Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и оваа сезона нема да игра за РБ Лајпциг. Еламс, минатата сезона беше на позајмица во Наполи, а оваа ќе ја мине на северот на Италија, во Аталанта. Елиф Елмас, како што пишуваат италијанските медиуми, во Бергамо пристигна на барање на тренерот Маурицио Сари. 26-годишникот го стави потпис на договорот, кој вклучува едногодишна позајмица, со можност Аталанта да го откупи неговиот договор по ...
Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“, која со години граѓаните ја нарекуваа „ливада“, добива нов изглед. Во тек е целосно хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што наведува Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук, со уредувањето просторот треба да прерасне во мала зелена оаза, која ќе се вклопи во изгледот на централниот градски плоштад. ...
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата за, како што рече, „суров и нечовечен однос“ кон лозарите, кои во екот на бербата се соочуваат со ниски откупни цени и зголемени производствени трошоци. „За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата Влада, министерот за земјоделие ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Холандија, 12-та рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Во Зандворт, Британецот ја забележа својата трета спринт победа во пет трки оваа сезона, со секунда и пол предност во однос на Шарл Леклер во Ферари. На третото скалило на подиумот беше бранителот на титулата Ландо Норис, кој беше повеќе од две секунди зад него. Иако ...
Маж загина во напад на мечка во местото Кристал, во американската сојузна држава Ново Мексико, соопшти Полициската управа на народот Навахо. Пријавата за нападот била примена околу 13 часот, по што полициски службеници од округот Виндоу Рок излегле на терен. Според полицијата, службениците пукале кон мечката, но таа успеала да избега во блиската шума. Подоцна животното било пронајдено и усмртено. „Сочувствуваме со семејството на жртвата во ...
Левица го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека прикажува нереална слика за економската состојба во државата, тврдејќи дека и покрај изјавите за висок економски раст, две минимални плати не се доволни ниту за покривање на минималната синдикална кошничка. Од партијата велат дека Мицкоски ја претставува Македонија како една од водечките економии во регионот, но без, според нив, јасно да наведе на кој регион и на кои споредливи показатели се ...
По усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа, продолжува неговата имплементација со донесување на потребните подзаконски акти. Министерството за финансии го донесе Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со Правилникот детално се пропишува документацијата со која правните и физичките лица што ќе ...
Триесет и пет полицајци беа повредени, а неколку фудбалски навивачи беа приведени во нередите на синоќешниот натпревар од Купот на Германија меѓу Валдхоф Манхајм и Кајзерслаутерн, соопшти германската полиција. Вкупно 85 лица побарале медицинска помош, а осуммина биле префрлени во болница, пренесува ДПА. Околу 23.500 гледачи го следеа натпреварот на стадионот „Карл-Бенц“ во Манхајм, меѓу кои околу 3.500 гостински навивачи. Атмосферата на ...
Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој вчера попладне исчезнал од радарот над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталото и телата на жртвите биле пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапен предел на Националниот парк Пакленица. Во големата операција за пребарување учествувале околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС). „Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до ...
Пет тинејџери на возраст од 15 до 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Ирска, откако со украден автомобил се возеле во спротивна насока на автопат, додека го снимале своето опасно возење. Несреќата се случила на автопат во округот Килдер, југозападно од Даблин. Петте момчиња биле во украдено БМВ кога се судриле со возило од спротивен правец, во кое се превезувале четири члена на едно семејство. Тие се тешко повредени. Според ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Од партијата посочуваат дека Владата донела нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја ...
Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во рамки на засилена акциска контрола во сообраќајот, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Од нив, 102 санкции се изречени на возачи на мопеди и мотоцикли, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 18:00 до 01:00 часот, припадници на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје ...
Почетокот на новата учебна година носи радост за учениците, но и дополнителни трошоци за семејствата. Со цел да се намали финансискиот товар за родителите, Влен, преку министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со која се предвидуваат попусти до 15 отсто за училишниот прибор, се наведува во соопштението од Влен, кое МИА го објавува интегрално. Во „училишната кошничка“ ќе бидат ...
Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира „весела математика“ дека платите се покачени за 72 отсто, а пензиите за 325 отсто, просечната нето-плата се намали за 1.163 денари, обвинува СДСМ. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 отсто, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. „За падот на животниот стандард на граѓаните не им ...
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се повредени во руски напад со дронови врз трговски центар во украинскиот град Криви Рих, соопштија локалните власти. Меѓу повредените има и 23 деца, а 29 лица се во тешка состојба. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот роден град бил нападнат во два бранови. Вториот напад, според него, се случил околу половина час по првиот, во момент кога спасувачките екипи веќе биле на местото на ...
