Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство. Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден ...
Уругвај ремизираше 2:2 со Зелено’ртските Острови ноќеска во Мајами во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Уругвај е непоразен во последните три натпревари на фудбалските Мундијали. Нивната последна подолга серија без пораз беше четири натпревари од 15 јуни 2018 година до 30 јуни 2018 година. Уругвај, исто така, ремизираше со Саудиска Арабија на Светското првенство 2026. Тие ја победија Гана со 2:0 на Светското ...
Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година помеѓу Белгија и Иран. Средбата се одржа синоќа во Инглвуд и заврши без голови, 0:0. -Во првото полувреме речиси заспав. Во второто полувреме всушност заспав. Нема многу што да се каже за тој натпревар, изјави Ибрахимовиќ за Фокс. Во последниот натпревар од групната фаза, Иран ќе игра против Египет, ...
Египетскиот фудбалски репрезентативец, Мохамед Салах, ги сподели своите емоции по победата над Нов Зеланд остварена ноќеска со 3:1 во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Неверојатно е. Не знам како да го опишам чувството со зборови. Ова е големо достигнување за сите играчи, за тренерскиот персонал, па се надевам дека ќе можеме да продолжиме вака во групата, да направиме историја и да ја поминеме ...
Голманите на Уругвај и Зелено’ртските Острови, Фернандо Муслера и Возиња, поставија историски рекорд во второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Според Светската фудбалска федерација (ФИФА), за прв пат во историјата на Мундијалите, двата тима имаа голмани на возраст од 40 години или постари во почетните состави. Двајцата голмани имаат 40 години. Возиња прими 83 гола на 90 натпревари за националниот тим, при што на ...
Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, го коментираше нерешениот резултат 2:2 со Зелено’ртски Острови, во второто коло од групната фаза на Светското првенство 2026. – Кога добро се браневме, натпреварот ни овозможи да поведеме. Кога ја изгубивме контролата врз играта, таа предност беше намалена во споредба со нашите противници. Одлучувачкиот фактор за исходот од натпреварот беше тоа што дозволивме пад на интензитетот, а тоа не требаше да се ...
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги сподели своите мисли за натпреварот против Ирак во второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, што би можело да биде неговиот 100. настап за националниот тим. – Секогаш е убаво да се има можност да се игра за репрезентацијата. Ништо не е поважно од репрезентацијата. 100-тиот натпревар е историски настан. Особено кога е Светското првенство. Дали ќе можам да влезам во историјата како ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува неделниот лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност ...
Под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во придружба на градоначалникот Тони Коњановски денеска изврши увид во градежните активности и реконструкцијата што се врши на киното „Партизан“ во Битола. Во изјава за медиумите, министерот Љутков истакна дека очекува до крајот на 2027 година, објектот кино „Партизан“ да биде пуштен во употреба. -Реконструкцијата на оваа институција е во напредна фаза, динамиката оди многу добро и обезбедени се ...
Постапката за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија за општините од Источниот и Североисточниот регион кај селото Мечкуевци, во близина на Свети Николе, се наоѓа во фаза на евалуација на доставените понуди. Тендерот беше објавен во декември минатата година, а надлежните очекуваат процесот успешно да заврши до крајот на летниот период. Според претседателот на Советот на градоначалници на Источниот плански регион, Тони ...
АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. -Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите, да не се поставуваат ...
Градоначалникот на Скопје во објава на социјалните мрежи сподели видео од активности од перење на улиците во главниот град, порачувајќи дека тие активности се спроведуваат редовно и оти Скопје добива поубав и поуреден лик. – Скопје, какво што го заслужуваме! Ред, чистота и грижа секој ден. Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик. Затоа што го сакаме Скопје! Да го чуваме!, напиша ...
Општина Гази Баба денеска соопшти дека започнува интензивен летен период на реализација на капитални и развојни проекти, при што во ист временски период ќе бидат реализирани повеќе од 60 проекти во речиси сите населени места на територијата на општината. – Во наредните денови ќе бидe пуштенa во употреба новата градинка во Трубарево, а дополнително ќе се зголеми динамиката на изградба на останатите две нови градинки во Инџиково и помеѓу Маџари ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари работна посета на Општина Петровец, каде одржа средба со градоначалникот Борче Митевски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, се разговараше за актуелните потреби и предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините во насока на јакнење ...
Мотоциклистот на Дукати, Марк Маркез е победник на ГН на Чешка во Мото ГП шампионатот што се возеше на патеката во Брно. Ова за Шпанецот беше 101 победа во кариерата во сите категории, а 75.та во „кралската класа“. Маркез патеката ја мина за 39:51.29 минути. Второто место му припадна на Аи Огура, трет заврши Франческо Бањаја. Во генералниот пласман водат возачите на Априља, Марко Бецеки со 180 бодови и Хорхе Мартин со 172 бода. Бецеки не ...
Ламин Јамал имаше потреба од само десет минути за да се запише меѓу стрелците на својот прв настап на Светско првенство. Фудбалерот на Барселона не настапи на првиот натпревар на Шпанија, но веќе во вториот покажа колку е опасен пред противничкиот гол. Освен што ѝ донесе водство на „црвената фурија“ и го постигна својот прв гол на Мундијалите, Јамал се искачи високо и на листата на најмлади стрелци во историјата на Светските првенства. Со 18 ...
На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ...
Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје, покажа дека инклузијата може достоинствено да ја претставува нашата држава и надвор од нејзините граници.Членови на здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот ансамбл „Седенка“- Скопје, на 15 и 16 јуни учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија, соопштија од здружението.-Нашата група беше единствениот ...
Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски репрезентативец, роден во Подгорица, кој доаѓа во Битола од францускиот ракомет. По четири сезони во Сант-Рафаел и две во Шартр, Колаковиќ го прифати предизвикот да дојде во најракометниот град. Средниот бек има шест настапи за српската репрезентација, а настапите во една од најсилните лиги во ...
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос објави на социјалните мрежи дека српскиот тренер Жељко Обрадовиќ се врати во грчкиот клуб. На тој начин најтрофејниот европски тренер по вторпат ќе биде тренер на Панатинаикос. По дадената оставка во Партизан, постојано Обрадовиќ беше поврзуван со враќање во Атина, каде после 14 години повторно ќе биде тренер. Тој за тригодишниот договор ќе добие 11 милиони евра според грчките медиуми. Во ...
Репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ најверојатно останува да го носи „црно-белиот“ дрес на Јувентус. Веста ја пренесува „Газета дело спорт“, особено што Јувентус е подготвен да понуди едногодишен договор со вредност од осум милиони евра по сезона плус бонуси. Клубот од Торино е подготвен да разговара и за договор со траење од две години под слични финансиски услови. Изминатиот период Влаховиќ беше поврзуван со трансфер во други ...
Првиот натпревар од денешната програма на Светското првенство заврши со убедлива победа на Холандија против Шведска со 5:1. Се беше решено на самиот почеток на натпреварот кога Холандија за 17.минути водеше со 2:0, а на стартот од вториот дел постигнаа уште два гола. Првите два гола за „лалињата“ ги постигна Брајан Броби во 5.минута и 17.минута, а на почетокот на вториот дел стрелец на головите беше Коди Гакпо во 47.минута и 54.минута. Пет ...
Репрезентацијата на Германија ја оствари втората победа на Мундијалот откако ноќеска забележа победа од 2:1 над Брегот на слоновата коска со гол во судиското надополнување. Јунак на германскиот тим беше Дениз Ундав, кој беше стрелец на двата гола за својата екипа. Но, не беше сè така лесно за Германците бидејќи африканската селекција поведе преку Франк Кеси во 30.минута. Првиот гол Ундав го постигна во 68.минута, а голот за победа го постигна ...
Повредата на Рафиња на дуелот со Хаити, кога тој мораше да го напушти теренот во 40.минута не е од потешка природа и тој ќе остане со тимот во продолжението на шампионатот. Тоа беше убава вест, која ја соопштија од Бразилската фудбалска федерација. Рафиња е еден од клучните играчи во тимот на Анчелоти, а во прв момент сите во бразилскиот табор стравуваа дека Мундијалот за фудбалерот е завршен. Повредениот фудбалер во следните денови ќе мине ...
Фудбалерите на Јапонија постигнаа победа од 4:0 во вториот дуел од Ф против Тунис и на тој начин денешниот противник го исфрлија од шанса за пласман во следната рунда. Јапонија на овој начин се изедначи на табелата со Холандија со по 4 бодови. Со голот на Даичи Камада во 4.минута Јапонците поведоа, а Ајасе Уеда во 31.минута го постигна својот прв гол на натпреварот (втор за неговата репрезентација). И во второто полувреме Јапонија постигна ...
Репрезентацијата на Курасао го освои првиот бод на Светско првенство откако ноќеска со Еквадор одигра нерешено без голови 0:0, а јунак на дуелот е голманот на Курасао Елој Рум, кој имаше дури 15 одбрани. На овој начин Рум стана рекордер по бројот на одбрани на еден натпревар (за 90 минути) и го спречи фаворитот во дуелот Еквадор да дојде до победата. Еквадор постојано напаѓаше,за разлика од Курасао, кој ретко се закануваше. Репрезентацијата ...
Германската репрезентација постигна важна победа од 2:1 против Брегот на Слоновата коска и со шест бодови веќе е пласирана како првопласирана во следната фаза. Но, триумфот со голот во последната минута е во сенка на повредата на играчот од одбраната Нико Шлотербек. Тој во финишот на првиот дел доживеа повреда и селекторот Јулијан Нагелсман на полувреме го замени откако на паузата било јасно дека нема да може да продолжи. – Нико има проблеми ...
Премиерлигашот Тотенхем во последното коло обезбеди опстанок претходната сезона во Премиер лигата, а веќе ангажираа и неколку засилувања. Сепак нивната понуда од 92 милиони евра за Сандро Тонали од Њукасл неговиот клуб ја одби, пренесуваат британските медиуми. Тонали е желба на менаџерот Роберто Де Зерби да го донесе сонародникот и италијански репрезентативец во својот клуб. За фудбалерот интерес има и од Манчестер Сити, кои бара решение за ...
Најпознатото име во селекцијата на дебитантот Курасао е селекторот Дик Адвокат. По нерешениот резултат (0:0) со Еквадор, Адвокат не можеше да ги скрие солзите. Репрезентацијата на Курасао беше под постојан притисок, но голманот Елој Рум имаше неверојатни 15 одбрани. – Мислам дека одигравме добар натпревар. Можеше да се види и замор кај нашите играчи. Имавме и некоја шанса, но сепак го задржавме резултатот. Што да порачам, едноставно ...