Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Актуелниот европски првак Париз Сен Жермен со трофеј ја полна новата сезона на европската сцена. ПСЖ триумфираше во УЕФА Супер купот одигран во Удина, совладувајќи го победникот во Лигата на Европа, англискиот Тотенхем. Натпреварот заврши со резултат од 2:2 и европскиот шампион по пенал „рулетот“ беше поуспешно 4:3. Натпреварот се отвори во првиот дел кога во 39.та минута Мики Ван де Вен постигна гол за 1:0 за Тотенхем. Во второто полувреме ...
Во третиот натпревар од групната фаза, Македонија е поразена од Романија (66:79), одлучи серијата од (10-0) Нашите најдобри кошаркари загубија по втор пат од Романија во претквалификациите за Светскиот Куп. Игравме добро, и на гостински терен во Орадеа. Бевме многу блиску, со одличното второ полувреме, да направиме пресврт. Дојдовме до негатива од три поени (66:69). Но кобни зс нас одново беа последните три минути, оние во кои Романија ...
Јаник Синер е првиот полуфиналист на турнирот во Синсинати, откако вечерва го совлада противникот Феликс Оже-Алијасим со 2:0. Канаѓанецот успеа да му земе само два гема во вториот сет на светскиот тенисер број еден, па конечниот резултат во сетови беше 6-0, 6-2, со што Синер експресно дојде до полуфиналето. Синер со ова е поблиску до одбраната на титулата од лани, а уште еден импресивен податок е што ова беше 25 последователна победа за него ...
Стејт департментот во Извештајот за состојбата со човековите права во Македонија за 2024 година, вели дека немало значителни промени во текот на годината. – Значајните прашања поврзани со човековите права вклучуваа извештаи за сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани за насилство врз новинари. Владата презеде значајни чекори за идентификување и казнување на службените лица кои ...
Моногафијата „Античка македонска архитектура и урбанизам“ која е на македнски и на англикси јазик од Меланија Шерденковска е дело на „Матица македонска“ од Скопје и е објавена на 13 август оваа годија. Ова дело е значајно што преку него за првпат пред македонската и светската јавност се афирмираат изворната античка македонска архитектура и урбанизам Според пишаните документи, авторката на монографијата, Меланија Шерденковска е доктор на ...
Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија. Судот соопшти дека е во тек претходна постапка за прибирање на податоците и известувањата потребни за донесување одлука. Во иницијативата се наведува дека Протоколот е во спротивност со член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот, како и ...
Денес стартува така наречената „училишна кошничка“, со која речиси целиот училишен прибор треба да биде со пониски цени за најмалку 10 % на големо и 15 % во трговијата на мало. Мерката ќе трае 1 месец, односно до 15 септември, а со неа треба да биде опфатен речиси целиот училишен прибор, како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери, маркери, ...
Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта. На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни. Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, ...
Во денешниот реванш од третото коло за квалификациите за Лигата на шампионите, Шкендија беше убедливо поразена со 5-1 од Карабах на гостувањето во Баку. Иако уште во стартот на натпреварот Шкендија го отвори резултатот со погодокот на Тамба во 10-та минута, само шест минути подоцна Цаке постигна автогол за нерешен резултат. Веднаш потоа пристигна и првиот гол од игра на Карабах во 18-та минута со голот на Кади Боргес, па следуваше погодокот ...
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за денеска свика итна седница во врска со планот на Израел за целосно преземање на градот Газа. Состанокот, кој е на барање на Данска, Франција, Грција, Обединетото Кралство и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време. Според извештајот на Советот за безбедност на ОН, сите членки освен САД го поддржаа потегот за свикување на ...
Австралија ќе го следи примерот на Канада, Франција и Велика Британија и ќе ја признае палестинската држава на следното Генерално собрание на Обединетите нации во септември. Премиерот Ентони Албаниз кажа дека Палестинската самоуправа се согласила со демилитаризација и одржување парламентарни избори и ќе продолжи да го признава правото на Израел на постоење. „Решение со две држави е најдобрата надеж да се прекине циклусот на насилство на ...
Денеска околу 350 лица полагаат за лиценца за работа како воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и директори, што е задолжителен услов за вработување во детските градинки. Овој процес, кој беше блокиран од 2023 година, сега е одблокиран. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани вели дека застојот бил предизвикан од нефункционален електронски систем, што спречило голем број кандидати да го полагаат ...
Откако Државната комисија за спречување на корупција соопшти дека нема надлежност да дава мислење дали е итно или не да се избере нов претседател на ДКСК, по истрагата и оставката на Татјана Димитровска, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја избра комисијата за селекција на кандидатите за нов претседател на ДКСК, но кажа дека оваа комисија ќе продолжи со работа по изборите од 3 ноември. Тоа значи дека процесот за избор на ...
„Не е проблем тоа што Венко Филипче отишол на одмор, секој човек тоа го заслужува. Не е ни проблем локацијата каде се наоѓа одморот. Проблемот е лицемерието кое го шират и друштвото во кое се наоѓа Венко Филипче. Додека на „Бихаќка“ штанцаат соопштенија за тоа колку лошо се живее во државата, гледаме како Филипче одлично живее“, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Венко Филипче и СДС имаат лажно ...
Професорката на Одделот за балкански, славистички и ориентални студии на солунскиот Универзитет „Македонија“, Александра Јоаниду, е нетипичен претставник на односот на грчките академски кругови во однос на Македонија и Македонците. Таа својата кариера, меѓу другото, ја има посветено на проучувањето на македонските говори во северозападна Грција, но и на доследното разбивање на табуата и предрасудите во грчкото општество околу „македонското“ ...
