Жедта за пиво во Германија не ја поттикна ниту Европското фудбалско првенство. Според најновите статистички податоци, во првата половина од годината, со вкупно 4,2 милијарди литри, домашните пиварници продале 0,6 отсто помалку пиво отколку во првата половина на 2023 година. Само на домашниот пазар, продажбата на годишна основа е значително намалена, за 0,9 отсто на 3,4 милијарди литри. Германија беше домаќин на Европското фудбалско ...

Европската комисија покренува постапка против сите земји членки на ЕУ поради неисполување на законските цели за собирање и рециклирање на отпадот, како и поради неисполнување на Директивата за амбалажа и амбалажен отпад со која се очекуваше да се рециклираат од 55 до 80% од амбалажниот отпад. Најновите достапни податоци кои ги пријавиле земјите членки на ЕУ сугерираат дека ниедна не успеала да ги исполни целите за собирање и рециклирање на ...

Како што пренесува француската новинска агенција „Афп“, залихите на ориз во јапонскиот приватен сектор во јуни изнесувале 1,56 милиони тони што е пад од 21 отсто во однос на претходниот месец и оваа количина е најниска од 1999 година кога почнале да се собираат податоците. Јапонското министрство за земјоделство, шумарство и рибарство смета дека високите температури од минатото лето, кои ја загрозија жетвата се главниот виновник. Главните ...

Според податоците на „Монстат“ просечната заработувачка за јуни во Црна Гора, без пресметан данок и придонеси изнесува 838 евра и е за 0,7 отсто поголема во однос на мај. Доколку се има во предвид дека потрошувачките цени во јуни во однос на претходниот месец имале пораст од 0,1 отсто, произлегува дека реалната заработувачка за истиот период пораснала за 0,6 отсто, се наведува во соопштението од „Монстат“. Пораст на просечната нето плата на ...

Според истражувањето на компанијата „Вич“, седми месец по ред „Алди“ е прогласен за најевтин супер маркет. Месечното истражување на компанијата покажува дека потрошувачката кошничка со 63 артикли во „Алди“ вкупно чини 113,87 фунти, што е за 33,11 фунти или 29% помалку отколку во најскапиот маркет „Веитрос“. Потоа следуваат „Лидл“ каде што потрошувачката кошничка чини 116,24 фунти, „Асда“ со 135,61 фунти, а „Теско“ е на четвртото место како ...

На почетокот на месецов компанијата „Пенава Посушје“ отвори нов супермаркет во Посушје на адреса Растовачко полје 137. На повеќе од 500 квадратни метри, во новиот продажен објект со над 10.000 артикли купувачите ги очекува разновидна понуда на производи за потребите на домаќинството. Во продавницата работат 10 лица и достапни се две каси. Како што соопштуваат од комапнијата, новата продавница има современа опрема, таа е уредена и нуди ...

Трговскиот синџир „Гомекс“ го отвори својот реновиран маркет во Зрењанин кој се наоѓа на улица Јунак Милан Тепиќ, бб, во населбата Багљаш во Зрењанин. Од компанијата објаснуваат дека модернизацијата на овој објект вклучува унапредување на ентериерот и екстериерот. Новоотворената продавница нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, месо, како и разни други прехранбени и непрехранбени артикли. Покрај тоа, објектот ...

Министерот за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, Славен Радуловиќ, ги потпиша урбанистичко – техничките услови за изработка на техничката документација за изградба на објектот на компанијата „Лидл“ – Црна Гора во Бело Поље. Како што соопштуваат од министерството, Радуловиќ го изразил задоволството од потпишувањето на документот со кој значајно ќе се придонесе во заокржување на процесот и обезбедување на услови за ...

Компанијата „Данон“ во вториот квартал остварила пораст на обемот на продажбата за 2,9%, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите за пораст од 2,1%. Продажбата на компанијата во овој период пораснала за 4%, која била поттикната од зголемениот обем и достигнала вредност од 6,94 милијарди евра, што, исто така е над очекувањата на аналитичарите за раст од 3,7%. Во овој период компанијата ги зголемила цените за 1% што е помаку од ...

„Витаминка“ преку својот бренд Cevitana е главен поддржувач на Европскиот куп во џудо за јуниори и јуниорки, кој ќе се одржи на 10 и 11 август во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Најдобрите џудисти и џудистки од 28 европски држави ќе се натпреваруваат во јуниорска категорија во главниот град на Македонија и ќе имаат можност да го запознаат брендот Cevitana, кој поддржувајќи големи европски натпреварувања, прерасна во глобален ...

