„Грок, облечи ги во бикини“ – е едноставното барање до вештачкиот четбот на мрежата Х, сопственост на Елон Маск по кое многу јавни личности, деца, жени завршија голи или полуголи на мрежите. Грок постапува по фотографии на реални личности, меѓу кои беше и таа на семејството на премиерот Христијан Мицкоски, кои по барање на некој од македонските корисници на Х, завршија во бикини. Од почетокот на јануари, илјадници жени и тинејџерки, ...

На дедо Драги од кочанското село Нивичани по осум години живеење во мрак, утрово во 10 часот повторно му светна сијалица! Наскоро ќе добие и телевизор, за да веќе не живее во потполн мрак. Благодарејќи на иницијативата на негов соселанец и на Ана Симонова од Еколошко здружение Грин.орг, кои ја средиле целата документација и собрале пари од хумани граѓани, па на чичко Драги му ја приклучиле струјата, да не живее во 21 век во потполн мрак. -Ми ...

За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите ...

Бебето што почина во Кавадарци, во болницата било примено поради обилно повраќање по хранење, соопштија денеска од болницата, откако СВР Велес информираше за смртта на двомесечното бебе и дека неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Во соопштение до јавноста, директорката Гордана Ѓорчева-Камчева изрази сочувство до родителите и појасни каква била здравствената состојба на бебето при неговата хоспитализација. ...

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаала 75 годишна жена, кај која лабораториски бил потврден грип од типот А, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Ова е прв смртен случај поврзан со грип од почетокот на годинава. Пациентката имала коморбидитети и не била вакцинирана против сезонски грип. Директорот Цана соопшти дека во моментов со симптоми на грип на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти, од кои дел се на кислородна ...

За една недела во периодот од 5-11 јануари во Македонија се пријавени 2.3221 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е 34,6% повеќе во споредба со претходната недела (n=1.725). Според Институтот за јавно здравје, бројот на пријавени лица оваа недела споредено со втората недела од минатата сезона (n=1.053) е зголемен за 2,2 пати, а во споредба со бројот за втората недела од типичната епидемиска крива ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го информира својот тим за национална безбедност дека сака евентуалната американска акција врз Иран да биде брз и одлучен напад врз режимот во Техеран, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News) повикувајќи се на два неименувани извори. Според нив, Трамп сака брза акција во Иран за да избегне долготраен судир. Неименуваните извори тврдат дека Трамп е подготвен да ги исполни своите ветувања дадени на демонстрантите ...

Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали. Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година. На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти ...

Точно еден месец нѐ дели од првиот солистички, скопски концерт на регионалната музичка икона Сенидах, која на 14 февруари со себе ќе ни го донесе својот препознатлив уметнички потпис и емоција што не познава граници. Сенидах во Скопје ќе настапи на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански“. Овој датум не е случаен, тоа ќе биде вечер посветена на блискоста, искрената емоција и врската што со години ја гради со македонската публика. По големите ...

Ова е Роџер, најновиот член од нашиот тим на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Станува збор за 2,5 годишен „чоколаден“ лабрадор кој го вдомивме неодамна и кој за исклучително кратко време се прилагоди на персоналот и на пациентите – нашиот четириножен „колега“ е обожаван едноставно од сите! Причините за вдомувањето на Роџер, според директорката на клиниката, проф. д-р Славица Арсова е имплементацијата на Animal Assisted Activities ...

Македонија е во друштво на 74 други земји, чии граѓани нема да можат да добијат имигрантска виза за преселба во САД, бидејќи почнува ревизијата на системот за проверка и селекција на апликантите. Не се знае до кога ќе трае овој процес, но засега американските конзуларни служби нема да процесираат нови апликации за имигрантски визи од Македонија. Тоа значи дека македонските државјани кои планирале да аплицираат за имигрантска виза на пример, ...

Граѓанската иницијатива Стоп за Усје, повторно излегува на улица затоа што воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот. Новиот протест е закажан за 21 јануари со почеток во 18 часот со блокада на раскрсницата на бул. „Борис Трајковски” и бул. „Србија”, во правец кон Усје. -Листата на барања кои ги прочитавме на првата граѓанска блокада на 26.12.2025, ги доставивме до сите надлежни институции. Но, бидејќи НИКОЈ од нив не одговори ...

По кракткото прочистување за празниците, во изминатите два дена повотрно ни се вратија загадувачките вредности. Граѓаните се лути, споделувајќи ги високите вредности на загадениот воздух со прашање – дали навистина загадуваат домаќинствата, или се тоа печките за отпад, кои беа исклучени за време на празниците. Скопје и Струмица се меѓу најзагадените градови, поради што на 21-ви (среда) и 24-ти јануари (сабота) се најавени протест и блокада. ...

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. -Пронајдената криумчарена стока е запленета, а од страна на инспекторите е ...

Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на еден лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, на вчерашната дебата во емисијата „24 анализа“, на ТВ „24“, се наведува во соопштението од СДСМ. ...

Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по ...

