Пресретнувачи на НАТО оваа недела беа повторно подигнати откако руски борбени авиони прелетале над Балтичкото Море, соопшти Алијансата. Унгарски борбени авиони биле распоредени за да ги идентификуваат и придружуваат пет воени летала близу воздушниот простор на НАТО покрај брегот на Летонија, пренесе ДПА. Откриената формација вклучувала три авиони МиГ-31, еден Сухој Су-30 и еден Сухој Су-35, кои „не се придржувале кон меѓународните правила за ...

Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас, соопштија од опозициската партија. – Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, секојдневно ја дискредитира својата функција со контрадикторни изјави – наутро тврди ...

Тензична беше атмосферата синоќа во Виница, откако кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ претепал друг кандидат за советник од редовите на партијата на Шабан Салиу, објави „Инфомакс“. Според информациите на порталот, кандидатот со иницијали Д.М. тешко го повредил претепаниот И.С., а тој неофицијално е во кома и лекарите се борат за да го спасат неговиот живот. Ова наводно било вторпат во рок од две недели Д.М. да го напаѓа И.С. На снимка од синоќа ...

Познатиот иселеник д-р Лефтер Методиев Манче кој е дете прогонето од Егејска Македонија, а кој постана светски естетски хирург, трансплантер и асистент университетски професор, на 28 септемсри 2025 година, во хотелот „Мериот“ во Скопје, заедно со бројни роднини, другари, колеги, и пријатели од сите делови на Македонија, го прослави неговиот 90. Роденден со промоција на Фондацијата “Доктор Лефтер Манче”. По интонирањето на македонската национална ...

Книгоиздателство “Матица македонска“ ја објави моногафијата “Античка македонска архитектура и урбанизам” од Меланија Шерденковска. За првпат пред македонската и светската јавност се афирмираат изворната античка македонска архитектура и урбанизам. За првпат, на научно ниво, детално се анализираат и пред стручната и пошироката македонска и светска јавност се презентираат и афирмираат карактеристиките на изворната античка македонска архитектура и ...

Кандидатот за советник во општина Виница од партијата Демократски сили на Ромите и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера беше претепан во Виница, и натаму е во кома и во тешка состојба е префрлен од Ургентниот центар на Клиниката за неврологија, објави ТВ „24“. Како што тврдат роднините на Имит Скопко, кој е на советничката листа за претстојните избори, нападот извршен од друг кандидат за советник од истата коалиција, има политичка позадина. ...

Откако вторпат за една недела беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на Данска, властите во државата соопштија дека се чини оти дроновите што летаат над нејзините аеродроми се дело на „професионален актер“ како дел од хибриден напад кој има за цел да всади страв. Министерот за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен, на прес-конференција изјави дека хибридниот напад бил дел од систематска операција, но рече дека уредите биле лансирани ...

Опозициската Левица која е единствената партија која не може да се рекламира за време на политичката кампања за локалните избори поднесе претставка за групна политичка дискриминација и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Ова е последната инстанца до која партијата бара интервенција на спорното упатство што го донесе Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги кое произлегува од Изборниот законик за кој партијата иако бара ...

СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција. Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко ...

На 28 септември беше осветена новата црква „Св. Константин и Елена“ која се наоѓа во центарот на Скопје. Чинот на ослетувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан во сослужение на голем број свештенослужители, а во присуство на голем број верници и личности од политичкиот и културниот живот, меѓу другото, тој го рече следното: „Овој храм убавец е радост за сите сетила и со него ...

По скоро година дена од мега-аферата, Судски совет собра сила и Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети е разрешен од функцијата. Заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тој пред 11 месеци беше ставен на т.н. црна листа на САД, бидејќи примал мито и одолговлекувал предмети поврзани со поранешниот прв човек на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), ...

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со тешки повреди на главата, го прживеа нападот. На местото на настанот загина неговиот возач Александар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател Илчо Теовски. Од последиците од експлозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски, ...

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14). Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место. Вардар ...

Дербито на второто коло во Лигата на шампионите се одигра во Барселона каде актуелниот европски првак ПСЖ славеше победа со пресврт. Иако шпанскиот тим поведе уште во 19.минута со голот на Феран Торес, сепак неа успеа да освои ниту еден бод. За тоа се погрижија, Мајулу во 38.минута и Гонзало Рамос со голот во 90-тата минута, Со ист резултат 2-1, но за домаќините заврши и дуелот во Неапол. Италијанскиот шампон Наполи со двата гола на Хојлунд ...

Првите натпревари од второто коло во Лига Европа, го обележа натпреварот на „Олимпико“ во Рим. Рома три пати промаши еден ист пенал и загуби од Лилсо 0:1. Фудбалерите на лил поведоа во шестата минута, кога грешката во одбраната на Рома ја казни Харалдсон. Она што го обележа натпреварот се случи во 82-та минута. ВАР и додели пенал на Рома, одговорноста ја презеде Довбик. Голманот Озер го одбрани пеналот, но излегол пред време од гол-линијата и ...

Инспекторите од Управата за јавни приходи кои комуницирале со синот на газдата во кочанската дискотека на смртта се суспендирани се додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба, велат од УЈП откако двајца даночни инспектори се најдоа во пораките што беа објавени во документарецот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), а еден од нив и е брат на претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска. -Во објавата беа ...

