Според најновите податоци на „Евростат“, земјите на членки ЕУ во 2023 година произвеле 34,3 милијарди литри пиво, вклучувајќи 1,8 милијарди литри пиво што содржи помалку од 0,5% алкохол или без алкохол. Исто така, податоците покажуваат дека производството на пиво во ЕУ паднало за 5%, или 1,7 милијарди литри во однос на 2022 година. Производството на безалкохолно пиво е зголемено за 13,5% во однос на претходната година или за 0,2 милијарди ...

Руските власти го одбија договорот на компаниите „Аб Инбев“ и „Анадолу Ефес“, според кој водечкиот производител на пиво го продаде својот удел како дел од заедничката партнерска инвестиција во Русија. „Аб Инбев“ која е најголема светска пиварница според обемот, во април 2022 година соопшти дека ќе продаде свој удел на „Анадолу Ефес“ за да излезе од Русија после започнувањето на војната во Украина. Договорот помеѓу двете компании требаше да ...

Соработката на „Лидл“ – Србија со Црвениот крст, која започна со отворањето на првите продавници на „Лидл“ во Србија, преку која се реализираа бројни проекти, веќе станува традиција. Оваа година компанијата му донираше 1.800.000 динари на Црвениот крст -Србија, со цел да го поддржи доброволното дарување на крв и дополнително поддржа бројни доброволни акции за доброволно дарување крв во различни градови во Србија во текот на јуни, јули и ...

„Ахолд Делез“ пријави пораст од 4,5% на продажбата во Европа во првата половина од годинава. Нето приходите од продажба во првата половина од годината изнесуваат 17,25 милијарди евра во работењето на групацијата во Европа, што ги вклучува операциите во Холандија, Белгија, Србија, Грција, Чешка и Романија. Продажбата преку интернет во овој период е зголемена за 9,1%, а оперативните приходи од работењето во Европа пораснаа за 17,4%. Во Европа, ...

Според базата на интернет податоци за индексот на трошоците за живеење„Нумбео“ кои се објавуваат на секои шест месеци, утврдено е во првата половина од годинава Женева има највискота оценка за трошоците за живеење. На второто место се најде Цирих, а на третото место е Њујорк, информираат од „Скај њуз“, а пренесува „Пословни.хр“. За изненадување на сите, главниот град на Велика Британија, Лондон овој пат не е во првите десет градови на ...

Повторно се отворени вратите на реновираниот маркет на „Конзум“ во Бихаќ, а од компанијата соопштуваат дека реновирањето на продажниот објект е дел од процесот на унапредување на продажната мрежа кое во континунитет се спроведува во Босна и Херцеговина. Последниот во низата целосно реновирани маркети на „Конзум“ – БиХ е на оној во Бихаќ, кој е лоциран на адресата Босанска бб, кој сјае во нов и уште поубав амбиент со проширен и унапреден ...

Оваа недела промотивната понуда на „Лидл“ - Словенија е побогата за два нови оджливи вегански производи Juicy Marbles од словенечката компанија „Бево“. Имено, се работи за веганскиот стек и ребра кои се од раститтелно потекло кои се најреална замена за месо. Нашата цел е да создадеме исклучително вкусни и богати со хранливи материи месни производи од растително потекло, кои на љубителите на кулинарството им овозможуваат различни начини на ...

Козметичката компанија „Лореал“ ќе купи 10% од уделите на големите акционери во швајцарската компанија за нега на кожа „Галдерма“. Оваа швајцарска компанија првобитно е основана како заедничка компанија на „Нестле“ и „Лореал“ и на швајцарската берза почна да тргува на крајот на март со раст на вредноста на акциите. Ова е амбициозен чекор на „Лореал“ и доследен на нашата мантра „зграпчи го она што започнува“, што ни овозможува да го истражиме ...

Трговската компанија „Лента“ ги објави клучните деловни и финансиски резултати кои ги оствари во вториот кваратал од годинава. Овие резултати ги опфаќаат показателите од 02.10.2023 година за малопродажбата на локалниот синџир „Монетка“. Продажбата на компанијата пораснала за 59,7% на годишно ниво или на 211,6 милијарди рубљи. Малопродажбата изнесувала 209,9 милијарди рубљи, што е зголемување од 62% во однос на истиот период од претходната ...

Трговскиот синџир „Гомекс“ го отвори својот прв маркет во Ѓурѓево, а повторно ги отвори вратите и на својата реновирана продавница во Шабац. Жителите на Ѓурѓево ја добија првата продавница на „Гомекс“ која е лоцирана на адресата Крал Петар I, 53. Оваа продавница е над 300 квадратни метри и во неа се нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, како и леб и пецива од сопствената пекарница. После повеќенеделно ...

