Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Годишниот извештај од периодот 2004/2005 година од Одделот за психијатрија на Универзитетот Колумбија во САД, со кого соработувале и македонските професори и доктори по судска медицина Алексеј Дума и Горазд Росоклија, на 79-тата страница ги откриваат и другите институции од Македонија што биле вклучени во научното истражување. Во овој извештај е наведено дека тековните проекти во тоа време вклучувале како прв проект „структурни абнормалности ...
Доколку СДСМ има докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до Јавното обвинителство, повика ВМРО-ДПМНЕ, а во спротивно најави тужба. „Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба. На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква ...
Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и на кривичната одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на Фејсбук изминативе денови упатија закани кон новинарот и уредник во телевизијата Канал 5, Александар Видиновски. Коментарите со навреди, омаловажувања и смртни закани упатени кон Видиновски, се под видео на кое тој известува за непрописно паркирани дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се врати меѓу 200-те најдобри светски тенисерки на најновата ВТА листа објавена денеска. Нашата тенисерка изминатиов период настапи во квалификациите за Австалија Опен, а стигна и до втората рунда на силниот Челинџер во Порто, по што успеа да освои нови бодови за скок од 12 места на новата ВТА листа на која собра 373 поени. Лина сега е на 194-то место со надеж дека во следниот период може да го ...
Александар Волкановски повторно го направи она што најдобро го прави – победи во шампионската борба. Но, се покажа дека самото негово пристигнување во октагонот минатиот викенд беше сериозно под прашалник. Разговарајќи со Даниел Кормиер по втората победа на Волкановски во перо категорија над Диего Лопез, неговиот тренер Џо Лопез откри дека Австралијанецот претрпел сериозна повреда само еден месец пред борбата и дека повлекувањето било реална ...
Она што започна како револуција во светскиот фудбал со трансферот на Кристијано Роналдо во Ал Наср во 2022 година, денес се претвори во отворена војна помеѓу португалската суперѕвезда и државниот врв на Саудиска Арабија. Светот на фудбалот остана во шок откако името на Роналдо не се најде во составот за мечот против Ал Ријад во понеделникот, а причините зад ова отсуство откриваат длабоко незадоволство и повредено его. Бунт против државниот ...
Американското Министерство за правда објави нови документи од истражните досиеја за Џефри Епштајн, а според заменик-јавниот обвинител Тод Бланш, ќе бидат објавени повеќе од 3 милиони страници документи, над 2.000 видеа и околу 180.000 фотографии, пренесува Асошиејтед Прес. Во декември, Министерството беше критикувано поради малиот број објавени документи, но властите тогаш соопштија дека е потребно дополнително време за проверка и заштита на ...
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР. Од Министерството апелираат до сите учесници во ...
„Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците. Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој“, прашува Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ. „Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, ...
Нема селективна правда, нема заштитени, нема недопирливи. Украденото мора да се врати кај народот – порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и кофискација на имот. Мицкоски вели дека е за засилени мерки во борбата против корупцијата, но таа, како што рече, не завршува со кривична постапка туку со одземање на незаконски стекнатиот имот. Премиерот рече дека во постапка ...
Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џефри Епштајн. Во еден од мејловите што се појавија во јавноста, Епштајн е информиран за научно истражување поврзано со развој на лек кој, според тврдењата, би можел да ги стопира самоубиствените нагони. Во рамки на ова истражување, како што стои во пораката, биле користени и човечки мозоци од Македонија. „Ги зеле ...
Мозок не може да се продаде и тој не може да се трансплантира, вели поранешниот директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, Алексеј Дума. Ставот на Дума доаѓа откако во јавноста се појавија информации за извоз на мозоци од Македонија за научни цели во САД. „360 степени“ на сајтот на американската Национална библиотека за медицина пронајде документ од Македонската академија на науките и уметностите – оддел за медицина, од јули ...
Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности. Дурмиши не кажа дали можеби ќе се пролонгира имплементацијата на Законот ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 отсто, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во декември лани, пак, во споредба со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 отсто. Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот рударство и вадење камен се намалил за шест отсто, ...
Репрезентацијата на Данска е нов европски шампион во ракомет! Во големото финале во Хернинг, ја совладаа Германија со убедливи 34:27 (18:16) и се качија на врвот на Стариот континент. Пред преполните трибини во салата „Јиске Банк Боксен“, Данците уште еднаш докажаа зошто се светска ракометна велесила. Иако Германија пружи достоен отпор во поголемиот дел од мечот, сепак во финишот пресуди супериорниот квалитет и поширокиот ростер на домаќинот. ...
Македонската ракометна репрезентација Европското првенство го заврши на 14.место, а селекторот на нашата репрезентација Кирил Лазаров во гостувањето во Македонската телевизија во специјалната емисија по повод финалето се осврна и на нашиот настап. – За да имаме подобри резултати потребно е да имаме селекција, која ќе биде физички подготвена за сите предизвици и за ритамот на играње на големо првенство, односно во клубовите да се работи и ...
Кристијано Роналдо сè поотворено го покажува своето незадоволство од престојот во Саудиска Арабија, пред сè поради тоа што Ал-Наср не вложува доволно во засилувања, за разлика од ривалите кои редовно носат звучни имиња. Според угледниот португалски медиум „Рекорд“, во договорот на Роналдо постои клаузула што му овозможува да го напушти клубот во јуни 2026 година, а извесно е дека истата ќе биде активирана. Португалската ѕвезда не се појави на ...
