Според податоците на „Еуростат“, годишната стапка на потрошувачките цени на кафето во ЕУ во март годинава била еден отсто во споредба со 13,5 отсто во март минатата година, со што се приближува на нивото од јули 2021 година. Стапката на инфлација кај кафето е во пад од октомври 2022 година, кога била највисока (17,4 отсто), после брзиот пораст кој започнал во октомври 2021 година. Иако растот на цените на кафето во ЕУ генерално забавува, сепак ...

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот.Макроекономските проекции за периодот 2024 − 2026 година упатуваат главно на слична макроекономска слика како и во октомвриските проекции. ...

Компанијата „Ахолд Делез“ ги надмина очекувањата во првиот квартал и ги потврди своите насоки за годинава, кои се поттикнати од доброто работење во Европа. Групацијата која управува со трговските синџири „Стоп Шоп“, „Џиант“, „Фуд лион“ и „Ханафорд“ во САД и со трговските синџири „Алберт Хеин“ и „Делез“ во Холандија и Белгија, остварилаподобрување на маржата во текот на првиот квартал во Европа за 0,3 процентни поени, но и пад од 0,2 процентни ...

На седницата на Надзорниот одбор на „Краш“, Маријана Кнежевиќ – Тудиќ е именувана за нова претседателка на управата на компанијата. Новата функција, Кнежевиќ – Тудиќ ќе ја преземе на 20.јуни, а на оваа позиција доаѓа од позицијата член на управата на „Краш“ Новата претседателка на управата на „Краш“ ја започнала својата кариера во компанијава во 2000 година како приправничка, после дипломирањето на Прехранбено – биотехнолошкиот факултет. Во ...

„Волмарт“ ја лансира новата приватна трговска марка под името Bettergoods, во која поголемиот дел до производите ќе бидат поевтини од пет долари. Bettergoods за нас е повеќе од приватна трговска марка, таа ја претставува посветеноста во уживањето во единствените кулинарски вкусови по неверојатни цени за нашите потрошувачи, изјави Скот Морис, потпретседател за приватните трговски марки во „Волмарт“ Асортиманот од оваа приватна трговска марка ...

Претставниците на „Лидл на 23.мај свечено ќе го постават камен темелникот на првиот логистичко – дистрибутивен центар во БиХ. Се работи за Центар чија изградба веќе е започната на локацијата Лепеница, помеѓу Сараево и Кисељак, за што претходно пишуваше InStore . Изградбата на објектот, кој ќе се протега на површија од 60.000 квадратни метри, ќе чини 100 милиони евра. Како што пренесува банкар.ме, капацитетот на дистрибутивниот центар ќе ...

Компанијата „Нестле“ планира да инвестира 180 милиони евра (една милијарда реали) до 2026 година во проширувањето на производствените капацитети и продажбата на производите Nescafe со зголемен фокус на младите потрошувачи. Во моментов сме посветени на зголемената потрошувачка на кафе во Бразил. Бразилците дневни пијат од четири до шест шолји кафе, а нашата мисија е кафето да биде квалитетно, изјави Валериа Пардал, директорка за брендот Nescafe ...

„Бритвик“, производителот на брендовите на „Пепсико“ во Велика Британија, претстави ограничено издание на Pepsi. Како што објаснуваат од компанијата, целта на новиот производ е „да се спротивстави на вообичаените очекувања кога се во прашање кола пијалaците“. Pepsi Electric ги отелотворува преференциите на потрошувачите за свежи, специјални вкусови, вклучително и задолжителната енергична сина кола, која ќе го привлече вниманието на купувачите ...

„Фереро“ ја отвори својата прва фабрика за преработка на чоколада во Северна Америка како дел од инвестицијата вредна 75 милиони долари. Фабриката од 70.000 метри квадратни ќе произведува чоколадо за некои од популарните брендови на компанијата како Ferrero Rocher и Butterfinger. Донесувањето на децениското искуство на „Фереро“ во производството на висококвалитетно чоколадо од светска класа во Илиноис - срцето на американската прехранбена и ...

Компанијата објави продажба што ги надмина очекувањата на аналитичарите во првиот квартал, поттикната од продажбата на производите за чистење Lysol, Dettol и Finish. Според компанијата, нето-продажбите во овој период се зголемија за 1,5%, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за пораст од 0,9%. Обемот на продажба падна за 0,5% во кварталот, што е под очекувањата на аналитичарите за пад на обемот од 3,2%. Сепак, обемот на продажба во ...

„Меркатор-С“ стана првиот зелен трговски синџир во Србија, што значи дека користи електрична енергија која целосно се добива од обновливи извори. На овој начин продавниците „Идеа“, „Рода“ и Меркатор“ низ Србија ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за 33% во 2024 година, а за дури 50% во 2025 година. Преминот на компанијата „Меркатор-С“ кон користење на електрична енергија добиена од обновливи извори е дел од стратегијата ESG на ...

Вратени се старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата. Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии препорача, а Владата на 2 мај донесе одлука цените на задолжителното осигурување од автоодговорност да се вратат на нивото пред 25 април, кога се покачија за 15,44 отсто. Осигурителните компании од вчера почнаа да ја применуваат одлуката која е објавена во Службен весник и ги вратија ...

Индексот на цените на храна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во април изнесуваше 119,1 поен, што е за 0,3 отсто повеќе од еден месец порано. Цените на житарките во овој период пораснаа за 0,3%, по три последователни месеци пад, додека цените на оризот паднаа за 1,8 поени. Индексот на цените на растително масло и во април порасна за 0,3 отсто во однос на еден месец претходно, достигнувајќи го својот максимум ...

Преку интензивна континуирана комуникација и соработка, како и реализација на низа конкретни активности, винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го унапредува и зајакнува стратешко партнерство со лозарите, со крајна цел - натамошно подигнување на квалитетот на грозјето и виното, како и унапредување на целокупното лозарство во земјата. Во рамки на веќе воспоставената платформа за стратешката соработка со лозарите, во „Тиквеш“ се одржа нова ...

Индексот на цените на храна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во април изнесуваше 119,1 поен, што е за 0,3 отсто повеќе од еден месец порано. Цените на житарките во овој период пораснаа за 0,3%, по три последователни месеци пад, додека цените на оризот паднаа за 1,8 поени. Индексот на цените на растително масло и во април порасна за 0,3 отсто во однос на еден месец претходно, достигнувајќи го својот максимум ...

Членка на групацијата „Фортенова“ најави дека планира да инвестира 4,2 милиони евра во подобрување на условите за работа на своите вработени во текот на 2024 година. Вработените ќе добијат нови поволности како празнични подароци за први мај и новогодишни празници, како и регрес за годишен одмор. За овогодинешните првомајски празници се издвоени 120 евра за околу 2.600 вработени. Нашите вработени се најголемата сила на нашата компанија, а нашата ...

Со секоја нова година, компаниите повторно почнуваат „од нула“, поставувајќи ги своите цели и земајќи го предвид сето тоа што е научено од претходната година. Автор: Кристијан Матијашевиќ, маркетинг-консултант, „Абнормал“, kristijan.matijasevic@abnormal.agency Разбирањето на движењата на различните трендови и стекнувањето релевантни сознанија се клучни за порастот. Во FMCG-секторот, чувствителноста на потрошувачите на малопродажните цени е еден ...

Поттикнати од успехот постигнат на првата конференција, ја најавуваме втората Конференција за недвижности на 22 мај во Скопје, во DoubleTree by Hilton Skopje. Конференцијата е иницирана и во организација на ФОРТОНМКА, а ко-организатор е маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“. Зошто силно веруваме во моќта на соработката и во најважната движечка сила на индустријата за комерцијален недвижен имот - луѓето, и годинава Конференцијата за недвижности ...

На 15 мај, по повод одбележувањето на Светскиот ден на семејството, „Бимилк“ ќе биде домаќин на ексклузивен настан посветен на нејзините вработени-родители на деца до 12 годишна возраст, како и за психолозите, педагозите и дефектолозите во битолските предучилишни и училишни установи. Настанот, кој ќе се одржи во дворот на „Бимилк“, ќе биде еднодневен семинар предводен од д-р Ранко Рајовиќ, познат експерт за детски развој и основач на системот за ...

Компанијата објави пораст од 1,4% на нето-приходот на 9,29 милијарди долари во првиот квартал, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите дека нето-приходот ќе достигне до 9,16 милијарди долари. Органскиот нето-приход на компанијата во овој период порасна за 4,2%, поттикнат од повисоките цени, стабилната побарувачка и продажбата на бизнисот со гуми за џвакање, објави компанијата. Во Азија, Блискиот Исток и Африка, компанијата забележа пораст ...

Малопродажбата во Србија во март забележа пораст од 6,6% на годишна основа, по порастот од 8,8% во февруари, објави Републичкиот завод за статистика на Србија. На месечна основа, во март малопродажбата е зголемена за 12,2 отсто, по падот од 0,3 отсто во февруари. Малопродажбата со храна, пијалаци и тутун во овој период е зголемена за 7,5%, наспроти порастот од 9,2% во февруари. Малопродажбата со непрехранбени производи бележи пораст од 6,2%, а ...

