Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Корисниците од село Мралино, бензинска пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма во општина Илинден денеска од 6 до 13 часот ќе немаат електрична енергија поради планирани технички интервенции. Имено, регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), по известување добиено од „ЕВН Македонија“, соопшти дека од 9 до 14 часот струја ќе немаат и дел од корисниците во село Нова Брезница во општина Сопиште и во истиот период ...
АМСМ информира дека собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 28 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Екипата на Е.Пелистер, во сезоната што претстои ќе биде наш претставник во групната фаза од Лигата на Европа. Во рамките од првото коло, во Битола на 30. септември пристигнува екипата на Ла Риоха. Покрај овој противник, Е.Пелистер се соочува уште и со екипите на Гумерсбах, и Гдањск. Целиот распоред на мечевите на Е.Пелистер во групната фаза во продолжение: 1.коло 30 септември, 20.45 Еурофарм Пелистер – Ла Риоха 2.коло 6 октомври, 18.45 ...
На четвртиот ден од Европското првенство во атлетика во Бирмингем беа доделени медали во неколку клучни дисциплини. На 200 метри во женска конкуренција нова европска шампионка е Ејми Хант од Велика Британија, рпед Рашидат Аделеке од Ирска и Дина Ашер-Смит од Велика Британија. Mарк Инглиш e прв машки шампион на Ирска на европските првенства на отворено. Тој доминантно победи на 800 метри, победувајќи ги Марино Блоудек од Хрватска и Мохамед ...
Македонската кадетска репрезентација не успеа да дојде до почетна победа во битката за пласман на Европското првенство “Б“ Дивизија. Нашите кошаркари беа совладани од Ирска со 83-58. Ирска победата ја обезбеди во третата четвртина која ја заврши со 25-8. Токму овој дел беше клучен за крајнио исход. Зунзуровски, Коневски и Шабани беа стрелци на 13 поени. Македонската кадетска репрезентација не успеа да дојде до почетна победа во битката за ...
Лос Анџелес Лејкерс повторно ќе добие нови сопственици откако е договорена уште една продажба на франшизата. Американските бизнисмени Џош Кушнер и Боб Ајгер ќе го купат клубот за 12,5 милијарди долари, што претставува нов рекорд за еден американски спортски тим. Откако Леброн Џејмс ги напушти „езерџиите“, Лука Дончиќ е главното лице на франшизата. Промената дури и започна уште на почетокот на минатата сезона, кога Џејмс ја промени својата ...
Португалскиот тренер имал состанок со раководството и на него било јасно посочено кои фудбалери не се во неговите планови и треба да си најдат нов клуб до крајот на преодниот рок, а постои и група играчи која може да замине ако Милан добие соодветна понуда. Фофана е првиот прецртан играч од страна на Аморим, на тој список дефинитивно се и Кристофер Нкунку, Фикајо Томори и Давид Одогу. Мало изненадување е што Аморим лесно се откажа од Нкунку ...
Фудбалскиот клуб Јувентус успеа да му го договори посакуваното засилување за одбраната на Лучијано Спалети и на почетокот на следната недела, во Торино на промоција пристигнува Џон Лукуми. Преговорите меѓу Болоња и Јувентус завршија, но на крајот бил постигнат договор за трансферот и тој ќе биде реализиран. Фудбалскиот клуб на Јувентус ќе го чини 20 милиони евра плус евентуални бонуси, што беше и очекувана сума, ако се знае дека до јули ...
Се одигра натпреварите и од вториот ден на 54. меѓународен ракометен турнир Струга во кои славеа ГРК Охрид и РК Прилеп. Играчите на Прилеп славеа со 31:29 против Бутел и е во предност за второто место во групата А што носи борба за третата позиција на турнирот. од најзаслужните за победата на Прилеп беше голманот Трајкоски кој запиша 16 одбрани. Од стрелците најефикасен беше Шипинкоски со шест погодоци, а на спротивната страна во поразениот ...
Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во Истанбул (Турција) од 2 до 7 февруари 2027 година, објави прес-службата на Кралската шпанска фудбалска федерација. За трофејот ќе се борат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад. Натпреварите ќе се одржат на Олимпискиот стадион „Ататурк“. Од 2020 година, Шпанскиот Суперкуп се одржува во Саудиска Арабија. Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во Истанбул (Турција) од 2 до 7 февруари 2027 година, ...
Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста за кривична одговорност од 15 на 14 години, додека десничарската влада се подготвува за општи избори, ветувајќи дека ќе го намали криминалот. Владата сакаше да ја намали возраста на која децата би можеле да бидат испратени во затвор на 13 години, но мораше да го повлече предлогот во јуни откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот. Вкупно 281 пратеник гласаа за 14 години, ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], ...
Охридскиот договор не беше договор на победници и поразени, беше договор со кој државата доби можност да продолжи напред, да се развива и да го трасира патот за идните генерации. Соживотот не значи само да живееме едни покрај други туку и едни со други и едни за други. Денес не се навраќаме на минатото за да ги оживееме старите поделби. Му се навраќаме за подобро да разбереме што нè одржа заедно, беше истакнато на настанот што се одржа ...
Состојбата со пожарот во атарот на село Лознани, Општина Могила е алармантна. Огнот се спушти до првите куќи. Линијата на огнот е долга со километри и во гаснењето на терен учествуваат битолските пожарникари, а активирани се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов во видео од терен информира дека благодарение на битолските пожарникари и неколку селани е спречена голема ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека полските власти уапсиле руски државјанин, регрутиран од руските разузнавачки служби, со задача да ликвидира лице со двојно, американско и украинско државјанство во Варшава. -Оваа мета се сметала за особено незгодна за режимот на Владимир Путин – изјави Туск, нагласувајќи дека ова е прв случај во кој „некој по налог на Русија“ се обидел да нападне американски граѓанин на територија на ...
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени ...
Денеска го посетив „Спомен-домот на браќата Миладиновци“ во Струга, убава стара куќа во која со слика и реч е раскажана семејната приказна на Миладиновци, објави на својата Фејсбук страница претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова. Во неа е сместена НУ „Струшки вечери на поезијата“. Таа 65 годишна институција одамна ги пречекори државните и национални граници и стана светски познат културен синоним за врвна поезија ...
Пожарот што избувна во туристичкото место Сивири на првиот крак на Халкидики предизвика голема евакуација на жители и туристи, при што крајбрежната стража и други пловни објекти спасуваа луѓе од плажите. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола, но силниот ветер значително го отежнувал неговото гаснење. Евидентирана е материјална штета на куќи, како и на објекти од биолошкиот третман во подрачјето. Во големата спасувачка операција од ...
Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат. Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на новинарството и медиумите. Неговата ...
Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...
Пожарот во шумата над селото Габер е проширен и се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, поради што за негово гаснење се ангажирани три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи, информираат од Центарот за управување со кризи. Ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува ...
Бројот на загинати цивили во Украина во текот на јули достигна највисоко ниво од мај 2022 година досега, покажува денеска објавениот извештај на Обединетите нации. Најмалку 437 цивили биле убиени, а 2.610 биле ранети минатиот месец, што претставува зголемување од 30 отсто во однос на јуни и дури 70 отсто во споредба со јули минатата година, предупреди Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина. „Бројот на загинатите достигна ...
Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...
СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката. Ако не можете да ...
Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...