Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ што се наоѓа во Тихиот Океан, се упатил кон Блискиот Исток по информациите за проблеми поврзани со менталното здравје на екипажот и снабдувањето на долго ангажираниот носач „Абрахам Линколн“. „Линколн“ е распореден на Блискиот Исток од јануари, каде во рамки на американските операции против Иран е на море повеќе од 240 дена. Продолжената мисија предизвика загриженост во Конгресот поради наводни ...
Британската атлетичарка Еми Хант го освои вториот златен медал на Европското првенство што се одржува во Бирмингем. Таа по триумфот на 100 метри синоќа беше најбрза и во трката на 200 метри со време 22.19 секунди, пред Расидат Аделеке од Република Ирска и сонародничката Дина Ејшер-Смит. Злато за Република Ирска освои Марк Инглиш со победата во трката на 800 метри. Тој имаше време 1:45.26 минута, а втор целта ја мина Марино Блудек од Хрватска. ...
Претседателот на САД Доналд Трамп, потпиша два документа со кои се воведуваат нови тарифи за беспилотни летала и нивните компоненти и ѝ се наредува на американската морнарица да ги замени напредните електромагнетни системи за лансирање авиони и подигнување оружје на носачи на авиони со традиционални парни и хидраулични системи. Според Белата куќа, Трамп му наредил на министерот за одбрана, Пит Хегсет, да ги замени напредните електромагнетни ...
Минатата ноќ била една од најстудените во Москва од почетокот на летото, со температура што се спуштила до 9,7 степени Целзиусови, соопшти Михаил Леус, водечки специјалист во метеоролошкиот центар „Фобос“. „Со делумно облачно небо и студени воздушни маси што продолжија да се движат кон централниот дел на европска Русија, ноќта во руската престолнина беше една од најстудените од почетокот на летото“, напиша Леус на својот канал на „Телеграм“. ...
Во Националниот парк Кругер во Јужна Африка било забележано едногодишно слонче од видот „локсодонта“ со албинизам.Слончето е со розова кожа и светла коса, поради што значително се разликува од останатите слончиња. Станува збор за генетско нарушување кое го спречува или намалува лачењето на меланин, пигмент одговорен за бојата на кожата. Според експертите, ваквата состојба е многу ретка, односно едно на секои 10.000 раѓања. Watch a rare pink ...
Ситуацијата со пожарот во Сивири на првиот крак на Халкидики утрово е значително подобрена, нема активен пожарен фронт, но на повеќе места има расфрлани жаришта и продолжува без прекин интервенцијата со учество на над 200 пожарникари за целосно да се изгасне огнената стихија што досега зафати површина од околу 350 хектари, а македонска туристка, која летува во Фурка во разговор со дописничката на МИА од Атина раскажува дека вчера веднаш биле ...
Талогот од СДС на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДС да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички пресметки. Очајниот потег на СДС преку своите партиски послушници на социјалните мрежи да шират дезинформации за водата во Скопје дека наводно е небезбедна го надминува секое дно. ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 12.08.2026 во с.Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од с.Арнакија, скопско, а останатите двајца пријавени со ...
Вчера, на новинарско прашање, лидерот на талогот во СДС, Венко Филипче, призна дека е на одмор на јахтата кај Зоран Заев во Грција, но кажа дека патем се однесувал одговорно и успат кон Грција бил и во Ново Село, каде се сликаше со насилниците и наркодилерите преку кои хушкаше инцидент на народен собир. Работниот дел од одморот на тандемот Венко-Заев беше уценување на струмичките пиперкари и земјоделци преку ниски откупни цени, преку ...
Деветнаесетгодишна девојка го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу половина час пред полноќ се случи на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново. Во сообраќајката учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. -Во несреќата, од здобиените повреди на местото ...
Филипче од луксузната јахта на својот ментор Заев координира напади и дава инструкции на партиските послушници од СДС да шират дезинформации на социјалните мрежи за наводно загадена вода во Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Додека СДС крие и се срами да каже дека нивниот лидер и чуварот на фотелјата на Заев на Бихачка се на заеднички одмор на јахтата на Заев на Егејот каде се луксузираат со украдените народни пари нивните партиски послушници по ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со, како што наведуваат од партијата, конкретни мерки за модернизација и зајакнување на здравствениот систем, со фокус на медицинскиот кадар, примарната здравствена заштита, инфраструктурата и достапноста на терапијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека со рекорден буџет од над една милијарда евра за здравството се обезбедува најсилна финансиска поддршка досега, при што средствата се насочени кон нов ...
Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума. Како ...
Мусака е традиционално домашно јадење од компири и мелено месо, надополнето со кремаст бешамел-сос. Се подготвува едноставно, а највкусна е топла, со свежа сезонска салата. Состојки: 1 кг компири 300 г мешано мелено месо 1 поголема главица кромид масло или маст за пржење сол по вкус црн пипер црвена мелена пиперка вегета За бешамел-сосот: 50 г путер или маргарин 1½ лажица брашно 200 мл млеко малку зачинал Подготовка: Компирите излупете ги, ...
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, можно е да го посети Израел следната недела на разговори за Појасот Газа. Плановите првпат ги објави „Аксиос“, наведувајќи дека Кушнер планира да се сретне во Каиро следната недела со медијатори од Египет, Катар и Турција. Целта на посетата на Израел ќе биде „да се најде начин да се продолжи со спроведување на планот од 20 точки на Трамп“ за Газа од крајот на минатата година. ...
