Стабилната верзија на One UI 8.0 оперативниот систем базиран на Android 16 пристигнува наскоро. Таа носи подобрувања за DeX, Secure Folder и нови Samsung апликации. Samsung влезе во завршната фаза на подготовките за лансирање на финалната и стабилна верзија на ажурирањето One UI 8.0, засновано на Android 16. Најновиот знак дека објавата е блиску се подготвените ажурирања на бројни јазични ресурсни пакети достапни во Galaxy Store продавницата. ...

HP состави интересен пакет во кој комбинира квалитетен OLED екран, метално куќиште и многу добри компоненти по пристапна цена. Новата HP OmniBook X Flip 14 серија лаптопи доаѓа во варијанти со Intel и AMD процесори. Овој модел има помоќен AMD Ryzen AI 7 350 процесор, а покрај тоа компактниот лаптоп пристигнува со OLED екран, метално куќиште и димензии што го прават многу пренослив. Ryzen процесорите овозможуваат многу добри перформанси за ...

Apple со iPhone 17 серијата донесува опција за целосно исклучување на PWM затемнувањето на екранот, што го решава проблемот со замор на очите и главоболки кај корисници со чувствителен вид. Apple ги претстави iPhone 17, iPhone 17 Pro, iPhone 17 Pro Max и iPhone Air телефоните, но една значајна новина не беше спомената за време на официјалната презентација: можноста за целосно исклучување на PWM затемнувањето на екранот. Оваа опција би можела ...

По купувањето на спектар вреден 17 милијарди долари од EchoStar, Елон Маск открива планови Starlink да ги комбинира домашниот интернет и мобилните услуги, па дури и идеја за купување на Verizon. Само еден ден откако SpaceX купи безжичен спектар во вредност од 17 милијарди долари од телекомуникациската компанија EchoStar, Илон Маск на свој препознатлив начин изнесе смела визија: Starlink еден ден би можел да стане единствениот извор на ...

Како што беше случај и со многу функции поврзани со вештачката интелигенција, европските корисници ќе мораат да почекаат малку подолго на новите услуги отколку оние во остатокот од светот. Apple при претставувањето на новите iPhone и слушалки AirPods Pro 3 на почетокот од неделата најави интересна нова услуга – симултано преведување директно интегрирано во слушалките, потпомогнато од системот Apple Intelligence на поврзаниот iPhone. Оваа ...

Во присуство на партнери, соработници, пријатели и претставници на водечки компании, вчера се одржа свечен настан по повод 30 години постоење на Семос Едукација под мотото „Знаење што менува“. Вечерта започна со претставување на новиот бренд идентитет на Семос Едукација – симбол на континуираната трансформација и прилагодување кон современите трендови во образованието и технологијата. Генералната директорка Валентина Тасева, во говор на ...

Уште само една недела нè дели од почетокот на Weekend.18, најголемиот регионален фестивал за комуникации, медиуми и бизнис. Од 18 до 21 септември нè очекува полнолетното издание на фестивалот во кое под еден покрив се собираат шест тематски целини: Weekend.18, HR.Weekend, AI.Weekend, Finance.Weekend, како и премиерните изданија на Investment.Weekend и Energy.Weekend, а една влезница важи за сите. „Од поскромни почетоци до денес, Weekend Media ...

Apple е еден од лидерите на пазарот на смартфони и потезите на компанијата често ги „вдaхновуваат“ конкурентите. Затоа и лансирањето на ултра-тенкиот iPhone Air модел оваа недела, кој нема слот за традиционална SIM картичка, отвора различни прашања за иднината на еден многу познат дел од мобилната технологија. Сите корисници на телефони се навикнати на малите картички што треба внимателно да се вметнат во уредите за да можат да функционираат. ...

Google Home веб-апликацијата ги проширува своите функции – освен камери и автоматизации, сега овозможува контрола на светла, термостати, паметни брави и уште многу други уреди. Google значително ја унапреди својата Home веб-апликација, која досега беше ограничена само на надзор на камери и креирање на автоматизации. Од сега, корисниците можат директно преку веб-интерфејс да управуваат со други паметни уреди во својот дом, вклучувајќи: светла, ...

Најголемиот настан за бизнис лидери и претприемачи На 17 септември во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи првата конференција „Бизнис лидер“, најголемиот бизнис настан во земјава кој ќе ги обедини највлијателните и најуспешните лидери и претприемачи од различни индустрии. Целта на конференцијата е да создаде уникатна платформа за размена на идеи и иновации, да понуди можност за споделување на најновите деловни трендови и успешни ...

Sony официјално го претстави Xperia 10 VII, својот најнов паметен телефон од средната класа. Xperia 10 VII доаѓа со редизајниран модул на задната камера и бројни подобрувања во споредба со претходникот. Тоа се унапредени задни камери кои сега се поставени хоризонтално во модул во форма на капсула, што многу потсетува на Pixel. Смартфонот има главен Sony Exmor RS сензор од 50 MP и ултраширока единица од 13 MP, додека за селфи фотографии се ...

