Пензионерите ќе добијат зголемување од 2.500 денари со мартовската пензија. Таа ќе биде исплатена на крајот на март или почетокот на април. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување достигнува 5.000 денари. Според премиерот Христијан Мицкоски, ја намалува разликата меѓу најсиромашните и најбогатите граѓани. Мицкоски откри дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд побарале зголемување на старосната граница за пензионирање. Сепак, ...

Да се обидеме заедно, да ги прифатиме транс луѓето како рамноправни членови на општеството кои заслужуваат љубов, почит и заштита. Да се залагаме за иднина каде што ќе можеме да живееме автентично, без страв од насилство или дискриминација. Заедно можеме да придонесеме транс луѓето ќе бидат видени, чуени и вреднувани како сите останати. Заедно можеме да создадеме свет кој ги вреднува сите животи, порачува иницијативата ТрансФормА по повод 31 ...

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост по извештаите за вибрации и пукнатини три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар и беше почувствуван во околните земји, објавија денеска локалните медиуми. Станува збор главно за административни и деловни згради, а евакуацијата е извршена неколку часа откако утрово вработените почнале да пристигнуваат на работа, јавува Би-Би-Си. Според гувернерот на Бангкок, Чадчарт ...

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март пишува дека додека мисијата се приближувала кон Охрид, на пошумениот рид Горица забележала уште едно градилиште. Се работи за изградба на уште еден хотел во област која порано беше пошумена, но во која прогресивно се градеа туристички капацитети. Центарот за светско наследство не беше известен за изградбата на овој нов комплекс пред да се ...

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик (19) направи сензација на мастерсот во Мајами откако во финалето го победи Новак Ѓоковиќ, во два сета со 7:6, 7:6), со што го спречи најголемиот светски тенисер да дојде до посакуваниот стоти трофеј во кариерата. Српскиот ас пред овој меч се најде во големи проблеми затоа што долго чекаше да игра, а исто така имаше и проблеми со окото во кое ставаше капки затоа што се појави оток заради засега непозната причина. ...

Новак Ѓоковиќ е на прагот на остварување на нов неверојатен тениски јубилеј, со триумф вечерва во финалето во Мајами да стигне до 100. трофеј во фантастичната кариера. Новак според многумина е најдобар светски тенисер на сите времиња, тој подолг период застана на 99 трофеи (од ноември 2023), а вечерва има одлична можност да влезе во „Клубот 100“. Негов ривал во големото финале ќе биде чешкиот тинејџер Јакуб Меншик, 19-годишниот тенисер кој ...

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Во болниците во Скопје моментално се лекуваат 21 пациент од кои по шест има на Клиничкиот центар и во болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, петмина се лекуваат во ГОБ „Осми септември“ и четворица во приватните клиники. Пет пациенти денеска заминуваат на ...

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски вели дека врвот на МВР и БЈБ треба да понесе одговорност и без селективност и без заобиколување да се утврдат сите лица кои имаат најголема одговорност за трагедијата Министерот Панче Тошковски да поднесе оставка, а МВР да сноси одговорност за нарушената безбедносна состојба во земјата и за пропустите за несреќата во Кочани каде животот го загубија 59 млади луѓе – Ова се барањата на опозициската СДСМ ...

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да се сретне со лидерот на опозициската СДСМ по барањето на Венко Филипче за лидерска средба. Шефот на владата го повика претседателот на СДСМ да го обелодени неговиот план за реформи. Што се однесува до лидерската, тоа е пресериозна тема да се разговара вака преку медиуми. Филипче како што видов, веројатно има некаков план, тој план тој може да го презентира на прес конференција, но ако сака да ми го ...

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински, по повод најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам, денеска го посетија домот на семејството Демови во Василево. Им посакаа многу мир, здравје и благосостојба на сите кои слават овој празник. „Кај нашиот домаќин Ајхан Демов, во Василево, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Во духот на заедништвото, соживотот и почитта, со луѓето со ...

Рано утрово на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И. (21) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што ...

Дури ни две реченици на турски јазик не беа прочитани. Јавно реков: Кажете барем две реченици на турски, напиша на својот фејсбук-профил Ердоган Сарач, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија по вчерашната молитва во џамијата во Гостивар. Тој вели дека дел од верниците биле очигледно вознемирени од игнорирањето на турскиот, мајчин јазик на многумина во регионот, и официјален јазик во Исламската верска заедница ...

Директорката на Клиниката за пластична хиругија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска уверува дека се што има надвор од државата во однос на пластична хирургија, се нуди и на нашата Клиника. Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата. -Од првиот ден се трудиме лузните на пациентите да ги превенираме и да ги сведеме на минимум. Ги советуваме пациентите како треба да се однесуваат со нивната веќе изгорена кожа која иако е заздравена, е ...

Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите. После молитвата, верниците си го честитаат празникот и се смируваат скараните. Потоа се доручкува во домашен амбиент во потесен круг на семејството, по што се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите. Дома за најблиските се ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката порача дека пред општеството претстојат бројни предизвици и затоа е потребно граѓаните да бидат сплотени и обединети како заедница, општество и држава Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам Верниците од исламска вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам – еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и телесно прочистување. По тој повод, политичките чинители во ...