Украински мажи на возраст од 23 до 60 години кои бегаат од руската војна во Украина, а не се ослободени од воена служба, повеќе нема да можат да добијат привремена заштита во Германија и би можеле да се соочат со депортација, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Министерството за „Дојче веле“ соопшти дека ограничувањето се однесува на мажите кои пристигнале во Германија од 31 јули годинава, кога стапила во сила ...
Американскиот министер за финансии Скот Бесант синоќа изјави дека САД ќе преземат „невидени“ мерки против Иран. „Очекувајте повеќе најави следната недела, бидејќи ќе преземеме мерки што никогаш порано во историјата не се видени за економска изолација на една земја“, рече Бесант во интервју за Њузмакс. „Ова ќе биде комбинација од економска изолација каква што светот никогаш порано не видел и континуирана блокада на Ормуската Теснина“, додаде ...
Вкупно 36 лица добиле медицинска помош во Клиничкиот центар во Сплит поради повреди здобиени во синоќешниот пожар близу Омиш. По лекарска помош, 14 пациенти се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашна нега, соопшти болницата. Седум пациенти се наоѓаат на интензивна нега и нивниот живот е во опасност. Уште тројца пациенти се сместени на интензивна нега, додека другите се хоспитализирани на болничките одделенија. Повеќето од ...
До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола – село Лопатица ...
Американските држави Кентаки, Илиноис, Индијана, Ајова, Тенеси и Охајо се соочуваат со најголемо дневно количество на врнежи од дожд што е некогаш забележано во тие области, што предизвика поплави на стотици локации. Повеќе од 36 милиони луѓе се под предупредувања за поплави, соопштија локалните власти. Гувернерот на Индијана, Мајк Браун, прогласи вонредна состојба бидејќи 250.000 луѓе во неговата држава и Илиноис останаа без електрична ...
Голем пожар во Хрватска што избувна во Локва Рогозница доцна синоќа се прошири во текот на ноќта кон Омиш, и зафати области над самиот град. Заменик-градоначалникот на Омиш, Иван Пивчевиќ изјави дека има повредени, вклучувајќи пожарникари, додека неколку граѓани се здобиле со изгореници, претежно на рацете. Информациите од терен сè уште се собираат, а вистинскиот обем на материјалната штета ќе се знае дури откако пожарот ќе биде ставен под ...
Денес и утре 914 и 15 август), Битола ќе пулсира во ритамот на чалгијата. „Битолски чалгиски денови“ е првиот фестивал посветен на чалгиската музика во градот, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар – Битола. 14 август 11:00 – Семинар „Канон – Чалгиска музика“, Офицерски дом 18:00 – Пајтонско дефиле, Широк Сокак 20:30 – Чапче и Тајфата 21:30 – Филип Шурбевски Езгија Квартет 22:30 – „Мерак чалгии“, Димитар ...
САД во моментов ја преиспитуваат својата нуклеарна стратегија, изјави синоќа заменик-министерот за одбрана на САД, Елбриџ Колби, пренесува ДПА. Колби оцени дека станува збор за „релативно мало преиспитување“ што главно се однесува на специфична, потенцијална употреба на нуклеарно оружје. „Очигледно целта овде, нагласувам, е да се зачуваат одвраќањето и стабилноста“, рече Колби. Тој посочи дека американската војска досега била организирана на ...
Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авион на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот ...
Овен 21 Март – 19 Април Денес е ден кој носи многу позитивна енергија за вашиот знак. Направете нешто ново — рутината ви ја краде енергијата. Романтичен ден ви претстои. Изненадете го саканиот со спонтан гест. Денес е ден за помирување. Направете го првиот чекор ако имате недоразбирање. Вашата директност денес е привлечна. Искористете ја за искрен разговор. Нов проект може да ви биде понуден. Прифатете го со ентузијазам. Денес е идеален ден ...
Борбени авиони од Мисијата на НАТО за воздушно патролирање рано утринава собориле дрон што навлегол во воздушниот простор на Летонија, соопштија летонските вооружени сили на социјалната мрежа „Икс“. Летонската армија соопшти и дека е укината тревога што претходно била прогласена во делови од земјата во близина на границата со Русија. Финска, исто така членка на ЕУ и НАТО и земја која дели граница со Русија, привремено воведе ограничувања за ...
Магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е во прекин во двата правца поради случена сообраќајна незгода, соопшти Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај. АМСМ информира дека собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на М-НАВ. Како што соопшти Министерството за транспорт, тој ќе изврши увид во инсталираниот нов АТМ-систем и новиот радарски систем на Контролна кула Скопје. Од Министерството додаваат дека се предвидени изјави за медиуми во 10 часот пред М-НАВ (Контрола на летање на Меѓународниот аеродром Скопје). Заменик-претседателот на Владата ...
Корисниците од село Мралино, бензинска пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма во општина Илинден денеска од 6 до 13 часот ќе немаат електрична енергија поради планирани технички интервенции. Имено, регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), по известување добиено од „ЕВН Македонија“, соопшти дека од 9 до 14 часот струја ќе немаат и дел од корисниците во село Нова Брезница во општина Сопиште и во истиот период ...
АМСМ информира дека собраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...