
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ во Скопје, во тек е предфинансирањето во износ од 52,2 милиони евра и е наменето за поддршка на спроведувањето на Реформската агенда и обврските што земјава ги презеде со неа. -Со ова предфинансирање, Македонија ќе добие 24,5 милиони ...
Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со полицијата, извршија вонреден инспекциски надзор во див магацин во скопската населба Маџари, каде нелегално се складирала храна. При контролата, биле пронајдени 40.751 килограм небезбедни производи, меѓу кои сувомеснати и кондиторски артикли, кои веднаш биле уништени. Дополнително, полицијата запленила комбе во кое биле откриени уште 360 килограми небезбедна храна. По ...
Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда, дома кај мене дојдоа Видески, а потоа со „кангуто“ и Палчо и Кешишев, раскажа обвинетиот Велибор Манев на прашања на судијата Ивица Стефановски, на денешното рочиште за убиствата на велешкиот пензионер и Вања Ѓорчевска во Кривичниот суд во Скопје. Бевме да купиме дизел и бензин со моето возило со Кешишев. Наточивме на Макпетрол на влезот во Велес во големи балони од по десет литри. Го ...
Тим од пластични хирурзи ќе биде испратен во Кочани со цел да се олесни процесот на рехабилитација на пациентите повредени во трагичниот пожар што се случи неодамна во овој град, информираше денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој истакна дека голем дел од повредените се токму од Кочани, поради што се разгледува опцијата за испраќање на специјализираниот тим хирурзи во регионот, што би овозможило пациентите да не мораат постојано ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. ОПАСНОСТ ОД ИЗМАМАТА Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: • Лични податоци (име, презиме, матичен ...
Пет критични и 110 стабилни е состојбата на пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство. Враќањето на првите пет лица се очекува во земјава во среда или четврток, за што е изготвен и Протокол за нивно прифаќање. Според последните информации од министерството за здравство, сите 55 лица, пак, кои се третираат во македонските болници се, исто така, во добра состојба. Девет од нив се планирани за испис оваа недела, откако ќе бидат ...
Денови на жалост се, не знам како вие е на вас, но мене срцево ми се кине кога само ќе помислам на тоа што се случи на 16.03.2025 во Кочани- пишува Васко Белески. Неговиот став искажан на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост: „Не ми се отвора повеќе ни социјална мрежа кога го гледам неодговорното однесување на поединци — кој собира политички поени, кој се сити, а кој собира лајкови кои се имагинарни и не важни за животот. Читам многу ...
Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен Марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела. Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани. Со мотото „Молкот зборува најгласно“, стоејќи мирно, учесниците на маршот испратија симболична порака дека бараат ...
На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов. Рече дека шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај останатите пациенти продолжуваат редовните ...
Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар. На 22.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за ...
На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се ...
Финска осма година по ред е прогласена за земја со најсреќни луѓе во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен на 20 март 2025 година, по повод Меѓународниот ден на среќата. Извештајот, подготвен од Галуп, Оксфордскиот центар за благосостојба и Мрежата за одржлив развој на ОН, го анализира периодот 2022-2024. Македонија е на 86. место со оценка 5,503 од 10, додека Косово води во регионот на 29. позиција. Финците, кои го оценија својот ...
Македонија преговара за воведување еден таг за поминување на возилата на патарините и во нашата земја и во Грција. Со воведувањето на заеднички таг наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во двете земји, но дали ќе се примени до почетокот на летната сезона е сè уште неизвесно со оглед на тоа дека се потребни усогласувања на системите за наплата и потоа ...
Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со ...
Возачот на Брзата помош Иле Гоцевски, кој на 16 март цела ноќ превезувал повредени лица по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, починал кога си дошол дома. Премиерот Мицкоски денеска го посети семејството на Иле. „Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани. Во време кога тагата не престанува, неговиот ...
Фудбалската репрезентација на Македонија со убедливи 3-0 го совлада Лихтенштајн во Вадуц и со триумф ги почна квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година. Македонските фудбалери беа голем фаворит на овој меч, а тој така и се одвиваше. Избраниците на Боби Милевски имаа апсолутна доминација во текот на сите 90 минути, дадоа три гола и си ја завршија работата. Македонија поведе во седмата минута кога Миовски по левата ...