Откако беше пуштен од болница, Јован Костадинов беше пречекан како херој во неговото средно училиште, а оствари средба и со премиерот Христијан Мицкоски Од внатре се слушаа само пискотници од девојки, а јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскав внатре две до три минути – вака започнува сведоштвото на 19-годишниот Јован Костадинов од Виница кој од пожарот во таканаречената дискотека „Пулс“ во Кочани успеа да спаси 21 лице. Во ...

Реисул Улема на ИВЗ Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи испрати Бајрамска честитка: „Спасен е оној кој се очистува, кој го спомнува името на својот Господ и клања намаз.“ (Ал-А’ла – 14, 15) Почитувани верници и вернички, Браќа и сестри, Утре е празникот Фитер Бајрам, кој е ден на радост и гордост за верниците кои со посветеност и побожност ги исполнија обврските од месецот Рамазан, постот и другите ибадети. Денес се разделуваме од светиот месец Рамазан, и ...

Луксузна лимузина „аурус“ за која се верува дека е дел од службениот возен парк на рускиот претседател Владимир Путин експлодираше во центарот на Москва. Претседателот Путин (72) редовно користи руски лимузини „аурус“, а една од нив неодамна му подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. На снимката што се дели на социјалните мрежи се гледа возило „аурус сенат“, вредно околу 320.000 евра, како гори на сред улица, недалеку од седиштето на ...

Од вкупно хоспитализираните 21 пациент во Скопје по несреќата во Кочани, денеска ќе бидат пуштени пет. Четири пациенти се критични, кај двајца повторно е влошена состојбата. Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. Како што рече Таравари на прес-конференција, надвор од државата се 89 пациенти, но двајца се враќаат од Литванија и Шведска. Тие најпрво ќе ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Ова го соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски. Говорејќи пред новинарите, Јаревски рече дека неделава биле посветени на изнаоѓање на решенија кои во иднина нема да дозволат да се случат нови трагедии или хаварии. „По скратена постапка го менуваме законот за јавен ред и ...

Со летниот распоред на летање што стапува во сила од полноќ, од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови. На 2 април стартува летот на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, а од 3-ти мај, „Виз ер“ од Барселона и Лион. Од Охридскиот аеродром, пак, шест авиокомпании ќе летаат на седум редовни линии, а ќе има и чартер лет од Манчестер. Од ТАВ ...

Пратеничката група на Европски фронт во Собранието на Македонија испратила формално писмо до четири клучни тела на Советот на Европа, со кое бара итна експертска проценка на селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица. Како што велат од Европски фронт, писмото е адресирано до: „Во писмото, пратениците изразуваат загриженост за скандалозно политички мотивирани истраги кои ги таргетираат ...

Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени. Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно. Јавноста сè уште нема добиено конкретни информации и одговори од надлежните институции: Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата? До каде е истрагата? До каде е ...

Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет и Универзитетското студентско собрание на УКИМ, за првпат организира иницијатива со која на сите студенти на УКИМ им се нуди можност за бесплатни стоматолошки прегледи и интервенции. Оваа иницијатива има за цел да го унапреди студентското здравје и да им обезбеди пристап до квалитетна стоматолошка ...

Врнежите од град предизвикале мали оштетувања на неколку возила Обилни врнежи од дожд и град вечерва се причина за отежнат сообраќај на автопатот Скопје-Штип, на неколку километри пред влезот на Штип, пренесува МИА. Врнежите од град предизвикале мали оштетувања на неколку возила. Од полицијата апелираат возачите внимателно да учествуваат во сообраќајот, со цел да избегнат евентуални незгоди. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа ...

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против ...

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Г.Т. од Свети Николе, осомничен за „загрозување на сигурноста“. Според полицијата, тој во службените простории на ОВР Свети Николе агресивно се однесувал и упатувал закани кон командирот на станицата К.М. Настанот се случил на 25 февруари 2025 година, кога Г.Т. влегол во канцеларијата на командирот, револтиран од мерките ...

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денеска оствари средба со Марио Де Роза, прв секретар, заменик шеф на мисија на италијанската амбасада во Македонија, регионалниот совет на Пиемонт и претставници на италијанската компанија L’Isola Blu Piscine. Во рамки на средбата се разговааше за поволностите кои ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ за странските инвеститори, при што беа разгледани условите за нова потенцијална инвестиција во ТИРЗ Штип од страна на ...

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди. Српскиот тенисер со 37 години и 10 месеци стана најстариот полуфиналист на турнирите во оваа категорија. Ѓоковиќ во четвртфиналето на Мајами го совлада Американецот Себастијан Корда со 6:3, 7:6 (4) и стана најстариот играч кој стигнал до полуфинале на еден Мастерс во историјата. Овој рекорд претходно го држеше Роџер Федерер, кој се повлече од тенисот во ...

Двајца возачи се приведени во Скопје, а нивните возила се одземени откако предизвикале сообраќајни несреќи во кои пешаци се здобиле со тешки телесни повреди. Случаите се пријавени во полицијата, а по целосното документирање ќе следат соодветни пријави. Првиот инцидент се случил на крстосницата од улиците Адем Демачи и Методија Митевски околу 21:50 часот, кога возачот И.С. (45) од Скопје, управувајќи фиат со скопски регистарски ознаки, удрил во ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
67%
1011
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
2.57
52%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1010
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.9
78%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.04
75%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.79
67%
1005
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1005
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
77%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
64%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
82%
1009
Currency

61.525

Currency

56.8468

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16160.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.67

Сребро

1096.89

Злато

99169.02

Бакар

10.26

Паладиум

30703.96

Платина

31469.90

Родиум

184063.02

Цинк

2.85