Арапските и другите муслимански земји започнаа, како што оценува „Фајненшл тајмс“, „последни напори“ за да спречат избувнување на нова војна меѓу САД и Иран, во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Техеран повторно нагло ескалираа. Земјите од Персискиот Залив, првенствено Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати, интензивно комуницираат и со американската и со иранската страна, обидувајќи се да го спречат лизгањето кон вооружен конфликт. ...
Манастирот посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во селото Рајчица, во рамките на Дебарско-кичевската епархија на Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, доби исклучително значаен духовен дар – свети мошти на Свети Василиј Велики. Манастирот се наоѓа во епархијата со која раководи новоизбраниот надлежен архијереј, Неговото Високопреосвештенство митрополит Георгиј, а пристигнувањето на моштите се смета за ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц повикува на поголема самодоверба во политиката на моќ од Европа во новонастанатиот свет на големи сили. Европејците ќе можат да ги спроведат своите идеи, барем делумно, „само ако самите научиме да го зборуваме јазикот на политиката на моќ. Ако самите станеме европска сила“, рече лидерот на ЦДУ во владина изјава за надворешната политика во Бундестагот. Европа е политичката сила во последните децении што ...
Основана пред 169 години во 1857 година, велешката гимназија „Кочо Рацин“ е најстарата гимназија во Македонија. На 1 февруари во 1945 година во велешката гимназија „Кочо Рацин“ првпат во слободна Македонија почнала наставата на мајчин македонски јазик. Президиумот на АСНОМ со решение бр.9 од 3.11.1944 година донело одлука за отворање на девет гимназии меѓу нив и на велешката. Министерството со писмо бр. 423, со заповед бр. 97, од 26 јануари ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го коментираше почетокот на казнувањето на граѓаните што направиле прекршок детектиран од камерите на „Безбеден град“. Од утрово, како што рече, нема поплаки од граѓани и дека е во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, Владата и Министерството за внатрешни работи одлучиле на стартот да го зголемат прагот на толеранција за брзо возење, со цел граѓаните ...
Иван Драгниќ, еден од четворицата сопственици на Друштвото за производство, промет, трговија и услуги „Алфафарм“, е притворен по големата акција на српската полиција во селото Коњух кај Крушевац, каде што откри и заплени пет тони марихуана. Дрогата е набавена токму од компанијата регистрирана во Македонија, со адреса во скопската општина Кисела Вода. Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека е покрената истрага против ...
Во соседна Србија запленета е огромна количина од пет тони дрога која дошла од Македонија. Косопственик на македонска фирма е меѓу уапсените. Ова е огромен скандал за кој мора да им одговорност. Ова е реакцијата на опозицискиот СДСМ откако денеска беше објавена информацијата дека запленетата марихуана на 29 јануари во Србија била набавена на територијата на Македонија. Од СДСМ јавно поставија повеќе прашања. „Како пет тони дрога завршиле во ...
Системот „Безбеден град“ и повисоките казни за прекршување на сообраќајните правила веќе даваат резултати. На првиот ден од официјалното функционирање на системот регистрирани се околу 500 сообраќајни прекршоци, што е огромно намалување во однос на почетокот на тест периодот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ваквиот пад е позитивен сигнал. „Имаме значително намалување на бројот на сообраќајни прекршоци во споредба со ...
Денешната ждрепка во Хернинг го откри патот на македонската ракометна репрезентација кон пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Германија. Македонија, благодарение на освоеното трето место во групата на Европското првенство во Данска, избори поволна позиција во квалификацискиот циклус и ќе настапи во само еден бараж, наместо во два. Нашата селекција ја дочека ждрепката како носител, што значеше избегнување на ...
Првиот светски рекет Шпанецот Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија Опен откако во финалето го совлада десеткратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (2:6; 6:2; 6:3 и 7:5). Финалниот меч траеше 3 часа и 4 минути, а Алкараз ја освои првата титула во Мелбурн. Финалето почна со доминација на Ѓоковиќ кој првиот сет го доби со 6:2 и притоа успеа да направи два брејка. Во следниот сет иста слика со тоа што во овој сет ...
Топлотниот бран со рекордни температури го погоди југоисточниот дел на Австралија петти ден по ред, поттикнувајќи пожари и предизвикувајќи проблеми во енергетската мрежа, оставајќи илјадници домови без електрична енергија, пренесува Ројтерс. Топлотниот бран е најлошиот регистриран во Викторија, втората најнаселена држава во Австралија, од „Црната сабота“ во 2009 година, кога во шумските пожари загинаа 173 лица, и не се очекува да стивне пред ...
Кошаркарите на Гостивар стигна до третата, убедлива победа во „МТЕЛ“ Супер лигата откако во рамките од 13 коло го совладаа тимот на Ангели. Со доминантна игра во текот на сите 40 минути, особено во третиот период, домаќините дојдоа до триумфот кој им носи многу поголема самодоверба во битката за опстанок. Играчите на Гостивар на полувреме заминаа со „плус 12“ коша разлика (47:35), а по паузата од 15 минути, притиснаа многу повеќе, посебно во ...
Елена Рибакина имаше многу причини да ја изгуби вербата во нејзината најнова потрага по втора гренд слем титула. Таа играше добро во голем дел од финалето на Австралија Опен, но, исто како што беше случајот во нивното финале тука пред три години, кога Арина Сабаленка почна да се наметнува во мечот, Рибакина ја изгуби целата контрола. Заостанувајќи со 0-3 и 30-30 на својот сервис во последниот сет, шансите на Казахстанката брзо исчезнуваа. ...