
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Во несреќата загинаа двајца државјани на Македонија, на возраст од 53 и 65 години. Заедно со 58-годишниот државјанин на БиХ, тие се наоѓале во комбе кое, под засега непознати околности, преминало во спротивната лента и директно се судрило со камион. Државјанин на Босна и Херцеговина е во критична состојба откако завчера бил тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на италијанскиот град Кастелфранко, објавија италијанските медиуми. ...
Денес стоиме пред вас со голема гордост и амбиција, развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, истакна денеска во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски. -Нашата држава, со својата стратешка локација на Балканот, има потенцијал да стане значаен центар за воздушен сообраќај, затоа нашата Влада активно работи на: Воведување нови ...
На тик- ток се појави видео откако 35 годишна жена трпи насилство од својот тогашен партнер.. Иако е од миантата огдина, нсилстовото однов итоври истите праша ња во јавноста. Дали тој што тепа жена, ќе одговара. Во разговор со полицијата изјавила дека видеото е од јули 2024 година, а нејзината мајка го објавила без нејзина согласност. Ги побаравме центарот за социјална работа-Радовиш за да добиеме став од социјалниот работник но никој не ...
Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул. Во прилог интегралната изјава на вицепремиерот Николоски -Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно ...
Уште осум пациенти од пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во странство и се во подобрена состојба денеска се враќаат во Македонија. Во следните денови се очекуваат нови исписи на повредени од Белгија, Австрија, Хрватска и Турција. Речиси сите од нив се здобиле со изгореници во трагедијата. И во домашните болници се намалува бројот на хоспитализирани, деветмина се пуштени на домашно лекување откако им се направени токсиколошки и ...
Албански државјанин кој бил баран од Интерпол-Германија, пред шест дена бил приведен на граничниот премин „Блаце“. „На 20.03.2025 на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол-Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“, информираат од МВР. ...
Нова снимка која трае 25 секунди покажува каква гужва, која резултирала со стампедо, настанала во моментот кога се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во првите секунди од снимката. дел од присутните се уште стојат и не го напуштаат објектот, а дел од нив (како и креаторот на снимката) снимаат. За тоа време, пожарот се шири. Веќе околу 20-та секунда од снимката, се слушаат и врисоци, но и коментар: „Излавај (излегувај), излавајте ...
Викендов почнува летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји ќе премине од зимско во летно пресметување на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 30 март во 02:00 часот. Имено, летното сметање на времето во 2025 година започнува Во последните години многу земји сакаа да го укинат летното сметање на времето, а во 2016 година Европската унија дури покрена иницијатива, но ...
Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка. Овој историски момент беше реализација на една од клучните стратешки цели на државата, која беше зацртана уште во 1993 година во Резолуцијата усвоена од Собранието, која ги дефинираше надворешно-политичките приоритети на Македонија – членството во НАТО и во Европската Унија. На 6 февруари 2019 година беше потпишан Пристапниот протокол, ...
Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор. „За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор. За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор“, велат од Обвинителството. ОЈО не вложило жалба за куќниот притвор на поранешна директорка на ДПИ, поради ...
Комбинирани инспекциски служби составени од претставници на полицијата, финансиската полиција, на Дирекцијата за заштита и спасување и на пазарната инспекција изминатите денови спровеле контроли на ноќните клубови, дискотеките и кабареата во Охрид. Контрола била извршена на сите угостителски објекти што изминатите две години поседувале лиценца за работа како кабареа или диско-клуб. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска пред медиумите ...
Владата ќе ја паузира постапката за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, потврди и владината портпаролка Марија Митева. „Сакам да појаснам дека Владата и да добие мислење од Советот на јавни обвинители, ќе ја запре постапката и истото нема да го прати до Собранието, чисто да немаме нејаснотии околу ова“, рече Митева. Советот на јавни обвинители, пак, не успеа да се состане оти немаше кворум за одлуки. Постапката за разрешување ...
Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци. „Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ...
Судот денеска го одби барањето на Љупчо Палевски за изземање на обвинителите Жаклина Јосифовска, Ана Стојковиќ и Гаврел Бубевски, оценувајќи дека тоа е поднесено врз исти околности како претходно. На рочиштето, обвинителката Јосифовска го читаше исказот што каратистот Боре Видевски го дал во обвинителството, во кој детално објаснува како бил киднапиран Жежовски и како Палевски, познат како Палчо, го убил. Во однос на убиството на Вања, Видевски ...
На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ...
Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки: – Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички. Возачот на камионот, инаку македонски државјанин, ...
Денеска продолжува судењето за грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и вечешанецот Панче Жежовски. На рочиштето ќе се читаат исказите на каратистот Боре Видевски од истрагата. На последното рочиште, тој негираше вина за двете грабнувања и убиства. Тој тврдеше дека не договарале киднапирање туку литија против промена на името на МПЦ, за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во ...
