот, присутните ги поздравија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и македонскиот амбасадор во ...

Струшките вечери на поезијата се признат фестивал со македонски идентитет и тоа треба еднаш засекогаш да ви биде јасно. Стандардна практика е да се преведува на светските јазици, затоа што таму не ни доаѓаат само од одредени места, туку од сите страни на светот, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која праша зошто албанскиот јазик отсуствува од промотивните материјали на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
42%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
65%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.97
57%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.23
48%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.84
44%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.68
85%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
50%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.68
41%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.12
45%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
62%
1015
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
42%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.94
100%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Алуминиум

3.19

Рутениум

53852.50

Бакар

13.13

Платина

52920.13

Злато

130712.08

Родиум

265243.66

Сребро

1873.42

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

40863.60