Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според информации на порталот станува збор за самоубиство. Повеќе од 16 години тој беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Тој беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и ...

Малолетна девојка по име Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзини блиски. Според објавените информации, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16 часот. При излегувањето била облечена во црна маица и широки фармерки. Случајот е пријавен и во полиција, а семејството апелира до сите кои можеби ја забележале или имаат каква било информација за нејзиното движење да помогнат. -Денеска (13.08.2026) во ...

Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор. Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен чинител во дигиталните и безготовинските ...

На шест различни локации, во подрачјата на Мола Калива, Неа Скиони, во Калитеа, Ханиоти, како и во крајбрежната зона меѓу Криопиги и Полихроно, општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, досега спроведе организирани акции за отстранување на нелегално поставената опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека ваквите акции се спроведуваат од средината на јули, по поднесени пријави и теренски увиди на ...

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...

Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко ниво од април 2024 година, но на долг рок таа и натаму ќе се намалува, покажува истражување на Институтот за светска економија од германскиот град Кил. Во април 2024 година Украина доби 9,04 милијарди евра воена помош, пред САД да го прекинат финансирањето во февруари 2025 година. Според податоците на Институтот во Кил, јунското е трето најголемо зголемување на ...

Сообраќајна несреќа утринава се случила во кичевско кај селото Тајмиште, а во која повредени се две лица. Во несреќата учествувале автомобил и товарно возило. -Денеска (13.08.2026) околу 08:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека кај село Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило. Во незгодата со повреди се здобиле едно машко и едно женско лице од патничкото возило и биле пренесени во болница во ...

Лето и лубеница – има ли нешто подобро? Во топлите денови ќе уживаме во ова освежување, но важно е да знаеме како правилно да ја чуваме за да избегнеме стомачни проблеми. Лубеницата е кралица на летната трпеза, но откако ќе ја исечеме, не може бесконечно долго да стои во фрижидер. Постојат јасни знаци според кои може да се препознае кога е време да се фрли. Во лето речиси и да нема подобро освежување од студена и сочна лубеница. Често ја ...

Соединетите Американски Држави денеска ги критикуваа изјавите на израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, дека израелската армија ќе остане во безбедносните зони во Либан, Сирија и Појасот Газа, оценувајќи дека трајното воено присуство во јужен Либан не е во согласност со договорената рамка, ниту со долгорочниот мир и безбедноста на двете земји. „Очекуваме сите страни да постапуваат во согласност со рамката за која се договорија. Израел ...

Романската нуклеарна централа „Чернавода“ утрово започна постапка за контролирано исклучување на вториот реактор поради континуираниот и значителен пад на нивото на водата во реката Дунав. Како што е соопштено од компанијата „Нуклеарелектрика“, се очекува централата околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем. „Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е ...

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ се осврна на, како што рече, ширењето лажни вести и дезинформации од страна на СДС. „Ова е лоша траекторија по која се движи најголемата опозициска партија. Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен ...

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. Вели дека ако во ...

За православните христијански верници од утре почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја ...

– Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС – талог, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава Силно светнал ден. – Со ова поразен е и Филипче кој 7 ми ден е на одмор на јахтата на Зоран ...

Граѓаните бараат да се пронајдат и соодветно да одговараат и да се казнат сите лица кои во текот на вчерашниот ден ширеа паника дека во водата од скопскиот водовод е пронајдена бактерија и истата не треба да се пие. Преку социјалните мрежи посочуваат дека „преку ова не смее да се помине“, и дека „граѓаните заслужуваат навремени и точни информации“. Во полициска станица на информативен разговор се повеќе лица кои преку социјални мрежи и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ истакна дека во евроинтегративниот процес е неопходно јасно разграничување меѓу суштинските европски реформи и билатералните прашања. „Тоа што го бараме е јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања. Јасно им укажуваме на сите земји членки дека треба да се стави крај на барањата што се однесуваат на ...

