Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Instagram апликацијата конечно се проширува и на iPad, со тоа што од денес е достапна посебна апликација за iPad. Instagram за iPad е фокусиран на Reels, а при отворање на апликацијата директно ве носи на страницата за Reels. Stories ќе бидат достапни на врвот од интерфејсот, а има и поддршка и за директни пораки. Постојат и посебни табови за следење со различни опции за филтрирање. All ќе ги прикажува препорачаните објави и reels од ...
Валканите алишта отсекогаш бил голем проблем за астронаутите во вселената, а со оглед на многу ограничената количина вода и фактот дека немаат машина за перење, тие ја носат облеката колку што можат подолго, по што ја фрлаат. Сепак, астронаутите наскоро би можеле да уживаат во луксузот на чиста облека во вселената, благодарение на нов систем сличен на машина за перење, кој го разви Кинескиот истражувачки и тренинг-центар за астронаути. ...
Dolby Vision 2 е унапредена верзија на популарниот HDR формат, а првите телевизори со DV2 технологија пристигнуваат наскоро. Dolby го претстави Dolby Vision 2, новата генерација на својот HDR формат кој веќе со години е стандард кај најдобрите телевизори. Иако не станува збор за замена на постоечкиот формат, туку за еволуција, DV2 носи значајни подобрувања – од напредна обработка на сликата, преку подобро прилагодување на различни услови за ...
Во трката за вештачка интелигенција се појави нов играч, бидејќи Швајцарија го разви Apertus, својот национален голем јазичен модел (LLM) со отворен код, за кој се надева дека ќе биде алтернатива на моделите што ги нудат компании како OpenAI. Apertus е латински збор кој значи „отворен“, а го развија Швајцарскиот федерален технолошки институт во Лозана (EPFL), ETH Zurich и Швајцарскиот национален суперкомпјутерски центар (CSCS), кои се јавни ...
Руските научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на овој орган во староста. Научниците од Националниот истражувачки државен универзитет „Лобачевски“ во Нижни Новгород (ННСУ) користеле пристап базиран на концептот на делумно клеточно репрограмирање, што создало ефект на подмладување без ризици поврзани со целосно клеточно репрограмирање, ...
Google нема да мора да ги продаде Chrome и Android, но судот забрани ексклузивни договори и наложи споделување на податоци со конкуренцијата Google во Соединетите Американски Држави од 2020 година беше под притисок на голем антимонополски процес кој го покрена Министерството за правда, а една од најтешките можни последици беше продажбата на клучните деловни активности: прелистувачот Chrome и оперативниот систем Android. По повеќегодишниот ...
Со моќен звук, прилагодливо осветлување и продолжено време на репродукција, новиот Sound Tower е создаден за секоја пригода. И двата модели носат динамичен дизајн, разновидна преносливост и оптимизирани звучни режими за овозможување персонализирано аудио искуство со беспрекорно користење и во затворен и на отворен простор. Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави новиот Sound Tower (модели ST50F и ST40F), најновата иновација во ...
Иако производителите ги „китат“ своите флегшип модели со титан и не’рѓосувачки челик за поголема издржливост, Pixel 10 Pro XL го издржа тестот за свиткување и покрај тоа што користи алуминиумска рамка. Најновиот флегшип на Google, Pixel 10 Pro XL, се најде на работната маса на Зак од каналот JerryRigEverything, што значи дека беше време за ригорозно тестирање полно со гребење, свиткување и чукање. Бидејќи моделите од серијата Pixel 10 го ...
Samsung конечно го направи она што го очекувавме од Galaxy Z Fold телефоните — вистински димензии на предниот екран, потенок и полесен телефон. Резултатот е најтенкиот и најлесен преклопен смартфон на Samsung со моќен хардвер, камера од 200 MP и цела низа корисни AI функции. Текст и фото: НИКОЛА БУРАГЕВ Ако бидеме реални, преклопните смартфони и покрај големиот напредок сè уште не го земале замавот на кој се надеваа производителите како ...
Компанијата OpenAI вети дека ќе воведе родителска контрола за ChatGPT во текот на октомври. Кога контролите ќе станат достапни, ќе им овозможат на родителите да ги поврзат своите лични ChatGPT профили со профилите на своите тинејџери, по што ќе можат да одлучат како ChatGPT ќе одговара на нивните деца и да оневозможат одредени функции, вклучувајќи меморија и историја на разговори. Освен тоа, ChatGPT ќе генерира автоматски предупредувања кога ...
