Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Скопје и Македонија, од вторник 28 октомври, ќе бидат во центарот на светската енергетска сцена. Во периодот од 28 до 30 октомври 2025 година, во Скопје ќе се одржи 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија / From Goals to Action: Powering the Future with Sustainable Energy“, информираат од министерството за енергетика, рударство и минерални ...
Фудбалерите на Милан и Пиза одиграа нерешено 2:2 во првиот натпревар од осмото коло во Серија А. Росонерите пропуштија одлична шанса да ја задржат лидерската позиција во дуелот со екипа која е во зоната за испаѓање. Вака Милан, со натпревар повече има два бода повеќе од Интер, Наполи и Рома Дуелот започна според планот на Масимилијано Алегри. Рафаел Леао го доведе Милан во водство по седум минути. Сепак, аутсајдерот не се предаде. Прво, во ...
Петта победа во низа за шахистите на ШК Алкалоид во петтата рунда од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува на грчкиот остров Родос, но овојпат над актуелниот европски првак Нови Бор од Чешка. Минатата година македонскиот клуб имаше одличен настап без пораз во седумте кола, при што во два наврати ремизираше, но тоа не беше доволно за првото место. Еден од тие два нерешени меча беше токму со Нови Бор, кој потоа стана европски првак, а ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, предупреди дека здравствената криза во Газа е „генерациска катастрофа“. Тој повика на значително зголемување на хуманитарната помош за да се задоволат непосредните и долгорочните потреби на населението на територијата, објавува Би-би-си. Тој, исто така, истакна дека прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври овозможи поголем проток на медицинска ...
Премиерот Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината. Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини. „Веќе во две општини ...
Родителите на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа 28. „Марш на ангелите“, барајќи правдата и вистината за овој случај да излезат на виделина. Родителите го започнаа маршот од „Паркот на револуцијата, а движејќи се во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќе кафулиња во градот, гостите, во најголем број млади, станаа и молчејќи им оддадоа почит на загинатите во пожарот. Манта Стојменова, мајка на Спире ...
Грипот веќе е тука. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, од почетокот на сезоната 2025/2026 се регистрирани 188 случаи на грип во земјата, што претставува зголемување од 77 проценти во споредба со истиот период минатата година и 36 проценти повеќе од просекот на последните 14 сезони. Најмногу заболени има во Гостивар, каде што досега се пријавени 79 случаи, а највисока инциденца е забележана во Македонски Брод. Институтот ...
Утрово, жителите на Прилеп повторно излегоа на раскрсницата за село Плетвар, спречувајќи обид на компаниите Бехтел и Енка, со придружба на полиција, да отвораат нов рудник за мермер. По деветмесечна блокада на патот кон стариот коп, локалното население покажа дека упорноста и организацијата можат да го одбранат своето тло, воздух, реки и извори за вода. Граѓаните го истакнаа своето право да одлучуваат за судбината на својата земја, без ...
Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, во објава на „Фејсбук“ оцени дека „ВЛЕН“ отворено соработува со ДУИ на локалните избори. „Едно резиме за колегијалноста во владината коалиција: ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат, а во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски,“ напиша Мојсоска. Таа додава дека и во Кичево ВЛЕН настапил со свој кандидат, а ...
Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња во вториот изборен круг на 2 ноември. ДИК појаснува дека законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи, што нема да го сопре гласањето. Пивковски вчера ја образложи одлуката на социјалните мрежи, кадешто напиша дека ја донел по ...
Шкендија е првата екипа од првенството на Македонија која оствари триумф во групна фаза во едно европско натпреварување. На тетовскиот тим тоа му успеа со вечерашната победа над ирски Шелбург со минимални 1-0, со што ги освои првите три бода во групната фаза во Лигата на Конференции. Првакот во ПМФЛ до триумфот стигна благодарение на автогол во последните мигови од мечот. Претходно гостите од Ирска имаа статива и уште неколку шанси, додека ...
НБА се соочува со еден од најголемите скандали во својата понова историја, откако тренерот на Портланд Трејлблејзерс, Чонси Билипс, и кошаркарот на Мајами Хит, Тери Розиер, беа уапсени како дел од федерална истрага поврзана со нелегални обложувања и измами во покер игри. Според официјални извори, Розиер бил приведен во Орландо, каде што неговиот тим гостуваше во средата навечер. Обвиненијата против него се поврзани со наводно договарање со ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес пристигна во Израел за да го зацементира кревкиот договор за прекин на огнот во Газа, постигнат со посредство на САД, кој беше на работ на пропаѓање во последните денови по разгорувањето на насилството и неизвесноста за тоа како да се продолжи со траен мир, јави Тајмс оф Израел. Израел, исто така, во понеделник соопшти дека е идентификувано телото на заложник предаден од палестинските милитанти ...
Софиската митрополија на Бугарската православна црква (БПЦ) соопшти дека на архимандритот Никанор му е изречена црковна казна „аргос“ – целосна забрана за свештенослужење во траење од 15 дена, почнувајќи од 23 октомври 2025 година. Причината, како што е наведено, е „неизвршување или невнимателно извршување на црковните правила, одредбите на црковниот устав, службените должности или законитите наредби на црковната власт“. Архимандритот Никанор ...
На социјалните мрежи се појави видео каде кандидатот за градоначалник на ВРЕДИ во Брвеница во вториот круг – Хаким Рамадани кој доаѓа од партијата на Изет Меџити порачува дека заедно со кандидатите на ДУИ бараат гласови за сите општини каде во втор круг се тркаат Македонци и Албанци, за како што вели да ја одбранат татковината и да покажат кој е газда во доминантно албанските општини. Од Владата коментираат дека нивниот став е јасен. „Ние сме ...
