Металниот кристал може да ослободува и апсорбира кислород на ниски температури, отворајќи нови можности за примена во областа на чистата енергија и паметните технологии. Научници од Јужна Кореја и Јапонија открија нов тип кристал кој се однесува речиси како жив организам – може да „вдишува“ и „издишува“ кислород. Овој метален оксид, изработен од стронциум, железо, кобалт и кислород (SrFe0.5Co0.5O2.5), е способен да ослободува кислород кога ќе ...

Компанијата Google го користи Gemini AI за да ја зголеми моќта на Google Translate, кој сега им овозможува на корисниците да вежбаат нови јазици преку креирање персонализирани сесии за вежби за слушање и говор на нивниот посакуван јазик. „Без разлика дали сте почетник кој сака да вежба конверзација или напреден познавач на јазик кој сака да го освежи вокабуларот за претстојното патување, Google Translate сега може да креира прилагодени сесии ...

LG телевизорите, како поновите така и постарите модели, го воведуваат сервисот Gallery+ на OLED и QNED телевизорите, нудејќи повеќе од 4.000 уметнички и фото содржини. LG телевизорите добиваат голема надградба на функциите за OLED и QNED моделите, вклучувајќи ги и постарите. Новиот сервис под име Gallery+ носи повеќе од 4.000 визуелни содржини: од уметнички дела и филмски сцени до фотографии и сцени инспирирани од видео-игри. На овој начин, ...

Научниците од вселенската агенција NASA предупредуваат дека брзо растечката Јужноатлантска аномалија (SAA) сè посериозно претставува закана за вселенските мисии, комуникациските системи и глобалната технолошка инфраструктура. Најновите истражувања на NASA повторно го свртеа вниманието на светската научна заедница кон Јужноатлантската аномалија (SAA) – огромна зона на ослабена магнетна заштита на Земјата што се простира над Јужниот Атлантик и ...

Google заклучил 3,5 GB RAM на Pixel 10 уредите исклучиво за вештачка интелигенција, оставајќи им на корисниците помалку меморија за апликации. Серијата Google Pixel 10 доаѓа со најмалку 12 GB RAM за да ги исполни растечките барања на вештачката интелигенција, но поединечни корисници откриле дека околу 3,5 GB меморија Google однапред ја заклучува и ја резервира само за AI функции, па корисниците не можат слободно да ја користат. Истражување на ...

Word добива автоматско зачувување во облак, што спречува губење на податоци при ненадејно „паѓање“ на системот и овозможува полесна соработка на повеќе уреди. Microsoft најави дека Word наскоро ќе добие функција за автоматско зачувување на документите, која значително ќе го намали ризикот од губење податоци во случај на „рушење“ на компјутерот или ненамерно затворање на фајлот. Ова е честа мака за студентите и вработените, па затоа ...

Уште еден голем Android играч ја напушта функцијата на обратно полнење во корист на вградување на Qi2 функцијата за безжично полнење. Најавата дека тоа ќе го стори Samsung S26 предизвикува поделени реакции кај корисниците. Google со својата нова Pixel 10 серија донесе значајна иновација – воведување на Qi2 магнетната безжична технологија за полнење. Благодарение на вградените магнети, овозможено е искуство слично на Apple MagSafe системот, и ...

Lenovo се подготвува следната недела на европскиот технолошки саем IFA да ги претстави своите најнови производи, но еден уред привлекува особено внимание. Најзначајниот уред што го сподели познатиот типстер Еван Блас прикажува фотографија од лаптоп со концепт-дизајн и екран кој ротира помеѓу пејзажна и портретна ориентација, а кој Lenovo наводно го нарекува „Project Pivo“. Оваа компанија има историја на изработка на необични концепти на ...

Xiaomi официјално го претстави HyperOS 3.0 базиран на Android 16, наменет за мобилните телефони на компанијата, а исто така ја објави и листата на уреди што ги исполнуваат условите за бета тестирање. Веднаш на почеток треба да се нагласи дека најавата се однесува на кинескиот пазар, па функциите може да се разликуваат, а веројатно и датумите на лансирање ќе бидат различни. Новиот HyperOS 3.0 носи мало визуелно освежување со нови икони, нова ...

Новите батерии за електрични возила се изработени од арамидни амфифили – нов електролитен материјал чија хемиска структура и стабилност го имитираат кевларот. Инженерите од MIT развијаа иновативен електролит за батерии на електрични возила, кој може брзо и целосно да се распадне, овозможувајќи полесно рециклирање на батериските компоненти. За разлика од постојните методи, каде што искористените батерии мора да се дробат или да се обработуваат ...