Звање доктор на науки во 2024 година стекнале 215 лица, што е зголемување за 23,6 отсто во споредба со 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците кои ДЗС ги објави денеска, најголем број од лицата, 22,4 проценти, докторирале во областите здравство и социјална заштита. – Потоа, 16,7 отсто – уметност и хуманистички науки, следуваат бизнис, администрација и право со 14,4 отсто, општествени науки, новинарство и ...
Наместо да бидат постојано и да ги обезбедуваат наплатните рампи цел ден како што било предвидено, обезбедувачите доаѓале само отсабајле во прва смена, а агенцијата наплаќала целосно. Поради тоа првоосомничен е Џемал Билбилоски, сопственикот на агенцијата за обезбедување 2СС од Кичево која добила двегодишен тендер, а меѓу опфатените со истрага е и Ејуп Рустеми кој како поранешен директор на ЈП Државни патишта, не го контролирал извршувањето на ...
Министерството за транспорт објави список со 479 лиценци од градежното работење и урбанистичкото планирање за кои се води постапка за одземање. Ова е резултат на обемна контрола на издадените лиценци, започната минатата недела. Од вкупно проверени над 3.100 лиценци, констатирано е дека дел од правните лица повеќе не ги исполнуваат законските услови за работа, поради што ќе бидат одземени: 73 лиценци А за изведувачи на градби од прва категорија ...
Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши. Министерството, како што рече на прес-конференција во Владата, било задолжено да започне со подготовка на измени на Законот на ...
Претпладнево е уапсен Ејуп Рустеми, поранешен директор на Јавното претпријатие „Државни патишта“, претпладнево, дознава Телма од извори од министерството за внатрешни работи (МВР). Апсењето, според извори на Телма, е поврзано со тендерот за обезбедување на патарините. Покрај Рустеми, уапсени се и Ејуп Љатифи, заменик директор за оддржување на патишта, Дрилон Зибери, раководител на Одделение за наплата на патарини и контрола и Џемал Билбиловски, ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ, е осуден на една година и шест месеци затвор за „несовесно работење во службата“ и нанесување финансиска штета на буџетот на општината. Одлуката ја донесе Основниот суд во Свети Николе на 4 март оваа година, а покрај затворската казна, Велковски е задолжен да исплати 2.285.044 денари како оштета на општината. Случајот се однесува на договорот што Велковски го склучил на 19 јуни ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на кои им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети, на 29.11.2024 година, со електрични тротинети дошле до продавница за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион, маскирани со маски, шалови, качулки и ракавици, како и со ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово врши претреси во кафе барот Класик кој е во сопственост на Дејан Јованов, газдата на дикотеката Пулс во Кочани во која на 16 март 2025 година во пожар загинаа 59 лиѓе, а околу 200 се повредени. Освен во кафе барот Класик, кој ден по трагедијата во Кочани беше демолиран од страна на гневните, шокираните и ужалени граѓани, полицијата врши и претреси во подрачната единица на Државниот пазарен ...
Во една недела извршени 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај Во четири случаи утврдени неправилности во делот на лиценците. За три случаи откриени на граничните премини Ново Село и Богородица, во моментов се води предкривична постапка од страна на Секторот за контрола и истраги, поради ...
Јован денеска во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница беше пречекан со аплауз, а видео од пречекот беше споделено на Фејсбук. Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома, објави денеска на Фејсбук министерот за здравство Арбен Таравари. „Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника ...
Сите училишта и градинки во државата се безбедни покажал вонредниот инспекциски надзор инициран од локалната самоуправа а контролите продолжуваат во станбените згради и кај летните тераси во координација со инспекторатите на централно ниво бидејќи за дел од нив локалната власт нема надлежности, соопштија од ЗЕЛС по денешниот состанок на управниот одбор. Во периодот кој следи, вонредните инспекции продолжуваат кај станбените згради, но во ...
По 150 000 денари како првична финансиска помош ќе бидат префрлени за секое семејство на настраданите во пожарот во Кочани. Овие пари ќе ги уплатат на жиро сметка во следните два дена како најитна помош. Црвениот крст собра 54 милиони денари и ова е прв пресек направен по една недела. Овие пари етапно ќе бидат префрлани на семејствата откако ќе бидат прибрани сите податоци кои ги предвидува законот. Црвениот крст е единствениот сигурен начин да ...
Односите меѓу партнерите во коалицијата се стабилни. Јас сум фокусиран на работата во Министерството за здравство и ќе продолжам да работам и на 1, 2 и на 5 април, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, одговорајќи на новинарско прашање, во врска со објавите на дел од медиумите дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април. – Јас утрово се разбудив со 50 пораки, со прашање дали давам оставка. Фокусиран сум на работата во ...