На граничните премини Табановце, за влез и излез од државата, и Богородица, за излез од државата, времето на чекање е од 40 минути до еден час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ додаваат дека е зголемен и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. Возачите се повикуваат на внимателно управување и почитување на сообраќајните правила. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Ливерпул и Интер го официјализираа трансферот на Куртис Џонс. Играчот од редот за врска е третото засилување кое во Интер пристигнува од Премиер лигата, во актуелниот преоден рок. Претходно актуелниот италијански првак се засили со Џон Стоунс (Манчестер Сити) и Џед Спенс (Тотенхем). „Сите во Ливерпул сакаат да му се заблагодарат на Куртис за неговата посветеност и придонес кон клубот во текот на изминатите 16 години и му посакуваат се ...
Јужноафриканскиот боксер Золани Тете, поранешен светски шампион во две категории, е убиен пред својот дом во Мдантсане, Јужна Африка, во петокот вечерта. Имаше 38 години. Според првите информации од полицијата, Тете пристигнал пред куќата околу 18:30 часот и чекал во автомобилот да се отвори вратата од дворот. Во тој момент двајца вооружени и маскирани напаѓачи излегле од второто возило и почнале да пукаат. 27-годишна жена била во ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото ...
Голманот на Јувентус, Микеле Ди Грегорио (29), се сели во Борнмут, каде што ќе игра на позајмица оваа сезона. Англискиот клуб ќе има право да го откупи неговиот договор за сума од 14 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми. Ди Грегорио ја напушта Серија А со учинок од 133 натпревари во кои примил 141 гол и ја задржал мрежата чиста на 50 натпревари. Во последната сезона, тој примил 36 гола во 37 натпревари, а 17 од нив завршил без да ...
Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш постигна гол, покажувајќи дека дури и на 41 година нема намера да забави. Португалскиот напаѓач беше стрелец во победата на Ал-Наср од 4:0 против Ал-Ријад. Роналдо ги пропушти првите натпревари од сезоната бидејќи се приклучи на тимот подоцна по обврските за Светското првенство. Тренерот Ангелос Постекоглу го остави на клупата во натпреварот против Ал-Ријад, а го внесе во игра во 62-та ...
Денвер Нагетс завршија голема работа пред почетокот на новата НБА сезона, Демар Дерозан се согласи да соработува со тимот предводен од српскиот ас Никола Јокиќ. Како што објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, шесткратниот Ол-стар ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари, па Денвер ќе добие огромно искуство и уште еден играч способен да креира поени во нападот. BREAKING: Six-time NBA All-Star DeMar DeRozan has agreed to ...
Манчестер Јунајтед го договори трансферот на Карлос Балеба (22) од Брајтон. „Скај Спортс“, објави дека Јунајтед ќе плати околу 75 милиони евра фиксна сума и околу 6 милиони преку бонуси, а Брајтон ќе добие и процент од идните продажби. Камерунскиот играч за врска треба да потпише петгодишен договор, а медицинските прегледи се очекуваат во следните 24 часа. Балеба ќе биде третото големо засилување на Јунајтед во средниот ред по Андреј Сантос ...
Клеј Томпсон, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката, конечно одлучи каде ќе ја игра својата 14-та НБА сезона. Според инсајдерот, Шамс Чаранија, 36-годишниот Клеј Томпсон ќе игра за Мајами Хит следната сезона. „НАЈНОВО: Клеј Томпсон, според очекувањата, ќе потпише за Мајами Хит кога ќе помине низ таканаречената постапка за „откажување“, бидејќи се согласил да го откупи сопствениот договор со Далас Маверикс“, објави Чаранија. ...
Најмалку шест лица загинаа, а околу 90 се повредени во руски напад со дронови врз трговски центар во Криви Рих, Украина, при што втор проектил ги погодил спасувачките екипи додека траела акцијата за извлекување на настраданите. Меѓу повредените има и шест деца, а според регионалниот гувернер Олександр Ханжа, 21 лице е во тешка состојба, меѓу кои и едно дете. По првиот напад избил голем пожар во објектот, а густ црн чад со часови се ...
Сончево и многу топло време со температури до 41 степен Целзиусов се очекува денеска во Македонија. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен Целзиусов. Во ...
Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај Церово во Општина Желино, со цел да се спречи негово натамошно ширење кон околината. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али и командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, беа на терен и директно ја координираа состојбата. Екипите на ТППЕ Тетово беа распоредени на критичните точки околу селото Церово. ...
Фудбалерите на Арсенал го победија Ковентри со 3:0 во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата. За прв пат, „топџиите“ одиграа натпревар на стадионот „Емирати“ како актуелни шампиони на Англија, а одбраната на тронот ја започнаа со сигурна и убедлива победа. Головите за тимот на Микел Артета ги постигнаа Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Едегор. Ковентри се врати во елитата по 25 години и храбро влезе во играта, но Арсенал брзо ја ...
Физичката активност е еден од клучните фактори на кои можеме да влијаеме за да го намалиме ризикот од хипертензија, што значи дека редовното вежбање може да ни помогне подобро да го контролираме притисокот. Одењето и трчањето се меѓу наједноставните начини за зголемување на нивото на активност бидејќи не бараат многу опрема и можат да се практикуваат речиси насекаде. Но, кој од двата е подобар за регулирање на високиот крвен притисок, пишува ...