
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(54) од Битола, удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди на местото починал сопатникот М.К.(80) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид ...
Ученици од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ -Змај“ од утрово го блокираа влезот во училиштето, по синоќешен договор на пленум каде усвоија неколку барања, јавија српските медиуми. Учениците, меѓу другото, бараат директорот на гимназијата Радивоје Стојковиќ да ја повлече изјавата од 29 ноември, како и директорот и училишниот одбор јавно да им се извинат на наставниците и учениците за неправилностите при издавањето на тоа соопштение, ...
Дванаесет лица починаа од труење со јаглероден моноксид во ски-центар во Грузија, соопшти полицијата. Телата на 11 странци и еден грузиски државјанин се пронајдени во студентски дом над ресторанот во северниот дел на ски-центарот Гудаури, според официјални лица. Полицијата навела дека прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство врз телата и дека се чини дека се работи за несреќен случај, пренесе агенцијата АФП. Гудаури е најголемиот ...
Северина во финалето на „Суперстар“ ја изведе својата нова песна „Така ти е, сине мој“ посветена на нејзиниот син. Претходно изјави дека ја инспирирале студентите во Србија. Пејачката појасни дека песната всушност претставува лекција која мајка му ја кажува на своето дете. -Почнав да ја пишувам на почетокот на годината, за да ја „истресам“ тагата и гневот што ме обзеде по таа одлука на Врховниот суд, во која велат дека моето дете треба да биде ...
Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа концерт во Штутгарт, соборувајќи го рекордот на посетеност. Цеца ја доведе атмосферата до „вриење“, а во еден момент им се обрати на присутните и проговори за својот емотивен статус. – Знаете што? Мојот статус е најјак – соло! Супер. Никој не ви пречи, никому не одговарате, правите што сакате, одите каде сакате – рече Цеца, а публиката ја награди со громогласен аплауз. Цеца неодамна во ...
Познатата Баба Ванѓа верувала дека четири хороскопски знаци се раѓаат со дарови од космосот. Според нејзините зборови, овие знаци имаат извонредна интуиција и можност да го почувствуваат и предвидат она што другите не можат. 1. Овен Баба Ванѓа сметала дека Овните поседуваат дарба за визуелизација. Со нивната упорност и силна волја, тие можат да ги остварат своите желби доколку ги замислат јасно и реално. Универзумот, според неа, им помага во ...
Совршените печени компири се тајната на многу оброци што оставаат силен впечаток, без разлика дали се служат како прилог или како самостојно јадење. Готвачот Рич Хардинг ја открива едноставната, но ефикасна постапка која ќе ви помогне секогаш да ги подготвувате со совршена крцкавост и вкус. Клучот е во прецизното варење, додавањето на прстофат брашно и правилниот начин на печење – чекори што секој може лесно да ги следи дома! Постапка за ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно ...
Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 600 полициски службеници. dobivaj vesti na viber „Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Во периодот од денес (понеделник 16 Декември, до четврток 19 Декември) во Македонија следува период на стабилно, суво и многу посончево време. Денес (понеделник) ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието. Наутро ќе биде студено со ниски температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а особено на високите места и на планините тие во почетокот на оваа седмица ќе се спуштаат близу ...
Полициската потера во скопско Дебар Маало се претворила во вистинска крими комедија. Според видеата што се споделуваат на социјалните мрежи, полицијата го следела осомничениот, но тој успеал да избега и да се качи на дрво. Брзите и снаодливи, полицајците го забележале дека е на гранките, но бегалецот не бил подготвен да се предаде без борба. Драма започнала кога полицијата повикала пожарникари и Итна помош со цел да го спасат бегалецот, ...
Три земјотреси се регистрирани во Македонија ноќеска. Најсилниот со јачина од 3,2 степени бил во околината на Гевгелија, според Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Земјотресот бил со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го почуствувале и жителите на Дојран. Неколку минути подоцна во истиот регион бил почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала. Десетина минути подоцна, земјотрес бил ...
Имено, Јелена откри дека планира да се кандидира за претседателка на Србија по завршувањето на мандатот на Александар Вучиќ и јасно истакна дека има амбиција да ја преземе оваа важна функција. „По завршувањето на мандатот на претседателот Александар Вучиќ (иако мислам дека тој ја заслужува доживотна функцијата претседател), планирам да се кандидирам за претседател на Србија“ – напиша Јелена во својата објава. „И јас ќе победам“ додаде таа. Потоа ...
Недостатокот на железо може сериозно да влијае на жените, децата, вегетаријанците и веганите и е предизвикан од намалувањето или целосно отсуство на резерви на железо, според Американското здружение за хематологија. Од друга страна, функционалниот дефицит на железо, кој ги погодува и мажите и жените, се јавува кога има доволно резерви на железо, но тие се недостапни. Анемија со дефицит на железо може да се појави поради неколку причини. Телото ...
копирање зголемивме за 300 % дуплиравме извезениот прилив мерки фалби истите помалку 60 зголемивме 100 зголемиме прв пат 6000 денари 100 % зелена нафта Најголем ветуваше заборавија ветување намали 100 денари притисокот и незадоволството фалби проблемот нашиот предлог остане нема наместо намален буџет 10 пати укинување намален намален намален Фејсбук статус на Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ...