Лебот и печивата во последните години во Германија се натпросечно поскапи. Од 2019 година, цените на пекарските производи се зголемени за повеќе од една третина, 34,3 отсто, објави Сојузниот завод за статистика по повод Денот на германскиот леб, кој се слави на 5 мај. Во истиот период потрошувачките цени се зголемени во просек за 17,3 отсто. Статистичарите објаснија дека потрошувачите морале да издвојат многу повеќе пари, особено за леб и ...

Глобалната потрошувачка на вино минатата година падна на најниско ниво од 1996 година, бидејќи инфлацијата ги доведе цените на рекордно ниво и ги одложи потрошувачите кои веќе се борат со помала куповна моќ, соопшти Меѓународната организација за вино и вино (OIV). Тие процениле дека светската потрошувачка во 2023 година била 221 милион хектолитри (mhl), што е намалување од 2,6% во споредба со 2022 година и 7,5% под 2018 година. Хектолитар е ...

Групацијата „Подравка“ и во 2024 година ќе продолжи со позитивниот тренд на зголемување на резултатите и профитабилноста. Во првите три месеци од годинава приходите од продажба изнесуваат 191,8 милиони евра, што е за 15,9 милиони евра или за 9,1% повеќе во однос на првиот квартал од минатата година. Приходите на сегментот храна изнесуваат 146,5 милиони евра и се повисоки за 14,8 милиони евра или 11,3% во однос на истиот период од 2023 година. ...

ПЕТАР ЌОРЛУКА, сопственик на компанијата “Виолета“ од Босна и Херцеговина, ќе биде еден од говорниците на 6 FMCG SUMMIT 2020 што ќе се одржи на 26 ноември во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Темата на која ќе зборува е: „Вистинските потези за успех“. Петар Ќорлука со сопствен приватен бизнис започнува уште далечната 1990 година, а во 2002 година го активира производството на средства за хигиена. Тогаш го ...

Кога едно лице основа фирма или се одлучило да прифати позиција на управител, тоа знае дека за обврските кон трети лица одговара фирмата. Меѓутоа, во нашето даночно законодавство постои исклучок познат под институтот даночен гарант Пишуваат: Мартин Бошкоски и Ивана Илиеска, адвокати во „Лаличиќ и Бошкоски“ Кога едно лице основа фирма или се одлучило да прифати позиција на управител, тоа знае дека за обврските кон трети лица одговара фирмата. ...

Максимално сме ориентирани кон новите технологии и кон проверените бизнис-партнери затоа што сме воочиле дека користа од нив значи заштедување време и фокусирање на вработените кон создавање нови иницијативи и идеи. Приредила: Јелена Лазариќ, jelena@b2bmedia.org Деловниот пат до неговата сегашна позиција како директор на „Подравка“ за секторот малопродажба, Андро Жиго го започнал пред 14 години од позицијата трговски претставник. Во меѓувреме ...

Локалните супермаркети го зголемуваат својот удел на пазарот во Централна и Југоисточна Европа и покрај силната меѓународна конкуренција. Особено во Полска и Романија, големата разлика помеѓу руралните и урбаните области обезбедува мали формати со можности за проширување. Сервисните пултови за свежи производи играат главна улога во придобивањето на традиционално ориентираните купувачи. Исто така, дисконтерите ги подобруваат концептите на нивните ...

Создадено е времето за ренесанса на хард дисконт форматот во Европа. Но победничката стратегија не значи нужно враќање на времето назад и копирање на високоефикасните концепти на „Алди“ и „Лидл“ од почетокот на веков, кои беа водени од преполните асортимани со приватни трговски марки. Напротив, новиот вид на овие едноставни формати би можел да се основа на националните и локалните брендови. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар ...

FMCG-самитот, што магазинот InStore веќе втора година по ред успешно го организира во Белград, Сараево, Скопје и во Загреб, на 24 ноември го проследија многубројни учесници во преполната сала на хотелот „Краун плаза". На FMCG самитот, InStore на едно место собра неколку стотици претставници на трговскиот сектор и на другите поврзани индустрии во Србија и во регионот. Дури 448 учесници од 141 компанија од Србија и од земјите од опкружувањето имаа ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1023
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
78%
1023
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.45
72%
1022
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
84%
1024
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
76%
1021
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Цинк

3.26

Бакар

10.74

Злато

135307.19

Калај

40.61

Кобалт

58.42

Родиум

256402.20

Сребро

1947.42

Паладиум

47808.16

Никел

472696.35

Платина

54545.58

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89