Поделена на три договори, набавката вредна 29,5 милиони денари за одржување на тунелите си ја поделија две фирми. Едната, постара, ќе го земе помалиот дел од колачот. Поновата, пак, добива два од трите договори, објави „Фактор“. Фирмата „Дин Системи“ од Скопје, основана во 2006 година, го доби договорот за „Одржување тунелски сензори“. Со Јавното претпријатие за државни патишта првпат склучила договор минатата година, исто така за оваа ...

Ливерпул славеше над Реал Мадрид, а Баерн Минхен против Пари Сен Жермен во двата натпревари кои беа во фокусот во Лигата на шампионите. Премиерлигашот доминираше на „Енфилд Роуд“ против лидерот во Примера и сосема заслужено славеше со 1-0. Избраниците на Слот можеа да дадат неколку погодоци на ова соочување, заслужија повисок триумф, но чуда на голот праваше Куртоа и Реал може да биде среќен што едноставно беше поразен со овој мининален ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра против Австралиецот Ник Кирјос. Станува збор за новото поглавје од „Војната на половите“ што ќе се одржи на 28 декември во арената „Кока-кола“ во Дубаи. Помина повеќе од половина век од првата таква средба, сè уште најгледана и најатрактивна, кога Били Џин Кинг го победи Боби Ригс во Хјустон во 1970 година пред повеќе од 30.000 луѓе. Дури околу 50 милиони го гледале тој натпревар на телевизија во ...

На железничката станица Ѓуешево, Македонија и Бугарија официјално го потпишаа договорот за изградба на железничкиот Коридор 8. Потписници на договорот се македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, и бугарскиот министер за регионален развој Гроздан Караџов. Со овој чекор, двете земји се обврзаа на директно железничко поврзување меѓу главните градови Скопје и Софија, што ќе придонесе за значајни социјални и економски ...

Европската комисија предупредува, економијата на Македонија е стабилна, но реформите се закочени. Фискалната дисциплина е намалена, јавниот долг расте, а владините мерки се доцни и половични. Во најновиот извештај за проширувањето, Брисел вели, фискалната консолидација е одложена, а владата не го спровела целосно новиот Закон за буџет. Буџетскиот дефицит е 4,4% од БДП што е повисок од планираното, капиталните инвестиции се намалени, а ...

Во македонското собрание, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, го претстави Извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите Претходно изнесениот став за потребата од спроведување „со добра волја од сите страни“ на склучените билатерални договори, вклучувајќи ги и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, се повторува во извештајот за ...

„Резултатот од локалните избори е лош. Мислам дека резултатот од 126 илјади претставува дно и јас би сакал да е тоа дното на кое сите ние ќе застанеме“ – ова е коментарот на пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во однос на резултатот што неговата партија го оствари на локалните избори. Спасовски во интервју на „Алсат“ рече дека како одговорен човек тоа го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ѝ наредил на американската армија да започне подготовка за потенцијална воена акција во Нигерија, обвинувајќи ја нигериската влада дека не успева да го спречи прогонството на христијаните во таа западноафриканска земја, јави Гардијан. „Ако нигериската влада продолжи да дозволува убиства на христијани, САД веднаш ќе ја прекинат целата помош и поддршка за Нигерија, и многу е можно да влеземе ...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...

СДСМ доживеа историски пораз – некогаш големиот СДСМ и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во главниот град. Венко Филипче под диктат на Зоран Заев ја доведе партијата до целосен пад, без визија, без стратегија и без доверба кај граѓаните, рече денеска Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. – Резултатите се јасен показател дека народот ја казни нивната ноншалантност и аздисаност. Со освоени само 6 општини, 126.000 ...

Европската комисија го пофали целосното усогласување на Македонија со надворешната политика на Европска Унија, но предупреди дека преговорите за пристапување остануваат блокирани сè додека таа не го исполни своето ветување од 2022 за вклучување на Бугарите и другите групи во својот устав, стои во нацрт-заклучоците од новиот извешај за проширување, што ќе биде објавен денеска. Како што објави „Јуроњуз“, извештајот, исто така, ја нагласи ...

Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) организираат јавна дискусија за новиот предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни: наставници, стручни служби и други чинители во образованието, активно да се вклучат во дефинирањето на современ, инклузивен и квалитетен лектирен список кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес. ...

Чкртнатите ливчиња што ги оставија граѓаните во гласачките кутии, но и оние што одлучија да не излезат на изборите и да го дадат својот глас за некој од кандидатите, им испратија јасна порака на партиите дека она што го понудија, не може суштински ништо да смени во нивните животи. Па, така, разочараните и апатични граѓани, кои се повеќе од половина од запишаните гласачи на Избирачкиот список, станаа најбројното гласачко тело на локалните ...

Со шест голови и победа на домаќинот Арсими стартуваа натпреварите од 12.коло од Првата фудбалска лига. Победа од 4:2 оствари Арсими во дуелот со Башкими. На првиот гол се чекаше 36.минута, кога домашниот центарфор Албан Таипи донесе водство за Арсими, но само две минути подоцна Башкими изедначи на 1:1 преку Ресуљ Мемети. Резултатот на полувреме беше 2:1, а стрелец на голот беше Мухједин Дардишта. Со двата гола на Шефит Шефити Арсими зголеми ...

Двата денешни натпревара од Првата фудбалска лига завршија со победи на гостинските екипи. Во дербито во Ѓорче Петров, Струга ја совлада домашната екипа на Македонија ЃП со 2:0. Головите за победникот ги постигнаа Флориан Рочи во 32.минута и Басиру Компаоре во 62.минута од пенал. На вториот дуел во Скопје гостите од Кавадарци Тиквеш славеа победа со идентични 2:0 и по три натпревари без победа стигнаа до третиот триумф во шампионатот. На ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди новите тројца кандидати што ќе станат пратеници наместо досегашните членови на Собранието кои беа избрани за градоначалници на локалните избори. На местото на Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Продановски, во парламентот ќе седнат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека според редоследот на ...