Одбројувањето започна! На 5 октомври Скопје повторно ќе живее во ритамот на најголемиот спортски настан во земјата – Виз Ер Скопски маратон 2025. Доколку се уште не сте се пријавиле, имате уште малку време тоа да го направите. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од еуфоријата, адреналинот и незаборавната енергија што ја носи Виз Ер Скопски маратон. Регистрациите се отворени до 19 септември, што значи дека остануваат уште само седум дена ...

По Meta и Google, и Amazon влегува во трката со паметни очила и развива два модела – едни за своите возачи и други со екран во боја за потрошувачите. Паметните очила стануваат новата голема трка во технолошкиот свет, а по Meta и Google, сега и Amazon се подготвува да се појави на сцената. Според информациите што ги пренесува Cnet, компанијата развива очила со екран и камери, што би можело да претставува прв чекор кон вистински AR очила. ...

Американската вселенска агенција NASA им оневозможи на кинеските државјани со важечки американски визи пристап до нејзините објекти, потег што ефективно им забранува работа во еден од најугледните центри за истражување на вселената, пренесува BBC. Кинеските државјани, кои можеа да работат во НАСА само како изведувачи или студенти што придонесуваат во истражувањата, на 5 септември дознале дека го изгубиле целиот пристап до системите и ...

Нов чип што го развија истражувачите од MIT, Бостон и Нортестерн универзитетот користи попаметна модулација и алгоритамот GRAND за почист сигнал и помала потрошувачка на енергија, отворајќи го патот кон 6G мрежите. Истражувачи од MIT, Бостон Универзитет и Нортестерн Универзитет развијаа нов чип што би можел да го промени начинот на кој уредите комуницираат безжично. Овој чип троши помалку енергија, ја подобрува стабилноста на врската и го ...

Во делот за екологија од своето соопштение за iPhone Air оваа недела, Apple откри дека уредот е опремен со 3D-печатен титаниумски USB-C приклучок. Apple изјави дека 3D-печатениот титаниумски USB-C приклучок нуди три предности во споредба со оној произведен со конвенционален процес на ковање: тој е потенок, поцврст и користи 33% помалку материјал, со што е поеколошки. 3D печатењето на метал е познато и како метална адитивна изработка — процес ...

Камен примерок од кратерот Језеро на Марс, собран од роверот на NASA, Perseverance содржи минерали кои би можеле да бидат знак за древна микробна активност, соопштија научниците. Истражувањето објавено во списанието Nature покажува дека во примерокот, наречен Sapphire Canyon, се откриени минералите вивианит и грејгит. На Земјата, овие соединенија често настануваат како резултат на реакции предизвикани од микроорганизми. „Овие реакции се ...

Huawei развива преклопен телефон од средната ценовна класа со Pura X екран, планиран за четвртиот квартал од 2025 година, со компромис во перформансите, но со фокус на екранот. Huawei за оваа година планира нови модели на телефони со склоплив екран, а по троструко преклопливиот модел Mate XTs, компанијата се подготвува и за средната класа. Според информациите од профилот DigitalChatStation, во подготовка е склоплив уред кој ќе има ...

Со оглед на тоа што новата учебна година веќе започна, Samsung нуди дополнителна поддршка за ученици, семејства, професионалци и љубители на технологија. Во тек е акцијата „Back to School“, која трае до 30 септември 2025 година и носи бесплатен таблет за купувачите на Samsung телевизори. Со Samsung телевизорите можеш да се грижиш за твоето милениче, да го направиш домот попаметен и поудобен, да ги заштитиш твоите податоци и да добиеш подарок ...

Прелиминарните рендер фотографии од Galaxy S26 Edge откриваат редизајн со огромен модул за камери и ултратенко куќиште, кој несомнено е инспириран од новите iPhone 17 Pro модели. Apple пред два дена го претстави iPhone 17 Pro, а неговиот дизајн веќе стана главна тема во технолошките кругови. Додека едни го пофалија, а други го критикуваа новиот изглед, нема сомнеж дека токму Apple ќе ги диктира трендовите за следните генерации паметни ...

Новиот видео спот на Телеком веднаш го привлече вниманието на медиумите и јавноста, кои позитивно ја прифатија пораката за отфрлање на предрасудите. Видеото „Никој не се раѓа со предрасуди, тие се учат” е продолжување на комуникациската платформа #НаправиМесто, која Телеком ја започна лани, за да поттикне отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за целосно да се поврземе. Снимањето на видеото се случуваше во градинката „Пролет“, во ...

