Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина. Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие ...

Македонски средношколци освоија два бронзени медала на 2.Интернационална олимпијада по вештачка интелигенција (ИОВИ 2026), која од 23 до 27 февруари се одржа во Љубљана. Како што соопшти Здружението на информатичарите на Македонија, бронзените медали ги освоија Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, ученик во гимназијата „Мирче Ацев“, и Андреј Ангелов од Македонска Каменица, ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. ...

Власта да не ја префрла одговороноста кон Општина Крива Паланка, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) единствено може да ги одземе говедата кои слободно се шетаат низ градот, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски. Реакцијата на Митовски следи откако вчера од Агенцијата обвинија дека Општината и градоачалникот одбиваат да соработуваат за решавање на проблемот кој трае 15 години. „Обидите за ...

Кравите кои со години лутаат низ Крива Паланка и предизвикуваат штети на земјоделските поседи и во околните села, станаа ударна тема во Македонија. Проблемот, за кој со децении не се наоѓа решение, предизвика протести на локалното население и отвори жестока расправа меѓу Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кои си ја префрлаат одговорноста. Протести и реакции од жителите Во четвртокот (26.02), жителите на селата Трново, ...

Случајот со Артан Груби предизвика длабок политички раздор меѓу власта и опозицијата, отворајќи прашања за судската независност и безбедносните проценки. Додека СДСМ обвинува за политички договор, ВМРО-ДПМНЕ сугерира дека стравот од сведочењата за минатиот криминал е главниот мотив за нервозата кај поранешните функционери. Централниот конфликт во случајот со Артан Груби се фокусира на одлуката на Обвинителството да побара куќен притвор ...

Нема потреба од повлекување на предлог-законот за високо образование, бидејќи секое негово одложување би било на штета на високото образование, студентите и младите во државата – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање дали законското решение ќе се врати на доработка. Таа посочи дека бројот на забелешки од универзитетите не е голем, при што дел од нив се повторуваат, а сите аргументирани и ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска потврди дека и таа е запознаена со идеите што се дискутирале во Брисел за забрзано пристапување на Украина во Европската Унија (ЕУ), заедно со Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, но без право на глас, а кои неодамна во телевизиско интервју ги откри премиерот Христијан Мицкоски. Но, како што вели таа, не може да ги коментира, сè додека тие не дојдат на маса како официјален ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекинаа серијата од четири порази во Лигата на шампиони, откако вечерва освоија бод на гостински терен во дуелот со ГОГ Гудме, одигрувајќи нерешено 28-28 (11-15) во рамки на 12. коло во групата Б. Македонскиот шампион резервирано влезе на натпреварот довозлувајќи му на данскиот првак да го контролира резултатот од самиот почеток и да дојде до највисоко водство од пет голови разлика (13-8) во првото ...

Францускиот Лил победнички си заминува од гостувањето во Белград, откако успеа да ја елиминира Црвена ѕвезда во плејофот за пласман во осминафиналето на Лига на Европа. Лил славеше со 2:0 на стадионот „Рајко Митиќ“ и тоа во меч кој траеше 120 минути. По регуларните 90 минути, гостите имаа предност од 1:0 благодарение на голот на искусниот Оливие Жиру постигнат уште во петата минута. Со тој гол Лил на анулира негативата од 0:1 што ја имаше од ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз од Феникс, иако Лука Дончиќ реализираше 41 поен, кои се покажаа недоволни за победа. Јунак на дуелот беше Ројс О’Нил, кој постигна тројка на 0,9 секунди пред крајот на дуелот. Феникс до важната победа стигна, иако во текот на дуелот имаше и двоцифрена предност. Клуч за победата беше извонредниот шут за три поени 22 реализирани тројки од 50 обиди (44 отсто). Во редовите на „езерџиите“ Дончиќ покрај ...

