Во ходниците на Брисел се води битка која може од темел да ја промени дигиталната приватност на 450 милиони граѓани на Европската унија – сè поради една племенита идеја што би можела да има опасни последици. Регулатива за спречување и борба против сексуална злоупотреба на деца на интернет – така официјално се нарекува предлогот на европската регулатива, кој Европската комисија првпат го претстави во мај 2022 година. Иако бавно, предлогот ...

Американската вселенска агенција NASA соопшти дека нејзиниот вселенски телескоп James Webb открил нов, претходно непознат природен сателит кој орбитира околу Уран. Оваа месечина на Уран ја доби ознаката S/2025 U1 и е вкупно 29-та откриена што ја има оваа планета. Веста предизвика голем интерес кај љубителите на вселенската наука. Група истражувачи го проучувале новиот сателит со телескопот и ги утврдиле неговите карактеристики. НАСА наведува ...

Apple планира претставувањето на новите iPhone модели да го подели во два настани – едниот би бил резервиран само за поскапите модели, а другиот за поевтините. Иако до претставувањето на серијата iPhone 17 не делат само неколку недели, гласините за следната генерација веќе почнуваат да се појавуваат. Јужнокорејскиот ET News дознава дека со iPhone 18, Епл би можел целосно да го промени циклусот на претставување на своите мобилни телефони. ...

Honor не се откажува од демонстрирање на издржливоста на својот преклопен смартфон Magic V5. Досега Honor ја демонстрираше можноста на Magic V5 да издржи обилни дождови, екстремни температури, па дури и истрели со челични топчиња, а сега компанијата отиде чекор понатаму и обезбеди Гинисов рекорд за најголема тежина подигната со помош на висечки преклопен мобилен телефон. Според официјалните податоци, бил подигнат товар тежок 104 килограми. ...

Ако мислевте дека геномот и начинот на кој се создава животот е нешто што е „врежано во камен“, се лажете. Научниците за прв пат го намалија генетскиот алфабет на животот на само 57 кодони, создавајќи синтетичка бактерија со најмногу преработен геном на Земјата. Кодоните се основни единици на генетскиот код и функционираат како „зборови“ во „генетскиот јазик“, кој рибозомите го „читаат“ за да состават протеински ланци. Кодон е низа од три ...

Истражувањето на Gartner покажува дека „Desktop-as-a-Service“ станува поевтино од деловните лаптоп компјутери, со сѐ поголема примена во реални ситуации. Новото истражување на компанијата Gartner покажува дека изнајмената услуга на десктоп компјутери, позната како Desktop-as-a-Service (DaaS), сега е поевтина за употреба од физички присутните деловни лаптоп компјутери кои се користат на самата локација. Според предвидувањата, до 2027 година ...

Бета верзијата на Google Play Services открива дека Андроид наскоро би можел да овозможи резервно копирање и на оние папки кои досега не можеа да бидат копирани. Најновата бета верзија на Google Play Services (26.32.31) откри траги од нова функција која би можела наскоро да им овозможи на корисниците сами да изберат дополнителни папки што сакаат да ги копираат за безбедност. Како што пренесува Android Authority, досега преку автоматското ...

Компанијата HTC многу вложи во VR кога во минатото ја лансираше Vive серијата хедсет уреди, а сега влегува во нова област со своите Vive Eagle AI очила. Овие очила се конкуренција на моделот Ray-Ban Meta и се дизајнирани да изгледаат како обични, но истовремено да имаат FPV камера, вградени AI функции и стерео звучници. Vive Eagle очилата се достапни во неколку проѕирни бои – црна, Berry, Coffee и сива. Опремени се со ултраширока камера од ...

Новиот, контроверзен дизајнерски правец на Apple наречен Liquid Glass во iOS 26 би можел да биде најава за големо редизајнирање на хардверот кај идните iPhone уреди, смета искусниот девелопер на апликации Крег Хокенбери од The Iconfactory. Во блог објава објавена оваа недела со наслов „Liquid Glass. Why?“, Хокенбери тврди дека, за разлика од транзицијата од iOS 6 кон iOS 7 – која адресираше вистинска потреба за поедноставени интерфејси – ...

По речиси една деценија од воведувањето на темниот режим во Windows, Microsoft внесува поконзистентни dark елементи во Windows 11. Поминаа скоро десет години откако Microsoft во Windows 10 ја воведе опцијата за темен режим, но системот и понатаму беше полн со недоследности помеѓу светлите и темните делови на интерфејсот. Сега, во најновата пробна верзија на Windows 11, пристигнуваат дополнителни подобрувања кои носат повеќе усогласеност. ...

На 20 август завршува уште едно блескаво издание на „Охридско Лето“ – фестивал кој веќе 65 години ја збогатува македонската културна сцена и го претвора Охрид во вистинска престолнина на уметноста. И оваа година, Виталиа беше дел од оваа исклучителна приказна, како верен партнер и поддржувач на нашето културно наследство. Фестивалот започна со впечатливото отворање „Трансформација на сетилата“ во изведба на Македонската филхармонија, а ќе ...