„На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште“ – ова е дел од одговорот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за објавата на „Икс“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по последната посета на Скопје: „Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“. Во ...

Транспаренси Интернешнл – Македонија, во рамки на редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, во септември регистрираше повеќе „матни“ настани. Од нив се издвојува извештајот за примени донации од политичките партии за изборната кампања, каде што само една третина од вкупниот број учесници поднеле извештај, како и проширувањето на истрагата за пожарот во ...

Според извештаите, украинската воена разузнавачка агенција (ХУР) започнала специјална операција во Покровск во која учествуваат воздушно-десантни единици под команда на шефот на ХУР, Кирило Буданов. Ројтерс објави на 31 октомври дека нападот започнал претходно оваа недела, кога украинските специјални сили слетале од хеликоптер „Блек хок“ во области компромитирани од активностите на руските дронови. Видеото што го видела агенцијата се чини ...

Јаник Синер, вчера го освои првиот Мастерс трофеј оваа сезона, во финалето во Париз го победи Феликс Оже-Алијасим (6:4, 7:6). Италијанецот по триумфот на Мастерсот во Париз, по два месеци се врати на челната позиција на АТП листата. Јаник Синер на првото место има 11.500 поени, односно 250 повеќе од Карлос Алкараз, кој неочекувано во Париз испадна во втората рунда. Кој ќе биде прв на крајот од годината ќе биде решено на завршниот Мастерс во ...

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на земјава досега. Според податоците на ДИК, во првиот круг за градоначалници, одѕивот е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани избирачи во Избирачкиот список, гласале 885.085 избирачи. Излезноста во вториот круг ...

Мажите се соочуваат со повисок ризик од самоубиство во споредба со жените, а многумина избегнуваат да побараат помош поради стигма, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) одбележувајќи го почетокот на Мовембер, месецот посветен на машко здравје. Според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година во Македонија беа регистрирани 89 самоубиства – 68 мажи и 21 жена. Мовембер (Movember) е меѓународно движење што се одвива секоја ...

Досегашниот директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Брвеница, Хаќим Рамадани, кој вчера ги загуби изборите од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, на својот фејсбук-профил објави дека од денеска е невработен и бара работа само во приватни компании. „Од денеска сум невработен. Јас сум дипломиран економист. Барам работа само во приватни компании“,напиша тој на Фејсбук. ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува да импресионира во НБА-лигата, откако забележа уште една неверојатна партија и стана играчот со најмногу постигнати поени во првите четири натпревари од сезоната уште од далечната 1962 година. Ѕвездата на Далас Маверикс досега има вкупно 167 поени, што е најдобар биланс во првите четири средби по легендарниот Вилт Чемберлејн, кој во сезоната 1962/63 имаше 200. Дончиќ во последниот натпревар ...

Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Гостивар ќе почне вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Од 13.30 часот, попладнево, на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Арсими и Башкими. Нивната прва меѓусебна пресметка сезонава во Куманово донесе интересен фудбал, па се очекува така да биде и денеска. Во истиот термин утре во Скопје ќе се играат два натпревари, како и дуелот во Струмица закажан за во среда. Истиот дел ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека САД ќе продолжат со нуклеарните тестови, не исклучувајќи ја можноста за подземни тестови. Трамп не одговори директно на прашањата од новинарите во претседателскиот авион на пат кон Флорида за тоа дали тој ќе ги вклучи традиционалните подземни нуклеарни тестови што беа вообичаени за време на Студената војна, објави Ен-Би-Си. „Наскоро ќе дознаете, но ќе направиме некои тестирања“, рече ...

По одржувањето на вториот круг од локалните избори, Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи првата седница на која, меѓу другото, треба формално да го констатира престанокот на мандатите на тројца пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски, кои на неодамна одржаните избори беа избрани за градоначалници. Мицевски ја презеде функцијата во Општина Сопиште, ...

Од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ на Ѓорче Петров, кој беше и кандидат за градоначални, Костадин Ацевски поднесе оставка. Во видео објавено на ФБ, Ацевски вели дека е исправо оставки да поднесат и лидерот на партијата Венко Филипче, но и целото раководство. Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е ...

Речиси 30 илјади неважечки ливчиња имало на вчерашниот втор круг од локалните избори во 32 општини и Град Скопје. Вкупниот број изнесува 29 815, од кои 10 528 се од изборот за градоначалник на главниот град, а другите 19 287 од гласањето во 32-те општини каде што се одржуваше втор круг. Според резултатите што се објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од 100 отсто обработени избирачки места, може да се забележи дека ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва истакна дека нема намера да си поднесе оставка, иако резултатите од вториот круг на локалните избори покажуваат различни резултати за партијата. На прес-конференција, Филипче им честиташе на граѓаните за излезноста и нагласи дека СДСМ останува втора партија по големина во земјата и прва во опозицискиот блок. – Според досега обработените податоци, покрај освоените три градоначалнички места во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1025
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Загреб

10ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.95
74%
1026
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.0
89%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.85
72%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
0.89
69%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1025
Currency

61.645

Currency

52.7403

Currency

70.7103

Currency

37.3969

Currency

38.5558

Currency

67.61

Currency

7.66296

Currency

0.68067

Currency

0.3349

Currency

0.52515

Currency

1.19974

Currency

0.57587

Калај

57.67

Сребро

3043.39

Иридиум

212342.22

Бакар

12.14

Родиум

384201.42

Алуминиум

3.15

Платина

75811.46

Рутениум

45750.51

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Паладиум

57164.03

Злато

173443.31