
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Во авионот на Azerbaijan Airlines, кој се урна во Актау, се превезувале 62 патници, од кои 37 државјани на Азербејџан, 16 државјани на Русија, шест државјани на Казахстан и тројца државјани на Киргистан. Дваесет и осум лица се пренесени во болниците по падот на авионот, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Казахстан за РИА Новости. Нема деца меѓу патниците во авионот на Азербејџан ерлајнс кој се урна во Казахстан, соопшти ...
Кафето е омилен пијалак на многу луѓе, а за многумина е незамислив ден без него. Сепак, иако кафето има многу придобивки, има одредени комбинации кои можат да предизвикаат лошо варење и не се добри за желудникот. Иако самото кафе има бројни здравствени придобивки, важно е да внимаваме на комбинации со друга храна и пијалаци, бидејќи некои од нив можат да предизвикаат дигестивни нарушувања или негативно да влијаат на нашето тело. Избегнувајте да ...
Манчестер Сити успеа да победи само еднаш во последните 12 одиграни натпревари. Во таа серија има дури девет порази и тимот е во резултатска криза во која ја нема од преземањето на Пеп Гвардиола во 2016 година. Дел од вината презеде и Ерлинг Холанд. Норвешкиот напаѓач минатата сезона во англиското првенство постигна 27 гола на 31 натпревар, а претходната година дури 36 на 35 натпревари во Премиер лигата. Почна добро и оваа сезона, но на ...
Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша 50 закони, вклучувајќи и закон со кој ќелавиот орел ќе стане официјална птица на нацијата и закон со кој им се забранува на членовите на Конгресот да добиваат пензија доколку бидат осудени за злосторства. Бајден го воспостави првиот федерален стандард за борба против насилството и смртта во високообразовните кампуси низ целата земја. Тој, исто така, потпиша закон, поддржан од реалити ѕвездата и ...
Засладената храна нема најдобра репутација. Сите знаеме дека треба да се избегнуваат газирани пијалоци, засладени сокови и слатки. Но, тешко е да се одолее на желбата за слатки и нереално е да се очекува дека целосно ќе ги исфрлиме засладените производи од нашата исхрана. Сепак, колку шеќер е премногу? Експертите предупредуваат дека дневниот внес на шеќер не треба да надминува 25 грама, што е еквивалентно на 6 лажички. Ова е вкупно околу 10% од ...
Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6°C. Во Скопје облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од училиште во Пловдив, Бугарија, Антикорупциската комисија заклучи дека не е надлежна да вештачи дали документот е фалсификуван, туку тоа е работа на Обвинителството. „ДКСК изврши увид во сертификатот и формално правно условот е поднесен, односно, поднесен е документ што ги задоволува барањата. Поради ...
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот за одбрана на Гренланд, неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја повтори желбата да ја купи територијата на Арктикот, објави BBC. Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен рече дека пакетот е „двоцифрена милијарда“ сума во круни, или најмалку 1,5 милијарди долари. Тој го опиша тајмингот на објавувањето како „иронија на судбината“. Трамп во понеделникот ...
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник на 24 декември 2024 година во 22:33 часот на територијата на Русија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 41,5764 и географска должина 48,0357. Хипоцентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од приближно 56,6 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за ...
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на сопственик и управител на Друштво за градежништво, трговија и услуги ГРАДБА КОМПАНИ ДООЕЛ с. Ларце, Желино, поради основано сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување по член 279 ст.1 од КЗ на РСМ и против истото правно лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување по ...
Саудиска Арабија егзекутирала 330 осуденици оваа година, што е најголем број регистриран во изминатите неколку децении, и покрај тврдењата во 2022 година на престолонаследникот и де факто лидер Мохамед бин Салман дека смртната казна е укината, освен за убијците. Саудиска Арабија троши милијарди долари за да го промени имиџот на земјата со строги религиозни ограничувања и кршење на човековите права, пишува Reuters. Најновата статистика за бројот ...
