Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски. Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските ...
Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија за визи е официјален документ со кој ЕУ ги прифаќа возачите како професионалци. Сега се бара решение за преодниот период до следниот состанок на Европската комисија гога треба да се донесе новата визна либерализација за оваа категорија- вели Билјана Муратовска претседател на Асоцијацијата на транспортери „Макам транс“. Нејзината изјава доаѓа откако вчера медиумите од регионот ...
Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална злоупотреба на деца во форма на еротски роман со голема разлика во годините. Судот во Нов Јужен Велс слушна за книгата што ја истражува врската помеѓу 18-годишната Луси и 45-годишниот Артур, најдобриот пријател на нејзиниот татко, детално опишувајќи ги желбите на многу постариот човек што започнале кога протагонистот бил дете, како и делови во кои таа ја игра улогата на мало ...
Македонскиот олимпиец Виктор Петков го имаше својот деби настап на Зимските игри во Милано и Кортина. 26-годишниот македонски алпинец, настапи во велеслаломска дисциплина. Во првата трка, со постигнатото време од 1 минута 27.36 секунди, Петков заврши на 58-мото место. Тој заостана за 13 секунди 44 стотинки зад лидерот Лукас Пинтер од Бразил. Инаку во оваа дисциплина беа пријавени вкупно 81 натпреварувач, актерката успеаја да ја завршат ...
Италијанската скијачка ѕвезда Федерика Брињоне уште еднаш ја потврди својата светска класа на домашен терен. На легендарната патека „Олимпија деле Тофане“, Брињоне стигна до својот втор златен медал на овие Олимписки игри, овојпат победувајќи во велеслалом со две технички беспрекорни возења. Доминација на домашен терен Брињоне ја осигура победата со вкупно време од 2:13.50, што беше за повеќе од половина секунда побрзо од нејзините најблиски ...
Околу 2.600 станбени згради во украинската престолнина останаа без греење по рускиот ноќен напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Кличко додаде дека погодените згради се наоѓаат и на левиот и на десниот брег на реката Днепар, во четири области на градот, објави Украинска правда. Претходните напади веќе оставија повеќе од 1.100 станбени згради без греење, изјави градоначалникот. Утрово, Кличко и службеникот Тимур Ткаченко ...
Сајбер-насилството е присутно секаде, не само кај девојчињата, не само кај младите, туку и кај повозрасните. Потребно е младите да станат свесни за тоа, да знаат да се заштитат оти сајбер-криминалот е во подем. Со технологијата која брзо расте, со вештачката интелигенција треба да се знае што треба да се пласира на медиумите, на социјалните мрежи, а младите да знаат како да ги заштитат своите лични податоци, слики, локации и слично, беше ...
Европската Унија го загуби кредибилитетот во регионот на Западен Балкан – порача претседателот на Латвија – Едгар Ринкевич, на завршната панел дискусија за иднината на Европа во рамките на Минхенската безбедносна конференција. Како пример Ринкевич ја посочи токму Македонија, за која кажа дека Унијата и ветувала многу, но не испорачала, а земјава на евроинтегративниот пат го променила и името. „Треба да го погледнеме Западен Балкан, бидејќи ...
Поради поплави од обилните врнежи од дожд, евакуирани се околу 180 лица во Кичево, меѓу кои и стари и изнемоштени и деца, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“, соопшти Центарот за управуавање со кризи (ЦУК) за состојбата по обилните врнежи од дожд. Во текот на ноќта, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на Зајашка Река на улица Прилепска во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Регистрирано е и заезерување на улицата ...
Пестицидите што со години се користат за јаболковите насади во Преспанскиот регион не завршуваат само на плодовите. Дел од нив, како што покажува најновото научно истражување на младата истражувачка Јована Данова, завршуваат и во дивата флора, во растенија што никој не ги прска, но кои растат во близина на обработливите површини со јасни индикации за ризик по екосистемите и потенцијално по здравјето на луѓето. Истражувањето покажува и тоа ...
Остануваме целосно посветени на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови, информираат денеска од Министерството за здравство (МЗ), додавајќи дека во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата. Потоа, како што се вели во соопштението од ресорното министерство, финалната ...
Австралиската репрезентативка во сноуборд Џоси Баф го освои златниот медал во дисциплината сноуборд крос откако беше најдобра во финалето. Таа имаше победа и во едната од полуфиналните трки. Второто место и сребрениот медал и припадна Ева Адамчикова од Чешка, додека како трета заврши Италијанката Михаела Моиоли, а без медал од финалната трка остана Наоми Видермер од Швајцарија. Новата олимписка шампионка Џоси Баф ја потврди фаворитската ...
Трката во брзо лизгање на 10.000 метри, најдолгата дистанца за мажи на Зимските олимписки игри, заврши со триумф на Методеј Јилек (19), тинејџерот од Чешка. Тој славеше со извонреден резултат од 12:33,43 минути. Сребрениот медал му припадна на младиот Русин под полското знаме, Владимир Семируни (12:39,08 минути). Холандскиот ветеран Јорит Бергсма (40) го комплетираше подиумот со време од 12:40,48 минути. Трката беше обележана со неколку ...
Кошаркарите на МКК Куманово се последните полуфиналисти во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако „сино-белите“ со одлична последна четвртина, славеа со 75:66 над Пелистер. После првата четвртина, битолската екипа имаше предност од 18:17, а по тројката на Стојановски, „зелено-белите“ имаа и повисоки 21:17 на почетокот на вториот период. Без Луковиќ во рекетот, играчите на Пелистер имаа многу повеќе опции во нападот, ја искористија ...
Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, беа пронајдени мртви по пукотница во град во североисточна Британска Колумбија, соопшти полицијата. Во нападот беа повредени 25 лица. Шест од жртвите беа пронајдени во средното училиште „Тамблер Риџ“, две во куќа за која се верува дека е поврзана со инцидентот, а едно лице почина на пат кон болница. Иако полицијата сè уште официјално не го објавила идентитетот на напаѓачот, некои локални ...
59. “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” The work “Selected Papers for Macedonia” (2024) is a work of the Publishing House “Makedonska Iskra” from Skopje and the Macedonian Literary Society “Grigor Prlicev” from Sydney. It is printed on 488 pages in English, whose reviewers are Dušan Ristevski – Makedon and Victor Bivel from Sydney, Australia, as well as George Atanasovski from the USA. The book is sponsored by the “George Atanasovski” Foundation ...
Институциите избираат „мека имплементација“ на Законот за заштита од пушење, рече советникот во министерството за здравство, Никола Грбачевски при гостување во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21. Ова значи дека законот кој ги разбрани угостителите, нема да почне со целосна имплементација на 1 март. Според Грбачевски, власта не ретерира туку го намалува судирот меѓу јавноздравствената цел и економската реалност во угостителството. Сепак, тој не ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска изнесе нови обвинувања за сомнителни тендери и јавни набавки поврзани со една од, како што рече, омилените фирми на власта. Се работи за фирмата „Ленди груп“ за која посочи дека добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години. Наглиот раст на склучени договори со посочената фирма, според тврдењата на опозициската партија, започнал во 2024 година, ...
Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев најави на социјалните мрежи дека партијата ќе поднесе кривична пријава против поранешната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, која во петокот поднесе оставка. Апасиев тврди дека Ристовска наводно „дала неточни податоци во анкетниот лист со цел да ги прикрие фирмите поврзани со нејзините синови“, оценувајќи дека станува збор за кривично дело според Кривичниот ...
Сè додека нема промена на Уставот на Македонија и внесување на Бугарите во него, не може да има никакво придвижување и напредок на земјата кон членство во Европската Унија, изјави вршителката на должноста претседател на Бугарија, Илијана Јотова по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Минхен. Во рамките на Минхенската безбедносна конференција вчера со Кошта се сретна и македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Таа ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека поранешното раководство на СДСМ, со Зоран Заев и со Венко Филипче на чело, ја отстранило обвинителката Лејла Кадриу од функцијата со цел, како што наведува, да се спречи кривична одговорност за дел од тогашната владејачка структура. Од партијата посочуваат дека Кадриу била тргната токму во период кога постапувала по предмет поврзан со пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 луѓе. ...
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од ...
Илјадници луѓе денес излегоа на улиците низ Австралија во знак на протест против посетата на израелскиот претседател Исак Херцог, за време на која тој ќе патува во неколку градови за да ја изрази својата солидарност со еврејската заедница во земјата, по нападот на плажата Бонди на 14 декември во кој загинаа 15 лица, што е најлошиот напад што ја погоди Австралија во последните децении, пренесува Еј-би-си њуз. Сепак, посетата на израелскиот ...
Цвета Ристовска, член на Државна комисија за спречување на корупцијата, денеска поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во писменото известување, Ристовска ја објаснува причината за оставката: јавни полемики и сомнежи околу нејзиното работење во Комисијата. Таа нагласува дека во текот на целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во Комисијата, своите обврски ги извршувала законито, совесно ...
Македонската олимпијка Ана Цветановска денеска го заврши својот настап во трката на 10 километри на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026. Иако го освои 105-то место во генералниот пласман, она што е за поздрав е нејзиниот евидентен напредок и борбеноста на патеката. Најголемиот успех за Ана денеска не е позицијата на табелата, туку споредбата со нејзиниот настап на претходните Олимписки игри во Пекинг 2022. Ана успеа да го подобри ...
Францускиoт претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години ако не направи ништо да стане учесник, а не само набљудувач на светските случувања. – Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води до среќно покорување. Ние не му пречиме на никого, се обидуваме да бидеме добри кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и досега. Ви велам, ако не направиме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години, рече ...
Момче е уапсено под сомнение за убиство на 78-годишна жена во селото Челопек, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино бил уапсен на 13 февруари околу 19:30 часот во селото Драгоманце, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“. МВР наведува дека осомничениот се сомничи дека претходниот ден, на 12 февруари, во домот на жртвата физички ја нападнал 78-годишната ...
Според податоците од Меѓународната организиација на трудот (ILO), индикаторот Бруто домашен производ по одработен час во долари, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 долари по одработен час (1.768 денари), соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. „Македонија, а пред се македонските работници се продуктивни над светскиот просек (23,27 долари). Ако се пресмета на месечно ниво (168 работни часа), еден работник е продуктивен, ...
Интервентна „единица“ од кофи што ја собираат протечената дождовница, тавани оштетени од влага, раширена мувла на ѕидовите, а на нив потпрени најчестите „експонати“: џогери за собирање на водата од подот… Речиси нема граѓанин што не знае дека ваква е сликата од внатрешноста на Државниот архив на Македонија. А тоа е институција од посебен интерес за државата, надлежна за чување на целокупната документација од трајна вредност и историско ...
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши ...