На 18.08.2026 во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал Т.Б.(82) во Скопје. -Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информира МВР. На 18.08.2026 во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје ...

Европската Унија има силен интерес за проширување, а со тоа и интерес последните пречки за напредокот на Северна Македонија да бидат отстранети. Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава. -Тоа веќе не е билатерално прашање меѓу Северна Македонија и Бугарија, туку, врз ...

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. – Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните ...

Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави градоначалникот Дејан Митески. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи во ОУ „Александар Македонски“, Митески рече дека општината ги следи препораките на надлежните институции и веќе е спроведено вонредно прскање против ...

Охриѓанец кој чека трансплантација на срце со владиниот авион се транспортира од Берлин, Германија. Од СОЗР потврдија дека пациентот е со тешка срцева болест и подолго време бил хоспитализиран на Клиниката за кардиохирургија, а бил квалификуван за трансплантација на срце. Бидејќи неговата здравствена состојба се влошува и бара побрз третман, а во земјава нема соодветен донор за да се изврши трансплантацијата, одобрен е авионскиот превоз на ...

Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле ...

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од Дневниот центар за стари лица ,,Даре Џамбаз“, упати благодарност до волонтерите на Црвениот крст на град Скопје по повод Светскиот ден на хуманоста. Таа посочи дека хуманоста е тесно поврзана со политиката и дека секогаш треба да се има предвид дека зад секоја политичка одлука стои човек, како што вели таа, врз чиј живот таа одлука треба да има вистинско влијание. Митева ...

Во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар во општина Аеродром се доградуваат три нови училници кои треба да овозможат едносменска настава за сите ученици. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука во вредност од 2,2 милиони денари и треба да биде завршена за три месеци. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Дејан ...

Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026/2027 година. Уписот трае до 21 август, а кандидатите имаат можност да изберат една од 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии. За новата академска година на УГД се предвидени вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 се наменети за редовни студенти, додека останатите места се за вонредни студенти и ...

Стразбур се договорил за дефанзивецот Карим Кулибали од Вердер, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, трансферот на 19-годишниот Германец изнесува 20 милиони евра. Вклучена е и клаузула за препродажба, без бонуси. Договорот на Кулибали со Вердер е до 30 јуни 2029 година. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот има запишано една асистенција на 27 натпревари. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на младиот германски репрезентативец на ...

Замрзнувањето на печените пиперки не е само прашање на температурата, туку и на начинот на кој ќе ги спакувате. Десет килограми печени пиперки лесно можат да претворат една полица од замрзнувачот во хаос. Големите кеси заземаат многу простор, пиперките се лепат една за друга, а по неколку месеци можат да изгубат дел од вкусот и текстурата. Постои едноставен трик кој овозможува пиперките да ги распоредите во тенки пакувања, па подоцна многу ...

Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10, истакна денеска Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за ...

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека членството на ...

Додека повеќето нејзини врсници учат со тетратки и учебници, Нела Николова од с. Негорци – Гевгелија реши да го смени начинот на кој учат основците – со платформа поддржана од вештачка интелигенција, прва од ваков тип во земјава. На само 23 години, студентката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, не се задоволила само со стекнување знаење на факултет или со традиционалниот начин на предавање. Како млада ...

Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри Роботикс“ (Unitree Robotics) забележаа спектакуларен пораст на своето деби на Шангајската берза – во еден момент регистриран беше „скок“ за речиси 630 проценти. Вкупната пазарна капитализација на компанијата со седиште во Хангжу во еден момент достигна 444,9 милијарди јуани (56,9 милијарди евра), објави „Глобал тајмс“. „Унитри“, компанија позната по хуманоидните роботи кои ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца ...

Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем. Поради ...

Последните две години 1.010 хуманитарни работници ги загубија своите животи во мисии чија цел беше да спасат човечки живот, да ги спасат сите луѓе што страдаат. Меѓу нив имаше лекари, медицински сестри, логистика,… Апелираме, државите, властите и оние што носат одлуки, да ги почитуваат принципите, женевските конвенции и амблемот на Црвениот крст и на Обединетите Нации за да го работиме тоа за што сме се определиле и да ги намалиме страдањата ...

Завршува целосната реконструкција на штипската улица „Борис Кидрич“, која е една од најфрекветните во централното градско подрачје, бидејќи ги поврзува поголемите населби со центарот на градот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека денеска се става првиот асфалтен слој, по замената на водоводната и канализациона мрежа, која беше стара околу половина век. -Оваа улица е рак-рана за општина ...

Кинезите успешно го спуштија на копно првиот дел од ракетата за повеќекратна употреба „Zhuque-3“, лансирана денеска во утринските часови. Станува збор за второ успешно враќање на Земјата. 🇨🇳 BREAKING: China Achieves Major Reusable Rocket Breakthrough China’s Zhuque-3 Y2 has completed its first reported land based rocket recovery, marking a major milestone in the country’s push toward reusable launch vehicles. The achievement could pave the ...

Албанскиот пазар на возила доживува значителна промена во изборот на потрошувачите, при што целосно електричните возила заземаат сè поголем удел во новите регистрации во 2026 година. Генералниот директорат за услуги за патен транспорт објави дека, во периодот јануари-јули 2026 година, за првпат се регистрирани 6.396 целосно електрични возила, бројка што претставува зголемување од 126% во споредба со истиот период минатата година. Според ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос беше привремено суспендиран бидејќи резултатите од неговиот антидопинг тест беа позитивни на кокаин. Кирјос беше тестиран на 22 јуни за време на турнирот во Мајорка, а резултатите покажаа дека тестот е позитивен на метаболит на кокаин, објави денес Би-Би-Си. Кирјос е привремено суспендиран од 4 август. Меѓународната единица за интегритет на тенисот соопшти дека 31-годишниот тенисер има право на жалба, но ...

Грчката бродска компанија „Дајнагас“ (Dynagas) испорачала руски течен природен гас (ТНГ) во вредност од 2,35 милијарди евра до клиенти од ЕУ во првите седум месеци од 2026 година, објави невладината организација за следење на санкциите „Ургевалд“ (Urgewald). Анализата доаѓа неколку недели откако лидерите на ЕУ се согласија да и дадат на „Дајнагас“ ослободување од санкциите, дозволувајќи и на компанијата да продолжи да испорачува ТНГ до трети ...

Народниот правобранител, во рамките на својата уставна и законска надлежност како тело за унапредување и следење на примената на принципот на еднаков третман, изразува сериозна загриженост за повторените случаи на пријави за одбивање да им се обезбедат услуги на израелски граѓани, што, според доставените претставките, се чини дека се поврзани со националноста и/или националното потекло на засегнатите лица, соопшти грчкиот омбудсман, јави ...

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави нови слики од кратерот што беше создаден кога горната фаза на ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Икс“ удри во Месечината на 5 август. Кратерот е широк околу 18 метри и длабок помалку од три метри, а сликите откриваат и материјал исфрлен од различни слоеви на површината на Месечината. Месечевиот извиднички орбитер на НАСА, познат како „ЛРО“ (LRO), го сними местото на ударот ...

Осумгодишно дете од селото Велебрдо вчера било донесено во скопскиот клинички центар за укажување лекарска помош, по што од болницата ја алармирале полицијата. -На 18.08.2026 година во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од с.Велебрдо за укажување лекарска помош, кое се здобило со повреди во пределот на раката од барутни честички, информира СВР ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денеска во Службен весник, и формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро. Законот, што минатата недела беше прогласен за уставен од Уставниот совет со одредени резерви, им овозможува ...

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос, наводно, пред околу четири недели се конвертирал во ислам во Бразил, објавија турски медиуми. Информацијата ја објави Али Шахин, пратеник од турската Партија на правдата и развојот (АК Партија), по средбата со претставници на муслиманската заедница во Сао Паоло. Според извештаите, Шахин по средбата на социјалните мрежи му честитал на Роберто Карлос за одлуката, упатувајќи му нему и на неговото ...

Од 30 јуни до 23 август на локации во Стариот град, се одржува 40. јубилеен фестивал „Град театар“ ̶ Будва (2026). НУ Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, вечерва и утревечер ќе учествува на најголемиот сценско-музички фестивал во Црна Гора. Претставите ќе бидат изведени во Стариот ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба и му подака добредојде на новото одбранбено аташе на САД, потполковник Андру Шели. -Нашите две земји се стратешки партнери и сојузници во Алијансата. Долгогодишната плодна соработка со САД ни овозможи да ги зајакнеме капацитетите на македонската Армија, да ја зацврстиме сигурноста дома и да придонесеме кон јакнењето на колективната безбедност на НАТО. Нашата заедничка цел е ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07