Од 12 октомври годинава, Европската Унија започнува со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026, информира Министерството за внатрешни работи(МВР). Овој нов дигитален систем ќе ја замени досегашната практика на ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци, фотографија и отпечатоци од прсти, како и прецизни записи за датумите на влез и излез. Како што ...

Од денеска во Канцеларијата на Народниот правобранител започна со работа бесплатната телефонска линија 0800 54321, на која граѓаните ќе можат да пријават какви било повреди на нивните права за време на изборната кампања, како и на денот на одржување на Локалните избори. Од институцијата информираат дека по секоја пријава ќе се постапува веднаш, а доколку поплаките пристигнат по завршувањето на работното време, по 16 часот, тие ќе бидат снимени и ...

Алармантна е состојбата со младите до 18 години кои пушат цигари, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи. На денешната регионална работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, ...

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 проценти. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка ...

САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН поради фактот што неколку големи западни земји неодамна ја признаа палестинската држава. Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц во излагање пред Советот за безбедност на ОН ја „перформативна“ конференцијата на ОН за промовирање на решението за две држави на Блискиот Исток, чии домаќини беа Франција и Саудиска Арабија. – За жал, вчерашната конференција зборуваше за домашната публика, но ќе ја ...

По триумфот над Вардар пред неколку дена, австралискиот состав Престон Лајонс одигра уште еден контролен меч во Македонија, овојпат против Пелистер. Во пријателска атмосфера и фер игра „зелено-белите“ од Битола успеаја да извојуваат минимална победа од 1-0. Дуелот се одигра на стадионот во Новаци, каде што првото полувреме мина без голови. Клучниот момент се случи во продолжението од натпреварот, кога судијата досуди пенал за Пелистер по игра со ...

Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер со победа го отвори 4.коло од Супер лигата. Битолчани без проблеми ја совладаа Струга со 45:24 (20:16). Неизвесно беше само во првите 18 минути, а потоа домашниот тим ја потврди фаворитската улога. Најефикасен на дуелот беше Рудолф Хакбарт со 9 голови, а Петар Атанасијевиќ постигна 8. Со оваа победа Е.Пелистер изби на чело на табелата со 7 бодови, еден повеќе од Вардар, но и натпревар повеќе. Сите други ...

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека НАТО концентрира воени единици во Романија во близина на границата со Молдавија и дека постои план за истоварување и во украинската Одеската област. Според соопштението, целта е окупација на Молдавија и притисок врз регионот Приднестровје. Разузнавањето наведува дека први војници од Франција и од Велика Британија веќе пристигнале, а Европската Унија наводно е „одлучна да ја задржи Молдавија ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пред малку едногласно го усвоила упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, со што партијата Левица останува без можност за платено политичко рекламирање. Информацијата ја потврди претседателот на АВМУ, Зоран Трајчевски. -Упатството е усвоено. Предлозите на Левица како спротивни на Изборниот законик не се прифатени. Членовите на Советот едногласно го усвоија – вели ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Соединетите Американски Држави, што се одржа во Њујорк. Сиљановска-Давкова порача дека посакува и во следните 30 години да го продолжиме стратешкото партнерство со САД бидејќи живееме во турбулентни времиња во кои е неопходна меѓусебна поддршка на глобален план. Обраќајќи им се на претставниците од ...

Предлог резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, предложена од СДСМ, ќе се „пегла“ по изборите. Истата до моментов не предизвика поголемо медиумско внимание во соседна Бугарија, а и оние кои ја пренесоа информацијата за неа, повеќе ги видоа роковите. „Рок за усвојување на уставните измени и без нови барања од Бугарија предлага СДСМ во резолуција што ...

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како полициските службеници самите не ги почитуваат новите сообраќајни правила. На фотографијата се забележува група полицајци кои преминуваат на пешачки премин на булевар во Скопје, при што еден од нив зборува на телефон, а друг гледа во телефонот кој го држи во рака. Ситуацијата е во судир со новите прописи во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои од 27 септември ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ги отвори вратите за нова генерација студенти, за сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век. На вистинското место сте, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите ...

Џузепе Марота, претседателот на Интер, во петокот учествуваше на конференцијата на Универзитетот во Милано, на која рече дека италијанската фудбалска лига (Серија А) ја изгубила својата вредност, а како пример го наведе доаѓањето на Лука Модриќ на 40-годишна возраст. „Серија А ја изгубила својата вредност и станала транзициско натпреварување во кое играчите се само минливи“, рече 68-годишниот Марота. Како пример, тој го наведе летниот трансфер ...

weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / -3ᴼ
0.51
88%
1021
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
68%
1023
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.34
88%
1022
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
90%
1021
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
82%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.34
94%
1022
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
100%
1022
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1022
Currency

61.525

Currency

53.0901

Currency

70.1569

Currency

34.6746

Currency

37.9141

Currency

65.9323

Currency

7.4921

Currency

0.682

Currency

0.34103

Currency

0.52443

Currency

1.24727

Currency

0.5921

Иридиум

145787.60

Кобалт

55.67

Рутениум

29192.88

Платина

53335.15

Цинк

3.25

Сребро

1861.11

Калај

39.30

Никел

471217.42

Родиум

258009.74

Паладиум

45043.20

Бакар

10.60

Злато

136226.64