Михаил Рогачев, поранешен потпретседател за корпоративно управување на нафтената компанија Јукос, е пронајден мртов во Москва. Телото било пронајдено во саботата наутро во дворот на зградата каде што живеел. Според првичните податоци, Рогачев скокнал од прозорецот. Околностите на смртта се уште се истражуваат, но се сомнева дека има самоубиство. Телеграмскиот канал MASH наведува дека Рогачев боледувал од тешка форма на рак. Во станот наводно ...

Министерката за енергетика Сања Божиновска се огласи на социјалните мрежи по повод изјавата на Илијана Јотова, која кажа дека лично ги видела нејзините документи, и таму стои дека изјавува дека има бугарска самосвест. Божиновска реагира дека тоа го правеле бугарски адвокати, а таа во ниту еден момент не изјавила дека се чувствува како Бугарка. Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век. Ниту еден граѓанин на Македонија ...

Студија спроведена од истражувачи во Бостонската болница открива дека во последните неколку децении, стапката на одредени видови рак дијагностицирани кај лица под 50 години значително се зголемила во повеќе земји. Овој пораст е забележан кај рак на дојка, дебелото црево, ендометриумот, хранопроводникот, жолчниот меур, главата и вратот, бубрезите, црниот дроб, коскената срцевина, панкреасот, простатата, желудникот и тироидната жлезда, пренесува ...

Вакцинацијата за сезонски грип почнува денеска и ќе се спроведува на 36 локации во државата. Досега за вакцијација од сезонски грип се пријавиле над 32.000 граѓани. Во Скопје вакцинацијата ќе се одвива во Центарот за јавно здравје, во поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а во ИЈЗ само за здравствените работници. Од Министерството за здравство информираат дека сите пријавени на сајтот добиваат смс порака порака за датумот, точното време и ...

Годината е при крај, но тоа не значи дека големите астролошки настани завршија. Дознајте кои хороскопски знаци може да очекуваат голем успех во кариерата пред крајот на годината Есента е едно од најдобрите годишни времиња за нов почеток. Ги отвора годишните времиња на Девица, Вага и Шкорпија, што значи дека планирањето, мечтаењето и тврдоглавоста доаѓаат до израз. Како резултат на тоа, можеби е вистинско време да направите некои големи потези во ...

Пејачот Лиам Пејн во моментот кога трагично почина, бил под дејство на силни халуциногени дроги кои предизвикуваат психотични напади и халуцинации, пренесува „Page Six“ Полицајците од Буенос Аирес пријавиле дека пејачот конзумирал „Кристал“, или метамфетамин, опасна супстанца што го прави корисникот агресивен. Агресивното однесување можеби било предизвикано од дрогата и тој халуцинирал, поради што Лиам Пејн скокнал од балконот на третиот кат во ...

Во интервју за КОД на ТВ телма, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, потврди дека се’ уште нема безбедносен сертификат од степен „Државна тајна”, а има важечки сертификат со степен пониско. Во емисијата истакнаа дека актуелниит директор нема право да има право на увид на класифицирани информации од највисок степен што АНБ како контраразузнавачка служба ги проозведува се’ додека Христовски не го добие ...

Времето утрово ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје утрото ќе биде студено, додека преку ден сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 ...

И покрај противењето на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, земјава да биде подобро поврзана и со Албанија и со Бугарија, двете држави се договорија да продолжи изградбата на пругата која е дел од Коридорот 8. Со самото доаѓање на позицијата, Николоски беше против довршување на пругата за Бугарија, дел од европскиот Коридор 8 и бараше пренамена на трасите, но и средствата со цел да се модернизирал Коридорот 10, кој ги поврзува ...

„Јас најавив дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании“, изјави Фатмир Битиќи, поранешниот вицепремиер за економски прашања. „Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што ...

Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции. Односно, главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена од Изет Меџити, кој и после четири месеци и пуштени две ургенции од страна на општината, го блокираше и не даде согласност на проектот за патот во село Ласкарци, велат од Општина Сарај. Од оваа скопска локална самоуправа додаваат ...

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, заедно со раководството на ЈПКД „Комуналец“, изрази надеж дека проблемот со водата за пиење во Струмица и шест околни населени места ќе биде решен во наредните денови. Тој очекува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да издаде решение за безбедноста на водата, откако ќе бидат завршени сите потребни анализи. „По две направени анализи од акредитирана лабораторија за хемиско-физичкиот состав и ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче, вчера одржа средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас. Во фокусот на разговорот беше евроинтеграцискиот процес, односно важноста Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, како и потребата од остварување на натамошните чекори кон отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ. На средбата беше потенцирано дека интеграцијата на државата е прашање ...

Веројатно сте го оставиле мобилниот телефон на полнач преку ноќ, за наутро да биде целосно наполнет и подготвен за работа. Но, дали некогаш сте се запрашале каква штета му нанесува на вашиот уред полнењето преку ноќ? Како што пишува Asurion, модерните паметни телефони опремени со литиум-јонски батерии имаат паметна технологија која го спречува полнењето на батеријата по полнењето на уредот. Меѓутоа, за литиум-јонските батерии, оптимално е тие да ...

Поранешната прва дама на Франција стана ангел на “Victoria’s Secret’ и на 56 години ја „освои“ модната писта. Таа го покажа своето извајано тело, а ние дознавме какви тренинзи практикува. Поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни, се појави на модната писта за “Victoria’s Secret” – и тоа на 56-годишна возраст. Таа блесна и докажа дека годините се само бројка доколку се грижиме за себе. View this post on Instagram A post shared by Carla ...