Норвешки Бодо/Глимт е сензацијата на плеј-оф рундата во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. Норвежаните и вечерва успеаја да го совладаат Интер, овој пат на гостински терен со 1:2 и да им покажат на сите „неверници“ дека победата од 3:1 на домашен терен во првиот меч не беше воопшто случајна. Италијанскиот гигант и главен кандидат за Скудетото, се прости од Лигата на шампионите уште во оваа рунда, иако во ...

Немесио Осегуера, познат како „Ел Менчо“, водач на моќниот Картел на новата генерација Халиско (ЦХНГ), е убиен за време на воена рација, потврдија локалните власти. Осегуера (60) беше еден од најбараните криминалци во Мексико и САД, а ЦЈНГ е одговорен за шверцување големи количини дрога, вклучително и фентанил, јавија американските медиуми, пренесува МИА. САД понудија награда од 15 милиони долари за информации кои би довеле до апсење или ...

Развојот на хотелот кула „Трамп интернејшнл“ на Голд Коуст е мојата цел речиси 20 години, и тоа ќе биде највисоката зграда во Австралија пред крајот на оваа деценија – изјави извршниот директор на „Алтус“, Дејвид Јанг. – Со висина од 340 метри и 91 кат, ќе ја надмине зградата „Австралија 108“ во Мелбурн за 15 метри и ќе ги остави сите други австралиски одморалишта зад себе кога станува збор за луксуз… Изградбата на кулата во рамките на ...

Уставните измени остануваат клучни за продолжување на преговорите на Македонија со ЕУ, но одговорноста за застојот не е само во Скопје туку и во Брисел – порачаа денес повеќе европарламентарци, расправајќи по извештајот на Томас Вајц за нашата држава. Нови, во споредба со лани, беа барањето европската дипломатија да се вклучи повеќе во барањето решение, намалената агресивност на бугарските европратеници и пораката дека граѓаните во Македонија ...

За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска седница. Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. „Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и сè додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија што ќе знаат дека има меко ткиво во ...

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди во корист на затвореникот Фитим Муслиу кој во август 2022 година ја тужеше земјава поради повреда на членот 3 од Европската конвенција за човекови права. Во тужбата тој тврдеше дека бил изложен на нечовечко постапување од страна на затворски службеник, а дека домашните власти не спровеле ефективна истрага за случајот. Предметот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога осуденикот бил ...

Ученик во ООУ „Киро Глигоров“ во Капиштец донел нож во својот ранец за време на наставата. За настанот реагираа родители на ученици од истото одделение, а информацијата е потврдена и преку вонредниот инспекциски надзор спроведен од Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Според наодите од надзорот до кој дојде Мета, инспекторите непосредно по инцидентот кој се случил на 9 овој месец, биле во училиштето, а на состанокот присуствувале ...

Пред дваесет и две години на 26 февруари во Ротимље близу Мостар во авионска несреќа животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица и во Ротимље. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски во Градските гробишта ...

Советот за оценка на обвинителен акт, при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по оцена на два обвинителни акти поднесени од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по одржани седници и ценејќи ги фактите и доказите во двете обвиненија донесе решенија со кои ги одобрува и двата обвинителни акти. „Обвинителниот акт со КОК – ооа 4/26, против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле ...

Познати се сите 16 учесници во осминафиналето, во овогодинешната Лига на шампиони. Вечерва пласман изборија: Аталанта, ПСЖ, Реал Мадрид и Галатасарај. Сите овие тимови одат на левата страна од костурот, исто како што победниците од вторникот (Атлетико, Њукасл, Баер Леверкузен, Боде/ Глимт) отидоа на десната страна. Познато е кои противници можат да ги добијат победниците во баражот. ПСЖ – Барселона/Челзи Галатасарај – Ливерпул/Тотенхем Реал ...

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN Macedonia is traditionally an emigrational region from which emigrational movement of the Macedonian people and movement to the transoceanic and other countries took place toward the mid 19th century. Such movements were especially emphasized during the second half of the 19th century and were known as “pechalba” (going abroad for economic reasons). With a ranging scale and ...

