
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Студентите кои ги блокираа факултетите во Белград денеска оддадоа 74-минутно молчење пред Амбасадата на Македонија за да им оддадат почит на 15-те жртви од уривањето на настрешницата во Нови Сад, како и на секоја жртва од пожарот во Кочани. Молкот заврши со зборовите „Слава им“. Учениците положија венци и запалија свеќи пред Амбасадата, а им се придружија и граѓани кои исто така оставија цвеќе и запалија свеќи. Дипломатите од Македонија излегоа ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски донесе одлуки за разрешување на неколку високи полициски функционери по трагичниот пожар во Кочани. Според информациите до кои дојде Плусинфо, сменети се седум раководни лица од СВР Штип и Кочани, вклучително и началници и командири од клучните сектори. Oд функциите се разрешуваат: – Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип – Помошник началник – Началникот на Одделението за полиција Штип – ...
Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Петмина осомничени за пожарот во Кочани пренесени во затворот во Шутка Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација ...
Дали и колкава е одговорнаста на градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов ќе утврди Јавното обвинителство, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како е можно градоначалникот да не е меѓу осомничените за трагедијата во Кочани, со оглед на тоа дека по распитот е пуштен на слобода, иако според закон, општината води регистар на ноќни клубови, дискотеки и кабареа, а наплаќа и половина од сумата за добивање ...
Пет лица кои се меѓу осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во КПУ Скопје, познат како затворот Шутка. Директорот на затворот, Бобан Утковски во телефонска изјава за Курир потврди дека осомничените во затворот се донесени вчеравечер. -Пет лица се донесени синоќа, извршени се лекарски прегледи, запазени се сите процедури при нивниот прием, кусо одговори Утковски за Курир. Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ...
Во земјава и денеска е ден на жалост за настрданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се спроведени на сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени. За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителството, ќе се бара краткотраен притвор. Од ОЈО Кочани откако беше сослушан ...
Во 2024 година биле издадени само 12 лиценци за кабареа, можете да претпоставите колку клубови работат низ државата вели премиерот. -Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата, а само 12 поседуват лиценци и тоа од тие не знаем кои се сеуште валидни бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, затоа што тие се со важност од една ...
„Нема да застанеме со процесни дејствија, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на постапување на институциите кои требало да реагираат во однос на објектот и потребните услови за негово функционирање, поради што во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции, во текот на денот ќе биде ...
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов си поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Неговиот став ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав ...
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17. -Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на ...
Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Таравари појасни дека дел од ...
Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите ...
Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“. -Исто така, ...
Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство. За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Во пожарот што се случи вчера животот ...
Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани. Според првичните информации, тој се вратил да спасува деца и да им помогне и се изгубил во толпата. Владимир Блажев Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката, и е на кислородна поддршка, но е свесен. Двајцата се познати по хуманитарните акции во кои помагаа на сиромашни и болни. Филип Стевановски, член на бендот ДНК загина во дискотеката во Кочани Во пожарот ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време на делби и конфронтации и дека никој што е одговорен нема да ги избегне правдата и казната. Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација. Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и ...
Многу пропусти во објектот кој работел без дозвола утврдил обвинителскиот тим на првиот ден од увидот во остатоците од импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, каде ноќеска загинаа 59 млади лица, а 155 се повредени. Објектот бил обложен со запаливи материјали, немал противпожарна заштита, ниту дозвола за пиротехника, соопшти вечерва државниот обвинител Љупчо Коцевски. Со оглед дека увидот трае и ќе продолжи и утре, обвинителскиот тим сè уште ...
Приведени се и поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен, мислам и сегашен раководител на еден сектор на министерството за економија, приведовме и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека меѓу приведените има и ...
Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, загина во пожарот во Кочани, јавува штипската телевизија Стар. Стевановски бешее продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип. Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ ...
Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во градот Кочани. „Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран ...
Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за надминување на овој тежок период. -Почитувани семејства на жртвите и повредените во трагедијата во дискотеката во Кочани. Со длабока тага ја примив веста за загубата на вашите најблиски и за бројните повредени во оваа трагична ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски излезе во јавност со дополнување на претходните информации што ѝ беа дадени на јавноста. Тошковски рече дека МВР и другите служби веќе вршат разговори со хоспитализираните лица кои се контактибилни, а меѓу нив и со еден од членовите на бендот ДНК што настапувал во дискотеката во Кочани којашто рано утрово се запали. Тој рече дека во моментов е распишана потерница по четири лица. Освен тоа, ...
Сочувство и помош од сите страни поради трагедијата во Кочани, каде според досегашните информации загинаа 59 лица. Владата на Србија на својата утрешна седница, според најавите ќе го прогласи 18 март за ден на жалост во целата земја поради трагедијата во Кочани. „Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја погоди Северна Македонија. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот и солидарност со ...
Роднини на повредените велат дека во дискотеката имало деца на возраст од 15 до 23 години Роднини на повредените деца во дискотеката во Кочани, во изјава за „360 степени“, откриваат каква е состојбата на повредените. Бранко Митев од Кочани, пред ГОБ „8 септември“, чека да го види својот 23-годишен внук. Тој вели дека внукот е полесно повреден, но е истрауматизиран. „Огромен број на луѓе млади, 51 се починати, сите болници се полни со повредени. ...
Во моментов се организира транспорт на неколку тешко повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, во неколку врвни болници во европски земји, информира ЦУК. – Има пониди за помош од повеќе држави. Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави – велат од Центарот за управување со кризи. Додаваат дека во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите. – Длабоко натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во објава на Икс. Изразувајќи сочувство за загинатите, Кос наведува дека нејзините мисли се „со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија!“. Најмалку 51 лице загина, ...
Лидерот опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, утринава изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани и им посака брзо закрепнување на повредените. Сега, додава лидерот на СДСМ, не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да се помогне. „Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, ...
Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Фотографии кружат на социјалните мрежи. Ова е список на дел од повредените лица повредени кои се сместени на Клиники. Две лица се на Детска хирургија, две на Детска интензивна нега, осумнаесет лица се на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 2 се на Клиниката ...
Во трагедијата во Кочани животот го загуби 51 лице, а повредени се повеќе од 100 лица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција. Toj рече дека неколку лица веќе се приведени во врска со случајот и дека МВР ги презема сите мерки за истражување на причините за оваа трагедија. Тошковски изрази длабоко сочувство до фамилиите на загинатите и на повредените. Министерот потврди дека искри од пиротехника се ...