Хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура соопшти дека Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море, во Риека, во соработка со Капетанија на Сплит и придружните ограноци, спаси значителен број луѓе од опасни ситуации на море во текот на ноќта. Спасувачките активности кои траеле три часа, започнале откако институциите добиле пријави дека голем број луѓе со деца се во морето и на пловила без надзор, ...

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница. Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, во ...

СДС и актуелното раководство никако да почнат барем малку да личат како сериозна опозиција. Претседателот на СДС, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со ...

ОпенАИ, американска компанија, моментално работи со темпо што би можело да ѝ донесе повеќе од 40 милијарди долари приходи до крајот на годината, јави Блумберг повикувајќи се на извори кои се запознати со работењето на компанијата. Тоа би било приближно двојно повеќе од износот од крајот на 2025 година и дополнително би ја зајакнало позицијата на компанијата пред потенцијално излегување на берза. Растот на приходите на ОпенАИ се забрза во ...

Јапонски тим научници објави дека се на работ на вакцина што ќе ги уништи застарените, уште наречени и „зомби“ клетки, чијшто број се зголемува со возраста и што влијаат на околните клетки, што доведува до нарушувања поврзани со возраста, вклучително и намалена еластичност на артериите. Застарените тн. „зомби“ клетки што престанале да се делат, но не умираат, предизвикуваат воспаление со ослободување хемиски соединенија што ги оштетуваат ...

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се венчаа по девет години врска. Се надеваме дека ќе живеат „среќно до крајот на животот“, но хипотетички, еве што би се случило доколку парот во одреден момент одлучи да се раздели. Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо пред неколку дена се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез. Веста ја објавија со фотографија од венчалните прстени на Инстаграм, а на интимната свадба ...

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на ...

Од почетокот на јули досега во Франција се приведени 474 лица под сомнение за подметнување пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа држава. Меѓу приведените има 183 малолетници, или речиси 39 проценти од вкупниот број. Француското МВР на почетокот на август објави дека две третини од апсењата се поврзани со сомнение за намерно подметнување пожар. Нов шумски пожар избувна утрово во департманот Ланд во југозападна ...

Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири останува затворен и не е дозволен пристап, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Касандра информираа дека ...

Аеродром добива нови простори за спорт, рекреација и активен живот. Во паркот „Патрик“ поставена е првата од вкупно пет нови фитнес зони што Општина Аеродром ги планира за оваа година, со што продолжуваат активностите за создавање современи и достапни услови за физичка активност на отворено. Во следниот период нови фитнес зони ќе бидат поставени и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче, со што граѓаните од повеќе населби ќе ...

Главните валутни парови утрово бележат минимални промени, при што еврото оствари благо зајакнување во однос на американскиот долар. Еврото се тргуваше по 1,1534 долари, што претставува раст од 0,08 отсто. Во текот на тргувањето, курсот се движеше во распон од 1,1511 до 1,1536 долари. Американскиот долар благо ослабе во однос на јапонскиот јен, достигнувајќи 159,35 јени, со пад од 0,04 отсто. Еврото, пак, минимално зајакна во однос на јенот и ...

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови ...

Индонезиската влада ќе затвори повеќе од 750 државни претпријатија до крајот на оваа година, изјави денеска индонезискиот претседател Прабово Субианто. Шефот на државата, исто така, рече дека размислува за формирање специјализиран суд за истражување на активностите на претпријатијата што бележат загуби. „Има премногу државни претпријатија што се непродуктивни, што секогаш пријавуваат загуби, а се преправаат дека пријавуваат профит. Овие ...

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани повеќедневни стручни консултации за понатамошниот третман на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани. По иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, беше организирана експертска посета од страна на суб. спец. д-р Игор Маљковиќ, искусен пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во ...

Само неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај в година. Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ. Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.145 евра за 6 ноќевања (10. – 16 мај 2027) за двајца возрасни. За споредба, тој апартман чини 857 ...

Црна Гора и Украина активно договараат датум за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако таа беше откажана лани во последен момент. -За тоа активно се дискутира. Украинската страна останува заинтересирана за реализација. Утврдувањето на конкретниот датум моментално е на дневен ред, соопшти Амбасадата на Украина за подгорички „Дан“. Зеленски беше во Белград минатата недела. Неговото пристигнување во Подгорица беше ...

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, ...

По десет години, Инстаграм го промени својот препознатлив жиг, односно натписот со името на платформата. Новиот дизајн задржува дел од карактеристичниот ракописен стил, но носи различни форми на букви и помодерен изглед. Претходниот натпис беше воведен во 2016 година, кога Инстаграм претстави голем редизајн на својот визуелен идентитет. Новата верзија сега комбинира рачно напишани и класични форми на букви, обидувајќи се да ја задржи ...