Потрошувачката за храна и намирници се зголемила за 42 отсто во Париз за време на првиот викенд од Олимписките игри, покажаа новите податоци на „Виза“. „Виза“, која што е главен спонзор и на Олимписките и на Параолимписките игри, сподели податоци за моделите на трошење на потрошувачите во пресрет на игрите и откри дека малите бизниси забележале раст на продажбата за 26% на годишно ниво во текот на првиот викенд на најголемиот спортски настан ...

Компанијата „Баерсдорф АГ“ неодамна одржа церемонија за поставување на камен темелник на својот нов, најсовремен логистички центар во северниот дел на Лајпциг. Во овој проект ќе бидат инвестирани повеќе од 200 милиони евра. Според првите најави, изградбата ќе заврши во 2027 година, а центарот треба да отвори околу 450 нови работни места. Овде, во срцето на Европа, инвестираме повеќе од 200 милиони евра во нашиот најголем и најмодерен ...

Земјите потписнички на иницијативата за договор за електронска трговија во рамките на Светската трговска организација (СТО) за првпат по преговорите го објавија текстот на идниот договор за електронска трговија. Во рамките на СТО, на 26 јули беше објавена заедничка декларација на земјите учеснички во плурилатераната иницијатива за електронски бизнис (е-трговија). Текстот на договорот за електронска трговија ги прикажува првите глобални ...

Започна со работа новиот „Кам“ маркет во „Блис мол & Ритејл парк“ во Битола. Маркетот е распространет на вкупна површина од 563м² и има капацитет од над 200 паркинг места. Новиот маркет нуди голема прегледност при пазарењето и богат асортиман на производи по ниски цени, вклучувајќи: Млечни и месни производи, топли и крцкави печива, богата понуда на овошје и зеленчук, хемија и козметика, широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци ...

„Еуростат“ објави дека минатата година во ЕУ биле произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за 1,4% помалку од 2022 година, кога биле произведени 3,3 милијарди литри. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Германија била главен производител на сладолед со 612 милиони литри, пред Франција со 568 милиони литри и Италија со 527 милиони литри на сладолед. Германија го произведувала и најевтиниот сладолед по цена од 1,8 евра за литар. Сладоледот што го ...

Компанијата „Воли трејд“ доби зелено светло за изградба на трговски центар и административна зграда на местото на поранешната фабрика „Радоје Дакиќ“ во Подгорица. Имено, Агенцијата за заштита на животната средина донесе решение во кое се наведува дека не е потребно да се изготвува елаборат за оцена на влијанието врз животната средина за изградба на овие објекти. Со оваа одлука на Агенцијата, „Воли“ е на чекор до реализација на инвестицијата ...

Компанијата „Универекспорт“ го отвори својот реновиран продажен објект во Кикинда кој се наоѓа на адреса Белградска бб. Со реновирањето на овој објект се опфатени сите аспекти на реконструкција и „Универекспорт“ е подготвен да ги прими своите потрошувачи во унапредениот и модернизиран простор, соопштуваат од компанијата. Објектот е со површина од 772 квадратни метри во кој се сместени над 8.000 артикли од различни категории. Продажниот ...

Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) трошоците на живот во Македонија пораснале за 0,7 отсто во јули во споредба со јуни. Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, ...

Бродската компанија „Маерск“ соопшти дека очекува да продолжи растот на глобалната побарувачка за контенјерски транспорт во следните квартали, но овој раст ќе биде со бавно темпо поради пазарните ризици. Минатата недела од компанијата ги потврдија прелиминарните резултати за вториот квартал, во кој по трет пат од мај ги зголемија своите прогнози, а како причина за тоа ги наведоа повиските цени после кризата во Црвеното море и солидната ...

Прометот во малопродажбата во еврозоната во јуни паднал за 0,3 отсто во однос на претходниот месец кога бил забележан пораст за 0,1 отсто. Според податоците на „Еуростат“ прометот во ЕУ во јуни бил намален за 0,1 отсто во однос на мај кога бил забележан пораст за ист процент. Во еврозоната јуни најголем пад имало кај проджбата кај храната, пијалаците и тутунот за 0,7 отсто и за 1 отсто во ЕУ, утврдил „Евростат“. Во продавниците кои имаат ...

Фондот за заштита на околината на федерацијата БиХ објави повик за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во микро, малите и средни економски субјекти за 2024 година. Вкупниот износ на буџетската подршка од ЕУ кој е на располагање за овој проект е над два милиони евра, а повикот за поднесување на пријави е до први септември, додека рокот за реализација на мерките е најдоцна до први декември годинава. Повикот е поделен на две дела во ...