„Лидл“ – Словенија и оваа година ја продолжува соработката со радио станицата „Карпис“, во чии рамки секоја среда за време на „часот за сладолед“ им подарува сладолед од приватните тровски марки Gelatelli и Bon Gelati на слушателите и посетителите на радиото. Радио станицата се наоѓа во дел од плажата „Светилник“ а по тој повод радиото го посети Ана Роблек, која што е член на корпоративниот тим на „Лидл“ – Словенија, која ја претставува ...

Реновираниот супермаркетот на „Бинго“ во Горажде кој се наоѓа на адреса ул. Ферид Диздаревиќ, 3, повторно започна со работа. Како што соопштуваат на официјалната веб страница на компанијата, овој реновиран простор од 1.000 м2 ќе биде пријатен за сите посетители. Задоволство е што можеме да понудиме целосно ново искуство во купувањето со проширување на асортиманот во одделите за месо, пекарница и деликатеси, но и со целосно нов дел – гастро ...

Индексот на доверба кај потрошувачите во американската економија во јули бележи пораст во однос на јуни. Минатиот месец индексот изнесувам 100,3 бодови, откако индексот во ревидираните податоци за јуни изнесувам 97,8, а не 100,4 бодови како што првично било објавено, пренесува „Њујорк конференс боард“. Довербата кај потрошувачите во јули бележи подобрување, но недоволно за да ја пробие зоната која доминира во последниве две години, изјави ...

Општвената одговорност и грижата за средината отсекогаш се примарна водечка мисла во работните активности на компанијата „Кам“, поради што во соработка со „Пакомак“ беа инсталирани првите вендинг-машини во дел од „Кам“ маркетите во Охрид и Струга, каде што секој граѓанин ќе може да се вклучи во одговорно селектирање на отпадот. Во машините ќе може да се остават пластични амбалажи и лименки, а секој одговорен граѓанин ќе „собира“ зелени поени ...

„Нелт група“ го вклучи железничкиот транспорт во својата интермодална транспортна мрежа преку сервисот на јавните возови. Со овој начин, комбинацијата на поморскиот, железничкиот и патниот сообраќај ќе биде фокусирана на уште поголема одржливост, ефикасност и доверба во транспортот на робата. Робата во контејнери ќе се превезува со директна железничка линија меѓу Риека и интермодалните терминали на „Нелт“ во Добановци и Крушевац. На неделно ...

Како дел е од трговскиот центар „Санпарк“ во Водице е отворен новиот „Супер Конзум“ кој одговара на потребите на модерните купувачи. Новиот маркет е на површина од 2.250 квадратни метри и вредноста на инвестицијата надминува 2,8 милиони евра. И оваа година сме фокисирани на стратешкиот пристап во развојот на малопродажната мрежа. Како пазарен лидер ги слушаме потребите на нашите купувачи на кои одговараме со давање на квалитетни понуди и ...

Како дел е од трговскиот центар „Санпарк“ во Водица е отворен новиот „Супер Конзум“ кој одговара на потребите на модерните купувачи. Новиот маркет е на површина од 2.250 квадратни метри и вредноста на инвестицијата надминува 2,8 милиони евра. И оваа година сме фокисирани на стратешкиот пристап во развојот на малопродажната мрежа. Како пазарен лидер ги слушаме потребите на нашите купувачи на кои одговараме со давање на квалитетни понуди и ...

„Монделез интернешнл“ за вториот квартал пријави дека оствариле нето приход од 8,34 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите од 8,45 милијарди долари. Компанијата заработи 86 центи по акција, што е над проценките кои беа 79 центи по акција. Како последица на големите трошоци за транспорт, инвестиции и промоции, профитната маржа на компанијата во овој период имала пад за 590 базни поени на 33,5%. Продолжуваме да го ...

„Краш група“ во првата половина од годинава остварила нето добивка од 3,86 милиони евра, што е 27,6 отсто повеќе отколку во истиот период од минатата година. Во овој период ЕБИТДА достигна 9,61 милиони евра, што е за 1,56 милиони евра или 19,4 отсто повеќе отколку лани, додека маржата на ЕБИТДА изнесувала 11,6 отсто и била повисока за 0,7% во однос на истиот период од минатата година. Во првата половина од годинава, компанијата остварила ...

Минатиот месец, со отворањето на два нови супермаркета на „Макси“ во Чачак и Нови Сад, како и со отворањето на реновираните продавници во Белград и Краљево, компанијата „Делез“ – Србија, продолжи со ширењето и модернизацијата на својата малопродажна мрежа. Новиот „Макси“ супермаркет во Чачак, кој е на адреса Славко Купеж 11, нуди широк асортиман на производи, со фокус на свежите производи како што се овошјето и зеленчукот, пекарските ...