Тори Спелинг денеска на еден од своите филмски ангажмани гледа како на особено непријатно поглавје од својата кариера. Станува збор за научнофантастичната комедија „Evil Alien Conquerors“ од 2003 година, проект од кој очекувала да ѝ ги отвори вратите кон поголеми комични улоги. Актерката за снимањето зборуваше за време на гостувањето во подкастот на Стивен Болдвин „One Bad Movie“. Таа објасни дека по повеќегодишната улога на Дона Мартин во ...

Во Куманово ќе се спроведе четвртиот терестички третман против возрасната форма на комарци, а во наредните денови ќе се изврши и вториот третман против крлежи на зелените градски површини и градскиот кеј, информираат од Општина Куманово. Четвртиот терестички третман против комарци ќе се спроведе на 18 август, со почеток во 00:00 часот и ќе трае до раните утрински часови. Дезинсекцијата ќе опфати повеќе локации во Куманово и околината, меѓу ...

Во американското финале на Мастерсот во Монтреал Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6(4)) го совлада Брендон Накашима. Ова за него е втор освоен Мастерс 1000 и вкупно седма титула во кариерата. Ова беше прво американско финале на Мастерс 1000 по Синсинати 2003 година. – Да се игра на начинот на кој играв оваа недела е навистина добро. Особено е добро е што не изгубив ниту еден сет, мислам дека тоа многу зборува за трудот што го вложив, но ...

Чувството на постојан замор и недоволната енергија во текот на денот не мора да биде само поради стрес или недостаток на сон. Нивото на енергија може да биде под влијание и на секојдневните навики на коишто честопати не се обрнува доволно внимание. Исхраната, меѓу друго, има важна улога. Недоволниот внес на железо може да биде поврзан со чувство на исцрпеност, раздразливост и лоша концентрација. Затоа можете да вклучите храна како грав, ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска ги прими младите ракометарки од училишната екипа „АСТРА“ при ООУ „Тихомир Милошевски“, кои остварија извонреден успех на Спортските игри за млади – „Плазма“, освојувајќи го првото место на државно ниво во ракомет. Со овој резултат, младите спортистки од Ѓорче Петров се изборија за учество на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе ја претставуваат Македонија и ќе се ...

Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. – За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија прави уште еден значаен чекор напред и што, заедно со ...

Кинеската платформа за онлајн продажба на облека Шеин планира да ги зголеми цените на своите производи во Европа за да покрие дел од дополнителните трошоци предизвикани од новата европска такса за мали пратки што пристигнуваат од земји надвор од ЕУ. Ова се наведува во документацијата што компанијата ја доставила до берзата во Хонгконг. Од Шеин предупредуваат дека повисоките цени краткорочно би можеле да доведат до намалување на продажбата, а ...

Над 1.000 лица се евакуирани по пожарот кој вчера беснееше во Омиш, Хрватска. Утринава сцените се апокалиптични, изгорени куќи, пеплосани автомобили, лица со алишта и куфери кои го напуштаат градот. Градските власти во Омиш објавија локации кои се приемни центри за евакуираните лица погодени од страшниот пожар. Покрај во Омиш, евакуираните може да побараат помош или засолниште и во Сплит и Макарска. За оваа намена се отворени вратите на ...

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време. Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и за време на викендите и неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни надзори и обиколки на ...

Некои луѓе лесно ги кријат своите емоции, додека други секој збор, поглед или постапка ги доживуваат многу интензивно. Според астролозите, два хороскопски знака особено се издвојуваат по својата чувствителност, емпатија и силна емоционална природа. Рак Ракот важи за најемотивниот знак во Зодијакот. Луѓето родени во овој знак се длабоко поврзани со семејството, блиските и спомените. Тие лесно се врзуваат за луѓето и често ги ставаат туѓите ...

Маж ја запросил својата девојка за време на затемнувањето на Сонцето, а неговата постапка ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. – Го испланиравме моментот, го чекавме зајдисонцето и му дозволивме на затемнувањето да го направи своето, напишал неговиот пријател, додавајќи дека фотографиите од романтичниот момент веднаш ја поттикнале љубопитноста на јавноста. „Ова е прекрасно“, „Неверојатно“, „Секоја чест, навистина“, се само дел од ...

Пластичната фолија, позната и како проѕирна фолија, често се користи за херметичко затворање на храната и покривање чинии со остатоци од храна. Сепак, постојат ситуации во кои е подобро да се користи соодветна алтернатива. Како што знаете, пластиката не е секогаш најдобро решение и, кога сте во можност, треба да ја избегнувате. Не користете ја на високи температури Пластичната фолија може да издржи одредени ниски температури, но на високи ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
28%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
6.5
29%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
30%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
88%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.84
27%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
1.79
39%
1018
weather icon

Атина

38ᴼ / 36ᴼ
6.69
29%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 34ᴼ
4.63
39%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.63
26%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 24ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
30%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
10.29
94%
1015
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Злато

149009.07

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Паладиум

42824.79

Платина

60379.10

Калај

56.14

Иридиум

252383.36

Бакар

13.17

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

282926.57

Сребро

2214.40