Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на пресконференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска, стои во соопштението од Основното јавно обвинителство Кочани. Судот им одреди ...

Директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски информира дека досега за 142 лица од семејствата на повредените од пожарот на лекување во странство се обезбедени авионски карти и потрошени се почетно околу 3,5 милиони денари. -Со одлука на Владата доделени се 30 милиони денари на СОЗР кои ќе бидат наменети за првично сместување и транспорт на оние лица кои се лекуваат надвор од земјава, односно во оние земји ...

Македонија е во денови на жалост. Ваквата одлука следеше откако во голем пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 луѓе, помеѓу кои поголем број деца, а на 150 се повредeни. Во моментов Македонија е во колективна траума, за која психолозите велат дека во моментов целата јавност е во првата и втората фаза. Дел од оваа фаза е солидарноста, херојството, хуманите постапки, но сè уште трае и фазата на шок. Психологот Ивана Хаџииванова на ...

Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка. „По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе. Шпанија секогаш блиску до Македонија и се солидаризира со жртвите од ...

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ попладнево е приведен по налог на Обвинителството, објавија медиумите, како и неговите претходници Николчо Илијев од СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ. Николчо Илијев од редовите на СДСМ беше градоначалник од 2017 до 2021 година. Претходно прв човек на Кочани беше Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со два мандата (2009-2017). Љупчо Папазов од ВМРО- ДПМНЕ си поднес еоставка во ...

Непочитувањето на законите предолго се толерирало, а исходот е поразителен за сите нас. Сега сите бараат правда и правдата мора да биде задоволена. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за српска Политика вели, државата во последните неколку години се соочи со многу трагични случаи за кои освен директните причини за катастрофите, често постојат и дополнителни причини како непочитување на законите и системска корупција. Коцевски ...

Во оваа колективна трагедија да покажеме национално единство во тагувањето и највисоко ниво на самосвест. Емпатијата во оваа најдлабока тага сега е најважна, а сензационализмот само ја поткопува социјалната кохезија на општеството, апелираат психолозите за денешниот ден на кој испративме 59 млади сограѓани во вечноста. Според психологот Кеверески, тагувањето има повеќе фази и е потребно време да се работи со семејствата, блиските и сите ...

Реномираниот „BBC“ направи реконструкција на пожарот во во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според нив, два фактори се клучни за тоа зошто и како огнот толку брзо се распространил низ објектот кој како што нагласуваат и тие, имал само еден влез и излез. -Ова е најсмртоносниот пожар во ноќен клуб во Европа во последната декада. Но, зошто толку многу луѓе загинаа во ноќниот клуб „Пулс“ во Македонија? Најпрво да го погледнеме просторот. Тоа порано ...

Возачот на Итната медицинска помош, кој трагично го загуби животот во несреќата во Кочани, а кој превезе голем број пациенти, ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. „Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Не поседувам точни информации за тоа колку часови работел возачот, но е несомнено дека изврши огромен труд при превозот на пациенти. Како министер за здравство, планирам следната недела да го ...

Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на 59-те трагично загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март. Објавувајќи го официјалниот список со идентитетите на жртвите, од Министерството апелираат да не се шпекулира со невистинити информации. „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и се молиме за упокоение на нивните души“, наведуваат од Здравство во објавата на социјалните ...

Две жени од Скопје, на возраст од 81 и 82 години, биле измамени за вкупно еден милион денари од страна на непознати лица кои лажно се претставиле како полициски службеници и амбасадори. Тие, користејќи идентична измамничка шема, успеале да ги натераат оштетените да им предадат големи суми пари, убедувајќи ги дека нивните ќерки наводно предизвикале сообраќајни несреќи во кои загинале деца мигранти. Првиот случај: Лажен полицаец ја намами ...

Сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои се лекуваат во низ болниците во Македонија и странство се во стабилна состојба, вели министерот за здравство, Арбен Таравари. „Сите пациенти кои се во државата и надвор, се добри и во стабилна состојба. Десет пациенти се потешки, но се надвор од животна опасност“, рече Арбен Таравари. Тој рече дека 101 пациент се надвор од државата. „Можеби максимум десет пациенти да се испратат, а можеби и ...

Институциите подолжуваат со засилените контроли на угостителските објекти. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат за конроли кои биле спроведени вчера во Тетово и Гостивар во период од 10 до 15 часот. Контролирани биле 16 објекти, а затворени се два. -Полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и ...

Во неколку градови во земјава денеска ќе се одржат погреби на 59 трагично настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март. Најголем дел од загинатите ќе бидат погребани во Кочани, а погреби ќе се одржат и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и Струмица. „Погребот на настраданите во ужасниот пожар во Кочани ќе се одржи следниот период – 11:00 часот на градските гробошта во Штип, 12:00 часот на градските гробишта во ...