Двајца странци, 38-годишната Русинк В.А. и 32-годишниот А.С., биле уапсени по инцидент што се случил на Божиќ во Прифатниот центар за меѓународни баратели на азил Порин во Загреб. Според „Јутарњи лист“, за време на ручекот, В.А. била пијана и им викала на обезбедувањето и користела навредливи зборови. Таа постојано им го покажувала средниот прст и од чантата зела вештачки пенис од 30 сантиметри, со кој почнала да тепа еден од обезбедувањето. ...

Шефот на иранското правосудство Големхосен Мохсени-Ежеи најави брзи судења на притворените ирански демонстранти. – Ако сакаме да завршиме некоја работа, тоа треба да го направиме сега. Ако сакаме нешто да направиме, тоа мора брзо да го сториме, истакна Мохсени-Ежеи. #BREAKING | ईरान में आज प्रदर्शनकारी को फांसी देने की तैयारी, 26 साल के इरफान को दी जाएगी फांसी @romanaisarkhan | https://t.co/smwhXUROiK#IranProtests #IranianRevolution2026 #Iran ...

Општина Штип објави јавен оглас за работно ангажирање лица во рамки на Програмата за извршување на јавни работи. Ангажманот ќе се реализира преку ЈП „Исар” – Штип, ЈП „Стипион 2011″, како и во месните и урбаните заедници, при што лицата ќе бидат вклучени во активности од јавен интерес. Работните задачи опфаќаат одржување и чистење на јавни и зелени површини, комунална хигиена, чистење на атмосферски канали, фарбање, како и извршување ...

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. – За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето ...

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите. Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат во моментот има 80-ина инспектори, ...

Лишени од слобода осум возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а еден возач во Битола предизвикал и сообраќајна несреќа. Ова се несовесните: -На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило ...

Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада, генерално, сите се согласивме дека треба да замине во минатото, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците. Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на пржинската влада, таа да важи и за следните избори, па потоа да се укине. ...

Речиси тричасовната лидерска средба во Клубот на пратениците, иницирана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, ја оцени како „изненадувачки првпат конструктивна“ посочувајќи дека било начелно договорено до крајот на пролетта, јуни, да се донесе нов Изборен законик иако за економските теми, како минималната плата, рече дека не наишле на разбирање. – Се дискутира за модалитетите. Една ...

Гренланд, најголемиот остров на Земјата, има повеќе природни ресурси од кое било друго место на светот. Во овој миг сите активности за рударство и вадење ресурси се строго регулирани од гренландската влада преку сеопфатна правна рамка, што датира од 70-тите. Како што пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert), Гренланд е посебно место на Земјата, кое од неодамна повторно е во средиштето на вниманието поради геополитичките превирања. Без разлика ...

Поранешен кандидат за амбасадор на САД во Србија, чија кандидатура беше повлечена, Марк Брновиќ, почина на 59-годишна возраст, соопшти семејството. Поранешниот државен обвинител на Аризона, Марк Брновиќ, почина на 59-годишна возраст, соопшти семејството. Брновиќ, кој има српско потекло, е поранешен државен обвинител на Аризона. Брновиќ починал како последица на срцев удар, соопшти претставникот на семејството Кејти Конер на 13 јануари, објави ...

Обвинителството при шпанскиот Врховен суд соопшти дека отворило истрага по медиумските објави дека познатиот пејач Хулио Иглесијас сексуално злоупотребувал две поранешни вработени. Според шпанските и американските медиуми, станува збор за две жени кои во 2021 година околу десет месеци работеле во карипските резиденции на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите. Жените пријавиле дека за време на нивниот ангажман биле изложени на ...

Атина е високо интелигентна, со силен инстинкт, супер концентрација и физичка издржливост, се грижи за безбедноста. Нејзина специјалност е заштита од експлозивни средства и направи. Гордо го носи елечето на кое е испишано, „полиција“. Атина е прекрасна, мила, насмеана, позитивна. Нејзината кроткост ги освојува симпатиите на сите што ќе ја запознаат. МИА ја фотографираше на крајот од јуни, ни го привлече вниманието на пуштањето во употреба на ...

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за ...

Мелезот Танк, комбинација од пит бул и чивини (чивава + дачунд) стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откога неговата сопственичка, Кендал Кларк од Портланд, Орегон, ја сподели неговата приказна на „Редит“ на почетокот на јануари. Неговата глава потсетува на пит бул, а телото, долго и ниско, личи на дачунд, што веднаш ги освои корисниците на интернет. Кларк откри дека Танк дошол од случајно легло. Таткото е чивини, мешавина од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
61%
1025
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
62%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
63%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
4.63
67%
1026
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.39
77%
1030
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
79%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.13
72%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
80%
1031
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
66%
1025
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 3ᴼ
5.66
68%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.2331

Currency

70.469

Currency

37.1461

Currency

38.1829

Currency

67.493

Currency

7.63486

Currency

0.67946

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Сребро

2882.64

Калај

53.83

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.15

Кобалт

64.04

Родиум

380986.35

Паладиум

57839.19

Платина

75972.21

Иридиум

212342.22

Цинк

3.34

Бакар

12.31

Злато

166739.88