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што стана јасно дека во вториот круг нема да има гласање, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот изборен круг, одржан на 18 октомври, Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253. Пивковски во својата изјава посочи дека ...
Опозицијата нека внимава што посакува во врска со предвремени парламентарни избори, може да им се оствари, коментираше денеска премиерот Христијан Мицкоски при обраќањето во МНТ по повод „23 Октомври“. Тој директно рече дека предвремени избори не посакува и смета дека се непотребни а на опозицијата ѝ упати порака „да се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори“. -Нека внимаваат што зборуваат и што ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште ја одржа својата 24-та седница Централното претседателство, по која претседателот Али Ахмети одржа прес-конференција на која се осврна на изборниот процес за кој рече дека поминал генерално добро. Тој рече дека дека коалицијата НАИ, која ја предводи ДУИ освоиле 114.076 гласви и со тоа 159 советници, а коалицијата „Вреди“ дека освоила 91.000 со 122 советници. – Во овој процес, како ...
Деновиве, Битола беше сведок на еден сосем необичен настан кој ја разбуди љубопитноста на граѓаните, особено на младите. Имено со последната од петте креативни прошетки кои се случуваа во централното градско јадро на Битола како и ОУ Климент Охридски Битола, водени од францускиот театарски експерт Метју Пулет, учениците по француски јазик од Битола имаа единствена можност преку креативни работилници и специјално креирана апликација Faune, да ...
Кошаркарите на битолски Пелистер ја остварија првата победа на европската сцена. Пелистереци во меч од 2.коло на ФИБА Европа купот ја совладаа словачката екипа Приевидза . На натпреварот одигран вечерва пред својата публика во Битола, Пелистер славеше 90-83. Гостинскиот тим подобро го почна натпреварот и во првиот квартал имаа и седум поени предност. Првата четвртина ја доби Приевидза со 18-22. И во вториот период гостинскиот состав во ...
Комплетирано е третото коло во Лигата на шампионите. Максимален учинок досега имаат само шампион Пари Сен Жермен, финалистот од минатата сезона Интер, водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал, односно Баерн Минхен и Реал Мадрид. Дербито се одигра на „Сантијаго Бернабу“ во Мадрид. Реал го пречека Јувентус и славеше со 1:0 со голот на Белингем во 57-та минута. Реал доминираше, создаваше шанси, но и Јувентус неколку пати беше иксклучително ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на првиот човек на Беса, Билал Касами, му порача дека секоја акција има реакција, со што ја потврдува најавата тетовскиот градоначалник да не се надева на поддршка, откако Касами, и покрај владиното партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Беса, јавно порача дека во вториот изборен круг на локалните избори ќе го поддржат Фатмир Дехари од ДУИ за нов мандат во Кичево. Владиниот партнер Билал Касами од ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека ЕУ прави се што може да го поткопа претстојниот самит помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп и оти продолжува со напорите за ескалација на судирот во Украина. – ЕУ спроведува активни субверзивни акции пред планираната средба во Будимпешта – наведе Захарова, додавајќи оти „агресивната западноевропска заедница сака да ги ...
Државната изборна комисија денеска ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. -Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката број 7 за постапувањето по приговорите за сумирање и утврдување на резултати ДИК постапи во ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на која СДСM праша дали при посетата во Велика Британија премиерот Христијан Мицкоски договорил кампови за мигранти во земјава. Од партијата тоа го нарекуваат „бесмисленост“. Лага и на денешната прес-конференција. И после едвај 120.000 гласови добиени додека е на пат на пасокизација, да ја доживее судбината на левата грчка партија која се распадна, СДСМ продолжува со истите глупости и измислици. ...
Премиерот Христијан Мицкоски во својот говор по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, порача дека во денешно време државава се соочува со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ и оти како премиер на државата е свесен дека една од најважните битки е таа за подобар живот и стандард, но, подвлече, никогаш не треба да се попушти кога се во прашање интересите на нашиот ...
Поранешниот директор на Клиниката за неврологија д-р Игор Кузмановски ќе мора да помине тримесечна обука под водство на ментор и да полага испит за проверка на стручните знаења, пред Лекарската комора да одлучи дали ќе му ја продолжи лиценцата за работа. Ваква одлука донела Комисијата за етички и правни прашања при Комората во однос на барањето лекарот за продолжување на лиценцата. За потсетување, д-р Кузмановски се најде во фокусот на ...
„Јавно изразената поддршка на Билал Касами за кандидадот за градоначалник од ДУИ во Кичево претставува директна заштита и амнестија на криминалните мандати на Фатмир Дехари! Додека Мицкоски и провладините медиуми во паника постојано ја оцрнуваат Левица, токму оној кој ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово сега ќе го спасува Дехари од губење на власта во Кичево“, велат од партијата Левица. „Дали премиерот Мицкоски вака ќе расчистува со ...
Во Кристалната сала на Собранието беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес. Годинава за остварување во областа на културата и уметноста наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски, на ...
Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа убедливите победи на Арсенал над Атлетико Мадрид (4:0), ПСВ над Наполи (6:2), а ПСЖ победи во Леверкузен со (7:2). Атлетико Мадрид на „Емирати“ во Лондон, влезе во црна дупа во периодот од 57-та до 70-та минута. Тогаш Арсенал постигна четири гола. До првиот гол, ривалите беа рамноправни на теренот и покрај тоа што ...