На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево. Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA. Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева вечерва информираше за заклучоците од вонредната седница на Владата што се одржа доцна попладнево. Таа рече дека се донесени четири заклучоци во врска со одлуката за определување денови на жалост и погребот на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што ќе се одржи утре. „Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и работодавачите од приватниот сектор да ...

Седум полициски службеници од СВР Штип и ПС Кочани се осомничени за тешки дела против општата сигурност,и за нив судот го прифати барањето на Обвинителството за 30-дневен притвор . Седум полициски службеници од Кочани и Штип се уапсени во врска со пожарот во импровизираната дискотека во Кочани. Осомничени се за тешки дела против општата сигурност, како соизвршители изготвиле, потпишале и одобриле позитивна согласност, со што овозможиле ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани, и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор. Осомничените констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај. Освен овие седуммина, пред судија на претходна ...

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, доктор Синиша Стојаноски ги посочи новите детали за бројот на хопситализирани пациенти. -Неколку тимови на странски лекари кои што соаѓаат од реномирани центри кои што се строго специјализирани токму за ваков тип на повреди, а такви доктори се и од ВМА во Белград, од болницата од Израел и од Чешка, веќе работат со тимовите во ГОВ „8 Септември“ и ги санираме повредите на оние ...

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија Марија Митева, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски. Во изјавата Митева потенцира: Денеска одлучивме да имаме заедничка конференција со, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски. Ќе ...

По барање на обвинителството, судот досега определи притвор на вкупно 18 лица опфатени со истражните активности за трагичниот пожар во Кочани, потврдија за Телма од судот во Кочани. За 16-те на кои вечерва им истекува краткотрајниот притвор, обвинителството, согласно законот за кривична постапка, баралo продолжување на притворот за нови 48 часа. Од судот во Кочани ни изјавија дека на десет лица веќе им е продолжен притворот, а останатите барања ...

Зошто ми го убивте детето? го праша денеска Александар Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев откако, по неговото сведочење во кое детално ги опишуваше киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На тоа не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски, му врати Манев. Вања беше врзана во моментот кога јас ја видов убиена, се присети обвинетиот Велибор Манев на денешниот исказ. Кога ја откопчавме Вања за Љупчо да слика ...

Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, утре во 10 часот. Неговата сопруга Наталија објави дека погребот ќе биде извршен утре во 10 часот. Андреј го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ДНК вечерта настапуваше. Според исказите на очевидци, тој неколку пати излегувал и влегувал повторно во локалот за да помогне да се извлечат и спасат што е можно повеќе млади луѓе кои биле ...

Марјан Витановски го откажа полномошното за бранење на првоосомничениот Љупчо Палевски. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Провообвинетиот сега остана само со бранителот Јовица Страшевски. На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичен суд продолжува испитувањето на осомничениот Велибор Манев. Манев изјави дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Влада:Од ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија упати повик за молитва и сплотеност. „Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните ...

Во изминатите два дена извршени се 50 контроли во угостителски објекти и тоа кабариња, диско клубови. Државниот пазарен инспекторат од извршениот увид утврди дека лиценци поседуваат 22 објекта а 15 се со истечена лиценца. Сите 22 објекти со важечка лиценца денеска се проверуваат а за оние кои немаат лиценци или важноста им е истечена, изречена е мерка:Забрана за вршење дејност. ,,Министерството за економија врши проверка дали кај издадените ...

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи соопшти нови детали во врска со трагедијата во Кочани. „Идентификувани сите 59 лица. Повредени се вкупно 196 лица, од кои 80 транспортирани во странство. Што се однесува до превземени мерки за расчистување на овој случај, досега се приведени 18 лица, задржани се 16 лица од кои последното задржано лице се терети за тешки дела за предизвикување општа опасност, а истото е потписник на основен проект ...

„Точно е дека во близина на дискотеката ‘Пулс’ е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани. Министерот со ова ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија, која би ја зголемила трагедијата во ...

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало нелегален склад со гориво и бензиска пумпа. „При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството , а потврди и Противпожарната бригада на Кочани. Оваа информација прв ја објави српскиот портал „Информер“ кој пишува: таа кобна ноќ можело да биде кренат во воздух целиот град ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
67%
1011
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
2.57
52%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1010
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.9
78%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.04
75%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.79
67%
1005
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1005
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
45%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
77%
1009
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
64%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
82%
1009
Currency

61.525

Currency

56.8468

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16160.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.67

Сребро

1096.89

Злато

99169.02

Бакар

10.26

Паладиум

30703.96

Платина

31469.90

Родиум

184063.02

Цинк

2.85