Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција што ја поврза грижата за здравјето на луѓето со заштитата на природата. Пошумувањето беше организирано од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“, по повод Светскиот ден на дијабетесот. Во акцијата се вклучи и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, кој порача дека со заеднички ангажман може да се ...

По повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 ноември, здружението „Сина револуција“ по четврти пат ја организираше еколошката акција за пошумување под мотото „Не биди трупец, засади дрво“. Акцијата се одржа денес во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај селото Селце, прилепско. Во акцијата се вклучија лица со дијабетес, граѓани, волонтери, компании и градоначалникот Дејан Проданоски. Тие засадија над 300 садници со цел да придонесат за ...