Ракометарите на Вардар ја постигнаа првата победа од главната фаза во Лига Европа откако вечерва го совладаа германскиот тим Мелсунген со 37:33. Со оваа победа Вардар се израмни бодовно со Бенфика во групата 3. Гостите од Германија по 3:3 направија серија од 7-1 за водство од 10:4. Во тој период избраниците на Иван Чупиќ правеа многу технички грешки, но сепак во завршницата на првиот дел го намалија водството на ривалот за 18:19 на полувреме. ...

На денешното судење за катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март 2025 година во кочанската дискотека „Пулс“, двајца сведоци – музичарите што биле на бина – детално ги опишаа моментите на ужас и хаос додека огнот беснееше. Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК, сведочеше за пеколот што го доживеале: кога избувнал пожарот почувствувала силна топлина и густ мирис што „нè тераше на спиење“, а во стампедото била приклештена и само ...

Погрешната првична проценка дека станува збор за природна смрт, за малку ќе ја закопаше и вистината за трагичната судбина на починатата Р.Т., жената од Куманово која пред еден месец беше погребана без трунка сомнеж дека нејзиниот живот згаснал од убиец. Како што дознаваме од наши извори, обдукцијата по наредената ексхумација утврди дека се работи за насилна смрт, но се чекаат официјални одговори дали на телото на починатата се најдени траги ...

Владата планира изградба на нови експресни патишта во наредниот период, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – Сега во соработка со ЕУ треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. На Влада ги поминавме основните документи за експресен пат од Кочани до граница со Бугарија. Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со ...

Здружението на јавните обвинители побара од Собранието да ја повлече од дневен ред точката за изменување на Законот за платите на јавните обвинители. Велат дека се свесни за економската состојба во државата и потребата од мерки за штедење, но потсетуваат дека согласно Законот за платите на јавните обвинители, платата не може да биде намалена со закон или со одлука на државен орган, освен во случај на утврдена дисциплинска одговорност. ...

Поранешниот премиер Зоран Заев поднесе тужба за клевета против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, и против Жан Митрев – кардиохирург и сопственик на истоимената приватна клиника во Скопје. Тужбите се поднесени до Основниот суд Струмица, а со нив Заев бара утврдување на одговорност и отштета од вкупно еден милион денари – по 500 000 денари од секој предмет. Надоместокот, како што информира експремиерот во објава на Фејсбук, ќе биде ...

Сакајќи да се испере од скандалозната одлука за одредување куќен притвор на поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби, Обвинителството се заплетка и директно го закопа премиерот Христијан Мицкоски. Се покажа „дилот“, си е договорено. Ова на денешната прес-конференција го рече портпаролката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Богданка Кузеска, коментирајќи го вчерашното објаснување на Јавното обвинителство на Република ...

Ноќта кон недела, на 22 февруари 2026 година, американските федерални служби повторно се соочија со сценарио што до пред неколку години ќе звучеше како „исклучок“, а денес се третира како ризик што мора да се пресретне во секунди: вооружен човек влегол во безбедносниот периметар околу Мар-а-Лаго и бил убиен во размена на оган со Тајната служба на САД и локален заменик-шериф. Според официјалните информации што ги пренесуваат светските агенции, ...

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност процениле дека поранешниот вицепремиер Артан Груби нема да биде безбеден во затворот Шутка и затоа била побарана мерка „домашен притвор“. Ова денеска го соопштија од Јавното обвинителство по реакциите за обезбедување куќен притвор за Груби кој е обвинет во предметот „Државна лотарија“, „Обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
69%
1019
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
73%
1021
weather icon

Софија

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
54%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.45
71%
1019
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.17
45%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1014
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
59%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.13
59%
1019
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
57%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
77%
1018
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Платина

68995.50

Паладиум

50508.82

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Калај

50.19

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Алуминиум

3.64

Злато

154701.23

Рутениум

56199.51

Бакар

12.22

Сребро

2561.63