Huawei е подготвен на 4 септември да го претстави својот следен тројно преклопен телефон – Mate XTs, наследникот на минатогодишниот модел Mate XT Ultimate Edition. Компанијата веќе ги отвори резервациите во Кина, а на сајтот VMall е потврдено дека уредот ќе биде достапен во три варијанти на меморија: 16 GB + 256 GB, 16 GB + 512 GB и 16 GB + 1 TB. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу четири бои – Dark Black, Hibiscus, Ruihong и White. Според ...

Сертификацијата ја потврдува моќта на Samsung во безбедноста на уредите и заштитата на податоците, исполнувајќи го европскиот IoT безбедносен стандард Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека Bespoke AI фрижидерите добија IoT безбедносна сертификација од TÜV Nord, глобална сертификациска организација со седиште во Германија. Ова го означува првиот пат кога дигиталните апарати на Samsung добиваат безбедносна сертификација од TÜV Nord, ...

Некои трки не се мерат во километри. Се мерат во одлуки, во преземање иницијатива и во храброст да излезеш од комфорната зона и да започнеш промена. Трчањето за првпат е токму таква одлука – најважниот круг што ќе го истрчаш, бидејќи тој не започнува на стартната линија, туку во тебе. Одлука дека е време да се грижиш за себе, дека сакаш промена, дека си подготвен да се соочиш со предизвик и да го надминеш тоа што досега си го сметал за ...

Подготовките за новата учебна година секогаш носат динамика и потреба за внимателно планирање на шопингот. Халкбанк им овозможува на своите клиенти да уживаат во безгрижно и паметно пазарување со специјалната Back to school кампања, во рамки на која сите корисници на кредитни картички на Халкбанк добиваат 3% поврат од секоја трансакција направена при онлајн купување во избраните е-commerce продавници. За сите ученици и родители, но и за оние ...

Регионалната акција на Плазма и Роса доби силна поддршка од партнерските маркети, кои се приклучија во мисијата првачињата да добијат подарок-пакетчиња на почетокот на учебната година. Пивара Скопје со брендот Роса и компанијата Бамби со брендот Плазма се цврсто посветени на својата мисија да придонесуваат за заедницата и да ги поддржуваат најмладите генерации. Акцијата на Плазма и Роса, во која првачињата на стартот на учебната година ќе ...

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за нивниот придонес во успехот на компанијата, а на 24 најдобри вработени им беа доделени бонуси како признание за нивниот труд и посветеност. Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на ...

Samsung Galaxy настанот закажан за 4 септември се очекува да ги донесе Galaxy S25 FE и новата Tab S11 серија таблети со моќни AI функции и врвни спецификации Samsung официјално најави голем Galaxy настан кој ќе се одржи на 4 септември 2025 година (еден ден пред официјалниот почеток на IFA 2025 саемот во Берлин), каде се очекува претставување на нови уреди од Galaxy S25 FE и Galaxy Tab S11 серијата. Настанот ќе се одржи онлајн и ќе се ...

Apple и понатаму ќе остане најголем приоритет за компанијата TSMC, додека Qualcomm го зазема второто место меѓу најголемите купувачи, а останатите следат. Се очекува Apple да го користи 2nm процесот на TSMC за својот идни A20 чипсет, кој најверојатно ќе биде вграден во моделите од серијата iPhone 18. TSMC веќе подолго време работи на подобрување на производниот принос, бидејќи преминот кон 2-нанометарските процесори се очекуваше одамна. ...

Градот Тојоаке официјално би можел оваа есен да донесе правила за ограничување на користењето мобилни телефони, со цел подобрување на психофизичкото здравје на своите жители. Но, за прекршителите не би биле предвидени казни. Во јапонскиот град Тојоаке, во префектурата Аичи, градоначалникот најави дека градската управа наскоро ќе гласа за еден необичен предлог – новите правила би им го ограничиле користењето на мобилните телефони на граѓаните ...

Qualcomm Snapdragon X го освежува пазарот на буџетски лаптопи со осумјадрени, енергетски ефикасни процесори, надминувајќи ги Intel и AMD. Пазарот на буџетски лаптопи долго време беше под доминација на Intel и AMD, но најновите трендови покажуваат сè поголем јаз во технологијата, кој Qualcomm сега успешно го користи. Многу пристапни лаптопи сè уште користат постари x86 процесори, оставајќи простор новајлиите да заблескаат. Поевтините лаптопи ...

OpenAI сè повеќе вложува во здравствениот сектор преку развој на AI решенија. Експертите се поделени: дали вештачката интелигенција ќе го унапреди здравството или ќе донесе нови ризици? OpenAI решително зачекори во светот на здравствената технологија. Компанијата ангажираше двајца нови лидери во својот тим за здравствена AI и започна потрага по дополнителни истражувачи и инженери. OpenAI истакнува дека една од првите цели ќе биде заеднички ...