Музичка историја беше испишана синоќа, кога легендарниот гитарист Ричи Блекмор му се придружи на својот поранешен рок-состав „Дип парпл“ на сцената, првпат по повеќе од три десетлетија. Феноменалниот настан, којшто до вчера се чинеше невозможен поради децениската кавга меѓу музичарите, се случи на самиот крај од концертот на бендот во „Џонс бич“ театарот во Ванта, Њујорк, САД. Имено, сега 81-годишниот виртуоз им се придружи на своите ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денес поради изведување на водоводен приклучок на ул. Марко Крале бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Марко Крале, Лопушник и Зуфер Мусиќ. Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со работните активности. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денес поради изведување на водоводен приклучок ...

Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

Демократскиот сенатор од Конектикат, Ричард Блументал, побара од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет и од вршителот на должноста секретар на морнарицата, Хунг Цао, одговори за условите на носачот на авиони „Ју-Ес-Ес Абрахам Линколн“, што е на море повеќе од 250 дена. Блументал објави на „Икс“ дека е потребно итно внимание поради извештаите за недостиг на залихи, проблеми со водоводот и влошување на менталното здравје кај морнарите ...

Во Велика Британија денеска ќе се одржат дополнителни парламентарни избори, на кои лидерот на антиимигрантската партија „Реформирај го Обединетото Кралство“, Најџел Фараж, го става на коцка својот политички опстанок. Фараж ќе се соочи со рекорден број од 33 противкандидати во едномандатната изборна единица Клактон-он-Си. Според британскиот изборен систем, кандидатот со најмногу гласови е избран за пратеник, дури и ако нема мнозинство. Меѓу ...

Богдан Богдановиќ моментално ужива во заслужениот одмор, па ги „почести“ своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со фотографии кои собраа бројни реакции и коментари во рекордно време. Богдан сподели фотографија на која позира на луксузна јахта, видливо расположен и насмеан. Популарниот српски кошаркар го покажа своето извајано тело и совршени стомачни мускули, на кои дури и професионалните бодибилдери би му завидувале. Во шарен ...

Левучарите имаат предност зад воланот бидејќи можат поефикасно да ги користат двете мозочни хемисфери при решавање сложени задачи, тврди Валери Литвинов, виш истражувач на Одделот за хемија и биотехнологија при Националниот истражувачки политехнички универзитет во Перм. Според него, контролата на рацете е вкрстено организирана во мозокот. Кај десничарите доминира левата хемисфера, која е поврзана со говорот, читањето, пишувањето и логичкото ...

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер „АХ-64 Апач“ од базата Форт Худ се урна во поле во Тексас и предизвика пожар, соопштија денеска официјални лица. Хеликоптерот се урнал во округот Бел, стотина километри северно од Остин, главниот град на Тексас. Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Бел, Клиф Колман, потврди дека двајцата војници загинале во несреќата. Military Apache Helicopter Crashes in Central Texas, ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека, како што наведуваат од партијата, одредени центри блиски до СДС шират дезинформации и паника меѓу граѓаните во врска со квалитетот на водата за пиење во Скопје. Од партијата тврдат дека преку социјалните мрежи се пласираат пораки во кои се наведува дека водата наводно е контаминирана и загадена со бактерии, со цел, како што велат, да се создаде страв и чувство на криза кај населението. „СДС со умисла создаваат паника ...

Квазиекспертите од СДС очајно се обидуваат да ги извртуваат фактите, бројките и да шират економски песимизам во државата. СДС очајно се обидува да создаде слика дека македонската економија е во криза при тоа СДС ги меша инфлацијата со реалниот раст. Додека талогот од СДС се обидува да создаде слика на економска криза, бројките ги демантираат. Официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата во јули изнесува 2,3% на годишно ниво. Кај храната и ...

Во полициска станица на информативен разговор се повеќе лица кои преку социјални мрежи и апликации за комуникација во текот на вчерашниот ден испраќаа пораки дека во водата во скопскиот градски водовод е пронајдена бактерија ешерихија коли. -Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
2.57
28%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
6.3
28%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
31%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
5.14
76%
1017
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
0.19
27%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
40%
1017
weather icon

Атина

37ᴼ / 35ᴼ
5.14
30%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 33ᴼ
4.12
41%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
24%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 26ᴼ
4.12
57%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
29%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 28ᴼ
9.77
92%
1015
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Платина

60379.10

Злато

149009.07

Калај

56.14

Сребро

2214.40

Бакар

13.17

Родиум

282926.57

Паладиум

42824.79

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00