Нова опција во прелистувачот Microsoft Edge за Android овозможува пуштање YouTube видеа во позадина без премиум сметка. Една од главните придобивки од YouTube Premium претплатата од 14 долари месечно е можноста за пуштање видеа во позадина. Сепак, изгледа дека Microsoft наскоро ќе овозможи да ја добиете оваа опција целосно бесплатно, доколку го користите Edge прелистувачот на Android уреди. Корисникот на мрежата X, Leopeva64, откри нова ...
Google останува верен на традиционалниот дизајн на Chrome дури и во корисничкиот интерфејс Material 3 Expressive. Новиот изглед се воведува постепено и може да помине одредено време пред да стигне и кај вас. Google во мај оваа година го објави својот нов дизајнерски јазик наречен Material 3 Expressive. Компанијата оттогаш почна да го тестира во повеќето од своите апликации, а Gmail и Google Clock се само дел од апликациите што беа ажурирани ...
Научниците постигнаа значаен напредок во развојот на вакцини за лекување на рак, но досегашните терапии главно беа ограничени на одредени типови тумори. Ново истражување, сепак, отвора пат конуниверзална вакцина што би можела да таргетира многу поширок спектар карциноми, пишува ScienceAlert. Тим од Универзитетот на Флорида се фокусирал на „будење“ на имунолошкиот систем за тој поефикасно да реагира на различни видови канцерогени клетки, ...
За многу корисници, апликацијата Google Maps е апсолутно незаменлива, а компанијата Google ќе го направи својот навигациски алат уште покорисен на Android 16. Користејќи ја новата функција воведена во најновата верзија на својот мобилен оперативен систем, Google Maps добива многу корисна поддршка за Live Updates нотификациите. Live Updates претставува нов тип известувања, кои се користат во многу специфични околности како што се следење на ...
Според новите информации што се појавија на интернет, Samsung наводно се подготвува за четвртиот Galaxy Unpacked настан оваа година, кој е наменет за претставување на смартфонот Galaxy Z TriFold. Samsung веќе подолго време работи на генерациско унапредување на своите преклопни телефони, потенцијално наречени Galaxy G Fold. Наскоро се очекува мобилен со двојно преклопување, кој погрешно се нарекува и „тројно преклопен телефон“. Се очекува ...
Комерцијална банка ја претставува новата Visa Signature премиум дебитна картичка, за првпат достапна во Македонија и наменета за сите кои знаат да препознаат вредност. Visa Signature не е само средство за плаќање, туку и влезница во светот на внимателно одбрани привилегии и бенефиции. Изборот на Visa Signature овозможува ексклузивни понуди, посебен третман и беспрекорни услуги насекаде низ светот. Со Visa Signature корисниците добиваат ...
Истражување покажува дека 68% од постојните корисници на Apple планираат да преминат на iPhone 17, додека половината сепак ги привлекуваат Android моделите поради цената и AI функциите. Apple се подготвува за големата есенска конференција на 10 септември, кога ќе го претстави iPhone 17. Според истражувањето спроведено од сајтот SellCell на повеќе од 2.000 корисници на iPhone во САД, дури 68,3% од испитаниците планираат да преминат на новиот ...
Xiaomi денес ја претстави Redmi серија 15, линија на паметни телефони фокусирани на вредност, дизајнирани за целодневна сигурност и секојдневна забава. Со батерија од 7000mAh, простран FHD+ екран од 6,9 инчи и двојна AI камера од 50MP, Redmi серија 15 доаѓа во две варијанти, Redmi 15 и Redmi 15 5G. Користејќи го оперативниот систем Xiaomi HyperOS 2, Redmi серија 15 обезбедува префинето, поврзано искуство на сите уреди. Префинет дизајн со ...
Новиот интерфејс на Quick Share потсетува на оној од One UI 8, со што Samsung и Google дополнително сакаат да го унифицираат искуството на споделување фајлови. Google започна да ја воведува редизајнираната верзија на својата функција Quick Share, наменета за брзо споделување датотеки помеѓу уреди, која носи модернизирано интерфејсe и различни подобрувања во функционалноста. Како што пренесува Android Authority, најголемата новина е визуелната ...
Телескопот James Webb на NASA откри нова месечина која се движи околу Уран, со пречник од само 10 километри, со што бројот на познати сателити на оваа планета се зголеми на 28. James Webb продолжува да го менува нашето разбирање за космосот. По бројните револуционерни откритија, научниците сега идентификуваа нова, минијатурна месечина во орбитата околу Уран. Сателитот е широк околу 10 километри, а Меѓународната астрономска унија (IAU), како ...
Како воопшто Realme успеа да смести батерија од 15.000 mAh во толку тенко тело на телефон? Realme на неодамнешниот 828 Fan Festival во Кина претстави два концепт телефони, а еден од нив импресионира со исклучително голема батерија од 15.000 mAh, која овозможува гледање 25 филмови или 30 часа играње со само едно полнење. Она што особено го издвојува овој уред е тенкото куќиште од само 8,89 mm, што е реткост кај телефони со толку голема ...
Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја спроведува шеста година по ред, со цел да ја поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст. Годинава, првачињата на училишните клупи ги пречека пакетче со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халки и ...
Првата мала модуларна нуклеарна електрана во Полска, односно SMR ќе биде изградена во Влоцлавек, соопшти во четвртокот енергетската компанија Orlen. Станува збор за прв проект од ваков вид во Европа. Полска ќе изгради прв мал модуларен нуклеарен реактор (SMR) во Европа – BWRX-300, што претставува голем чекор во преминот на земјата од јаглен кон почиста енергија, соопшти енергетскиот гигант Orlen. „Првата мала нуклеарна електрана BWRX-300 во ...
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината кариера е обележана со врвни резултати, признанија за иновативност во 2022 и ...
Apple и Google преминуваат на телефони кои исклучиво користат eSIM, додека одредени пазари пружаат отпор затоа што корисниците ги кочат високите трошоци и комплицираната процедура за активација. Последниве години eSIM станува сè поважна тема меѓу корисниците кои често патуваат во странство, бидејќи овозможува брза активација на мрежата без замена на физичка картичка. Apple и Google веќе извесно време имаат план целосно да ги отстранат ...
Google Photos добива функција за издвојување објекти од фотографии на iOS, која Apple ја воведе уште во 2022 преку Visual Look Up. Google ги изненади корисниците со тоа што во апликацијата Google Photos за iOS додаде можност за креирање стикери со едноставно допирање и задржување на прстот врз објектот на фотографијата. Оваа опција им беше позната на корисниците на апликацијата Apple Photos уште од воведувањето на функцијата Visual Look Up со ...
По успешниот прв дел од фестивалот во август, кој ја опфати скопската општина Кисела Вода, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово, Баскерфест 2025 продолжува со своето 15. јубилејно издание низ Македонија. Од 1 до 6 септември, фестивалот ќе гостува на шест локации во три градови, односно од 1 до 4 септември, домаќини на баскерџиите ќе бидат четири скопски општини. На 1 септември, уметничкиот караван ќе се претстави на плоштадот во ...
Xiaomi го претставува Redmi 15C кој ги спојува елегантниот дизајн и прекрасниот екран од 6,9 инча за врвно визуелно доживување во секојдневната употреба. Опремен со голема батерија и технологија за брзо полнење, Redmi 15C е дизајниран да обезбеди сигурни перформанси во текот на целиот ден. Поседува тенко и елегантно куќиштe со 3D четирикратно закривен заден дел, што обезбедува пријатно чувство во раката, со „floating crater“ кој додава ...
Популарната платформа TikTok ја унапреди својата функција за директни пораки со тоа што овозможи испраќање на кратки гласовни пораки, фотографии и видеа. Истото важи и за групните разговори. Како што е веќе познато, функцијата за испраќање директни пораки е достапна само за профили на корисници кои имаат 16 години и повеќе, а токму тие корисници ги добиваат новите можности, кои подразбираат испраќање на кратки гласовни пораки и фотографии ...
iOS 26 донесува побрзо безжично полнење, адаптивен режим на напојување и проценка на времето за полнење. Со новото ажурирање iOS 26, Apple воведува неколку практични функции за полнење кои ќе се појават во наредните недели. Една од најкорисните новини е проценката на времето за полнење. Кога ќе го поврзете вашиот iPhone на полнач, било преку кабел или безжично, телефонот ќе пресмета колку време е потребно да достигне 80% и таа информација ќе ...