Новото ажурирање на Wear OS овозможува заштеда на потрошувачката на енергија за плочките на бројчаниците (Watch faces) и им помага на корисниците на Galaxy Watch да го продолжат траењето на батеријата. Најновото ажурирање на Wear OS воведува функција што им помага на корисниците на паметните часовници Samsung Galaxy Watch да го продолжат траењето на батеријата со откривање на додатоци за бројчаници кои трошат многу ресурси уште пред ...

Теоријата што ја обработува хипотезата за „анти-универзум“ би можела да го објасни потеклото на темната материја и да донесе нов поглед на неутринските честички. Научниците веруваат дека некаде во космосот би можел да постои „анти-универзум“ кој изгледа како огледална слика на нашиот свет и функционира сосема спротивно од него. Доколку оваа теорија се покаже како точна, таа би можела да го објасни потеклото на темната материја – една од ...

Нова студија, во коавторство со истражувачи на Apple, покажува како метод заснован на контролни листи, наречен RLCF, значително ги унапредува перформансите на јазичните модели, правејќи ги понадежни во извршување на сложени задачи. Во новата студија објавена од Apple истражувачите, голем јазичен модел со отворен код (LLM) покажал значителни подобрувања откако му било кажано да ја провери сопствената работа со едноставен, но моќен трик за ...

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница. И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија пригоден подарок и парични награди. Продолжувајќи ја традицијата, оваа година ...

Google воведува строги правила од 2027 година, кога на Android телефоните ќе може да се инсталираат само апликации од верификувани програмери. Со години Android беше познат по својата слобода и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците да инсталираат апликации и надвор од официјалната Google Play продавница преку т.н. sideload метод. Но, токму таа отвореност носеше и сериозни безбедносни ризици, бидејќи малициозни програми често ги ...

Пред неколку години кружеше шега дека Google на крај ќе додаде посебна услуга за размена на пораки во сите свои апликации, без разлика колку тоа имало смисла. За среќа, овој интернет-гигант тоа не го сфати сериозно, но сега таков потег направи Spotify. Познатата стриминг-платформа го најави Messages, услуга за размена на пораки директно вградена во Spotify, и ги објасни причините за тоа. Според нив, корисниците рекле дека „сакаат посебен ...

По осум успешни години на чело на Халкбанк АД Скопје, главниот извршен директор Билал Суџубаши ја продолжува својата професионална кариера како прв човек на Halkbank Katilim во Турција. Одборот на директори на Халкбанк Туркије во мај оваа година донесе одлука за формирање партиципативна банка со филијали, назначувајќи го Суџубаши со неа да раководи во наредниот период. Суџубаши е на чело на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје од 2017 ...

Македонски Телеком ја продолжува комуникациска платформа #НаправиМесто којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање и прифаќање. Оваа година, фокусот е ставен на надминувањето на предрасудите коишто градат бариери и создаваат ѕидови меѓу луѓето. Новиот спот, во кој се појавува популарниот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов, раскажува приказна за тоа дека не се раѓаме со предрасуди, туку дека нив ги учиме од светот и од општеството ...

Научниците го пронајдоа изворот на мистериозен радио сигнал од вселената, поврзан со галаксијата NGC 4141, оддалечена 130 милиони светлосни години. Тим од Harvard & Smithsonian Центарот за астрофизика и Универзитетот McGill во Канада успеа да го лоцира потеклото на еден од најсветлите брзи радио-блесоци (FRB) досега откриени. Сигналот доаѓал од галаксијата NGC 4141, оддалечена 130 милиони светлосни години од Земјата. Ова е првпат еден ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Белград

-5ᴼ / -6ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -4ᴼ
1.03
82%
1006
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.57
64%
1009
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
1.5
97%
1010
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -6ᴼ
0.51
83%
1006
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1002
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1003
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.09
91%
1010
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
86%
1008
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
49%
1011
Currency

61.62

Currency

52.5721

Currency

70.6951

Currency

35.3735

Currency

37.974

Currency

66.6166

Currency

7.55216

Currency

0.67318

Currency

0.33234

Currency

0.52404

Currency

1.21351

Currency

0.57292

Сребро

2897.70

Кобалт

62.83

Алуминиум

3.13

Рутениум

45750.51

Злато

147776.72

Цинк

3.20

Платина

74080.83

Паладиум

57453.38

Калај

49.66

Иридиум

198077.91

Бакар

11.75

Родиум

324722.54