„Ако имаа барем малку образ и чест, Мицкоски и Трипуновски ќе им се извинеа на тутунарите, ќе наведнеа глава и немаше ниту да го спомнат тутунот,“ вели пратеникот на СДСМ, Миле Талески, повикувајќи ги на одговорност за лажните ветувања и несоодветната поддршка за трудот на тутунарите. Минатата година ветуваа субвенции од 160 денари за секој килограм предаден тутун, но, како што посочи Талески, „обезбедија едвај по 80 денари, кои после нашиот ...
Регионалната пејачка Лепа Брена (64) на Инстаграм објави сторија во која најавува нов концерт и покрај неодамнешната повреда на глуждот и операцијата на Клиниката за трауматологија во Загреб. Брена откри дека на 31 декември ќе настапи во белградскиот Сава центар. „Се гледаме, вашата Брена ве сака!“ напиша таа во објавата и го додаде текстот на песната на Квин, The Show Must Go On. За потсетување, пејачката во средата беше пуштена од загрепската ...
Во буџетот Владата обезбедила средства за изплата на К-15 на 84 илјади административци. Тоа ќе бидат милијарда денари. 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11.000 денари К15. Исплатата се очекува ќе биде најдоцна до декември оваа година. Исплата за К-15 и во приватниот сектор До крајот на годинава треба да биде исплатен Регресот за годишен одмор. Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за ...
Многумина веруваат дека трчањето е најдобрата физичка активност за здравјето, но науката сугерира дека одењето може да биде дури и поефикасно и побезбедно. Едноставната активност како пешачењето има многубројни здравствени придобивки – од подобрување на расположението до зајакнување на мускулите и срцето. Еве зошто одењето е поздраво од трчањето. Подобро за срцето Истражувањата покажуваат дека луѓето кои секојдневно трчаат со брзина од 10 км/ч ...
Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека СДСМ и на власт и во опозиција опстојува на истиот, јасен став, за кој нема никакви дилеми и недоумици, ни простор за дополнителни толкувања а тоа е дека на Уставниот суд не смее да му се врши притисок. -На Уставниот суд не треба во ниту една ситуација да му се вршат било какви притисоци, за да постапува вака или онака, албанскиот јазик не ...
Со предложените измени на Законот за јавни набавки, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги отвори вратите за неограничени злоупотреби на јавните средства, укинувајќи ја единствената заштита што го штити буџетот на граѓаните – управната контрола на Бирото за јавни набавки. Ова е директен удар врз транспарентноста и борбата против корупцијата и уништување на Законот од 2019 година. Ова е отворање на пат кон масовна корупција и враќање на системот во времето ...
Од утре во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а в недела и на некои од повисоките места, особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Особено в недела и в понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски. Како што соопшти УХМР, времето утре ќе биде променливо облачно, ...
Родителите на шестгодишно момче од Аделаида, Јужна Австралија, се обвинети дека лажирале дијагноза на рак кај детето, бричејќи му ја главата и веѓите, за да соберат пари за себе. Маж и жена, двајцата на возраст од 44 години, се обвинети дека со измама собрале 60.000 долари за лажното лекување. Говорејќи за овој случај, вршителот на должноста помошник-комесар, Џон де Кандија рече дека „не може да се замисли посуров план од овој што родителите го ...
Хландската светска шампионка во брзо лизгање Џој Беун за прв пат позираше за насловната страница на холандскиот Плејбој. 25-годишната спортистка на насловната страница носи само еден пар ракавици и се смета за најголемото име кое позирало за холандскиот Плејбој во повеќе од една деценија. Декемвриското издание на списанието беше пуштено во продажба во Холандија во четвртокот. „Дејли мејл“ пишува дека Плејбој во Холандија има тираж од околу ...
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција, а земјотресот е регистриран на 20 километри од градот Неа Рода. Земјотресот е регистриран на длабочина од 4 километри, југоисточно од Неа Рода и 109 километри источно од Солун. Земјотресот го почувствувале не само граѓаните на Грција, туку и на Бугарија, кои тврдат дека почувствувале благи потреси. „Почувствував како ми го ниша столот додека седев на мојот компјутер“, ...
Секогаш кога се наближува Новата година си го поставуваме вечното прашање – што да облечеме за да ја прославиме? На изборот влијаат некои лични идеи, речиси секогаш модните трендови и пред се симболиката на следните дванаесет месеци. dobivaj vesti na viber Следната 2025 година, според кинескиот хороскоп, е година на змијата. Нејзиниот заштитник, грациозната зелена дрвена змија, е симбол на мудрост, елеганција и природна сила. Тоа значи дека е ...
Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово- Валандово. dobivaj vesti na viber Имено, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и ...
По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола во кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. За утврдениот прекршок инспекциските служби на Агенцијата издадоа решение за уништување на 1920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои ...
Бојан Јовановски познат како Боки 13, осуден во случајот „Рекет“, е прогласен за инвалид од прв степен, а лекарите му препорачуваат редовна физичка активност. Ова произлегува од конзилијарното мислење на доктори, презентирано во Кривичниот суд, кое послужи како основа за неговото ослободување. Одлуката е заснована на медицинска документација потврдена од повеќе од десетина доктори-специјалисти и професори од Универзитетската клиника св. „Наум ...
Новороденче е пронајдено во контејнер во селото Малошиште кај Дољевац. Плачот на бебенцето го чул минувач којшто ја алармирал Итната помош, јавува Република. рс. Педијатарот во Домот за здравје, Милош Богословиќ вели дека 16 години е лекар и ова е една од најпотресните ситуации со кои се соочил бидејќи е татко на две деца Од полициската управа во Ниш за „Танјуг“ потврдија дека бебето е во стабилна состојба. Педијатарот рече дека бебето е здраво, ...