Традиционалниот новогодишен концерт насловен „Слушни!Доаѓа Новата…“ на Македонската филхармонија ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс. Eлена Митревска завршува студии по хорско и оркестарско диригирање на Универзитетот ...
Дали имам доволно секс? Речиси сите се прашуваме во еден или друг момент, но не постои универзален одговор. Постојат 7 клучни фактори кои влијаат на сексот и динамиката на врската. Првиот фактор е поврзан со тоа колку години имате. Дваесеттите и триесеттите се „златните години“ за секс. Сексуалниот нагон природно опаѓа како што стареете. Ова главно се должи на хормоналните промени предизвикани од менопаузата и падот на тестостеронот. Но, не е сè ...
Денес се одржа свеченото прогласување на најуспешните атлетичари, тренери и клубови во Македонија за постигнувањата во атлетскиот спорт во 2024 година. Овој значаен настан е во организација на Атлетската федерација на Македонија, а беше одбележан во присуство на најдобрите и најталентирани спортски личности, како и почитувани гости како градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, голем поддржувач на атлетиката и спортот, Проф. д-р ...
Навивачите на Бетис поставија нов рекорд собирајќи 20.000 играчки за време на полувремето на неделниот натпревар во Ла Лига против Рајо Ваљекано. Имено, навивачите на андалузискиот клуб секоја година пред божикните и новогодишните празници на теренот фрлаат плишани играчки за хуманитарни цели, кои се собираат за децата кои немаат можност да добијат подарок. Така, стадионот „Бенито Виљамарин“ се наполни со плишани животни кои ќе се делат преку ...
Во Сирија избувнаа протести поради палењето на новогодишна елка, што ги поттикна повиците до новите исламистички власти да преземат чекори за заштита на малцинствата, јавува BBC. Видеото објавено на социјалните мрежи покажува запалена елка на главниот плоштад во Ал-Сукајлабија, претежно христијански град во Западна Сирија. Дрвото е опкружено со маскирани луѓе. Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), главната исламистичка фракција што го предводеше бунтот ...
Дедо Мраз и неговите ирваси го започнаа своето патување околу светот, а во следните 24 часа ќе застанат на бројни места. Секоја година, Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) обезбедува следење на санките на Дедо Мраз во реално време додека патува низ планетата. Оваа традиција трае од 1955 година, кога грешка во реклама на стоковна куќа довело до тоа дете да се јави во воениот команден центар барајќи да разговара со Дедо Мраз. ...
Празниците го симболизираат и уживањето во храната, која често вклучува слатки, колачи и висококалорични деликатеси. Претерувањето со овие намирници неколку дена може да резултира со вишок килограми. Сепак, експертите тврдат дека е можно да уживате во празничните слатки, а во исто време да ги избегнете несаканите килограми. Според нив, просечниот човек се здебелува околу 0,7 килограми во периодот од декември до јануари. Нутриционистот и тренер ...
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М. (45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени 5 кривични дела „измама во обид“ и против М.А. (45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 5 кривични дела „помагање“ во врска со „измама во обид“. Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 1 до 13 декември 2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги ...
Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, и спортскиот директор на национални селекции, Горан Пандев, одржаа состанок во Куќа на фудбалот со селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски. Oтворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за други аспекти од соработката што допрва започнува меѓу Горан Пандев како спортски ...
На конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија оваа година се пријавени вкупно 46 дела, единаесет повеќе од делата пријавени на конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2024 година. Оваа година, за разлика од минатата, доминира поетската продукција, но и книжевноста за деца и млади. За наградата Стале Попов за најдобро прозно дело објавено во 2024 г. конкурираат следните 10 наслови: 1. „Ветрилиште“ (Игор ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа го победија Феникс Санс со 117:90 и го подобрија својот рекорд на 16-11 оваа сезона. Моментално се на петтото место во Западната конференција на НБА лигата, а синоќа до нова победа ги предводеше Никола Јокиќ со 32 поени и седум асистенции за 30 минути на паркетот. Вечерва е ден за одмор во НБА, а в среда на Божиќ традиционално ќе гледаме пет натпревари. Последната ќе ја играат кошаркарите на Феникс и Денвер од ...