Дојче Телеком е посветен на обезбедување дополнителна вредност во секојдневниот живот на луѓето, со тоа што нуди многу повеќе од комуникациски услуги за корисниците. Во партнерство со Wolt, компанија којашто е позната по својата платформа за локална трговија, Телеком на своите корисници им носи уште повеќе поволности и предности. Македонски Телеком им се приклучува на останатите оператори на Дојче Телеком во Европа и преку партнерството со ...

Вештачката интелигенција станува сè почест придружник и пријател на голем број тинејџери. Вештачката интелигенција (ВИ) станува сè поприсутна во животот на тинејџерите, не само како алатка за решавање проблеми или донесување одлуки, туку и како „дигитален пријател“, обезбедувајќи емоционална поддршка, совети, па дури и другарство, според истражувањето на организацијата Common Sense Media. Според таа анкета, 70 проценти од тинејџерите ја ...

Трендот на тенок и лесен дизајн полека, но сигурно стигнува и до кинеските производители, па така и до Honor, кој го подготвува Magic 8 Mini, мобилен телефон со екран од 6,3 инчи, што ќе го придвижува MediaTek Dimensity 9500. Надолжувачката серија на флегшип смартфони на Honor, Magic 8, ќе добие нов модел наменет за оние кои претпочитаат покомпактни уреди. Станува збор за Magic 8 Mini, кој, според неофицијални информации од Кина, ќе биде ...

На сите на интернет им е сосема јасно дека кога некој производ е бесплатен, тогаш производот е самиот корисник, односно неговите податоци, навики, склоности и определби кои потоа се продаваат за рекламирање. Некои корисници, разбирливо, се многу лути поради тоа што големите технолошки компании ги собираат нивните податоци за да ги искористуваат за продажба на реклами. Какви се генерално приходите од рекламирање на сопствениците на дигитални ...

Создадени за Galaxy обожавателите, Buds3 FE ги нудат суштинските карактеристики што корисниците ги сакаат – сега со попаметен, поелегантен изглед и поодлична цена. Samsung Electronics Co., Ltd.денес го најави лансирањето на Galaxy Buds3 FE, најновото дополнување во линијата Galaxy Buds. Како дел од мисијата на Samsung да ја прошири својата аудио-иновација до што е можно повеќе луѓе, Galaxy Buds3 FE се дизајнирани да понудат премиум ...

Откриени се интерни планови на OpenAI кои укажуваат дека наскоро и на нашиот пазар би можел да стане достапен претплатничкиот пакет Go, кој нуди проширени можности на ChatGPT по пониска цена. OpenAI реши да им понуди повеќе опции на оние што го користат ChatGPT со претплата, со цел да привлече нови корисници. Пред неколку дена, во Индија беше лансиран нов, поевтин пакет наречен Go, кој чини само 20% од цената на досега најевтиниот пакет – ...

Google Messages конечно се приклучи на „тимот“ на апликации за допишување кои имаат можност за поништување на испратена порака. Google на сите корисници на апликацијата Messages им овозможи долгоочекуваната опција за поништување на праќање пораки. Благодарение на RCS протоколот (Rich Communication Services), пораките сега можат да се избришат и од уредот на примачот, а не само од екранот на испраќачот, како што беше случај досега. Имено, ...

Американската вселенска агенција NASA и компанијата Google соработуваат во тестирањето на медицински асистент управуван со вештачка интелигенција, кој е дизајниран да им помага на астронаутите за време на долготрајни мисии, каде што доцнењето во комуникацијата со Земјата ги прави медицинските консултации во реално време невозможни. NASA, која е посветена на новата ера на човечки вселенски летови преку својот програм Artemis, соработува со ...

Подигнете го вашиот животен стил со најновите ТВ уреди на Samsung и добијте таблет како подарок – можете да изберете Samsung Galaxy Tab S10 FE или Galaxy Tab A9+ Samsung Electronics го најавувалансирањето на долгоочекуваната „Back to School“ промоција, која трае од 18 август 2025 до 31 август 2025.Оваа ексклузивна кампања ја одбележува новата учебна година со тоа што им нуди на клиентите совршена комбинација од иновација и вредност преку ТВ ...

Роверот Perseverance сними камен со форма на вулкански конус на Марс, налик на средновековен шлем, составен од необични камени сфери кои ги интригираат научниците. Роверот Perseverance наиде на невообичаен камен на површината на Марс, кој потсетува на избледен борбен шлем од средниот век. Каменот е снимен со инструментот Mastcam-Z на 5 август 2025 година и прикажува шилест врв и вдлабната јазлеста текстура која наликува на кован оклоп од ...