Според единечниот биланс на успех на „Алкалоид“ АД, во периодот јануари – јуни 2024 година продажбите достигнуваат 6.709.614.706 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 9.475.222.706 денари, што е за 12,5 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 18 %, а вкупниот ...

Viva водечкиот македонски бренд за безалкохолни овошни пијалаци, го освежи визуелниот идентитет на своите овошни ладни чаеви. Добро познатите пијалаци за сите возрасти сега се достапни со нов освежен изглед. Оваа категорија на производи, со вкусови на праска, брусница и лимон во пакувања од 1,5 литри и 0,5 литри, сега имаат нови редизајнирани етикети кои го истакнуваат квалитетот и свежината на овие пијалаци. Нашата цел е секогаш да бидеме ...

Како што пренесува „Рителј Србија“, менаџментот на комапнијата „Акшан“ потврил дека влегува во регионот и дека Романија ќе биде првата држава каде што ќе започне со работа. Првите продавници на „Акшан“ ќе видат отворени следната година, а од компанијата додаваат дека во овој момент не можат да дадат повеќе информации, пренесува „Ритејл Србија“. Минатата година компанијата имала пораст на нето продажбата за 27,8% или 11,3 милијарди евра и ...

Во текот на 2024 година логистиката и трговијата ќе претрпат драматични трансформации. Затоа, важно е компаниите да бидат подготвени да се справат со овие промени и да се издвојат од конкуренцијата. Со проширувањето на вештачката интелигенција и стратегијата за автоматизација и видливост на производите во реално време, од клучно значење е да се посвети внимание на логистичките трендови и фокусот да се стави на напорите за зајакнување на ...

Методолошки податоци Истражувањето #Newnormal го следи животот на граѓаните за време и по ковид-епидемијата. Онлајн-истражување JazVem/JaZnam веб-панел, репрезентативен примерок, 18-75 години. SL=513, CRO n=516, BiH n=511, SER n=507. ### Период:18-21.5.2024 Извор: „Валикон“ Позитивна перцепција за финансискиот статус на потрошувачите во регионот Подобрувања на финансискиот статус на потрошувачите во регионот се забележани и во второто ...

„Реплек АД“ во целост го реализираше предвидениот план за продажба во првата половина од 2024 година, забележувајќи раст на остварените приходи од продажба во сегментот „Фармација“ од 20,5% во однос на истиот период минатата година. Истовремено, компанијата успешно продолжува да го реализира бизнис планот за 2024 година и во останатите сегменти, вклучувајќи ги инвестициите во зголемување на производствените капацитети, дигитализацијата и ...

Германската економија никако да се извлече од кризата. Во вторникот Националниот завод за статистика „Дестатис“ соопшти дека во вториот квартал од годинава германската економија била во блага рецесија. Статистичарите наведуваат дека бруто домашниот производ бил за 0,1 отсто послаб отколку во периодот од јануари до крајот на март. Од година во година, споредено со вториот квартал од лани, бдп бил во плус за 0,3 отсто. Според „Дестатис“ ...

Компанијата „Асда“ во соработка со Националната здравствена служба го претстави новото пакување за своите пасти за заби и средства за плакнење на уста, на кои потрошувачите ќе може да пронајдат кои се симптомите на рак на усната празнина. Производите за орална хигиена од сопствениот бренд ќе бидат достапни со новите етикети во повеќе од 500.продавници низ државата, со цел кај потрошувачите да се поттикне повеќе да контактират со лекарите од ...

Според податоците на „Еуростат“, долгот во еврозоната е во пораст, а државите од југот на континетот се најзадолжени. На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто долгот кон БДП во еврозоната беше 88,7 отсто, додека на крајот на четвртиот квартал од 2023 година беше 88,2 отсто. Во рамките на Европската Унија долгот забележа и пораст од 81,5 на 82 отсто, соопштуваат од „Еуростат“ Највисоки стапки на националниот долг во однос ...

Министерството за земјоделство на Црна Гора смета дека воведувањето на акцизата за вино од 25 евра на сто литри, што е предложена со нацртот од фискалната стратегија, нема да придонесе за развојот на работењето на црногорските винарии и дека усвојувањето на предлогот би бил создал проблеми за понатамошниот развој на винскиот сектор. Со нацртот на фискалната стрегија, која е на јавна расправа до 7.август се предвидува и воведување на акциза од ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
84%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
77%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
5.05
84%
1010
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
82%
1007
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.02
68%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1003
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
82%
1010
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
93%
1009
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.2
93%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.15

Сребро

3663.67

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Бакар

11.99

Калај

54.25

Паладиум

54624.12

Цинк

3.34

Иридиум

221848.72

Злато

156424.63

Родиум

355265.75