Португалскиот ас максимално ја користи паузата меѓу двата дела од сезоната во Саудиска Арабија, а деновиве замина на зимски одмор. Кристијано Роналдо сподели фотографии од Лапонија, фински регион на самиот север на Европа, каде што го слави Божик со своето семејство. Посетата на Финска ја искористи за обиколка на природните убавини, а во таа прилика се сретна и со ирваси. Покрај тоа, на една фотографија позираше гол до половината, на -8 степени ...
Враќањето на Конор Мекгрегор во УФЦ се чини сè подалеку, прво беше изненаден од информацијата за можен боксерски меч против Логан Пол, а сега медиумите пишуваат дека напредуваат преговорите за борба меѓу Ирецот и братот на Логан, Џејк, во јули или септември 2025 година. Последниот боксерски меч на Мекгрегор беше во 2017 година, кога беше поразен од Флојд Мејведер. Џејк и Конор се караа за социјалните мрежи уште во 2020 година, а една година ...
Повеќе од 25 илјади сириски бегалци ја преминаа границата од Турција кон Сирија во последните две недели, по падот на претходниот сириски режим, и се вратија во својата татковина. Ова денеска го соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Претходно достапните податоци објавени од турските власти покажаа дека во периодот од 9 до 13 декември, веднаш по падот на диктаторот Башар ал-Асад, од Турција во Сирија се вратиле 7.621 лице. Турција, ...
Сирискиот де факто лидер Ахмед ал Шара денеска постигна договор со поранешните водачи на бунтовничките фракции за распуштање на сите групи и ставање под контрола на Министерството за одбрана, се вели во соопштението на новите власти. Премиерот Мухамед ал Башир минатата недела изјави дека министерството ќе биде реструктуирано од поранешни бунтовнички фракции и офицери кои дезертирале од армијата на Башар ал Асад. Ал Шара се соочува со огромен ...
За новогодишната идеја ви ја препорачуваме оваа едноставна и вкусна салата со пилешко. Едноставна, брза, празнична салата со пилешко, сусам и кикиритки. Одлично оди со мезе, со крекери, со домашни кифли или едноставно само со леб. Одличен предлог е за Нова година ако ви доаѓаат гости или едноставно сакате да ја збогатите празничната трпеза. Потребни состојки: Подготовка: Белото месо сварете го и исечкајте го, а на сува тава кратко пропржете го ...
American Airlines во вторникот ги приземји сите свои летови во САД поради технички проблем, што ги наруши плановите за патување на илјадници патници што се подготвуваа да летаат на Бадник, пренесуваат светските медиуми. Масовните прекини на летовите претходно ги нарушија плановите на многу патници. Во 2022 година Southwest Airlines доживеа целосен системски колапс, кој траеше со денови. Според написите од компанијата, немаат дадено временска ...
Денеска е Бадник според новиот Грегоријански календар, а утре католичките верници го слават Божик. Католичкиот Божик се слави секоја година на 25 декември, а оваа година се паѓа во среда. Исто како и во православието, семејството се собира, пости на Бадник, а на Божик го слави раѓањето на Исус Христос. Токму затоа Божик се смета за најрадосен христијански празник. Симболите на прославата на Божик кај римокатолиците се јаслите во кои, според ...
Турските медиуми утринава објавија нешто шокантни најави, а велат дека Фенербахче сака да го доведе еден од најдобрите светски играчи во последната деценија, Кевин Де Брујне од Манчестер Сити. „Моторот, главата и опашката“ на сите успеси на Манчестер Сити во последните десет години е барана опција од целиот свет, а утринава еден од најугледните турски весници Fanatik објави навистина бомбастична вест. Како што пренесува Fanatik, Фенербахче ...