55 годишен скопјанец добил мерка притвор заради предизвикување загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.. На 6 јули околу 18 часот додека полициски хеликоптер приоѓал на кон реката Лепенец каде се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце, 55 годишниот почнал да мафта со рацете и фрлал камења кон хеликоптерот. Пилотите биле принудени да го променат местото за полнење вода. По преземени ...
„Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна. Дополнителен проблем прави ветерот, кој го разгорува, и за миг може да се претвори во уште поголем“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Првиот човек на ДЗС, додаде дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија имало три шумски пожари, од кои токму на Јасен бил најтежок за гасење. „Од долната страна на патот, ...
Судот за спортска арбитража (CAS) ја отфрли жалбата на фудбалскиот клуб Кристал Палас против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го префрли од Лига Европа во Конференциската лига поради прекршувања на сопственичките правила. Со оваа одлука на CAS, потврдени се местата на Нотингем Форест и Олимпик Лион во групната фаза од Лига Европа оваа сезона. Со освојувањето на титулата во ФА Купот, Кристал Палас се квалификуваше директно за ...
Со натпреварот одигран попладнево во Кратово, каде Силекс ја пречека струмичка АП Брера, комплетирано е 1.коло од новата сезона во ПМФЛ. Фудбалерите на Силекс ја впишаа првата победа совладувајќи ја АП Брера со 5-0. Првата посериозна шанса за гол ја имаа домаќините во 13-тата минута. По корнерот од десната страна, Алиќ со глава биеше над голот на гостите. Во 28.минута гостите останаа со играч помалку. Величковски невнимателно стартуваше ...
Лидерите на Ерменија и Азербејџан вчера се ракуваа на мировен состанок во Белата куќа и потпишаа договор кој треба да стави крај на децениските конфликти меѓу двете земји. На церемонијата, американскиот претседател Доналд Трамп стоеше во средина, со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, од неговата лева страна и ерменскиот премиер Никол Пашинјан од десната. Договорот, кој беше потпишан и од САД, предвидува повторно отворање на клучни ...
Здруженијата и организациите на независните кандидати за локалните избори изгледа имаат право. Тие не ѝ веруваат на политиката и покрај одлуката на ДИК дека со ништо не може да бидат спречени нивните кандидатури и дека нема потреба да собираат потписи, па ја продолжуваат акцијата да се формираат како партија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека претставници од Министерството за правда ќе имаат средба со некои од правните експерти ...
Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната најава дека Владата сака да донесе „не популарни, туку долгорочни решенија“ за цените на храната. Мицкоски нема никаква дилема и апсолутно е подготвен, како што истакна, да ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити за оправданата и разумна борба на ОНА во Македонија во текот на конфликтот во 2001 година. „Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде апсолутно разумна и праведна, а од заседа да се убиваат припадници на ...
Додека роднините на жртвите продолжија со протестите во очекување на правдата за пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 62 ца, судот ги собира приговорите и ќе го оценува обвинението. Обвинителството пак се уште работи на истрагата за полицајците. Дел од обвинетите од слобода чекаат судење, дел од притвор. Обвинението напишано на повеќе од 160 страници со огромен број доказен материјал се уште чека оценка од Кривичниот суд Скопје. ...
Статистиките покажуваат раздвижување во туристичкиот сектор. Во првата половина од годинава Македонија ја посетиле 520.861 туристи, што е за 13 отсто повеќе од истиот период лани, обjaви Државниот завод за статистика(ДЗС). Во периодот јануари – јуни регистрирани се 125.306 домашни туристи, што е за 2,5 отсто помалку од истиот период лани, додека странските доаѓања се зголемиле за дури 19,7 отсто или вкупно 395.555 туристи. Туристите во овој ...
Додека светот го слави 12 август -Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во реалност исполнета со системски предизвици, ограничени можности и несигурна иднина, велат од Здружението Хера. Оттука посочуваат на високото ниво на невработеност, неквалитетно образование, недостаток на младински пријателски здравствени услуги, па сè до слабата институционална поддршка и недостигот на безбедни јавни простори, корупција, ...
Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во сезоната, откако го победија Ливерпул во популарниот Комјунити Шилд на „Вембли“ по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 2:2. Ливерпул двапати поведе во текот на натпреварот, но двата пати освојувачите на ФА Купот успеаја да се вратат во живот и да победат на пенали. Нови играчите од Бундеслигата доминираа, Флоријан Вирц му асистираше на Уго ...
Екипите на Тиквеш и Работнички го одиграа првиот натпревар без голови, во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Дуелот број 5, од премиерното коло, се одигра во Кавадарци, но стрелците немаа свој ден, па мрежите мируваа (0-0). Првата можност да биде отворен резултатот ја имаа домаќините. Веќе во третата минута по долгата топка, Стојчевски од десната страна се обиде да го совлада Василев, но гостинскиот голман беше поуспешен. ...
СДСМ и Левица реагираат дека од 74 кандиат за нови офицери во Министерствоито за одбрана примени се само 29 имиња за да се остави, како што велат од таму, простор за нови партиски подобни кадри. „Во Министерството за одбрана се случува уште поголема манипулација. Во конкурсот за 60 места за стручно оспособување на офицери, 74 кандидати успешно ја поминале селекцијата, но само 29 имиња се нашле во решението. Министерството за одбрана ја лаже ...
Независните кандидати апелираат до граѓаните да дадат потписи и да им помогнат да формираат политички партии, бидејќи, според нив, тоа во моментов е единствениот сигурен начин граѓанските претставници да можат да учествуваат на локалните избори во октомври годинава. Советниците во Советот на Град Скопје од Зелен хуман град (ЗХГ) велат дека однесувањето на институциите создава правна несигурност, откако долго време не се дефинираше постапката ...