И додека летото е резервирано за ладни и освежителни пијалоци, со потемните есенски денови, многумина полека се враќаат на потоплите пијалоци. Сепак, забораваме како и добар коктел може да не загрее. Денеска ви предлагаме да го направите тоа со специјална верзија на џин и тоник. Во овој случај, омилениот пијалок на многумина е збогатен со јаболков. Ова е годишно време кога бројните есенски сорти на јаболка созреваат со навистина прекрасен вкус, ...

Северна Кореја подготвува 10.000 војници да се приклучат на војната во Украина на страната на Русија, што претставува прв чекор кон светска војна, изјави во Брисел украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека Пјонгјанг подготвува 10.000 војници од различни гранки и специјалности да се приклучат на руската војна против Украина, наведувајќи дека тие ќе се приклучат на борбите во наредните месеци откако ќе поминат обука, објави ...

Доколку често страдате од киселини во желудникот, не мора секогаш да се потпирате на фармацевтските лекови. Желудочната киселина е силна, но во здравиот желудник создава заштитен слој кој е важен за нормалното функционирање на органите. Ако сепак почувствувате некакви тегоби, можете да се обидете со неколку природни лекови кои ќе ви помогнат да го намалите нивото на киселина и да ја ублажите болката. Лек со босилок Кога ќе ги почувствувате ...

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка. За ова информираа од Детската клиника. – ...

Почитувани, со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите.Во член 10 од Законот за АНБ јасно стои дека директор на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.Наместо професионалец, на чело на АНБ власта поставува партиски човек, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активен ...

Јелена Карлеуша на концерт во Скопје, аудио-визуелен спектакл кој не смее да се пропушти. По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје. Балканската мегаѕвезда, естрадната модна икона, најпровокативната,и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултрасексапилната Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје. Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку ...

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, ја кажа можеби клучната реченица, рече денеска во сведочењето началникот Дејан Димовски. Полицијата забележала дека таткото на Вања бил фатен на камера кај „Александар Палас“ и Качанички пат. Кога прашале што бара натаму рекол дека гледал на филмови дека ако некој е киднапиран оди кон граница. Кога го прашале зошто не заминал, рекол ...

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пред судот сведочеше Дејан Димовски началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје. О – што велеше Александар, од каде се снимките? д – он како загрижен татко одел по истите места кај што одевме ние. Него му помагаше едно лице Гоце, кажа дека му е кумовска врска некоја, 20 години не сме се виделе ама сега се најде тука ама многу ми ...

Во текот на судењето за свирепото двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, сведочеше и началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски. Во своето сведочење, тој даде детали за сложената и обемна истрага, која ги следела повеќе различни теории, базирани на информации од родителите на Вања. Една од тие теории се однесувала на нејзиниот виртуелен дечко од Шведска. „Работевме на различни теории ...

На 17.10.2024 во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш–Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(20) од село Лакавица, штипско и патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(30) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, ...

Манипулациите со кои се служи власта се видоа уште кога најавија поддршка за општините од 250 милиони евра. Потоа велеа 100 милиони евра до крајот на годината, за денес да испаднат 65 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија. – Ќе потсетам само на искуството од минатото, дека кога владеела ДПМНЕ, најмалку од се ја интересирала објективноста, туку само како да прибира дневно ...

Веројатно сите сте запознаени со препораката на лекарите кои кога ќе настапат ладните денови веднаш советуваат да се консумираат продукти кои содржат големо количество витамин Ц, како што се портокалите, грејпфрутот и мандарините. Кога станува збор за мандарините, малкумина знаат кои се предностите од нивната консумација освен што се богати со овој витамин. За почеток, мандарините имаат многу малку калории. На пример, во 100 грама мандарини има ...

СДСМ ја потсетува јавноста дека Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, исто како што Владата на СДСМ потпиша и договор за брза пруга Ниш – Скопје. Овие документи се клучни за развојот на инфраструктурата и поврзаноста на земјата со соседите и регионот, велат од опозициската партија. „Сѐ што требаше Христијан Мицкоски да направи е да испрати свој претставник, министерот за транспорт, ...

Францускиот астролог Мишел де Нострадамус, познат како Нострадамус, ја напишал книгата Les Prophéties во 1555 година во која ги претставил своите предвидувања за иднината, додека Баба Ванѓа, родена во Струмица, користела помистични методи за да ја предвиди иднината. Многумина велат дека нивните предвидувања се оствариле во минатото, набројувајќи примери и толкувајќи ги нивните текстови, поради што редовно се објавуваат нивните предвидувања, што ...

Надлежните наредната година најавуваат зголемување на пензиите во март за 2.500 денари и 4 проценти во септември. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, велат пари за пензии ќе има, за 2025-та година е планиран буџет од 135 милијарди денари. 105 милијарди се наменети за пензиите, 15 милијарди за вториот столб. Директорот на Фондот, Никола Мемов соопшти дека предлог-буџетот за Фондот за 2025 година е 135 милијарди денари наспроти 110,5 ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.12
25%
1012
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
7.2
36%
1012
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
2.06
39%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
6.21
21%
1010
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
2.57
35%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
8.05
33%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
6.69
36%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
26%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.09
33%
1011
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
8.75
27%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
57%
1012
Currency

61.535

Currency

52.5197

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75