Фондот за заштита на околината на федерацијата БиХ објави повик за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во микро, малите и средни економски субјекти за 2024 година. Вкупниот износ на буџетската подршка од ЕУ кој е на располагање за овој проект е над два милиони евра, а повикот за поднесување на пријави е до први септември, додека рокот за реализација на мерките е најдоцна до први декември годинава. Повикот е поделен на две дела во ...

Според германскиот сојузен Завод за статистика „Дестатис“, вредноста на извозот во јуни во Германија бележи пад за 3,4 отсто, или на шестомесечен минимум од 127,7 милијарди евра. Како што се наведува од „Дестатис“, извозот во земјите од ЕУ во јуни паднал за 3,4 отсто во однос на претходниот месец на 69,7 милијарди евра, а извозот во т.н. трети земји за 3,5 отсто или на 57,9 милијарди евра. Германскиот извоз во САД има пад за 7,7 отсто на ...

Нето профитот на „Карфур“ во вториот квартал во Бразил достигнал до 330 милиони бразилски реали или 54 милиони евра, споредено со остварената загуба од 249 милиони бразилски реали (41 милиони евра) во вториот квартал минатата година. Прилагодената ЕБИТДА маржа на компанијата е подобрена за 0,6 процентни поени на 5,7% и е поттикната од порастот во сите единици, вклучувајќи ги и трговските синџири „Атакадао“ (+7,4%), „Самс клуб“ (+2,5%) и ...

AI и ML ќе им овозможат на бизнисите полесно да ги предвидат трендовите на побарувачката, да ги оптимизираат нивоата на резерви и да идентификуваат потенцијални прекини во синџирот на снабдување во реално време Пишува: Бобан Младеновски, менаџер за транспорт во „Теско“, Boban.Mladenovski@tesco.com Роботиката и автоматизацијата се развиваат со голема брзина и стануваат клучни за синџирите на снабдување и управување. Ова се јавува како ...

Заводот на статистика на Словенија соопшти дека потрошувачките цени во јули пораснале за 1,3% на годишно ниво, после порастот во јуни од 1,5%. Најголем придонес во годишната инфлација од 0.4 проценти поени имале повисоките цени во рестораните и хотелите (+6,1), потоа следуваат цените на алкохолните пијалаци и тутунот (+5,2), разни добра и услуги (+4,3%) и производите и услугите за рекреација и култура (+3%) за 0,3 процентни поени. Мерено ...

Компанијата „Марс“ во чиј асортиман на производство се познатите чоколада Mars и Snickers, како и бонбоните M&M’s, ја истражува можноста за аквизиција на „Келанова“ која производител на познатите грицки Cheez-It и Pringles. Овој договор би бил еден од најголемите во историјата на секторот за пакувана хранам со оглед на тоа што вредноста на „Келанова“ е околу 27 милијарди долари ( вклучувајќи го и долгот) и тој би бил тест апетитите на ...

Над 53% од професионалците во малопродажбата изјавија дека ескалацијата на промотивните иницијативи ќе биде стратешки приоритет во следните 12 месеци, додека 68% изјавија дека во тој период приоритет ќе им биде и намалувањето на оперативните трошоци. Пишува: Рабија Јасмин, виш консултант во „Еуромонитор интернационал“ Во текот на 2023 година глобалната малопродажба забележа благо закрепнување, растејќи од 1% во постојани услови (т.е. по ...

Највисок процент од испитаниците одговорија дека пазарат во супермаркетите (85%), што е за само 1% процентен поен повеќе од лани. Во споредба со 2021 година, разликата 4 процентни поени. Ова значи дека постои тренд на зголемување на пазарењето во супермаркетите. Пишува: Калина Медаровска-Михајловска, БРИМА БРИМА, која е прва агенција за истражување на јавното мислење и пазарот во Северна Македонија, повеќе од дванаесет години го спроведува ...

Хрватска која има најниска стапка на невработеност, во моментов бележи пораст на бројот на работници од странство. Годинава се издадени околу 73.000 работни дозволи за странски државјани, а се претпоставува дека до крајот на годината овој број ќе биде поголем. Работниците од странските држави сега сочинуваат околу 40% од вкупната работна сила во градежништвото. Сајнин Пуриќ, кој е директор на градежна компанија, вели дека главно вработуваат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
84%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
77%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
5.05
84%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.02
68%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1003
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
82%
1010
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
93%
1009
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
93%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

54.25

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Алуминиум

3.15

Бакар

11.99

Родиум

355265.75

Паладиум

54624.12

Злато

156424.63

Рутениум

45750.51

Цинк

3.34