Серијата Samsung Galaxy S25 се продава толку добро што ги надмина сите други Android флегшип телефони со Snapdragon 8 Elite чипсет. Од своето лансирање на почетокот на годинава, серијата Samsung S25 целосно завладеа со глобалниот пазар на Android флегшип телефони. Најновите податоци покажуваат дека продажбата на моделите S25 е толку силна што дури и кога ќе се соберат сите останати Android флегшип телефони со истиот процесор, нивниот вкупен ...

Според наводите на Марк Гурман, Apple развива нов оперативен систем кој ги комбинира tvOS и watchOS, со поддршка за повеќе корисници, контрола преку Siri и персонализација со препознавање на лице. Apple подготвува голем исчекор во светот на паметните куќни уреди и домашните роботи. Според извештајот на познатиот аналитичар Марк Гурман, компанијата од Купертино развива нов оперативен систем кој ќе ги придвижува два претстојни производи – ...

iPhone 18 ќе добие A20 чип во WMCM пакување со 2 nm технологија, што носи поголема ефикасност, помала потрошувачка на енергија и подобри AI перформанси. Се очекува компанијата од Купертино наскоро да ја претстави серијата iPhone 17, но аналитичарот Минг-Чи Куо наведува дека можеби вреди да се почека, бидејќи следната година iPhone 18 би можел да донесе значителен скок во перформансите. iPhone 18 го донесува револуционерниот A20 чип Новиот A20 ...

iPhone 17 Pro се враќа со алуминиумски дизајн, метален заден дел, поголема батерија и унапредени камери, што би можело да го промени индустрискиот тренд. Apple планира во септември да ја претстави новата серија iPhone 17, а на интернет се појавија фотографии од компоненти кои наводно му припаѓаат на моделот iPhone 17 Pro. Според извори од платформата Naver, објавените фотографии доаѓаат директно од фабрика и откриваат дека годинашните модели ...

Кидо Медо е стартап онлајн платформа која се лансираше на почеток на јули со цел да им помогне на родителите полесно да го организираат секојдневието на своите деца. Секој родител знае колку е предизвикувачки да се организира добра роденденска прослава, да се најде креативна работилница или вистинското место за викенд-забава. Токму од таа постојана потрага, една мајка реши да го поедностави целиот процес, не само за себе, туку и за сите. За ...

Google Gemini ја воведува Canvas функцијата во мобилните апликации, овозможувајќи креирање веб-страници, инфографици, анкети и аудио-прегледи директно од документи. Google Gemini е еден од водечките АИ алати денес и се натпреварува со конкурентните ChatGPT и Anthropic Claude LLM модели. Досега новите функции главно најпрво пристигнуваа на веб-клиентот, додека мобилните апликации ги добиваа подоцна. Сепак, Gemini Canvas функцијата беше ...

На Apple му требаше одредено време за да ја претстави 11. генерација на основниот iPad, но изгледа дека нема да се чека долго за 12. генерација, која би можела да се појави веќе напролет. Apple веќе работи на 12. генерација на својот основен iPad, помалку од една година откако беше претставен актуелниот модел со A16 Bionic SoC. Според референци во кодот кои Apple случајно ги открил, новиот основен iPad ќе добие A18 SoC – истиот процесор што ...

Во едно просечно домаќинство има многу безжични уреди што бараат полнење: телефони, таблети, лаптопи, слушалки, тастатури, звучници и други гаџети. Поради честото полнење, многумина го оставаат полначот постојано во приклучницата. На прв поглед безазлено, но може да има последици и по сметката за струја и по безбедноста. Секогаш се препорачува да го извадите полначот од приклучницата кога не го користите. Дури и кога не е поврзан со уред, тој ...

Samsung планира до крајот на следната година да лансира паметни очила без екран, независно од Android XR моделот кој го развива заедно со Google. Според извештајот на корејскиот портал SEDaily, Samsung планира до крајот на следната година да претстави паметни очила кои ќе бидат целосно одвоени од Android XR очилата и VR headset-от на кој работи со Google. Овие очила би требало да имаат вградени звучници, микрофон и камера, но без екран, што ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Белград

-6ᴼ / -6ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -4ᴼ
0.0
82%
1005
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.57
65%
1009
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
0.95
97%
1009
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -6ᴼ
2.06
83%
1005
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
3.13
94%
1005
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1002
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.6
89%
1009
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
86%
1006
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
49%
1010
Currency

61.62

Currency

52.7046

Currency

70.7837

Currency

35.3735

Currency

37.974

Currency

66.2682

Currency

7.57025

Currency

0.67318

Currency

0.33234

Currency

0.52404

Currency

1.21351

Currency

0.57292

Цинк

3.20

Злато

147776.72

Бакар

11.75

Рутениум

45750.51

Платина

74080.83

Кобалт

62.83

Алуминиум

3.13

Калај

49.66

Иридиум

198077.91

Родиум

324722.54

Паладиум

57453.38

Сребро

2897.70