За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош во износ од 150.000 денари која ќе се реализира преку Црвениот крст. Одлуката на прес-конференција ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски. Преку СОЗР и останатите надлежни институции, рече тој, се организира и целата неопходна логистика за сместување и транспорт на настраданите и нивните семејства. Владата го плаќа ...
Судбина ни била да останеме овде, под ова небо, после Кочани, оваа судбина ја споделуваме сите ние, граѓани кои живееме на оваа територија, оние кои останавме живи, пишува на социјалните мрежи Гордан Ѓорѓиев. „А како се живее после ОВА? На истекот на седумте дена тага по кошмарот кој ни се случи, додека роднините пријателите, комшиите, соучениците уште не можат да се совземат од болка заради ужасната смрт на нивните најблиски, ние останатите, ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата ги покрива сите трошоци на лицата кои се лекуваат во странство или во Скопје. Тој вели дека државата нема да остави било кој трошок, да остане непокриен. „Однапред ние резервираме хотел, купуваме авионски карти, информираме дека ние ќе ги платиме трошоците за телефон, добиваат дневница/средства за тековни трошоци. Скоро сите граѓани се опфатени во директна комуникација со нашите ...
Владимир Блажев Панчо, пратечкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев се единствените од составот на ДНК кои го преживеаја пожарот во дискотеката во Кочани. Горан Тонев има сериозни повреди, но е во стабилна состојба и се наоѓа во една од болниците во Солун. Како што понатаму се наведува, Горан пред два дена бил повторно опериран, а според последните изјави на лекарот неговата здравствена состојба се подобрува. Инаку, Тонев е ...
На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е ...
Македонците кои живеат и студираат во Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, јави дописничката на МИА од Атина. Македонците кои ја покренаа иницијативата за МИА откриваат дека планираат 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви кои трагично загинаа во дискотеката „Пулс“, но и една минута молк за ...
Шестгодишно девојче е извлечено од запалените остатоци на авионот што се урна вчера во Германија. Шестгодишно девојче е извлечено од запалените остатоци на авионот што се урна вчера во Германија. Според пишувањата на медиумите, маж од Келн, кој управувал со мал авион кој од засега непознати причини се урна во близина на Санкт Агустин, починал на лице место, а девојчето со тешки повреди е пренесено во болница, но е во стабилна состојба. Авионот ...
Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми. Пожарот избувнал во реонот понаселбата меѓу Софилар, градските гробишта и се движи кон Баница. Гори на три страни. Пожарот брзо се ширел од силниот ветер. Засега нема информации како избувнал пожарот. Од Противпожарната единица од Струмица ја потврдија информацијата за МКД.мк, но за причината и деталите рекоа дека ќе ги даде портпаролот во текот на ...
Кривични пријави се поднесени против 34 физички и три правни лица за кривични дела: „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување општа опасност, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. -МВР веднаш ги активираше сите капацитети. Од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и извлекување на повредените, регулација на сообраќај, се до логистичка ...
Кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што ...
Општината, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија кое во два наврати во 2021-ва и 2023-та година издало лиценца за работа на дискотеката „Пулс“ во Кочани, се институциите кои морале да согледаат и евидентираат одредени неправилности. Николоски вели дека објектот во кој беше сместена дискотеката е изграден 1999 година според тогаш важечкиот план на општината со намена за лесна ...
Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 27 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство. Од 27 лица, за 24 се бара притвор, затоа што 3 се уште се на лекување во болница. Тој рече дека се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот ДНК, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле да влезат малолетници, ...
Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација, беа префрлени на други клиники, информира директорот на клиниката Андон Чибишев. -Некои од тие пациенти завршија и во центрите надвор од државата. Сите се во добра општа состојба, стабилни се. Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти кои воглавно имаат ...
Министерот за здравство, Арбен Тарвари, посочува дека сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, се во стабилна состојба, иако има некои се покритични. Од идната недела, очекува пациенти да се вратат дома. „Бројката на пациенти кои се лекуваат се 162 пациенти. Добра вест е што денеска 10 од пациентите кои лежат во државава ќе бидат испишани. Вчера имаше три испишани пациенти. 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Сите се во ...