Sony конечно го воведува она што Nintendo и Microsoft го имаат со години – новата апликација PlayStation Family, која главно служи како проширување на родителската контрола на конзолата. Сепак, родителите добиваат и неколку дополнителни придобивки. Апликацијата вклучува „внимателно воден“ процес на воведување во користење. Откако ќе се постават сите параметри, родителите можат да прават сè што веќе можеле на конзолата – да поставуваат ...

Xiaomi подоцна овој месец ќе претстави три уреди од својата водечка серија – Xiaomi 16, 16 Pro и 16 Pro Max, а сега на социјалната мрежа X се појавија наводни спецификации за моделот Xiaomi 16. Според изворот, смартфонот има 6,3-инчен LTPO OLED екран со 1,5K резолуција и фреквенција на освежување од 120Hz, три задни камери меѓу кои главната од 50 MP со OmniVision сензор, ултраширока од 50 MP и телефото камера од 50 MP со Samsung ISOCELL JN5 ...

Samsung Electronics објави дека ќе учествува на CES 2026 во Лас Вегас со најголемиот изложбен простор во историјата на компанијата. Лоциран во престижните Wynn and Encore Las Vegas, штандот на Samsung ќе означи нова ера на иновација и ангажман со клиентите. Овој рекордно голем премиум простор ја нагласува посветеноста на Samsung да испорача имерзивно искуство кое ги оживува најновите производи и визијата на компанијата. Со интегрирање на ...

Од 18 до 21 септември Ровињ повторно ќе стане епицентар на знаењето, инспирацијата и незаборавната вечерна програма. Додека деновите на Weekend.18 се резервирани за предавања, панели и дискусии со водечки светски и регионални експерти, ноќите традиционално ѝ припаѓаат на забавата. Weekend веќе со години е познат по единствениот спој на бизнис нетворкинг и врвна музика, а токму вечерните програми му даваат на фестивалот посебна енергија. Кога ...

По повеќегодишно исчекување, најпопуларниот сервис за стриминг на музика воведува звук со висока резолуција за своите претплатници. Опцијата постепено се воведува во повеќе од 50 земји, а Македонија не е во првиот бран. Претплатниците на услугата Spotify Premium можеби неодамна добија зголемување на цените на месечните претплати, можеби Spotify ќе почне да им ги укинува сметките доколку ги плаќаат со VPN преку некоја „поевтина“ земја, но ...

Rimac претстави батерија со цврст електролит која се полни од 10% до 80% за само 6,5 минути и нуди голема енергетска густина. Rimac Technology, развојниот и производствен огранок во сопственост на Rimac Group, ја претстави револуционерната батерија со цврст електролит за електрични автомобили, која ветува дека дополнувањето на пат ќе биде побрзо од точење гориво и купување кафе. Новата батерија, развиена во соработка со компаниите ProLogium ...

Астронаутите кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица, снимија извонредни фотографии од целосното затемнување на Месечината за време на изминатиот викенд. Затемнувањето се случи во ноќта од недела кон понеделник (7 кон 8 септември), беше видливо од поголемиот дел на источната хемисфера и воодушеви многумина ширум западна Австралија, Азија, Африка и Европа. Беше видливо и од 400 километри над Земјата, што е просечната висина на која ...

Apple го лансира најголемото софтверско освежување во последните десет години: iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 Tahoe пристигнуваат на 15 септември со новиот Liquid Glass интерфејс. Иако за време на претставувањето на iPhone 17 беа само накратко споменати, Apple тивко ја ажурираше својата веб-страница и го откри датумот кога корисниците ќе можат да ги преземат новите верзии на оперативните системи. Почнувајќи од 15 септември 2024 ...

Huawei ја објави листата на телефони и таблет уреди со поддршка за Wi-Fi 7+, носејќи побрз интернет, помало доцнење и постабилна конекција. Huawei денес ја прошири листата на уреди кои добиваат поддршка за новата Wi-Fi 7+ технологија на ниво на процесор. Освен најновите модели паметни телефони, на списокот се додадоа и некои од врвните уреди од средната класа. Оваа функција носи значително побрзи мрежни перформанси, поголема стабилност и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1009
weather icon

Белград

-5ᴼ / -5ᴼ
2.06
93%
1007
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -3ᴼ
0.51
81%
1007
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
65%
1010
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
0.74
90%
1011
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -5ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
93%
1006
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
4.12
90%
1011
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -4ᴼ
2.06
93%
1009
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
53%
1011
Currency

61.62

Currency

52.5721

Currency

70.6951

Currency

35.3735

Currency

37.974

Currency

66.6166

Currency

7.55216

Currency

0.67318

Currency

0.33234

Currency

0.52404

Currency

1.21351

Currency

0.57292

Родиум

324722.54

Алуминиум

3.13

Рутениум

45750.51

Бакар

11.75

Сребро

2897.70

Злато

147776.72

Цинк

3.20

Платина

74080.83

Иридиум

198077.91

Калај

49.66

Паладиум

57453.38

Кобалт

62.83